Тоа им е тактика за разговори со родителите, прво кажуваат се убаво и после проблемот на крај и со советување и сл. Ко демек така помалку ќе боли. Не се замарај со што и да пишуваат, за пола година децата менуваат толку многу, созреваат и примаат се поинаку. Ако работи со логопед, нека продолжи. За концентрација дома повеќе лего коцки или тие магнетните што се, слагалици и фина моторика. На пример вденување на монистри на конец или слично нешто. Со кнете работа, со пластелин, нешто со раце. Вака на ладното нешто да се занимава низ дома. Форберајтунгкласе е особено добра за деца кои немале типично форшуле. Ама се безобразни до крај и баш на вакви професии им се осеќа колку многу прават поделби на децата и не работат како што треба. Ама на хартија, ој ој само протоколи пишуваат ли пишуваат. Наместо тоа време да го искористат во работа со децата, они измислуваат проблеми и после ги документираат, демек за транспарентност, а всушност за да не се замараат да работат со децата. Кој не ги знае само. Туку ај. Јас да ви кажам уште еднаш фала за сите искуства кои ги споделивте и сфатив дека надзат ми е зимата мене. Ова не е ништо што сега се мине, во споредба што иде. За мал апдејт од денес, многу фини беа на убергабето, не се спомна ништо за ситуацијата и мислам дека ја заборавиле и сега им е незгодно да не се жалам. Е сега во жалбата ко што бев нанервирана, собрав еден куп глупости што им се простуваат и ако ме згаснат пак, нема да им е сеедно. Јас сакам да имам мир, заради дете и да не кревам галами, да не ја малтретираат неа после. Она ок и е. Сега дека уште само 10 деца, мала група имаат многу понуди, одат на прошетки, многу убаво се организирани. Па дури и денес ми рече дека ради моево надвор ги извадиле поголемите, за да имаат прилика да се подружат. Абе фала им шо да кажам, не дека мојава после земање од градинка не се дружеа пак надвор. Баш до моето им дојде. Ама ајде. Па друи ќе размислила таа што и е бецуг, да даде предлог која градинка најмногу ќе одговара за ќерка ми и ќе ми се јавела на телефон. Сега за градинката, фала ви стварно за сите совети, немаше многу да му ја мислам. Добро кај нас уште стои опцијата дека ќе се селиме, ама дека не е дефинирано кога и каде, мора детево да се згрижи негде. Јас што гледав во трите најблиско што ми се, едната е такава вилд, едната е полуотворен концепт, едната е типична градинка. Таа што ја ставив за приоритет е малку мулти култи уствари. И таа до мене. Таа со полуотвпрен се повеќе дојчовци. И сега сваќам дека ќе мора да бирам уште некоја, ако воопшто има опција. За тие двете имаат отворени денови кога ние не сме овде. Па планирам да им пишам мејл и да ги замолам ако може да направиме термин дополнително. Така може, ако не друго во сеќавање да им останам. Па ќе видиме. Генерално овде е ок маало, па се надевам дека и градинките имаат некој стандард. Познавам деца кои од на маци градинката се низ овие три и ќе се распрашам неделава како се задоволни родителите. Ама во сите три овде до мене, се по две групи и по 25 деца во групата. Уште сега ме фаќа страв, ама тоа е. Сегде фали персонал, секаде се нон стоп болни и искрено ко што велите крипе е бајка во споредба со градинка. А градинка на сите ни треба и така. Нека се јачаат децата, шо друго да кажам. Дома да седиш и да го чуваш, не е па и тоа добро, оти кога тогаш мора да се научи да комуницира и да се справува со другите деца. Ко что рече Марге, местење и бегање исто не е решение. Мора да се научат и они и ние да се избориме за нашите потреби.
Morgen ihr lieben ☀️ Како сне? Ај што треба да добијам па и глава почна да ме боли Од сабајле таксист, после чистачка , па вработена , на крај слугинка . Аман .. Гледам едно видео на една македонска инф. Long Weekend reset . Се во една иста кеса фрли , пластика, хартија , јадење Oh Gott oh Gott. Треба сортирање на ѓубре , како овде. 4 канти имам, дома , за секаков вид отпад. Се што е био , јадење , фрлам во био кантата . Имам една кантичка за него , хартија во хартија. Пластика се дели се што е од пластика на секој производ и фрлам во таа канта. Стакло собирам и еве еднаш неделно фрлам во контејнер за стакло . Бело , Браун и слично . Мора да се почне од некаде .
