Кога читам дека кај вас е 8 степени се прашувам дали сме во иста Германија Кај нас е -8 сега, во 10:37 часот. Снег до колена, а кога ги гледам децава на градинка како ги носат (спроти мене е градинката) со санки по улица. А мене ми е ладно само што ги гледам седната на парното. Дете не носам во школо јас, мм го носи, како на рид е школово и угорнини удолнини и јас не ризикувам да заглавам, вчера 5 родители од нашево одд останале заглавени чекале од овие што чистат пат да им го тргнат снегот не било возможно, се лизгале. Боже! Изгледа затоа само ние сме Македонци во Хоф D
Како се одлучивте на преселба овде во Германија од едно место во друго ? Прво бараш работа потоа стан или како ? Градинка кога? @јolene вие брзо најдовте стан , за секој термин возиш 300 км да го гледаш станот !? Ве молам за искуства и дали е изводливо со 2 мали деца? Градот во кој сум јас не нуди ништо или веќе ми здосади . А нашите работи не се кој знае што да неможеме да ги оставиме и започнеме некаде. Мора да имаш некој за да ти помогне или како?
Барањето стан е едно од ппдосадните нешта, баш ради ова, 300км да возиш за 15 мин работа. Ние затоа и го зедовме баш тој стан што прв ни рекоа дека може. Имаше и понови и поубави станови, за кои имавме термин за гледање,ама со бебе од 7м возење скоро 250км во правец, невозможно е. Ама има можност. Најчесто на пари се збивања, ако сте ок со тоа, да изгубите 2000евра само така. Најпрво работа едниот бара. Дава отказ од старата и најубаво барем 3м однапред. После одма почнуваш со стан да пишуваш апликации и да се оди. Може и само едниот да оди да гледа нели. Само треба да си планираш тие две три недели дека мора флексибилност и кога ќе те викаат да одиш. Шуфа, митеранскуф, платни листи се спремно да имаш. Зависи нели и во кој град ќе се селите. Во некој и полесно се наоѓа термин. Моментот што реков пари да изгубите, опција букираш 2-3недели стан и седиш во градот, листа огласни на секој саат и одма праќаш апликација. Битно е да си меѓу првите 20 што пратиш, оти добиваат толку многу понуди, што после не ги ни читаат. Добар опис на вас битно е особено кај приватни газди, за да ве викнат за термин. Откако наоѓаш стан, одма за градинка апликација и пишуваш дека за интеграција на децата итно е потребно место. И така после преселба. Во твојот случај со две мали деца,макс што можеш да направиш е кутии да пакуваш. Дали и тоа ќе те остават. Ние фирма букиравме. Јас вечерињата пакував. Може и три недели пакував. Фирма дојде за три саати цел мебел расклопи- завитка и однесе и го склопи во новиот стан. Тие пари после во данокот ги ставаш. Распакувањето на стварите со мали деца трае вечно. Јас имам уште една кутија не распакована и не ја ни распакувам . Очигледно е дека можам и да ја фрлам, оти година ипол не зна што има таму. Најјако е што толку многу нешта ќе видиш дека не ти требаат и џабе ги чуваш. Купишта фрлив. И уште има. Ако сте без мебел со две комбиња и сами може да се преселите. Ама ако сте со мебел, тогаш подобро е плати си некој и биди газда. Многу пари одат во една преселба, тоа мораш да си го прифатиш. Плус нели две кирии за капар и тековна кирија. Ама и тука се враќаат парите па од другиот стан. Ама пак молерисување, чистење и сл. Ако имате пријатели да ви помогнат, може и сами ќе успеете без да ангажирате фирма. Ние без дете сами се селевме. Мебел можеш и да го продадеш,ама после па треба и да купиш. Тоа јас се од икеа со достава нарачав на еднаш. За 180 евра брза достава, за два дена во стан ми го качија. Е сега монтажата беше два месеци . Ама наша грешка беше. Имавме одмор 3 недели, наместо седи си и монтирај си лагано, ние за Мк отидовме и се вративме сите тројца со корона. И таа недела што ни беше планирана за монтажа и средување дома, од кревет не можевме да се дигнеме. На крај болен и на работа почна. Ама за мене вреди селење. Ако ти здосади и немаш ништо, секојдневие те убива, пари се печалат. Мебел најлесно да продадеш на тие што после тебе ќе дојдат во станот. Да се реши човек. Да најде маж ти работа, за друго пиши ми после. А и ова Јоана, некои фирми нудат и преселба на нивен трошок. Така во штутгарт ни платија. Тоа исто може и да се спогоди при договор потпишување. Чисто ако има опција.
