До тука стигнав, уствари само ова прочитав. Јас ќе ги чувам децата. И маж ми ќе ви го пратам. Еве јас ќе се жртвувам. Ова е ако е во првата половина од јули месец. Втората сме веќе на одмор. Не се зезам инаку. Кај мене хаос. Еве 4 вреќи облека ќе носам за фрлање. Малку повеќе обврски имам и после ќе читам.
Утро Спојлер: Снег Денес се разбудивме со доволно снег и од старт дали да се носи на школо или не? Ме мрзи кола да чистам улиците не се сеуште чисти со 3 деца не ми се ич мрднува од дома од сабајле ме мачат прашања , од школо нема известување дека ќе биде откажано ради временските услови . Знам дека сум немајка но од еден ден нема ништо да му е и ако остане дома. Инаку малку е незгодно за пешки да оди скоро 2км е снег до глужд. Какво е времето кај вас? Нас не фати некој период со маж од пред недела дена само чистиме и исфрламе непотребни работи алишта и свашта нешто убаво ја започнавме новата само нека трае така. Пред недела дена исфрлив мој и негови алишта што не ги носиме со години 6 вреќи од по 60л . Вчера ни беше на дел подрумот сиротиот тој сам сортираше и чистеше о И се изнесе пред зграда. Ми е криво исфрлив доста новогодишни декорации но и се радувам дека веднаш беа сите собрени од пред зграда бидејќи сите беа здрави и сочувани но мене ми помина таа фаза на оние џуџињата што се прават мали и големи плишани. Остана уште алиштата од деците да прередам и да сортирам и се ќе е супер, само уште да не купувам толку многу пак . Снегот уште веее ... Имајте убав ден
Добро утро женски Надвор снег до колена Децата не се денес во школо. Најверојатно ќе имаат онлајн настава. Улицава не ја чистат. Автобуси нема Јас се ослободив од сите алишта. Ова уште во октомври. Се што е им беше мало го ставив во кеси и го фрлив во контејнер. Оној што е за облека. Обувките ги ставив до контејнерот. Почнав да им купувам облека поголема за еден број. Нека носат по година - две. Со големиот немам проблем, ама малиот многу пребира. Само тренерки носи. Нема шанси да облече пантолони, фармерки и џемпер. Чизми не сака да носи Досадно ми е дома да седам. Аплицирам на огласи. Се надевам дека од некаде ќе се јават. @Marge Честитки за станот
Морген и од мене . И лај нас заврна снег и уште врне . Патиштата се проодни ама треба внимавање . Да се вози полека . Кај децава едниот автобус стаса , вториот малку закасни . Па бев на мисла да ги носам до школо ама среќа дошол и тој автобус. Градинката работи , што и мора да работи , ние другите што ќе правиме . Треба да работиме . Во зима има снег , факт . Мора да се функционира некако . Имам 3 метра шкаф ама некако не добро организиран . Треба да му најдам крајот
Да не и треба на некоја облека за синче величини 122/128 и 134/140? Имам околу десетина панталони од кои 4 сомотни и другите по дотерувачки некои не се носени а некои неколку пати и околу 15 блузи. Жал ми е да ги фрлам а ме мрзи да сликам за на винтед.. Исто и јас си сакам ако некоја има поголеми и не ви требаат
Морген И кај нас утрово снег до колена. А јас погледнав од тераса само накај паркот позади зграда, ич не свртев поглед накај улицата, да видам дали е исчистена А маж ми пишал уште кога излегол на работа, дека има мноогу снег, да остане дете денес дома, да не возам на такво време со двете, кога веќе не морам. Е се убаво, ама јас со моите слеепинг моуд на телефон, не сум ги видела пораките И разбудив деца, ги спремив, во 5 до 8 кога ги видов улиците, си реков подобро дома да остане дете. И пак соблекување, па објаснување на дете зошто нема да оди, а тој баш сакаше денес да оди, дека има нов Блуи дуксер, пресреќен е, па да се пофали во градинка Во овој саат време што е дома, добив 456 прашања, дали може нешто благо да јаде и дали може тв да гледа Маж ќе останел саат време подолго на работа, имале многу работа, значи до 16:30 сме сами Инаку ми се допаѓа многу идејата на @Chimera јас за бебе имам доста облека, некои работи веќе донирав, ама радо би ги дала на некого ако му требаат @јolene концертите се во првата половина на јули, мислам на 8ми и на 10ти. Фала ти за понудата, големиот ми е многу голема лепенка за мене, ризично ми е да бидам толку далеку и да не можам да стигнам макар за пола саат до него. Ама, ако важи понудата за други концерти што ќе се одржат во Минхен, радо прифаќам
