Претпоставувам за подземните, најчесто имат и тој систем да се паркира еден автомобил над друг... Значи секаде иста ситуација, ние бараме околу Франкфурт и за стан над 90м2 слободно пола милион треба да си рачунаме. И на крај на толку пари, компромис да правиме, ама ајде не губам надеж, мислам дека кога ќе влеземе ќе знаеме одма дека тоа е тоа. Само уште маклерите да се луѓе на место и да ги приложуват без молба сите документи. Среќен ви понеделник.
За во Франкфурт и пола милион нема да ви стигнат за таа квадратура . Маинтал за 60кв платиа познаници на 13 спрат 250 000€ пред 2г. И тоа без балкон само да се купи нешто сите од друштвото купија па и тие да не се подоле. Искрено не сме сеуште размислувавале тука за да купиме нешто со текот на времето гледам дека нешто во ова градче нее ми се свиѓа се нешто се дешава ао времето се ми здосадува а да се селам не би кај со 3 деца па и кур научам нови комшии не не. Освен ако се ослободи некој 4 собен стан може да се селам во истата зграда веќе еднаш се селевме така .
Некогаш е и баухгефул што би се рекло, не само за стан, за се. Некогаш нашата интуиција е посилна од се, а на крај краева кој гарантира дека дури и навидум се да биде иделно, откако ќе се вселиме, за година дена нема да излезе некој куршлус. Нормално сите имаме барања што сакаме да ни се исполнат, ама некогаш мислам дека треба да затвориме очи и едноставно да почувствуваме Кај нас ова со станот излезе така случајно, што јас уште не можам да поверувам. Секогаш викавме со маж дека кога веќе одлучивме да останеме во градчево, дека сакаме да останеме баш во овој дел од градов, бидејќи многу ни се допаѓа природата. А летово на зградата позади нашава и правеа нова фасада и секогаш кога бевме на Шпилплатц со дете, ја гледав. И маж секогаш викаше - ама ја направија добро фасадава, зградава како нова да е. И така, бидејќи Универзумот си ја знае работата, погодувате каде е станот, така? Позади зградата во која моментално живееме, во зградата со новата фасада Каде што никогаш претходно немам видено огласен стан, ниту за издавање, ниту за продавање и тоа огласот излезе на денот кога ни се роди бебле, во болница го видов и од таму им пишав Мене ми беше стресен целиот овој процес, прв пат се среќавам со вакво нешто и излезе, нормално, дека куп поими ми се непознати, па барај, па гуглај, па прашувај. Времето ќе покаже дали донесовме правилна одлука Неделава бевме на ред да купиме храна за цела недела за доручек во градинка. И морало да има свеж леб од пекара, никако спакуван да биде и купен од маркет Што е океј, немам проблем со тоа, ама со две деца од сабајле, не е ич едноставно, посебно кога немам баш пекара во близина. Ама стигнавме на време. Дете вчера почна со пливање и беше воодушевено Супер поминал, цел среќен, многу се израдував. Посебно затоа што е тежок и повлечен во нови средини. Бебе спие, надвор тмурно и врнежливо, јас второ кафе за денес пијам Инаку сега сфатив зошто не пишувам толку често како порано тука, уствари немам што да кажам
Епа и јас тој момент го чекам, да влезам и да знам дека тоа е тоа. Некако до сега ни еден стан не ме воодушевил и да ми дал енергија, дека еве тука ќе градам дом. А маклерите, како инаку ќе соберат информации и после ќе те замараат. Вака ти им пишаш, па согласност за датен шуц, па согласност за провизија, па ако случајно кликнеш за финансирунг или за да тњ контактираат, после ќе те отечат. Пола милион тука во околината кај мене е ефтино. Во некое село зад седум автобуси не можеш да најдеш. Цените се надувале, а луѓето едвај сметки си плаќаат по две работи одат, крај со крај са сврзат. Мене денес не ми е денот, ама и од градинката пак ме изнервираа, а не ми се исплаќа да се караме за сега пола година што останува, а и од таа пола година, колку ќе ја носам е прашање. Хајлајт на денот, на фашинг ќе прават парти и мора со детето таму да си. Децата дома да си јадат. Ќе имало некое мезе таму, и да одиш 3 саати таму да си го чуваш и со другите родители да се дружиш, и после дома да си го земеш во 11 ипол . Мислам која логика е, плаќаш градинка за да земеш слободен ден и да отидеш да си чуваш детето таму. Не се можни повеќе. Другарка ми вика,ова е се вашето, освен градинка. А не е ни приватна. Некоја од црквените е, а на ќерка ми во групата се скоро па сите милионери. Не знам, поима немам како таму ја ставија малата. Мислам не избраа да сме мулти култи во градинката, ама да не им квариме просек, како демек еве пак зедоа едуцирани родители, сигурно и детето ќе е културно, ама странец, за да се оправдаат дека не се нацисти.