Спојлер: Временска прогноза Германија е ова секако. Ако можете споделете и вие вашата. Не се сеќавам дали ви пишав дека купив зимски јакни на 50% и една јакна гратис. Сеуште не успеав да се интегрирам и да купувам на до -75% наредна големина и сезона ама ќе биде и тоа. Штом помислам на вторник ми се стемнува и така… едвај чекам да ви пишам дека се е ок ама тоа ќе е 24 часа после терминот можеби и ќе биде среда веќе.
Овде е -10 степени Ама сончево . Да ја преместам колава под стреа , утре да не се нервирам со чистење. Од утре назад на обврски . Мислам едвај чекам , зашто дома ќе ми падне таванот врз глава . Chat gpt ми даде идеи за деко на масата. Па се занимавав со тоа . Интересна алатка , помага .. дава идеи кај некои ко мене . Јас се што ми даде како идеја да ставам , имав дома ама некако безвезе ставено.
И јас дневна опремив идентично со препораката од chatgpt и купував од тоа што ми даде за примери. Така најдов нешто намалено, нешто не ама барем изгледа баш така како што си замислував. Единствено што неможам да најдам и со негова помош неможам се гаќи може некоја од вас носи такви гаќи па ќе ми помогне Сакам гаќи со раб на сред газ ако нема раб и да влегуваат малку во газ ми смета, дали вие другарки носите такви и ако носите од каде ви се да се подновам?
@Chimera Мораше да проверам дали се моиве со раб или без. И сега гледам дека тие со раб ги носам само кога имам добиено. Дека со нив ми седи рамна и не ми протекува ама никогаш не сум приметила дека разликата е во работ. Ме изнасмеа со гаќиве леле. Тие со раб ги имам порачано од заландо од некоја си фирма Ако веруваш од прееска гаќиве ги барам, од заландо фирма Tezenis ама ги нема повеќе. Барам од истата фирма со раб и не наоѓам. Јас Chat gpt за шминка и фризура го прашувам и ептен ми погоди и за двете.
Среќна Нова Година женски и среќни Божиќни празници Јас со закаснување, ама две недели одмарав со мајка и свекрва , па сега се враќам во колосек. Тука сабајле беше -13. Овие два дена со колешката на работа идем, дека другата кола ја продадовме и мојата маж ја користи. Во петокот маж ке однесе ма работа, тоа не се возеше. Снег натрупано, болницата се наоѓа на високо па едвај со втора некако се искачивме Овие од оштинава секаде улиците чисти, а тука кај мене мраз до мраз. Лани и прелани проаѓаа и од тука, а сега абер немаат Може комотно некој да си падне.
Морген. Вчера стаса дојава дека училиштата нема да работат , градинката и таа не работи . А на работа мора да се оди . Каде со децава ? Кај прабабата ќе одат , ќе ја чуваат нејзе или она нив Ај поголеми се , нема што да треба многу гледање . Големите можат да седат сами , малово не е баш за оставање со нив . Кај вас како е ?
Кај нас сеуште нема дојава за такво нешто ама неделава да ти кажам пожелно е. Каде сте вие? Сега само што си идам бев да го земам од школо, бев заглавена со 5 коли 45 минути! Се е заледено и уште малку лулашките нема да се гледаат еве зумирав колку можев... значи па стварно аман! Снегот беше престанал, не врнеше сега пак почнува
Каде можам да најдам вага за мерење? Старата ми се скрши, а осеќам дека иам качено неколку кила од празнициве
Ако не планираш да купиш, оди разгледај ја најблиската теретана заинтересирана демек и мери се и да размислиш ќе се вратиш
Јас се мерам на неколку месеци таман ми е, на педијатар, додека го чекаме докторот во соба за систематски.
џокерче ќе да ми е негде во комшии. Мене мојата вага 2 кг плус ми покажува, моментално гледам да не паѓам во искушение да се качувам на неа оти и без неа депре ме фаќа. @Adidas888 мојата е од медиа маркет.
Е ама ме насмеавте Иначе, @Yowannty , и јас си викав ќе се мерам кај педијатарот, и одиме, и вагата не работеше . Изглеа не ми е судено да станам манекенка . @Dancewere , е да, баш тамо неам проверено, фала .
Минатиот пат и сестрата ме измери. Син ми никако не сакаше да соработува, па се качив прво јас, па потоа го зедов него. И се праев на Тошо за килажата, ко да не се измерив и самата пред сестрата да влезе во соба. Маж ми стално ме зеза дали сум проверила висина и кога ќе почнам сама крв да си земам.