Морген Снег и кај мене. Се радувам ко мало дете. Да испијам кафето бебе во количка и одиме на прошетка. Исто сме работеле сите викендов. Пренатрупани сме. И јас чистев, перев, пеглав, нешто фрлив од старите работи, нешто сликав за винтед и така . Очајно ми треба некоја промена во домот па барам некои ситници да си сменам. @Marge и ние добивме понуда пред некој месец со 8 месеци да тргне на крипе. Ама одбивме и бев спремна да продолжам породилно ако нема од годинката место. Среќа најдоа. Јас мислам дека кога се помали полесно се навикнуваат. Колку поголеми толку повеќе плачење има. 1 ипол како што сакате од моја гледна страна е идеално.
Неможам да ти пишам, пиши ми ти да не спамуваме Инаку да, зошто да не си ги даваме, наместо да ги фрламе. Навистина, нови работи да ги фрлам душа ме боли.. Зошто некое детенце да не ги искористи
Спојлер: Градинка Ова е групата кај малите деца од 1-3 години. Не примаат деца без да имаат и двајцата родители Vollzeit договор, а после не ни можат да одат на работа. Да имав трето сега ќе бев во оваа ситуација, скоро цела година секој втор ден дома. Ова по втор или трет пат ви го пишувам мислам ама сега јас сум во ПМС. Notfallstufe 5 е мислам, не знам кое Stufe е целосно затворена градинка. И сакам да кажам дека нема логика да ги бараат фолцајт договор, а знаат дека се во Notfall секоја втора недела.
Мразам снег и студ. Децата отидоа надвор. Не престанува да врне Цела недела ќе врне. Да не можеш да прошеташ @Chimera имам и чизми за снег. Еднаш облечени.
Јас сум тотално раштимана со маж ми, еве ако не се разведеме денес, нема кога. Па ја едно, он друго. Јас лево- он десно. Ај му велам јас треба да добијам и пукнав, шо ти е тебе оправдание. Па вика ништо, се синхронизирам со тебе. Среќа барем детево ни е денес така поразбрано.
Кога е жената во ПМС и мажот е. Исто како и жената кога е бремена и мажот има симптоми. Секако ако станува збор за вистинска љубов, па кај тебе еве барем знаеш дека е вистинска.
Пих, немало кога, ко ќе реконструирате стан- тогаш. Дотогаш business as usual Снегот таму да си го чувате... денес конечно речиси се стопи, овој паднат пред сто дена. Немам сила за уште глупирање со снег, или уште полошо, со мраз
Морген . И кај нас во градинка од сабајле најавија Notfall Stufe 3. Болни вработени. Што е нормално во сезона на грипови болести . Групите се намалуваат . Се примаат деца само на тие што работат , без разлика Vollzeit, Teilzeit. Работа е работа . И јас до душа не знам некоја мајка да работи Vollzeit. Обично сите со мали деца работат скратено работно време . 25 , 27 часа . И за тие родители не се прави никогаш проблем . Се примаат секогаш . Имаат предност за згрижување. Некоја мајка што не работи , нормално е да го чува детето дома . Колку и да звучи глупо. Кога ќе се вработи , добива место за Not Betreuung. И секако дека ќе го однесе детето во градинка , кога мора да работи . Подобро вака , него да неможат да ги догледаат сите деца само со една учителка . Што е проблем кај најмалите. Не е толку страшно. Да целосно се затвори , ретко е тоа. Ова со еден ден оди , друг ден не, го нема во сите градинки . Кај нас нема . Така да не се прави паника кај нас самите , не е толку страшно . И самите вработени во градинка се мајки. И нивните деца се разболуваат и остануваат дома . Тоа е . Сите поминуваме низ тоа . Некоја може да работи од дома. Некоја не и така . Ќе помине и тоа. Во школо нема вакви проблеми. Мора да се оди Да дополнам , кога дете ми е болно. Зависи што , или јас сум дома , или мм работи од дома , или он зема боледување или го чува бабата ако е веќе здрав а го оставам дома . Решение се наоѓа . Освен кога нема опции , нема пра баба како кај мене . А бабата искрено сама неможе да се чува не па дете да гледа . Ама не е сама во тие случаеви . Синиот е дома , помага .
