Форумџика на годината

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.859
    Допаѓања:
    201.638
    Епа затоа очекуваат дека ќе ви дојдат на гости, и вие ќе имате бар 2 гостински соби за нив:D (муабетот од претходно).
    Мене ми е исто ко да живеам во Карпош2 иначе, и поблиските така не доживуваат. За ојле-дојле ич не ми чуе.
     
    На bubemconia, fairy88, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    Тоа се вика “тие искочиле од селото ама селото од нив не”. :D
     
    На fairy88, SummerGirl, Ursi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    На темава, не знам дали и на вас ви е исто, ама мене ми е преку таквото да објаснувам на луѓе и во Мк а и кога ќе сретнам наши (балканци) во Гер како сум дошла, со каква виза, дали имам државјанство, како сум се запознала со маж ми и сл. прашањава веќе на памет ги знам и точно знам кое следно прашање следи. Работам со луѓе откако сум дојдена и кога ќе слушнам балканци ги избегавам токму заради прашањава. Ај да сме пријатели ама на некој што веќе очи нема да му видам ми е смачено да се објаснувам па се правам германка. :D Мислам по акцентот се приметува дека не сум ама баш ми е гајле. Нема поента да трошам 10 мин од животот за некој што веќе никогаш нема да го видам објаснувајќи се, само колку да си ја задоволат љубопитноста. Многу пати ги избегнувам си зборам на германски со нив а кога ќе ме прашаат од кај сум велам дека сум од Германија. Сум имала и добри искуства со наши луѓе ама моето прво искуство со македонци прв пат кога дојдов во Германија за жал беше ужасно.
     
    На Gosh, bubemconia, fairy88 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    7.734
    Мене статус ми беше Германија кога пред 30 /40 години некој живееше тука и тешко се доаѓаше овде.Па ќе донесеа чоколатце од 50 гр јас ги доживував ко богови.Сега сликата е сосема друга никаков статус нити сум нешто посебно што сум тука.
    Инаку по 13 години живот овде ја доживувам најголемата неправда (ќе пишам кога ќе заврши целата голгота аусландерска).
    Деца болни кашлат корнат, температури како подвижна амбуланта ми е дома. И по незнам кој пат само да кажам само маж да си во овој живот.
    Психичкото здравје ме здрма на најако, сега со овој лош начин на живот на ред е и физички да се средам.
    Како жалопојка на крај ми испадна постот.

    И да градинката е затворена заради бран на вирус и нема персонал. Не дека па порано имаше отидоа во пензија, почина една, се разболе долгорочно друга..Од новата повеќе е затворена отколку отворена, тешко на родителите што мора на работа.
     
    Последна измена: 1 февруари 2026
    На mal.ecka, bubemconia, fairy88 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    12.299
    Пол:
    Женски
    Колку многу си во право со ова. Да ја гледа и он, се грижи и он, ама која разлика има
    меѓу мајка и татко. Никогаш маж нема да може да се грижи за дете, ко жена, па какви сака нека се.

    Детево од денес многу лошо. Се корне од кашлање од вчера попладне, нормално откако пак се вративме кај свекрви.
    Денс буквално на 10 секунди кашлаше непрекинато. Од очај и инхалација со кортико правевме и пак не помогна ко што треба. Утре ќе одиме на педијатар уште еднаш. Не знам на што се должи, 4-5 дена сува кашлица и сите бапски лекови. Спрејови, ширупи, медови нема што не пробав.
    И сега ќе се успива дете, ја зедов во раце да се смири некако, и да ја слушам како дише нели, еј уште дете не се смири, ко се расхрчи. Разбирам и умор и се, ама како можат.
    Секогаш и ноќе кога станувала и температура и се, штом ме види дека ја превземам одма се врти и за 3 секунди спие.
    И оди на работа, а јас дома сум. Сирото синче нели,мора цел ден да работи за да ги храни. А мајка што не спе откако остане трудна па натака, кој ја ферма. Она не работи.
    Додека се поднаучи да спие и стекне имунитет малку од малку, па у пубертет ќе флезе.
    И сега пак него погласно го слушам од неа. А она денес и не ми јаде веќе.
    Да знаете само дека воздух во мк не лечи. На полошо само прави.
    Сум читала кај мајките и не верував, ама сега на своја кожа, познавајќи си го детето не можам да верувам. Само молам бога да не стане полошо и да подопркне малку за да се вратиме надзат.
     