Сабајле ко ја носев малата, со еден татко се разборевме и он ми вика лудило еј лудио со градинките. Неговотто девојче во окт направи 3, теорески можело уште од лани во кита, ама не добиле нигде место, па среќа во крипе кај нас го задржале детето. И сега ми вели одам на се што е добро во радиоус од 3км, оти инаку маф е работата. Дури ми рече откажи планови за одење, останете во градов и идете на тие два приемни денови, што нема да сте овде. И рече дека и он точно за овие тендира, за кои и ние, и дека се ок всушост. Така да сега состави да пишувам на одговорните и ќе им оставам мејл, да се додворувам. Ох, јас ко што сум крута, ова ептен тешко ќе ми падне. Ама ајде балкан во мене, само да прашам нешто, ќе се потрудам нема што да правам. Паника ме фати од сабајле, леле детево којзнае дали ќе добие место . Сега пробувам да се смирам, па да се концентрирам шо сакам да кажам. Кратко во две реченици да кажам и за нас не ќе да е лошо нели, професија на родителот нели? Мислам на пријавата секако пишува, ама ај онака да останеме во сеќавање. Среќа па страснско презиме, секако ќе ме запомнат. Или добро ќе испадне или лошо . После велам со малата ќе застанам кај компшиката под прозор и ќе ја викам да оди да спомне таму . Не ми се верува значи. И овој таткото уште ми вика, леле да ги видеше вчера само мајкиве од градинка двете. Овие што ми се другарките де , ај ај ај. Ја се згазив од смешки. Му реков секко не сакам таму, прјавени сме да, ама е отворен концепт и над 60 деца. Премногу е. Башка шом овие мајките натака тендираат, ќе да е малку наци и богаташки. Јас овој пат, онака по нормално сакам. Интересно ми е што не ги носат во приватна, иако може да си дозволат, ги носат во некои нивни извикани дојчовски. Најчесто од црквата тие. И тоа. Ај посакајте ми полно среќа, ова не било само пријави се и чекај, туку лудило ко америве што чекаат блек фрајдеј да се отворат дуќаните. Е буквало вака е кај мене во градинката сега . Е ама они не знаат дека мене Џоки ми е другарка и ми кажува како со виши сили да добијам што сакам. Ајде мантрам да се хармонизираме со енергиите и да резонираме во исти правец со Фрау ....ИЧ .
Синоќа кај 2 и нешто ми стига порака од градинката на апликацијата. Се извадив од памет , викам што е сега . Оно имале нови термини. За здрав појадок и такви глупости . И сега баш гледам термините што им се . Бројам бројам . Осум дена од јануари до септември е затворена градинката. Поради Betriebsausflug, Konzeptionstage чуда . Треба да запишам во календар да знам , да не отидам и да ме дочека затворена врата .. Не се тачни
Морген Конечно ѕирка сонце кај нас, ладно е -6 беше утрово, ама убаво е и сакам да излезам да прошетаме со малово, ама ми се најави пријателка на кафе. Па ќе ја прашам дали сака да земеме кафе за носење и малку да одиме на свеж воздух, па и ќе се изнамуабетиме и кафе ќе испиеме и ќе прошетаме надвор Една порака утрово, ми го разубави денот Од пред некоја година сум Аусбилдерин и откако останав дома поради бременоста и породилното, ми остана еден Ацуби што имаше уште малку од Аусбилдунгот. И цело време се секирав и го мислев дали ќе положи. И денес го положил Апшлуспруфунгот И тоа од прва Ми прати така една убава порака за благодарност, што очиве ми се насолзија Многу се израдував, буквално им се радувам како деца да ми се А и ме нервираат исто како децава Се договоривме да се видиме неделава, да ми раскаже се како поминало, а јас му нарачав еден привезок за клучеви, со симболична убава порака, како подарок Многу сакам после породилното да бидам само Хауптаусбилдерин, иако знам дека е трн во здрава нога, ама нон стоп си размислувам на таа тема Назад во реалноста Дете големо денес полесно влезе во градинка, без многу натегања и плачки, ама тоа е дека знае дека воспитувачката е на боледување. Имам до понеделник да објаснувам дека не треба толку да си става на срце и да се надевам дека ќе биде океј, дури и она кога ќе се врати на работа. Дете мало, вади заби
Јас денес на работа изгубена, се ми паѓаше од рака, истурив млеко, кафе, не знам што се случуваше и 10:38 ми ѕвонат од школото малата ја боли глава и рекла да ја земам и ја зедов и дадов ибупрофен па ќе видиме дали е од наркозата или што е… И си викам леле колку е тешко со деца, повеќе психички нели, имаш одговорност, страв и што ти не. Најлесно беше додека беа бебиња, па до 3 години, па до 6. Најлесно во смисла што бебето е до тебе, до 3 години се во градинка не се оддалечува многу, до 6 ги шетаат секаде. Значи од една страна полесно, од друга потешко. Таман пишуваат оценки на работа и јас исто како лани бе морам дома да одам и да сакаат да ме унапредат ќе се премислат. Па се чувствувам лошо што работата ми е пред децата, а си ги сакам и децата секако ама се плашам да не им се случи нешто дека ептен сум за работата и се чувствувам како лоша мајка. Денес не бев ни планирана, ме прашаа за да отидам ама сепак, и до 12:00 требаше, а јас 10:40 отидов. Ќе скренам жими се ама до после ќе се нормализирам можеби. Почнав да добивам 4-5 дена порано не знам дали е тоа добро или не. Секогаш добивав на 30та дена, сега на 26 ќе му дојде. Порано од 7ми јануари на 7ми февруари на пример, сега 7ми јануари па 3-4ти февруари.