@јolene драга се осеќа дека си нервозна Ама некогаш треба да си кажеше што имаме на душа да ни олесни . Мене почнува да ме било телото , мускулите . Утре значи ќе бидам малку нервозна , се ќе ме нервира. Зашто за една недела ќе треба да добијам Инаку има разлика во градинките , едните работат со последни сили , со малку персонал , кај на синко што да кажам , само бараат начин да не работат. За карневал. Не знам не ме ни интересира што ќе прават , синко и така не сака да се маскира
Тема градинка, ќе славам на последниот ден. Утре имаме разговор последен мислам дека розе таблета ќе ми треба.
И мене треба да ми дојде за една недела и затоа и сум ваква нанервирана. Ама стварно со градинката веќе, секој ден така ме провоцираат со тие нивните пасив -агресив, што дури на раб сум да се жалам веќе. Вчера глупости, да одела пеш малата до градинка, да не сум ја возела со количка. Да не ја носел татко и во раце. Требало сама да оди. Па оди, бог да чува. Ја носам на игралиште на секој ден и по два саати трча. Сега ако нема желба од сабајле, што на трепки да ја обесам. Па многу и требало да заспие, не можеле другите деца од неа им сметала. А бебињата што се на еингевонунг и нон стоп плачат и се гласни, и сите од нив се будат, они не. Ќерка ми. Денес и реков ако не и се спие, да стане и да им каже не сакам. Друга глупост, не сакала да си игра со децата, си се повлекување и сама си читала и си играла. Па две ипол е. Што да прави, кога ќе и дојде време ќе почне да игра и со други деца. Па дали шнули ќе сум го тргала. Велам ко ќе дојде ред. Ќерка ми цуцла само за заспивање користи. Не седи со цуцла преку ден. И сега се прашувам дали таму нон стоп е со цуцла, а јас не знам за тоа. Иако потенцирано им беше дека не носи цуцла преку ден. Па како ги научила токку зборови на германски, дали јас дома на германски и зборам. Велам не, ама се дружиме приватно и на игралиште со деца германци. Исто песнички слуша на германски и учи дете. Само да се мрмчи нешто беше работата. Од која причина не знам. Очигледно си сватиле дека на ентвиклунгсгешорех треба умови да даваат, ама погодиле на кој. И денес пак ми пукнаа филм. Морав да ја пресоблече оти беше мокра. И беше 8 и 28, ние бевме во бањата, значи они не пуштија и знаеа дека сме внатре. И ја затворија вратата отидоа во другата просторија без да ја почекат. Вратата се затвара во 8 ипол инаку. Намерно погледнав колку е саат. Ја пуштив таму во другата просторија и на неа и беше чудно што немаше кој да ја пречека од сабајле во нејзината игрална. Не им реков ништо на никој, само нејзе и реков чао и до после. Сега после се мислам дали на нив нешто да им речам или дирекно горе на лајтунгот да се пожалам. Не може врата да ја затворат додека сите деца не дојдат. На маци и беше глупо веќе. Ќерка ми инаку не е комплицирано дете. Мирна е, сама се заигрува, си средува писле неа, никакво екстра внимание не бара. Се радува кога ќе и посветат време нормално, ама сега со две воспитувачки и четири бебиња, не ни добиваат големите некое внимание посебно. И така се мислам дали да се расправам или да оставам. Секако следни две недели нема да оди. После кога ќе оди кога не. Да помине време до август. Т. Е ние во јули веќе сме на одмор, а веќе кон средината на август е абшид за ќерка ми и ќе се премести од септември во кита. Сега за кита, ја пријавивме и нели во март се делат местата. Ме интересира дали ,,фаќате врски,,? Оти очигледно овде кај мене на големо се вртат и телефони и мајки одат на отворени денови и свашта се прави. Сто пати ме прашаа различни мајки кај ќе оди малата. Велам не знам. Од кај да знам каде ќе добие место . Сега ставив приоритет една градинка и повредив по ред другите, кај би сакале ние. Во таа што ја ставив во приоритет не дека сакам да оди тамо по секоја цена, туку шефицата е екс ју. Ме подучи една комшивка, да се претставам кај неа, за да одам на сигурно. На комшиката нејзините таму оделе. Па велам ако мора, ќе пишам