Многу тивко овде Викендов полека заминува , од утре пак по старо . Работа , дома , обврски . Вчера излеговме во еден трговски центар, иако мразам шетање по гужва. Многу народ, секаков народ . Имав еден ваучер од Rituals. Некоја свеќа или некој спреј за дома сакав да земам. Ама и тие со цените забегале. 35 евра лупнав за спреј . И една ќеса не ми даде . Јас па глупа не побарав . И после џабе се нервирав . Во спат ме сопре еден од sos Dorf да ми кажува колку деца биле без покрив над глава . Се обидов да му речам дека јас обично давам Spende vor Ort , вака не знам каде ќе отиде и слично . Среќа попушти и он и си заминав . И се на се , не ми се шета по молови . Подобро онлајн ќе порачам нешто. На крај купивме од Македонецот , скара за мене . Со човекот се запознав. Го позна мм и ми пријде. Малку македонски зборуваме. И тоа. Денес пак фудбал турнир . Големата се спремаат за карневал . Тренинзи цел викенд . Ние мајките се спремаме исто. Барем два викенди ќе се забавуваме . Пиеме . Убава атмосфера има нашиот карневал , мало село ама од далеку доаѓаат . И цела сала се полни . Сите во штимунг. Да земам слободни денови од мини џоб-ов за тие денови , иако не ме ни планирале сигурно . Тоа е кога си имаш работа со скоро неписмени и глупи луѓе. И така да не се нервирам на таа тема пак . Една другарка чека бебе , па со дрога другарка треба да се собереме да купиме некој поклон . Јас сошив една блузка. Со машничка . Штета што не наоѓам време за хобито. Се друго ми е побитно .
@Marge честитки за станот. За деца за дружење многу убаво ни беше во стариот град. Дури и вчера се сретнавме со уште две деца во една игротека за да си поиграат Во новово место, врие на шпилплатц од негова возраст од деца и сигурно летово ќе најдеме друштво. За новата градинка почна со едно дете заедно, ама тоа многу почна да го тепа и воспитачлите му најдоа на моето ново друштво. Сега си игра таму со две деца и само збори за нив. Што се однесува до дружење со деца, јас сум мнооогу пребирлива. Нејќам моето да си игра со секое и по секоја цена. Дали од ко дете ме нервираше оти мајка ми ме тераше баш со сите да си играм и баш сите да ги викам на роденден, да не делам никој. Така јас нема да правам, кој сака детето тоа. Две три другарчиња му се доста на оваа возраст. А дека сме ние толку комуникативни и со еден куп луѓе се дружиме годинава 4 роденден ќе му правам во две три групи. Еден за децата што си се дружи (германските), еден за нашите т.е. за децата на куќните пријатели. Не можам сите заедно, многу се, а и некако сум на мислење дека секогаш излегува нешто лошо кога мешаш повеќе друштва заедно.
Еве пак пример кога човек вибрира негативно. После Vollnarkose имаше главоболка три дена и поради тоа немав мир. Дури вчера попладне знаев дека конечно се е во ред и може да се смирам. Ама, претходно, саботите работам прва смена, мм е дома и ми ѕвони Се ми се избриша леле огромен реферат Ми вика доаѓај одма дома на малата и е многу лошо, лежела на под бледа ко крпа и не реагирала Ама следната секунда ми кажа дека во вц била и сфатив дека се е ок и дека затоа Хроничен запек и напрњгање и нерв се прекинува и детето пребледува и има вртоглавица Изгледа престрашно ама за неколку минути е се ок Не мож пак да пишувам леле Битно се е во ред И конечно можам да кажам дека Vollnarkose помина во најдобар ред
Спојлер: Заштеда на гас Во 2025та околу 50% помалку од 2024та година. Ноќе гасев гас и преку ден повремено го пуштав, а не како лани цела ноќ на пример заборавено во купатило и дење цел ден секаде. Оваа година уште повеќе ќе штедам. Претходната ми беше вежбање на штедење на гас. Крај август 2025 ни стигна пресметка за 2024 па најверојатно и оваа година отприлика тој период. Оваа година не ни имаме пуштено гас во купатило и во детска.
Јас пример никако не вибрирам, освен за општествени феномени. Ако оди се у цурац, тоа ради моето вибрирање ќе е? Како да се ресетирам? Сабајле воздухот смрзнат светкаше надвор. Зимава е бес-ко-неч-наааа
@Marge честитки за станот! Сега следува убав период, голем товар од раменици сте тргнале! И ние сме во потрага по стан, искрено мислев ќе оди полесно, но не е така. Еден што ни се допадна не зезна маклерката... сега има еден исто добар, но се продава од некоја баба која е во дом, па го продават преку Betreuer. Запамтив од овде дека на приземје и најгоре не треба да гледам станови, ако имате кои други совети, давајте. Hausgeld исто секаде се покачуваат..Колку е и тешко да се организира човек со термини. Кога би нашле и купиле мислам би се препородила... и да, внимаваме да не е на Öl Heizung, да нема зградата големи поправки, да не е огромна зграда да има мах 8 стана,да има балкон или ние многу бараме или едноставно нашиот не чека и уште не излегол на продажба
Така што ќе почнеш да глумиш (зборуваш, мислиш и чувствуваш) како се да супер. Јас што се направив во овие 17 дена во јануари, пробував цела 2025та да направам. Не знам дали е до годината или до моите зборови, мисли и чувства. Ама и многу научив во 2025та.