    На mal.ecka, Gosh, Masnickaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.859
    Допаѓања:
    201.638
    Ова ми забоде очи. Одете утре кај твоите, може има некоја мувла, алерген, сув воздух, нешто што и праи полошо. Може ништо од тоа, ама јас така би напраила.
    Леле, ајде брзо и лесно да помине :hug:
     
    На Masnickaaa, JasBee11, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.679
    Допаѓања:
    92.651
    Пол:
    Женски
    @јolene
    Јас тебе не те разбирам,нели специјалист педијатар ти дал антибиотик за детето, ти поради свои убедувања не го даваш ?!
    Инаку Козле во Скопје е преполно со деца од грипот кој владее, ги има на респиратор, а ти не даваш антибиотик?
    Дај му на детето тоа што му препишале.
    Бапски лекови, кромиди ниту пак воздух не се лекови !
     
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    12.299
    Пол:
    Женски
    Не, не ми даде специјалист педијатар антибиотик. Фала што се загрижи, ама за толку мислам не сум луда, да од убедувања лични, не давам лекови. Веројатно не си ме разбрала и нема врска. Утре дете пак ќе се носи на преглед.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.679
    Допаѓања:
    92.651
    Пол:
    Женски
    Добро, напиша дека лекар ти дал, а ти не и го даваш.
    Не се загрижив туку сум запозната како е моменталната состојба со грипов кај деца кај нас и затоа ти пишав.
     
    На JasBee11 и јolene им се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    8.552
    Да шкртнам па да испијам чај и да си легнам.Пијам шлаф и нерфен тее.
    Имам проблем некогаш.Дрте спие јас не спијам.
    Ние сме добри после турбулентен период се враќаме полека во нормала.
    Конечно и колата ја доведовме во ред.Тргнав по адвокати да барам правда,ама без рачун е доста тешко да истераш правда и вчера официјално го затворив случајот кај осигурањето,ама го пријавив автомеханичарот фино лепо на зол.Нека го здрмат малку.Јас и така си седам на штетата.

    Да се разбереме немам проблем дека некој печали на црно.Ама ако планира црно нека си каже унапред.Јас никогаш не сум сакала да поправам кола без рачун,може да ми сјебе цел мотор и да не одговара.Не е коса или нокти.

    Бебето е во главно мирна не може да се пожалам.Помирна е од синко.Он беше буден на секој саат,вечерта максимум по два саата сврзуваше.Е, кога си има проблем знае да се буди почесто.Инаку 1 во ноќта станува за млеко.
    Па и маж не гледаше со синко причина да помага,како што погоре спомнаа,он мислеше дека оти го носи лебот дома,нема потреба да помага со детето.Јас сум дома и тоа ми е работа.
    Е,сега магично се сменети работите.Ако ме види да сум под стрес ке дојде да праша што помош ми треба,знае да чува дете вечер за викенд за јас да одспијам без да се будам вечер.Кога беше на одмор се меневме за вечерите преку ден.
    Имам време за мене да излезам и без дете.Си одам на концерти,термиња со женско друштво,имам баланс во животот.

    Искрено да не не најанеше неговата болест и да не се случеа проблемите се колата,царски ќе си поминев и бременост и породилно.


    Прочитав нешто последните страни.

    @Jolene ти се измачи со малата.Доста често ти е болна.Ти праќам сили да издржиш,оти верувам дека удара тоа на психа.
    Не сум баш во тек на настаните да не сакате да се вратите во Македонија?

    Не знам како ќе биде со малата сакам на околу 1,5 година да ја пратам во градинка.Место имам.Само да се одлучам конечно што како.Иако 99% за една другата ќе отидам да ја видам ради ред.Поубава и поголема и поефтина е,ама во првата работи една пријателка.

    Мене ме мачи имунитетот 4 херпеси на устата наеднаш исфрлив.
    Утре имам онлине термин,само да е асален докторот.Да не каже креми ти се доста.Ќе му кажам сакам ацикловир таблет високо дозирани.
    Е, за вакви случаи ми фали болницата.Ќе си земев што ми треба таблети и не се влечам да молам доктори.
    Јас бев на доктор претходната недела за лактоза и излезе позитивен.

    Сте пишале за Германија,далеку е од престиж.Не е тоа што е била пред 20-30 години.Кој сака може да дојде за работа.
    Исто Македонија не е тоа што ја знам.Барем тие што ги познавам повеќето имаат солидни примања и заради тоа си седат долу.
    Јас дојдов тука заради финансии,ама има луѓе кои дошле заради системот.
    Нека си прави кој како му одговара.

    Јас не се препознавам доле.Кога одам ми е шуто,немам со кој да излезам на кафе.Сите работат и се зафатени.Немам толкав круг на луѓе.
    Тука машала како ме потера или имам гости за викенд,или одиме на ручек кај некој.Родендени до Март секој викенд сме на роденден.Плус почнаа јубилејните родендени 40/60.Некаде нема да морме да откажеме оти не може да постасаме, дека треба дури до јужна Германија да патуваме.

    Друго забележувам ме мрзи да шетам.Дека се сме со народ нема потреба да шпартам за да ми е интересно.Пуштиме деца да играат,а воздрасните си седиме.А,и каде со бебе на овоа ладно.