мејл, ќе се кажам од кај сум, дали може и сл. А на шпил плац некна, мајата ми вика и пази кај ќе оди, оти и за школо послем од истата група децата ги ставаат. Ко демек гледај и од која градинка во кое школо ги праќаат и тоа било многу битно. Јас ја гледам и велам, па ние до школо време може уште три пати ќе се преселиме, ако не еве и за гимназија да гледам . Да ќерка ми нема избор, мора да оди во гимназија . Едвај ја чекам да наполни 4 и да почнам да и предавам низ дома. Се поделивме со татко и. Јас математика, физика и биологија ќе ја учам, татко и историја, географија и информатика. Германски мора сама да се снаоѓа. Ајт таму. [Ова последно се зезам знаете нели] Вие шо ќе кажете да се карам или да игнорирам. Ова се почна да се интензивира ко им реков дека не може да биде мирна ќерка ми додека чека за убергабе. Дете е и се радува кога ќе ме види. Многу трчала, епа фала богу што трча. Мрш.
@јolene , за сите овие работи во зборела со главната на градинката . Мислам може нема ни да се смени , зависи и каков тип на жена е . Ама битно е да си кажеш искрено што ти пречи , и дека ти како мајка сама ќе одлучиш дали ќе ја носиш со количка или во раце . Глупости. За цуцла исто , најверојатно и ја даваат и преку ден ако кенка . Не мислам него 100 проценти е така . И за тоа дека детето не сакало да си игра со другите деца , нека е така , си знае детето што сака во моментот и што му е потребно . Може и се прегласни децата , и си сака сама да се занимава што не е проблем . Не се е проблем . Треба повеќе разбирање да се има , со оглед дека не си мајка која нема интерес према детето , баш напротив ги следиш нејзините потреби . Кај нас со најмалото исто имавме повеќе интересни ситуации . Многу бил затворен, не плачел кога требало да плачел мислам кога ќе се удрел , па не прашуваа да не има некое пореметување во центарот за болка. А детево само си трпело во себе , дома плаче нормално кога ќе се повреди, кога се кара со децава дома . Он од кога почна не збореше многу . Па снимав за да им покажувам дека дома збори , песни пее . Па се чудеа . Ни предложија интеграција, да една учителка добие екстра часови за да може да се посвети на него . Па одевме на логопед. Една година и повеќе и завршивме со зборовите дека детето е истерапирано , дека има голем фонд на зборови , сите букви ги кажува точно. И дека нема потреба од повеќе одење . За продолжување на интеграцијата и земање пари од некое место , мора да дојде некоја вработена и да одлучи дали е потребно или не интеграција. Не чув ништо што ќе се случува понатаму. Детево е веќе 5 години , има голема фантазија , почнува да сака да собира, да пишува име , да го интересираат бројки и букви . Сака да игра со колички и тепих и искрено многу се внесува во тоа з фантазијата ја пушта на големо . Збори многу . Со кратки зборови , во градинка со оглед дека е голем колку и пред школските деца , го мешаат со нив . Не ни знаеа точно која година е роден дека е 20 а не 19. Значи ми ствараа стрес без потреба.
Од сабајле , станата рано . Спремав доручек за школо , набрзинка каде надвор со цигара . Мрак , темница , страшно. Во ова градината голема ко парк , слушам звукови .. ме фати страв нешто да не ми излезе. Дива свиња би била гласна и брза , ова тивко како оди низ тревата. Нешто се осветли и гледам срна . Срце не ме стрефи . Шумата е на граница со нас и има дивеч околу нас . Ама сепак градината е со жива ограда ама сепак влегуваат и кај нас . Па децава се вратија од автобуска , не стасал автобус. Па ајде спремај малото , да го однесам на школо . Малото набрзинка го оставив и нив во школо . У спат испазарив. И досега спремав дома , ко да не живее никој , наместоив , се до после додека не се вративме дома сите . Сакам да кажам дека немам време за работа , од домашните обврски. Да на местам , да направам асално ручек , да не е се набрзинка. Ама нема . Мора да бидам се во едно . Родител, вработена , жена и се во едно . Аман .
