Prolet. 110. Majkata nosi 38. Eve i za mene birajte. Nekjam Golo jas nigde. Chejam da dojde maz mu da mu ja predadam. Taka mi se spie, mi se plache.
@Katie90 од бон при порачувам втор пат, еднаш летово направив нарачка . Супер се . Сега стаса големиот пакет , да пробам што ми пасува . Ама нормална мода , нормални големини . 36/38 и така натака . Да пробам па ќе давам рецензии. А и цените се супер . Прво да се стоплам да дојдам при себе. Бевме на очен лекар за големата , секоја година рутина контрола. Побара нова рецепта за нови наочари . Па се радува ќе има два пара . После контрола бев на шетање надвор со една пријателка/колешка . Еден саат на ладново. Ама се изназборевме. Убаво ми дојде и на двете
Стварно се убави многу. Овој на пример е целосно во мој стил, ама ај нема број, ама и многу скап е. Не ми се дава толку многу пари. Може до 150 евра ќе прежалам, повеќе некако ми е премногу за фустан што еднаш ќе се облече само. https://www.next.de/de/style/st214968/u24576 Или овој, не знам дали само не е многу младелашки..јас сепак сум 40. https://www.next.de/de/style/su836150/y00219 И уште еден едит . Ќе се венчавам, затоа во тој стил гледам. Не знам, ама мислам кажав.
Пиши кои бои ти стојат убаво и каква замисла имаш за фустанот на девојчето. Вечер ќе ти пратам што ќе најдам.
Не се замарај, се зезав. Ќе најдам јас. Ама стварно има убави и ќе се најде нешто складно. Јас и некна од заландо нарачував, еве уште не сум отворила да видам што има во кутијата. Мислев ќе одмарам ко ќе дојде маж ми, он бетер од мене. Чекаме да дојде време за туширање и мислам сите тројца ќе легнеме уште во 8 ипол. Едвај чекам маци да исфрли дневна дремка, си дремнува по саат ипол во градинка, навечер додека се заспиеме 9ипол не фаќа. Во домов па ни нешто благо нема да смириш нерви. Преска едно чоколадо за готвење што најдов и урми. Писле ко им нападнав на јаките, сега ми е мачно веќе. Важно дете овошје јадеше .
Аа не . Кажавме тогаш дека ќе помагаме за фустан ако решиш да се венчаш. Еве и Билјарката бара. Мора да најдеме. Виртуелни другарки ли сме што ли сме.
Морген женски . Спремам доручек за дечкиве . Тоест печам гевреци и переци, па да мачкам лепчиња за големата . Големата е станата, се спрема . Средниот да го будам. Малото и тоа ќе стане и Јово наново . Денес ќе ги пуштам со автобус, ако не дојде тогаш ќе го носам со кола. Зашто два дена пола саат возам до школо и назад и веќе ми се темни и од помислата . Средниот вчера , му заборавив вода да му ставам во ранец , па се жалеше бил цел ден жеден , ко да од мене зависело тоа . Сам не знае каде стои водата да си стави. Ме изнервира ептен . Вчера ми се лошеше кога легнав , мислев крајот ми дошол. Цел ден го малтретирам телото, не му давам одмор. Ни јадев ни пиев ко што треба . Па ми даде знаци да намалам со ова темпо. Неможев ни шминката да ја извадам, така легнав . Ептен лошо . Денес малку ќе намалам со ова мое трчање ко мува без глава . Ќе намалам темпо .
Е не знаев дека долг фустан може да биде многу младешки, јас што ближам кон 50 ми е таман. Значи, да си го земеш И да си ја искомбинираш маци во вакво Или друго да барам?
И мене ми се свиѓа овој фустан . Уште вчера сакав да кажам а и цената е во ред , првиот бајаги поскап беше .
Јас конечно и тие што ги нарачав од заландо ги пробав. И ок ми беа, сите беа ок, ама некако не знам, на сите по малку маана им најдов и еве ги пратив надзат. Особено тој на плава боја многу убаво ми стоеше. Кај другите мислам дека не ми се свиѓаше на еден што како тул од горе е, а едниот како да се гледаше од доле се. Пробав со кожа боја долна облека, ама пак некако се познаваше. Тој плавиот, ако не најдам ништо друго што по ќе ми стои, ќе го нарачам пак. Вие што велите? Тогаш и во оваа боја нешто и за маци да најдеме. Кај има да се купи овој розевиот? Кејти ми прати исто убави едни, па сега и нив може да погледнам. Ама видов и дека малку и да вежбам треба, ко троа да се стегнам малку, оти така не ми се свиѓа веќе. Леле муабетов за вежбање, ама еве сега мотивација мора да ми биде и не смеам да се поправам до мај. Еве фустаните, не знам само колку може да се види, да видите за кој мислам и шо ќе кажете. Овој од некс розевиот исто ми е ок вака. Како ќе стои, треба да се проба. И сега уште овие едните гости да одлучат да не доаѓаат, да не прават драми и се ок ќе е.
И мене ми фати розевиот око.Убав е и не е за стари. @Biljarkata денес по 1,5година убедување сама со себе, отидов во штикли ама не тие што ги купив тогаш кога требаше да ги облечам, туку во чузми со штикла.Се сликав на работа само за тебе.Ама колку антиталент за сликање сум што штиклата не се познава.Брзав де да не ме види колешката Спојлер: За Биљи специјално Мене исто два дена не ми беше арно што ми беше не знам.Велам да ме болеше главата ќе пиев апче, вака гадење , без сила , телото како да ми лебдеше .Вели гугл крвотокот па пиев течности и одмарав дома после работа.Туку си викам да не клима(кс)та.