    Туку глупава малку ситуација денеска.Се најави братучед на мм со новата девојка.Во тек е бракоразводна постапка.И синко прашува што како зошто и вика мамо вие со тато нема да се разделете.Му објаснив дека не планираме,ама и да се разделат паровите не е крај на светот.
    Маж вика,ако имаш прашања прашај го чичо директно,ќе ти објаснат.Не сакал многу му било страшно.

    Штета после 30 години во брак се разделија недобро.
    А, и на овој му е летнат паметот.Девојката му е 30 години,он е 50 и нешто.Нејзиниоти татко е 57.Значи ќерка може да му биде.Па и сакале да имаат дете заедно.
    Он нема контакт со ќерка му и жена му.Си има пороци,ослабен е.Ама што викам се е со памет.Не можеш со сила памет да им дадеш.
    Му кажал во старт на мм дека не била многу паметна,да не сме очекувале.Ама памет за во кревет секако не врши работа.
    Не е мое да судам,бифшата има некој чуден карактер,ама ја сфаќам.Да не си и во кожа.Мм вика кој од нив двајцата да дојде ќе ѓи пречекаме како што е ред.
    Пак ќе кажам штета,навидум имаа се.Како по книгите дете,куче,куќа,одмори по незнам колку пати во годината на ексклузивни дестинации во луксузни хотели,работи со супер примања.Ама ете кога на еден му летне мозокот се отиде како кула од карти.

    Морам да пробам да заспијам пак ме касно фати.Си седам секој ден до 2 вечерта.
     
    На Ava.84, Biljarkata, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  11. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    822
    За разводи
    Нормално е, секој трет е веќе разведен и нормално е разведените да продолжат со животот. Ама прво разведи се! Еднаш одбив на гости пријателка што сакаше да дојде со децата кај нас на гости + "дечко и" што уште не е разведен од жена му. И велам каков пример даваш за децата? И ако ти си решила дека за тебе е тоа нормално, и ќе се понашаш ко ништо да не е, е па извини за мене не е нормално. Нека се разведе, повелете. Тој дома децата свои си ги оставил да ми иде на гости со љубовницата и нејзините деца. Ма јок бре, сиктер таму и двајцата, е*ете се во коли, по ниви ко тинејџери, кај мене не ви е местото.

    За престиж и иселување
    Кој нема со што друго да се фали се фали со место на раѓање и живеење. Престиж дефинитивно не е, но успех е. Оти иселевуњате ретко кај кого е спакувај се и оди, кај повеќето е долгогодишен процес на барање работа, сместување, виза, спојување семејство... Затоа е успех, ама престиж не.

    @fairy88 браво за храброста што си го пријавила автомеханичарот што работел на црно. Ни кај фризер одам на црно, ни чистач сакам на црно, ништо! Тоа е криминал и за тој што дава услуга, а и за тој што прима без да пријави.

    (Брее уште без германскиот пасош ептен ко коректна Германка се понашам, а тек па кога ќе го земам сега наредна недела? Е дури тогаш да видите престиж покажување што е со пасошот! Маж ми вика ако не опнам слика од него на стори ќе дојдат од Ауслендербехорде ќе ми го земат)
     
    На Gosh, fairy88, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  12. NovaMihajlova

    NovaMihajlova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Како бе вака, само затоа што ти ,,добро ја знаеш" моменталната состојба со грипот во МК ти дава за право со !?! да осудуваш некој зошто не дал антибиотик? Знаеш кога се дава антибиотик? И педијатар да препишал, ако не направил ЦРП зошто некој да дава антибиотик, која е основата? Затоа што така се дава стандард на сите. Ај ве молам!

    Ах извини, сега видов дека си ,,добар познавач" скоро за сите теми.
     
    Последна измена: 2 февруари 2026
    На Adidas888 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    38.259
    Пол:
    Женски
    Жити се, ЦРП!!! Знаеш ли дека ЦРП може да е покачено од вирусна инфекција, а исто така да е ниско, а да има бактериска инфекција?! Сте се научиле ЦРП, брисеви... кога не се 100% точни, ниту се мерило. Најточна дијагноза дава стручен лекар / педијатар при анализа на целосната состојба на детето. Како сте тргнале со недоверба во истите, може во иднина и сами да си ги лечите децата. Со помош на гугле, офкорс |(
     
    На happygirl, SummerGirl, Shekjer и 2 други им се допаѓа ова.
  14. NovaMihajlova

    NovaMihajlova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Искусен педијатар никогаш не се потпира само на лабораторискиот наод тоа ги знаеме. Ако детето има вирус, антибиотикот само непотребно го оптоварува организмот и цревната флора, без да помогне.