Решив ќе чекам да видам дали ќе промрчат или ќе се извинат. Ако не се извинат и се обидат да ја префрлат вината на мене, не се расправам туку дирекно одам горе кај главната и официјално ќе се жалам. За другите ствари шо сакат нека прават. Јас си терам како сакам. Сите деца ги носат во раце родителите и плачат на разделба. Мојата не плаче, сама си влегува и одма оди да чита во кушел еке. Она многу сака да си гледа книги и саам да си се занимава. Инаку приватно се дружи после градинка со теи деца од градинката. Некогаш заедно се оди, некогаш самл со уште едно дете. Некогаш спонтано се наоѓаме на игралиште, па ги оставаме да си играат. Исто мојата на секое однење на игралиште, пошто тука сите горе доле веќе се научивме, се заигрува со некое. Дали се лулаат, дали на лизгалка заедно се пуштаат, дали трчат. Значи она секој секој ден без исклучок игра со друго дете. Ама очигледно и е премногу гласно таму и гледа дека нема внимание, па не ни има очекување, туку сама си се занимава. Веќе почнува и смислено да си игра. На пример беве да пресоблекува, да готви, слагалици си мести. Ама сака и многу со нас да си игра. Јас не гледам никаква пречка во развој, не дека и они гледаат де, напротив за некои нешта е многу позрела и понапредна од другите. За некои работи е во просек. Со говор не може само на еден јазик да прави проширени реченици, ама кога ги користи двата јазици комбинирано раскажува многу. Емпатија почнува да развива, значи се што е во склад со годините. Они очигледно имаат со мене проблем, дали оти сум секогаш поинаква од дојчовци, мислам дека им правам нервоза. Ама искрено не сакам да се замарам со нив, а без врска е оти баш денот со нив ми почнува. Ќе го терам маж ми да ја носи утре, многу ми дојде последните денови пти се некое мрчење има. Јас до сега само два пати се имам пожалено на нив оти дете не ми пресоблекле. Еднаш недобришана ми ја вратија и ми рекоа дека е преоблечено. Јас дирекно на игралиште ја однесов и она после некое време се пожали. Леле ко дојдов да ја пресоблеам, арно удар не добив. И сега две ми се лутат ради тоа што сум се пожалила. И едвај чекаат нели прилика. Абе мали луѓе. Битно ми е на малата да и е убаво, друго се исто ми се фаќа.
И јас дојдов на тема градинка да се пожалам, така очајно се чувствував од сабајле, малку ме утешивте дека и кај другите има често градинка ситуации. Моево е доста емотивно дете и памти и му останува во меморија кога некој ќе му се развика, а не е лошо дете, напротив, со едно објаснување и кажување, одма ќе разбере и нема да го повтори истото. Е сега, еднава воспитувачка е главна во групата и е построга и е оној тип на човек, што се однесува со сите исто. Не барам јас посебен третман за моето дете, ама мислам дека треба да развие посебен пристап со децата кои што толку многу ги допира нејзиното викање, да објасни на некој друг начин. Среќа па моево што раскажува се дома, јас и го примерив ден - два дека се туфка пред да влезе во група и синоќа ми раскажа дека си играле со некое девојче, он го поткренал девојчето во раце и двајцата паднале и девојчето паднало врз некое столче, среќа не се повредила и воспитувачката многу му се развикала на моето. И сега тој се плаши да оди во градинка. Јас ја разбирам неа и тоа е најверојатно инстиктивн реакција, на крај краева нејзина должност е да се грижи за нив и да бидат безбедни, па затоа се развикала. Ама знае колку му влијае на детево мое тоа, бев кај неа, зборувавме, верувам дека можела друг пристап да најде. Или макар после тоа смирено да му објасни. Тикови разви минатиот пат кога му викала (тука влијаеше и раѓањето на бебето), па месец дена не можеше детето да се престраши, седеше дома и посетувавме психолог. Сега се плашам пак истото да не не снајде, она е моментално на кранк, детево мое денес со солзи, клоцање и вриштење го земаа во група. Буквално не знам што да направам. Уште година ипол и почнува со школо. Да менувам градинка/група, размислувам и тоа. Ама па и понатаму тој ќе налетува на некоја Фрау Штолл во животот, како оваа и мора да научи да се справува со тоа. Уф, не можам да си простам како не ја проценив на време, кога го запишавме детето во градинка. А му објаснив се убаво на моево, зошто изреагирала така, дека тие игри се навистина опасни и можат да се повредат и разбира се, ама пред врата го опфаќа таков страв изгледа, што се блокира и се зграпчува за мене. Сега задутре сме на ден на отворена врата за малово, се надевам него повеќе ќе му се погоди групата, ако го примат таму.