Со голо око тешко да ги видиш, треба ептен да биде силна соларната бура како лани шо беше Ги фаќаме со камера на night mode, напраено на неколку секунди.
epa ti pishli ovde sleden pat koga ima uslovi da se vidi, bi sakala i jas da probam, Ama i kaj nas ima mnogi svetlinsko zagaduvanje. Sever ne e problem, kje go najdeme kaj e, kje se potkachime na nekoe ritche ako treba. Prativ na dve gradinki mejl, sega da se nadevam na chudo. Utre od sabajle uste na dve da gi kontaktiram i posle pa na kaj ne nosi pat, natamu kje se odi.
Зарем не можеше некој некогаш некаде да пише дека со телефон треба?! Сега ми е јасно се. Ista eco Trend ама зависи од која фирма е гасот, можеби немаат сите апликација. Нашиов гас е од ista. Некако не ми е добро. Можеби хормоните. Ќе полудам. Ама истовремено знам дека не е се до толку за никаде како што ми изгледа во моментот. Сакам да спијам. Ама термин во 15:00. Немачка. Дефинитивно кога немав пари немав ни термини ни проблеми. Никаков стрес значи. Без пари си како врзан. А сега свесно тежнеам кон уште поголем стрес од ова.
Слушај паталец Џолин. Ако сакаш со фрау ич да кликне направи термин телефонски и претстави се. Ова сериозно. Најубаво е ако има таков отворен ден да одиш. Или ти или маж ти. Кој е пошармантен Тоа што на пријателот детето го задржале во крипе е повеќе правило него исклучок. Договорот во крипе завршува на 3 годишна возраст ама може да се продолжи додека наполни детето 3 ипол години. Градинките го знаат ова и ги примаат децата со 3 ипол. @Marge да ти бев во близина ќе се дружевме. И јас само што ќе видам сонце му давам на бебе да јаде и палам патиките. Кафе то гоу ми е омилено. @MacenceEna како си задоволна од квалитетот на Бонприкс? Они се едни од ретките кои имаат памучни работи со нормални цени. Што имаш купувано? Пижами? Тренерки? Х&М гледам се е мешавина или само полиестер модал и слични материјали.
Леле Кејти ако го пратам маж ми, којзнае уста дали ќе отвори . Јас тоа пд сабајле пратив. Делев комплименти, оставив број, сега ќе почекам да ми вратат. Ако не после пак. Проблемот е што кога е отворен ден во тие двете градинки, ние не сме тука. Да видам што ќе ми вратат и дали ќе ми вратат, па ќе видам шо ќе правам друго. Утре од сабајле имам уште две да исконтактирам. Тие немаат термин за отворена врата објавено, па да прашам.
Бонпри (ко што си ги викам, појма немам дали правилно или грешно) се супер. Имаме блузи на долги нормални и такви подебели, како тренерка- супер квалитет, убав дизајн, памук нормално. И 2 зимски фустани за госпоѓица- полн погодок.
Така така, споделете кај уште има за пари трошење. Иако јас ништо не купив до сега од попустите. Сакав чизми, ама не дојдоа на ред. Уствари излажав, една рунда правев и задржав нешто. А и еве Кејти она ако најде фустан за мајка и ќерка, партнер лук за крштевка, ама не е морално,ако ти излезе нешто случајно и ти фати око,може да ми пратиш линк.