Добро ма леле свашта значи . Драга Билко, Особена чест и задоволство ќе ни биде да присуствуваш на нашето венчавање. И многу важно, поканета си на свечен ручек, со јадење и неограничено пиење .
Џолин фустанот не е розев туку лилјаков. Нема да одговара тој што ти го прати билјарката оти тој е розев. Еве од мене еден предлог за маци. https://www.next.de/de/style/su018682/w78219 Ако се погоди да барам иста боја вратоврска или лептир машна за маж ти? Инаку за венчавка мене лично ми се допаѓа или невестата да е во некоја пастелна боја или бел фустан.
Пфф, во мк ли? Па поефтино да поминеш Се да помине во најдобар ред и мир таму, врати се, па ќе пиеме кафе негде во комшии, во фустаните И Ава ќе ја викнеме, во штиклите
И јас се пријавувам во групата невенчани Не планирам да го сменам тоа. Доволно ми е граѓански брак Излегов денес и се тресев. Не памтам кога последен пат било вака ладно Со ниедна мајка не се дружам. Не ги ни знам. Ги имам само два пати видено. Лани и претходната година. На родителски се гледаме. Тука само таа родителска во септември е групна. После тоа сите се за секој родител посебно. Не сум по дружбите. А не знам ни која мајка на кое дете е. Ни децата не ги знам. За канење по родендени.... Доволно е да се поканат оние деца со кои децата се дружат. Поголемиот син викна две деца. Со останатите деца не е близок.
Па што дека не оди пешки. Ние нашата со кола ја носевме и зимавме 2 години, што кога далеко ни беше градинката сигурно немаше да пешачиме цел час може и повеќе за да ја однесеме на градинка. И тогаш се пожалија кога се шетале таа сакала во количка па што. После 6 месеци беше струја ја фалеа. И таа не си играше со др деца ете и сега има само едно или две другарчиња бидејки има проблем со Германскиот јазик. Неможеме сите деца под ист кош да ги ставиме. Јас градинка бирав да ми биде во близина и да можам и бебето во таа да го запишам да не е само над 3 год. И незнам дали е слободен концепт. Но децата сите се поголеми од неа , за да бидат заедно во училиште. Не ни знам кое училиште е во близина каде ќе ја запишам рано ми е да мислам, може и ние ќе се селиме. Џоли за фустан може да видеш и на about you.
Кај нас беше повеќе за да заспива побргу, оти она покасно заспива навечер, па сабајле не можеш до 7 ипол да ја разбудиш. И таму наместо во 12 да заспие, заспива поал саат покасно. Дома исто накај 12 ипол, па и повеќе од 1 ја фаќа додека заспие на пладне за викенд. Нели се е поинтересно. Па сега сака да спие- не сака да спие, таа фаза е. На пр. Последната недела оти одма после градинка ја носев на играње на игралиште, да искористиме сонцето, порано заспиваше и дома. Ама кога надвор е како вчера и денес -5 кај ќе го носиш да си игра. Не се стои надвор. Така еден круг, во гаражата подземна вози ролер, во подрумот. Некако избегнувам во последно време низ затворени трговски и слично да одиме. Мене ми е премногу, сите деца таму на количките болни. И така низ дома и правам занимација. Леле пак забегав. Цело сабајле чистам на маж ми работната соба. Ми иде пола стварни да ну фрлам. Тоа писма ништо не се средува, само се ставаат во фиока. За викенд еве обврска да си стеди фиоките. И камерата му ја откачив изгледа, пробав после пак да ја наместам, не функционираше. Така да сега може и камера да си купи нова . За абаут ју ми пиша и Кејти. Она ептен си остана доследна на кажаното. Фала . Фала ви всушност на сите, ептен сте другарки. Многу ми значат сите ваши предлози и мислења. Убав викенд на сите. Кај нас , ама и минус длабок. Добра вест, денес прочитав, статистички најмрачните денови завршуваат до 22 јануари, па би требало малку по малку и да се расветлува. Има една детска песничка Winter adee и на малата и ја пејам . Толку многу мразам ладно. Исто Kuckuck ruft aus dem Wald . Почнувам да се штелувам дека наскоро пролет ќе биде . Тоа наскоро може во април де, ама шо има врска. На мојата тоа всушност и помоган за со јазикот и пуштам песнички на германски. Ама и она не се искажува само на еден јазик, меша многу.