Јас само ќе ти речам распршувај се и одбери умно градинка од 3 години затоа што ако ти се погоди како до сега допрва ќе се јавуваат и проблеми и разно разни *дијагнози*. Моето имаше супер крипе до 3 години, се преселивме и почна во една 5 км далеку од нас од убаво поубаво организација, активности, воспитувачи се по мерак. Ама на оваа мајка и текна далеку е да не возиме, да го префрлиме во оваа до нас на 300 м и тука почнуваат проблемите. Градинка од отворен тип, со персонал куборат цело време, главната најчесто е во групите и е права змија. Немаат скоро никаква програма, не прават заеднички активности скоро никогаш.Скоро секое дете е со некоја дијагноза, а нити даваат нешто написмено нити прават план за да се подобри нешто што има проблем. Дури децата не ни јадат заедно, во двор кога се само во земја играат и топки не добиваат. Сега со децата што треба да тргнат на училиште не се работи ништо, ставиле некои задачи во папка и детето треба да оди да одбере ако сака нештп да сработи. Кога мојот беше 5 години на извештај од лошо полошо напишано, тој на тестирањето перфектен и тие се чудат читаат таму и го прашуваат мислам дека и на нив не им беше јасно. Имаше проблем со јазикот, оди на логопед еве после година таа вика дека е супер и нема потреба да продолжи, ама главната пак вика недоволно знае јазик..А оди и на други активности, преглед кај педијатар викаат нема ников проблем.. Дојде бебето пак настанаа одредени проблеми, тие пак никаков пристап кон него да се надмине ситуацијата појдовме психолог таа вика целото однесување е нормално за неговата возраст и за ситуацијата во која др наоѓа и нема потреба од нешто посебно да се работи. Ама еве денес имам завршен разговор и повеќе од сигурна сум дека пак нема да поминеме сјајно . На почетокот многу се нервирав, а и сега не дека не..ама разговарав со повеќе родители и сите со слично искуство особено ние што доаѓаме од друга земја.Мене искрено ми се смачи и цело време сум психички изморена од ситуацииве што се случуваат таму. Почнав јас да посетувам психолог од пред еден месец, оти мислам дека психички попуштив. Го носев на лого, ерго, психолог, педијатар исчитав се и сешто за воспитување и развој , скоро секој ден истражувам нешто мислам дека се мрднав.
Ќе се надоврзам на ова Санела што го пиша. Моево исто до три год беше во совршена градинка, се преселивме во градче на 5км и ни рекоа дека може да го пријавиме пак кај нив, ама ќе биде последен на Вартелистата, бидејќи децата од тој град имаат предност и дали ќе добиеме место или не, е прашање. И моравме да го префрлиме. Тука сега кај што е, исто градинка од отворен тип, буквално ко распашана команда. Кога е океј времето се во двор и толку. Петокот одам да го земам, никој нема поим кај ми е детето. Он во Турнхалле со едно девојче и една практикантка, воспитувачките немаат појма, комуникација 0 измеѓу нив, а богами и со нас. Кога сакаш нешто да прашаш, одма некој арогантен став, Боже сачувај, како да не земаат плата од нас. Така да, немам поим какви други типови на градинки има, ама Џолин и јас би ти рекла види убаво и градинка од отворен тип, нека не ти е прва на листа. За малово се мислам, во Монтессори група да го запишам. Имате искуство со Монтессори?