Не, не, јас во розевиот се вљубив, тој да си го нарачаш. Тој за маци да ме убиеш, од ко постирав сликото се изгуби, не можам да го најдам кај го гледав. Ако ти се погоди розевиот тебе, ќе го барам малиот под дрво, камен и во цела интернет историја
https://www.zalando.de/next-regular...tliches-kleid-lilac-purple-nx323f31e-i11.html Го најдов одма фустанов . Со сите помошни алатки, денес не е проблем да се најде нешто
Исто беше и со нашиот, од нашиот прозор и стан без балкон го гледавме баш тој балкон И кај нас има такви денови кога и родителот треба да е таму, а за Санкт Мартин тоа е навечер на пример од 17:00 до 20:00 ама едноставно така е, убаво е што е може родителот да поседи во градинка, да немаше таква прилика ќе ја баравме За ова се многу во право. Може да не и се развијат мускулите. Сабајле е најдобро со нозе да оди. Ти кажува некој што до 4 години ги носеше во градинка со количка. Ама како и да е во право се за се што рекле само ти некако поинаку ги разбираш, некако си наштелувана уште од пред време да се караш. Да игнорираш дефинитивно. И за малиов не сакаа да ме навредат или лоши да се, колку и да ме болеше знаев дека се во право и одма застанав размислив и знаев кај ми е грешката и уште истиот ден ја поправив, ја паркиравме количката во гаража и отидовме купивме лауфрад. Јас па секогаш ги слушам и во градинка и во школо и секогаш после се негативно имало огромен напредок. И сега за нешто во школо што ми рекоа одма знаев кај ми е грешката. Секогаш родителот треба прво кон себеси со прст да покаже. Секогаш нешто почнува од нас. Никогаш не е до детето. @MacenceEna Со чат џпт? Штом Ава отиде со штикли мислам дека нешто ќе се случи месецов, годинава де. Мене според карактерот не ми одговара розевиот фустан. Гледам на линкот ист таков има marineblau боја.
Ти кога ќе се венчаваш, бирај си која боја сакаш . Сакаш да кажеш децата кои ги носат со кола, во приколка на точак или на седиште на точак до градинка се со атрофија мускули . Исто децата кои од сабајле сакаат да се гушкаат со таткото и не сакаат да се разделат, нема да се развијат?! Малата вози лауфрад и ролер од летото навака и е прав камиказа. Од највисоките лизгалки се пушта на меше со глава надоле, се клетери по тие јажињата до горе неколку метри во висина. Ама ок. Ко што рече настроена сум да се карам. Наброј кој ден поточно. Еве и другите да кажат дали има денови, работни денови кога мора да земете одмор, за да отидете и три саати да си го гледате детето во градинка? Од сабајле од 8 ипол до пладне? Група родители веќе се организира да и се пише на главната дека е чиста глупост. Некој треба да го чини неплатен ден од работа, за да може да си го чува детето во најмала рака дома, оти згрижување во градинка ќе нема за деца чии родители нема да присуствуваат. Како да е малку сите клаузула и тим денови шо се неработни, па и спонтано сабајле кажување дека група се затвара, се оди и чекор напред, работен ден да мораш да си таму. Ко да не е доста што децата се разболуваат често и тогаш мораш да мислиш како да се снајдеш со работа. Сори Џоки, ама така се погоди ти да си го добиеш денес .
Јас сакав да ти пишам таман пред добивање си и јас да си го добијам ама јас ич не ти се лутам или да се изнервирам. Секој случај е индивидуален и за нас во право беа дека треба пешки да оди. Кај вас ти си во право за се. И мојот фустан бел ќе е дека јас сум ангел.
Леле бе насмеавте на сета мака . Сабајле носејќи ги децава во школо им реков утре ако не дојде автобус , ќе седите дома . Тоа во нервоза го кажав . Мора да присуствуваат , некако треба да се снајдеме . И до сега со мојот 11 годишен се расправав дека утре му најдов превоз , ако не дојде автобус . Детево влегува во пубертет , толку е тежок за разговор . Почна дрско да ми одговара , едвај му вадам зборови. Полека и трпеливо го прашувам некои работи , пазам да не го повредам со некој кажам збор . Боже ме зачувај . Уште едно вакво ме чека во иднина. Нервите ќе ми загинат .
Што е ова, сите невенчани Башка чивија ми туривте со фустаниве, сега кандидат се бара да праи свадба и да ме кани, и јас да се подновам Мене ми помина и пмс и мс, супер сум сега, само политичари мразам @MacenceEna да станеме алкохоличари ако не, само детскиве пубертети некако да ги прогураме
Мене од ова страв ме фаќа, само штом ќе помислам. Па се велам само да не се погодиме ја со климакс, она со пубертет заедно оти маж ми, ќе избега од нас. Леле па и ти не разбра. Џоки со симпатијата тој германецот ко ќе се венчава, бел фустан. Ете и прилика за да облечеш за свадба. Ако сакаш дојди на моето венчавање, ама свадба нема да има. Ти може да си се дотераш де, кој ќе те врати .