Добар ден на сите. Со тешко срце и со солзи го пишувам ова Ако може некој да ми помогне за моето 2 и пол годишно дете за храна пелени и сметка имаме висока за струја. Струјата ке ни ја исклучат ако стигне другата сметка. Ве молам од срце кој колку може да ми помогне
Не мила за во Македонија. Имав и претходно пишано за донации но само една облека ми испрати нешто и затоа овде напишав кој колку може да ми помогне
Конкретно за сметката за струја обратете се овде https://ways2help.us/, искрено мислам дека има поголема шанса да добиете помош отколку на анонимен форум, не сакам да бидам груба ама искрено мислам дека ретко некој би испратил пари без да знае на кој и дали навистина е таква ситуацијата. Ways to help, контактирај ги и некој може директно твојата сметка да ја плати, тоа е навистина прекрасен начин на донација во денешно време кога сме сведоци на секојдневни измами. Поздрав и се најдобро.
Многу многу ми е тешко. Ова сега од нормалната и сериозната џокерче, не онаа со швалерите. Сакам да напредувам и да заработувам повеќе и сега пак треба да поминувам низ нешто. До сега, во овие 7 години тука, моето напредување беше успешно ама време е за нов напредок. Напредокот е таков, болен и тежок. Од една страна се гордеам со тоа што сум храбра и борбена ама од друга морам малку да си поплачам и да издржам. Без тоа нема напредок. Нешто важно имам плус ама додека не успее не мож да ви пишам. Ќе полудам ама ќе успеам.
Zdravo, za tie sto zaminale so viza posle kolku vreme dobivte termin za vo ambasada i dali mora da se pojavis bas na toj termin ili moze da se prolongira nekako?
Морген . Ве нема , почнавте да се губите ? Недела дојде , залади . Ова ми беше последен ден да спијам малку повеќе . Ама и до 7 спиење е доволно . Во петокот бевме излезени со сопруг . Децата ги чуваа баба и бонус дедо . Бевме на едно комеди шоу. Малку да смениме . Вчера направив ручек за конформантите. Ручек за 10 души. Болоњезе сос и макарони , томатен сос и багет. Wohltätigkeit направено за цела година . Вчера ми се споија сите жици. Малку нервозна пред добивање, денес конечно бидна и тоа . Зборевме за ред дома , кој што од обврски да превземе .. и незнам што ќе се смени . Може треба јас да се сменам. Да не се замарам за секој неред дома. Денес сме на роденден кај свеки . На ручек и торта после . Се радувам дека нема да готвам , спремам и мијам после се. Ќе си симнам една кратка серија и ќе гледам во кола . Таман 45 минути додека да ставаме . И тоа за денес
А и за облеката од бон при да дадам еден апдејт . Материјалите преубави , должината на блузите се супер . Таман должина , не со гол стомак , не да влечеш нон стоп. После перење нема изведување , менување на форма . Мислам сега од еднаш перено нема ни што да се смени . Ама за џинсот , презадоволна сум . 36 порачав и ептен точни . Горе се со бунд. Со ластик . Должината таман за мојата висина 155 см. Не се влечат доле . Се што порачав скоро е со риги . Моментално тоа ми се допаѓа. И искрено се радувам што конечно најдов нормална мода , за нормални луѓе. Со нормални цени . Да си спастрен и да изгледаш убаво и модерно .
Нели ти реков Милице И после повеќе перење се супер алиштата. Мојава скоро ги порасна, после една сезона уште се ко нови.