Ах Џолин да не почнам со моите искуства од крипе и од кита. Не се позитивни искуства. Друго да ти кажам ако не одиш на такви отворени денови ќе мора да се јавуваш и да правиш притисок за место оти места нема. Градинката е многу поефтина од крипето барем во моево село и сите ги пуштаат децата во градинка. Предност имаат тие што имаат браќа и сестри таму па сметај фамилија со 5 деца дека цело време ќе имаат предност пред тебе, за интеграција од фамилиите што не зборуваат добро германски исто па на крај и фам. со 2 вработени. Зборот ми е кај мене е борба да добиеш место во градинка. Нека е и подалеку градинката ама нека е со повеќе вработени, повеќе групи за ако има болни да се покриваат да не мора се да те викаат да си го земеш детето. Друго распрашај се по мајките која е добра, во која работат со децата. Поучена од искуството за второто дете си отидов на отворен ден и ги разгледав условите прашав се што ме интересира и на крај побарав да разговарам со лајтерин.Се претставив и што работам и кога треба да се вратам на работа и кажав и прашав какви ни се шансите да добиеме место. Погоди што. Го добивме местото. Совет за крипето не се замарај ама заангажири се за градинката со време.
Лесно е кога се има избор . Во селото порано имавме градинка до зграда , ама беше од отворен тип и не ми се допадна па отидовме во другото место, во крипе и тоа беше најдобриот избор . До ден денес имам приватен контакт со учителките од крипе . За најмалото немаше избор , тоес имаше ама не бев многу запозната со другите . Мм одел во таа градинка па изборот падна на таа. И тоа е што е , ќе тера до школо тука . Со тие деца ќе оди и во школо . А избор на школо нема , едно е. И така цел ден не седнав. Од сабајле до сега ко коњ. Ќе дојде другарка на закаснет роденден . Малку и приватно да се видиме Порачав облека од bon prix. Убава стандард облека . И синко најмалото му шепка на големиот , сите пакети само за мама , за мене nichts nichts А да знае дека и утре поголем пакет ќе стаса
И кај моиве до три години беше се нормално. Истата градинка е, една група е до три години и 5-6 над три. Можеби некоја должност е да им најдат нешто негативно на децата бидејќи и кај мене на работа мораат да напишат нешто негативно, па чисто сега си викам немој и во градинка така да е. За малиов еве заборавив кога дијагноза беше ама ви пишав тука нели ама никако не ми текнува во моментов. Јас бев сигурна дека нема потреба од тоа и знаев каде ми е грешката и дека е моја вина и дека детето е ок. Уште дента презедов мерки и се е ок. Сакав да ве прашам за детето 5год што паднало од градинка во Берлин или Минхен вистина е? Дека кога читам се си велам за кликови. Градовиве никако не можам да ги запомнам кој е кој. Петокот за малава термин и леле што се лошо ми кажаа во школо и после дома гледам по секој предмет има 2ка. Јас викам 4-5 има после се што кажаа, ми беше страв дома да отворам да видам што има. Тивко читала и воопшто не зборувала! Дете што зборува 24/7 без престан и е ептен гласна и упорна ама ете се менуваат деца и сега почнала да не зборува во класот. Пред школо и после и на пауза од 12:15 до 14:15 знам дека зборува. И сигурно некој период е, а на почеток на годината избрана за Klassen Sprecher абе тоа изгледа дека јас пишав на фемина дека зборува премногу и неа ја избрале ете не ми текна да им кажам дека заради фемина.
По втор пат во животот ги фатив поларните светла За жал, на приземје сум, има многу светло во градот и неам во близина некое повисоко место, затоа и не е фатено убаво. На кој го интерисираат вакви работи, нека види
И моето сега е официјално со друга дијагноза. Го изнафалија ова може, она може тоа прави ова прави значи од убаво поубаво како и со јазикот добар на добар пат бил и на крај ми вика нашиот предлог е да оди во подготвителен клас, ама разговарај со маж ти и одлучете понатака. И ми вика има уште 8 месеци може многу да се подобри. Викам поради што да оди во таков клас ми вика заради тоа што нема доволна концентрација ( а тие ништо не ни прават ни работат до нив) а логопедката баш работи со него на таа проблематика и вика баш работи како за дете во прв клас. Многу лицимерно, го изнафалија и го спуштија на крај. Баш чекам писмениот извештај што ќе изнапишат.
И кај мене во групава од градот ги објавуваат, а јас од прозор само магла гледам. Не знам кај живеат другиве жители… понекогаш си мислам дури дека сечии очи различно гледаат. Па еднаш ќе успеев да видам поларни светла или црвена месечина или или или Јас сеуште не можам да се сетам на дијагнозата не можам да поверувам, можеби утре ќе ми текне