И кај нас никогаш немало којзнае колку критични моменти. Кога се болни повеќе воспитувачки одеднаш, тогаш и деца многу има болни, плус се апелира кој има можност детето дома да си го остави. Мене никогаш не ми правеле проблем! Јас сум многу среќна со градинкава! Каква среќа имав, ниту читав рецензии ни ништо, важно ми беше да добијам место и од овде први ми се јавија. Почна ќерка ми во крипе, кога наполни 3 и требаше да менува ,доби автоматски место градинка. Такви нотфал ситуации во овие 3 години само 3-4 пати имало, а мене како вработена не ме засегале. Снег падна и кај нас, вчера 15 цм натрупа, денес се стопи. Во овие скоро 7 години во Германија прв пат асален днег видов, ќерка ми исто. Бидејќи знаев дека ќе се стопи побрзавме да направиме со ќерка ми снешко, па да има некои убави снежни сеќавања од детството Спојлер: Фанки снешко бел Денес ми стигна и писмо да сум гласала на 8 ми март, јас појма немав дека избори има. А интересно ќе се гласа кај ќерка ми во градинка.
До 3 години мора и двајцата родители да работат фолцајт. Над 3 нема врска дали работат. Кај нас. Имам нешто стресно на повидок, што уствари за добро е, ама мене ми е страшно стресно и се изморив овие неколку дена и по цела ноќ сум будна. Ова е промена што ја посакувам повеќе од 10 години и за некој би било нешто обично ама за мене е нешто мајко мила. Можеби ќе добијам побрзо па ќе се смирам и едвај чекам да се заврши и да пишам дека се. Ваква бев и за целосната анестезија на малава и до степен да се онесвестам, сега пак. Месецов завршив до толкууу многу работи што буквално со години ги влечам па мора да е нешто таму до планетите како се поставени. Овој јануари помина со брзина на светлината. Спојлер: Црна хроника Се плашам дека ќе умрам за брзо. Кога бевме мали повикуваме духови имам еднаш пишано на форумов и кога ќе умрам се вртеше иглата и покажа 26 и се плашев дека ќе умрам на 26 ама сега ми текнува дека 2026та госина е и што ако значело тоа. Името на мажот го испиша исто како сегашниов ама тогаш во соседното село имаше такво име и мислев тој маж ќе ми биде. Помош? Вака се мачев и додека имав 26 години и имам пишува на форумов пред 5 години значи и не можам да спијам
Лајк за првиот дел, за вториот не знам зш сте си играле со вакви глупости. Баш преска си помислив што ќе биде ако знам дека за два дена ќе умрам , ништо ќе живеам на ист начин.Значи и да знаеш и да незнаеш исто ти се фаќа немој веќе мозокот со глупости да го замараш.Јас сум сигурна дека ти и понатаму ќе ни пишуваш за симпатијата и во 2027-нормално дека ќе имаш друуг де симпатија и дека откако те унапредиле немаш време за нас.А 26 може и да е 62 и 92 така да не се плашиш.
Во еден ден на два доктори бевме со синко , средниот. Вчера му се појави осип на телото и чешање . Сабајле кај мојот матичен , се правеше тест за шарлах . Испадна негативен. Доби сируп за алергија. После отидов на дежурен. Bereitschaftsdienst. И дијагноза слична на првата што ја кажа матичниот. Urtikaria па и од таму доби сируп . Сега го испи, со надеж да се повлече . Аман