    Инаку така е, во Македонија останавте на тоа дека кога некој нема исто мислење со вашето тогаш се собирате во група и го напаѓате другиот дека појма нема нели.

    И ти си од познавачите за сите теми.

    Останете поздравени.
     
    На Gavgamela и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Косми студира на форумов , ги чита сите теми без разлика дали е засегната или не. Дава свое "стручно" мислење , не зашто е загрижена него да се направи паметна каде треба и не треба .
    Експерт на повеќе теми , здравство, теории на заговор, политика .. се бре . Алал на времето слободно.
     
    На TutiFuti, Adidas888, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    12.299
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми РСВ вирус. Стигнаа резулатите. Сите параметри се во ред. Дури и црп не е високо, ама спушти ноќеска бронхитис, а и ларингитисот уште стои. 5 дена по ред. Ќерка ми кај нас за еден ден го смирува, со само една доза декса.
    Нема температура. Ама нсм ни кислород овде, да сме си реални надвор смрди на пластика.

    Сега инхалации со салбутамол и се надевам само да и помине поскоро.
    Фала ви друшки :f: држете среќа да мине поскоро.
     
    На mal.ecka, Gosh, Ava.84 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.859
    Допаѓања:
    201.638
    @fairy88 малиот не го интересира разводот на чичко му, го интересира вие да не се разведете. Зборувајте му во таа насока, ако има потреба. Знам пошто ние бевме заглавени во таа развојна фаза, ние секако не се разведуваме, ама ќерка беше во страв пошто 95% од децава имаат разведени родители.
     
    На JasBee11, Marge, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Gavgamela

    Gavgamela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    93
    Сега не знам дали ќе помогне овој сируп, ама ако си во мк уште набави го, јас сум презадоволна, уште на првото закашлување го давам за два три дена воопшто не кашлаат. И супер е што е и за сува и за влаажна кашлица, прашај во аптека, ќе ти објаснат.
     

    Прикачени фајлови:

    На JasBee11, Masnickaaa и јolene им се допаѓа ова.
  19. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    8.552
    Мене ми е јасно тоа,но татко му му рече да праша ако нешто го интересира,за да не се плаши и дека не е страшно.Разговаравме дека не е убаво,но некогаш се случуваат такви работи.
    Да има и тој еден другар кој е со разведени родители и сега ова и се плаши и ние да не се разделиме.

    @bubemconia не ме интересира искрено кој како работи.Се додека лично не ме засегнат.Ако почнам така имам минимум 10 луѓе да пријавам.Секој си работи на негов ризик.
    И маж ми е работеше еден период на црно кога немаше друг излез.Не по негова желба едноставно го фатија во тесно и ако ти требаат пари тогаш ќе играш по нивни правила.
    Сите се борат за егзистенција и да сврзат крај со крај.
    Мене ме исфрустрира ситуацијата има регистрирана фирма.Носиш кола со очекување дека ќе ти даде сметка.На крај бара пари на црно.
    И не му плативме.Му пишував пораки дека сакаме сметка па да платиме.Знаеше дека ја усра работата и заради тоа и за пари не се јави.На крај ни излезе поправката киро на кирија.
    Барав информации на интернет и прочитав по форум како на еден прилично нова кола со тотал шаден на моторот кога ја однел во на мајстор и не му издал сметка.После тоа поправките го коштале 4000еу и на крај пак моторот му се расипал.
    Ако веќе не планирал да дава сметка нека каже,а дали ние ќе се согласиме на таков ризик е наша работа.Овоа дојде отпосле.
    Затоа очи отварање.Ако одете во фреиен веркштат нека ти даде писмено потврда за термин и што поправка ќе прави и со прерачунка колку би коштала поправката или најдобро директ во овластен сервис.

    Јас за среќа се одлучив малата да ја вакцинирам со РСФ.Слушав дека мали децата спуштале на гради.И ми беше ептен тешко дека одма на 2 ден од раѓање и ја ставија,но беше родена на почеток на сезоната со вируси и бактерии.А, и брат и се нешто ми донесува од школото.
    Со лесно и побрзо оздравување на сите болни деца(fingers)

    Ме изнервира докторот,на толку херпеси ми вика па можеш да се мачкаш крема,сега е касно за таблети дека се пробиени и нема да делуваат таблетите.Му викам па јас го знам тоа,ама ако немам таблети наредниот пат пак ќе се исприштам.
    Помислив дека така ќе ни каже,од интернист што да очекувам.Не можам до дерматолог оти јавниот превоз штрајкува денес.
     
    Последна измена: 2 февруари 2026
    На bubemconia, Chantal, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    971
    ʼДијаспоратаʼ и е посебен трн во око :!: Можеби зошто “не и се допаднало”, па се вратила назад :emo:
     
    На Adidas888 и MacenceEna им се допаѓа ова.