Морген и од мене мрзливо неделно утро, малото заспа, маж отиде се стркала до него да дремне и тој малку, јас и големиот доручкувавме и гледаме Соник, уствари тој гледа, јас список за пазарење правам Вчера имавме многу хаотичен ден, преполн со обврски и како за инат, децава станаа од црни темни што се вика, на крајот на денот сите бевме веќе исцрпени, нервозни и сме испозаспале за секунда. Денес сме подобри Облека немам обновено, не памтам од кога. Мислам онака баш да си направам еден голем убав шопинг, секогаш докупувам само што ми фали. Отприлика еднаш годишно имаме генералка со фрлање на непотребни работи и облека по дома. Ама сега едвај чекам да почнеме со селење и мислам дека ќе фрлам се, па ќе си направам еден убав шопинг, си го зачував ова Бон При што го зборувате, никогаш немам нарачувано од таму. Денес дете треба да оди на пливање, а јас имам “само” четири дополнителни обврски, што треба да ги завршам на компјутер. Плус домашните, нормално. Некогаш мислам дека нема тајм аут. А и времево ладно и тмурно, баш ме фрла во некое депресивно расположение. Ќе одев на трчање денес, ама како сум залепена за фотелјава, да видам - не верувам дека ќе отидам За малово бевме на ден на отворена врата во градинка и излегува дека имаме најголеми шанси да му дадат место, ако го запишеме од септември 2026та, а тогаш ќе биде годинка и ми е премал. Големиот почна така на годинка, ама сакав малово барем на година ипол за започне. Сега имаме уште недела дена да одлучиме со маж што ќе правиме, дали на годинка или на две ќе го пуштаме. Дали ќе биде премногу стресно за сите, ако почне со две малото и големото да почне во школо истовремено, ние назад на работа. Дали ќе кратиме породилно или не. Немам поим, цело време размислувам, ама ништо паметно немам смислено, ме фати неспремна ова И јас многу сакам да најдам време за да отидеме некаде со маж, на некој концерт, на некој настан, тоа многу ми фали. Систем оф а Даун ќе имаат концерти во јули во Берлин и Дизелдорф, на маж му светнаа очите кога му кажаа дека ќе бидат тука, ама јас (знам, злобно е) му реков дека не сакам без мене да оди. А тој ги слуша и сака мноогу повеќе од мене, јас онака, покрај него само. И се повлече. И сега ми паѓа жал, ама сакам да одиме заедно, а од друга страна пак си викам - што ако нема друга шанса да оди да ги гледа И што ако и наредни 5 години немаме кој да ни ги причува децата, па никогаш нема да можеме да отидеме заедно. Во вакви моменти ми фали да имаме некој, да ги причува децата..
@Marge Ќе го запишеш од септември 2026 и ќе го носиш еднаш месечно додека да наполни годинка. Мислам дека нема проблем и да не го носиш ама да плаќаш градинка ама не сум 100% сигурна. Они и секако се на почеток повеќе дома отколку во градинка па секако година и пол ќе има кога ќе почне почесто да оди. Важно е место да добиете, а септември почнуваат повеќе деца во школо и има повеќе места. Од октомври до август е прашање на среќа ако некој смени градинка или се сели.
Тука кај нас се некако построги по тоа прашање, на пример ако е букирано до 2, а ти секој ден или често го земаш детето во 12, може да те опоменат и во краен случај да му го дадат местото на некое друго дете, на кое навистина му е потребно до 2. Ми рекоа дека кернбухунгсцајт е од 8:30 до 11:30, некако и тоа ми е во игра, да го запишам првите месеци само тие три саати, па после да продолжувам повеќе. Инаку најголеми шанси за да му дадат место за Вормиттаг има ако направиме пријава од Септември до Декември, а за од Јануари натаму може пак да го примат, ама само Нахмиттаг, т.е. од 11 часот. Градинкава има баш долго работно време, мислам дека од 6 наутро до 19 попладне, значи можни се доста опции и модели, ама па затоа е и една од најбараните во градов и тешко се доаѓа до место. Запишав таму во забелешка дека и големиот оди таму, се надевам тоа ќе ни ги зголеми шансите за да му дадат место на малово, ако одлучиме да аплицираме. Ако го пуштиме од две, скроз ќе се разминат со големиот. А искрено, радо би го пуштила од две години, со големиот толку лошо поминавме на почеток, што уште имам трауми. А реално, знам дека со малово ќе биде поразлично и полесно, бидејќи се многу различни двајцата. И тука е нормално прашањето, да кратам ли породилно ако го пуштам порано Оф, лошо е со толку ограничени места во градинка. Сега Судер ни ги скрати Фамилиенгелдот скроз, наводно да инвестира во градинките, да има повеќе места. Ај баш да видиме