Кај нас во школо нова глупост. Градот донел нов закон првачињата имаат право на згрижување т.е. не смеат да ги одбијат за место. Тие од 2,3,4 одд. Може да предадеме за хорт дали ќе има место никој не гарантира, по кој критериуми ќе се бира кои деца може да добијат место исто никој не знае ( ова на официјалниот состанок така кажаа). Дали работат двајцата родители на деца од 3 тоа, а на ова од прво двајцата се невработени и градот им плаќа не е важно тоа од прво ќе оди на хорт, родителите на тоа од трето ќе си се снаоѓаат сами. Можеби едното дете ќе добие место, ама братчето нема да добие место. Јас не знам како не им е срам да ги кажат информацииве вака јавно. Јас искрено се мислам дали воопшто да го запишам во хорт, не ми е неопходно на пладне само два саати се разминување со маж кога сум втора, се секако ретко работам втора. Од делот за учење нешто влијание не видов големо. Искрено ме нервира фактот дека имаат предност родители што не плаќаат над родители со работа и што плаќаат. Па некако за инат не сакам да им ги оставам парите.
А правевте ли црп Ена? Ние така лани, полани, на брис ништо немаше ама црп у вис беше, па антибиотик среди работа.
Според Законот од 12 години смее само дома да седи ама сега да не донесат и нов закон од 8 години па затоа. Дека нели и порано влегуваат во пубертет па 8 години се новите 12. Кај нас веќе нема место во школото и од годинава прво одделение се во една градинка што се затвори ама се отвори нова за неа на друго место. Од што има премногу нови доселеници и секое дете мора во школо да оди.
Na nivo na Germanija od ovaa godina e toa. Moeto ke bide prvo i ne treba nikakvi dokumenti za upis bez razlika rabotele ili ne rabotele.
Во ред не е лошо ама не треба поголемите одделенија да се дискриминирани и да останат без место. Нека обезбедат и персонал чим носат закони.
Школото е задолжително, згрижување после школо нема потреба за тие што еден од родителите им е дома . Колку и да звучи грубо . Моето ќе почне со неполни 7 години во школо , планот е да си доаѓа дома . Со клуч на врат ќе биде .
Мене така лани ми направија страс од хорт. Имаше многу болни и восптувачи и учители и беше кој може детето дома да си го чува.Од 24 деца сам моето и уште едно на преставничката од родителите мораа да одат на хорт. Отиде моето и директорката ми ѕвони немаме капацитети ќе ја пратам дома.Ок прати ја.Јас цела се треса од нервоза , а на работа.Пишува таа на четот колку биле сите деца добро згрижени дрн дрн. Велам кој деца моето го вратија дома, директорката ми се јави со безобразен тон.Ми ѕвони одма елтернспреха(зборот го заборавив) вика не е можно па сите деца се дома освен нашите две како е можно.Велам детето сега мора само 8ч да седи само.Одма и се јави на директорката, она божем се збркала. Ама јас моето веќе не го пратив на хорт.Дома си се чува сам.Колку стрес изедов од нив се нешто им е се штрајкуваат. Така да мила исти ненормални се секаде.
Морген. Може ќе ми се смени мислењето за Betreuung после школо , зависи во каков клас ќе се падне , како ќе се развие до тогаш . Многу рано завршуваат со часови Во 11 ипол ќе е веќе дома . Поголемите ќе бидат во школо. Големата ќе биде 10!то Одделение , средниот 8мо. И они ќе имаат повеќе часови . Ако не за чување барем за домашни и учење ќе се најдат Во април има големата проект Girls day . Ќе имаат еден ден пракса во некоја професија . Се пријави веќе кај татко и во фирма. Може ќе добие место . Догодина пракса , две недели . Ќе треба да размисли што ја интересира . Најверојатно градинка ќе биде . Или ако добие место во некое биро за архитектура. Ама за градинка ќе биде најсигурно.
Кај нас се сите деца до 16:00. Само такво школо има Ganztagsschule. Сигурно откако пишав ова ќе испадне и кај нас хорт да има од септември. И онака веќе нема место поради преголем број на доселеници.
Снегот нек се гони.. Најмалото однесено во градинка , големата проба да оди во школо , пробав и јас да ја однесам не биваше . До главните семафори и назад дома . Не се вози . Сега дома дремат со средното, јас на работа .
Ајде дојдете сите кај мене, ни мраз ни снег има. Снег имаше помалку од 24 часа колку мерак да ни мине.
Кај мене ни дожд нема. Дојдете на сонце и 10 степени. Ајде што вие ама и јас почнав да се прашувам кога ве читам дали сум навистина во Германија.
Тука е 3 врне снег, дожд. Повторно сме болни сите , веќе преку глава ни е едвај се опоравивме последниот пат сега повторно не е фер. Маж ми вчера и тој разочаран му велам ајде да се селиме но дека. Германија ни е мрачна и ледена. Јас би сакала да сум кај џоки кај неа е секогаш најтопло но ете и таа почна да се жали од доселеници.
Ме потсеќа на детството. На слика нормално и преубаво, ама во реалноста ти верувам како е. Сепак нормално е, јануари, не е нормално кај мене што е сончево. Зимските јакни и чизми за недела дена им беа. Сега пак одат со патики во школо. @joana18 не се жалам на доселениците се додека се нормални
Преубаво е , да . Да си облечен соодветно, да направиш една долга прошетка низ шума. Да дојдеш дома да те пречека тазе испечена штрудла од јагоди , јаболки со ванила крем , со некое чајче . Ама реалноста е автобусите не возат , пошто патот е не исчистен . Се вози во спорот темпо . Се нешто се откажува . Градинката среќа не им текнало да ја затворат , поради залепени патишта и непроодност. На работа мораш да одиш , деца мора во школо ( а и немора ) Големата утре најави дека ќе оди со другарките во еден поголем град , во некој трговски . Со автобус и со воз , па нејзе треба да ја мислам како ќе стаса . И дали ќе стаса .
Те читам и баш ми е јасно колку ти е тешко. Ова што го опишуваш многу личи на силна анксиозност, не на тоа дека „нешто не е во ред со тебе“. ❤️ Телото ти е постојано во режим на опасност, како да мора цело време да се брани. ^^^Еве што вика чатот откако му напишав реферат. А колку пати некој на форумов ми пиша дека 100% имам анксиозност, а јас убедена дека немам. Секако дека не значи дека е точен ни чатот ама очигледно е…
Е да бе, четот во право, ние- кој не врти. Што ти е значи лажни авторитети. Мене ни денес ,,Четко,, не ми е другар. Му викам напрај ми ваков фајл, онаков, он трокира, ми праи фајлови што програмот не ми ги отвара. Мислам знам дека е тешко да го хакнам мајкрософт преку копилот, ама ќе видиме кој е попаметен, а кој попушта. За секретарка- добар е, за повеќе, факултет му треба Сдк, знаеш што треба да праиш- манифестирај не-дијагнози