Седи си таму кај што си. Евентуално смени град. Поголемо место, поскапо да, ама и плата повисока. Па ќе пркнат деца, може после да мислиш кај ќе одите и во друга држава и се. Поздрав од мк. Снег нема, има дожд. Дете откако сме дошле кашла корне. Воздух горчи, мириса на чад. Не сакам да се правам многу од големо доброутро, ама среќни сте кај што сте. Верувајте. Овде секоја дупка на улицата што беше од последниот пат, поголема е сега. На игралиштата за деца се шетаат кучиња скитници, огромни. Не очекував. Ајде знам дека се скршени играчките и лизгалките, ама поминавме покрај едно, не можев да тргнам дете од таму. Се преплашив од кучињата. Она па уште ќе иде да ги гали. Пошто сите од наше маало ги гали и се воспитани. Едвај останав смирена, да не хистеришам и ја прибрав. Па не може. Целосно неодговорно од државата кон сите. Мене ми беше страшно. А на 10 степени надвор, ни едно дете не видов да го шетаат. Ама затоа во игротека ко ја однесов вчера, надотерани, нашминкани, преубави жени, ко манекенки сите.
Кај нас смрди на одвратно нешто измеѓу пластика и гом**.(Ова е Де). Верувај толку дупки има по патот што ми е страв да возам.Пред 2недели полицајци беа блокирале 3 огромни дупки, дојдоа и утредента беа веќе поправени ама само тие 3 допки на 2 мета понатаму толку.Накај работа патот минат LKWs и е со огромни дупки. Јас почнувам да се прашувам дали јас сум во Де. За игралишта и тука ретко на овој мраз дете ќе видиш,освен моето големо нема други. Вчера така страв ми беше да возам иако главните улици чисти се де , ама споредните се хорор , до нареден четврок вака е. Па денес викам со јавен да одам ми е страв.
Добро, знаеме, ти во Арачиново живееш. И овде живо дете нема надвор, не знам, некако грда зима е. Мокро, смрзнато цело време, нема шо да се праи на игралиште. А за кучињата ја разбирам Џоли скроз, тоа нема ни во твое Арачиново.
Дете однесов на лекар да ја чуе оти многу кашла, добив ант. Само црвено грло, ништо друго нема. И сега велам ќе земам, ама не ми се дава. Со кромиди, со прополиси ќе пробам колку може, па белки ќе се среди без ант.
Боужеее Џоли. Антибиотик за шо, јер комон праксис? Имаше еден многу глуп вирус- температура некоја безвезе и само сува кашлица. Помина мојава и пола одделение. На другарка и, превентивно и дале антибиотик. Јас ни на доктор не однесов, си го знам детето, првите 2-3 дена беше лошо, после се подобруваше. А баш лекција сега по биологија имаа,во 6то одделение- зошто стануваат резистентни бактерии. Ваљда ни мајката ни докторката не ја прочитале лекцијата. Без црп јас не би давала антибиотик.
Мене ни дете не ми се малтретира за крв земање. Да си бев во дојчланд немаше ни да ја носам на преглед. Овде повеќе ми беше да ја слушне на гради дали е чиста, повеќе оти е нели дете со ларингитис, а викенд нели фаќа па се по ред у п.м. И да прашам шо им прават на таквите деца. Вика боцкање дексаметазон. Викам јас за пиење носам и така. Вит ц. Велам ок ќе давам киви сега. Ме погледна чудно. Она на кромид мириса цела . Со бабски лекови велам јас. Сега да гуглам како беше тоа со кромид, јаболко, орев нешто за црвено грло.
Па ќе биде грло црвено, ако се дразни од кашлање. Купи си таму спреј за нос од диво оригано, давај мед со прополис за грло. Ако е само црвено грло, ако не ја боли на голтање. Ако ја боли на голтање, може да е стрептокока. Боцкање за црп е едно боц во прсте.
Па не се пожали до сега да не може да голта. Мислам пие течности. Омилено банда без команда со баба и кисела вода. Наслаги нема на грло, само суво кашлање. Еве и кај мајките најдов кои спрејчиња за грло, ќе го пратам сега да оди да донесе.
10 степени за нив е ладно. И оти не ги спомна малите деца што имаат мобилни и цел ден се на телефоните, тие од 5 год имаат сопствени телефони. На тротоарите паркирани коли со количка со дете да шеташ поим е.
Апдејт- видов денес дури 3 деца надвор Има како ритче за спуштање со јаже, кога има снег го користат за санкање. А снег, колку да подмрзне, повеќе кал отколку снег. Безвезе е оваа зима.
Кај нас предходната недела кога фати малку сонце, имаше негде 3-4 денови со околу 10 степени, игралиштата беа преполни со деца, оти сите едвај чекаат да се надвор малку. Последно бевме пред една недела на 2 степени надвор, ама маци рече сонце греало и веќе лето било. Топла била и лизгалката . Ок. Лизгај се беше. И сега нелој ќе рече па ете оти дете ти кашла, ама не ми кашла од тоа, веројатно од авион собра нешто. Или па од градинка, пошто таму во моментов сите деца до едно се болни. Ама тие сите со маген дарм се. Подобро е маци за нијанса, едно спрејче што прснавме на грло мислам и помогна малку. Ама и пак надвор ја пуштам, колку може повеќе. Секако сме кај моите па да искористиме и планината и дворот. На неа многу и било убаво во Македонија .
Здраво. Ве молам ако некој има контакт од проверен превозник за Германија да ми пише. Деновиве треба да испратам пратка. Благодарам.
Не сум сигурна дали прашањево е баш за во темава, затоа што не живеам во Германија туку во Швајцарија. Ама мислам дека работава е слична кај нашите во странство, па сакав да прашам дали и вие го имате истото искуство, и гледам дека темата е активна. Приметувам кај дел од нашите луѓе (и постари, ама и доста млади) дека самото тоа што живеат во странство се доживува како некаков статус. Не во смисла „ми е убав животот“, туку повеќе „јас сум тука, значи сум успеал/а“. И често оди со муабетот дека „луѓето дома им љубоморат“. А мене тоа ми е малку чудно, затоа што кога навистина живееш тука, гледаш дека е сосема нормален живот – работа, обврски, рутина. Ништо спектакуларно, туку едноставно среден систем. Па ме интересира дали и вие го приметувате ова кај нашите во Германија? Дали постои тој момент на потенцирање „ние сме во странство“ како доказ за успех? Ме интересира дали е само мое чувство или и други го забележуваат истото.
Може од некој луѓе што го сметат ова за успех . Мене па луѓето од мк ми се чудни кога ќе кажат за мене и мк е германија како ние заради финансии дојдовме овде.
Јас го славам секој ден што сум тука, а можеби го славам повеќе моментот што не сум таму. Да оставиш се зад себе, да се спакуваш во еден куфер. Одново да се докажуваш, да се интегрираш,да учиш, да растеш дете во друга култура без никаква подршка плус со јазична бариера. Можеби за некој ништо спектакуларно ама за мене е успех и си дозволувам да бидам горда на себе, во таа смисла. Е сеа не мислам дека некој ми љубомори. Изгубија Германците во Ракомет, Мерци беше многу разочаран.
Да, ама не би требало адресата на живеењето да ни биде некаков статусен симбол. Тоа го примеќам кај некои.
Да, тоа е така, но луѓето во Македонија, некои си викаат еве ја отиде, отидоа ќе се наполнат пари ние останавме тука. Си има вакво размислување во македонската средина. Малограѓанштина...една од големите причини за иселувањето