Абе некаде е нашиот идеал стан , куќа .. ама некаде . Може треба да се смени град , населба. Ние пред десет години бевме на термин за градење куќа . Од тогаш до сега се може дупло рипнати цените . Не се решивме тогаш , може потсвесно мм знаеше дека ќе ја преземе куќата од неговите . Може така требало . Прееска бев цела со енергија за решив да чистам со чистачот на пареа во купатило . И го пуштив и гледам дека цркнал. Треба да викнеме Sperrmüll да соберат . Пола покуќнина да ја фрлам . Некои работи се без мислење така во собите треснати . Меѓу ходниците имаме врата со стакла , и завеси ама некако демоде ептен . Ама без нив има опасност да се трескаат децава и да се скрши нешто . Незнам какви други мали завесички да ставам да не делува старински. Ова од свекрва ми е останатото. Ќе прашам Chat gpt m Баш . Ќе трае долго . Вчера убаво времето беше со сонце со се . Денес тмурно. Само нема снег
@Gavgamela друго што треба да внимаваш при купување стан се гаражите. Има некој закон кај што на 30 години мора да се испитаат и санираат. И тука под 15000 евра санирање тешко. Тоа се чита од протоколите на собир на сопственици. Штом прават испитувања сметај кога тогаш ќе има и санирање. Тогаш барај и гаражата да е гратис и цената на станот да е намалена. Знам гаражи кај што санирање и 30000 стигна. Ние исто околу 15000 ќе дадеме сега, после 5000 демек ќе ни врателе, иако не е во лоша состојба. @Biljarkata каде се купуваат вакви и како да ги барам на гугл? Одамна барам.
е фала, навистина не сум знаела за ова. Досега искуство, ах тие протокли, некои маклери одма ги даваат, некои мора да ги изомолиш, иначе мора секоја година да има таков собир и протокли или не знаете?
Може, и мене ми дојде ко идеја. Многу се грди завесиве , старомодно делува цел ходник . Да се офарба рамката во бело , ќе биде по убаво . Со плисе роло или како и да се вика . Спојлер
Мене секаква завеса ми асоцира на прашина, овде баш нема потреба од завеса. Фарбај, лепи и едно гајле помалку. Мислам имам јас завеси од потреба и естетика на надворешни прозори, ама овде не би ставала.
Јас сум те надминала. Немам никакви завеси дома. Кој помине по улица знае каде живеам. На главна улица ни е станот.
Не би ни јас . Ама ете ги. Тука се . Ако ги извадам , голо ќе стои . Знам 100про децава ќе се истепаат како што трчаат без да гледаат напред . Има многу за реновирање . За да извадам нервоза , сортирав чинии подкршени, садови што не се користат . Посебно стаклени , бабски тањирчиња А завеси и теписи имам дома. Ми даваат топлина на домот .
Јас со моиве оф топик глупости. Прв пат од чатот дознав за спреј за коса со сол и за прв пат ја напрскав косава и се извитка ама којзнае каква ќе ми биде сабајле и толку лошо мириса леле, очекував на плажа да мириса, а не на скапана сол. За саат време ќе одлучам дали ќе мијам коса од ново. Се прска на Handtuchtrockene Haare и косата се kneten. Ако знае некој ова на македонски да каже нека. За прв пат дознав и за Setting Spray за лице и шминка ама сеуште не купив. За прв пат за лепак за веѓи, купив. И дека разлика има меѓу bronzer и Rouge ама сеуште не изгуглав тоа.
Пред 8 години јас триесет годишна , млада имаше период каде ептен се интересирав за шминки . Имав се изнакупувано , од сетингспреј на mac , или на nyx .. шминки палети тогаш актуелни, бронзер , хајлајтер и чуда . И секој ден се шминкав. Имав убав Schminktisch со четки , сунѓерчиња . Период е @gjoker4e . Купи си се што душа ти сака. Mac има убав спреј , околку 30 евра е сега отприлика. И сега секој ден се шминкам ама веќе рутина ми е . Крема со фактор обавезно.
Јас како мајка на машки , едното фудбалер , значи секој викенд е резервиран за турнири . Вчера , денес .. еве ги уште играат и чекам само новост да видам кое место се ... Муки
Леле ама ме погоди. Јас уште подолга листа имам од твојата. Веќе губам надеж дека ќе најдам што сакам и ќе морам да се помирам со нешто ок. Ние минатата недела гледавме, вчера маж ми беше еден да види и денес спонтано од сабајле пак се договоривме за друг и веќе ептен губам надеж. Цените во вис секако. На слика едно во реалност друго. Толку мислам на очај ја удрив да најдеме нешто, што еве денес и стан без прозор во купатило посетивме. А тоа и на двајцата ни е многу битен критериум. Да има прозор. Ама еве не беше лош станот. Дури и ок беше. Топол. Еве дури и 85% од критериумите ми задоволи. Ама не е тоа тоа. Некако како компромис се осеќам и цената машала е. Ако даваме понуда ќе е многу пониска од тоа што он бара. Јас разбирам оти негуван стан, ама на граница со цена за куќа е. И така, многу критериуми треба да спуштам, а не сакам. Овде кај сум под кирија е прекрасно, ама не можеме да си дозволиме ништо пристојно, оти се ненормални. Дури со таа мајката што бевме на игралиште, они дека плаќаат ниска кирија, размислуваат да си останат под кирија и да си купат нешто помало за кога ќе отидат во пензија, а дотогаш да рентаат. Ама за нас тоа не е опција оти со киријата што ја плаќаме, ќе отплатиме солиден стан во некое нормално место. Завеси немам ни јас. Е ни лустери немам. Ама теписи имам . Теписите едвај чекам да ги снемам инаку. Од жал за комшиите доле се ставени.