Да, знам каква е состојбата и скоро кај сите почнува со вирус завршува со бронхопневмонии. Антибиотик се дава тогаш кога ќе процени доктор. А доктор знае да процени кое “црвено” грло е за антибиотик за да не спушти на гради. Одговорноста е ваша . @MacenceEna @*katja* Фрустрациите разбирам од кај ви се ама ќе ви помине.(ад хоминемот говори за вас, не бевте ни спомнати)
Апсолутно се согласувам Косми. Она што ние не го земаме во обзир овде е степенот на загаденост и патогени во воздухот. Скроз поинаку реагираат децата во Германија и овде. Гледам по ќерка ми. Ќерка ми со рсв разви бронхитис и ларингит и порано, дојде до гушење, ама траеше само една инхалација време. ЕДНА ноќ. После тоа не се ни накашла. Надвор секој ден, не доби ант. Ќерка ми овде, со сто пати повеќе терапија, скроз различено реагира. После ова искуство можам само за мене да си кажам, дека не се споредува начин на третман и услови тука и таму. Мене ми е жал за сите деца што за жал мораат да бидат третирани во козле, ама после ова искуство, сфатив дека и овде докторите прават се во полза на децата, ама едноставно немаат избор и мора да одат со такви агресивни терапии. За мене знам дека веќе нема да ми текне да доаѓам во грејна сезона.
Само за твоја информација, чисто за да видиш колку е опасно да се осудува со предрасуди: Денешните резултати потврдија дека детето има RSV вирус. Како што веројатно знаеш (или би требало да знаеш пред да делиш совети со извичници), антибиотиците не лекуваат вируси. Детето сега е на терапија со салбутамол, кој е вистинскиот избор за да му се олеснат дишните патишта, бидејќи антибиотик кај RSV не помага со ништо. Што се однесува до твоето тврдење за бронхопневмониите – треба да правиш разлика: Бактериска пневмонија се лекува со антибиотик. Вирусна пневмонија (како онаа што често ја предизвикува RSV) не се лекува со антибиотик. Напротив, давањето антибиотик „за секој случај“ само му го оптоварува организмот на детето и создава бактериска отпорност. Затоа мајката постапи одговорно со барањето на ЦРП. Што се однесува до твојата дијагноза за моите „фрустрации“, верувај дека тоа е само загриженост од леснотијата со која се делат опасни медицински совети без познавање на фактите. Малку понизност и медицина базирана на докази не се на одмет. Поздрав!
Моментално во Мк и не е нешто загаден воздухот Колку што гледам идентични се бројкиве со Минхен ама изгледа и кога е загаден таму, за вас не е. Не му е на детето од воздухот туку од некој вирус што го собрала. А во моментов ги има многу заразени. Што е користено за да трае една ноќ? Адреналин? Тоа е краен случај, се надевам знаеш и не треба да с е користи во педијатрија често. Кортико? Користењето кортико во инхалација е исто така доста агресивна метода и ние на пр. на нашите деца кои се големи, кортико не сме им дале, од многу причини. Како со сто пати повеќе терапија тука не и поминува кога не пие ни антибиотик?! Ви посакувам брзо оздравување и помалку кортико . Имам кој да ме информира дома за медицина. Не ми раскажувај приказни како што се лекува , постојат нијанси, а особено кај деца вирусната преку ноќ станува бактериска. Кај деца Црп наутро може да е 30, а навечер да рипне до 100. Така да без многу филозофии.
Токму тие 'нијанси' што ги спомнувате се причината зошто медицината се потпира на докази, а не на страв. Кога веќе го користите латинскиот, треба да знаете дека Ignorantia non est argumentum (незнаењето не е аргумент). Точно е, ЦРП-то може да рипне, но антибиотик се дава кога ќе рипне, а не превентивно за да не рипне. Да се клука дете со антибиотик за RSV вирус 'за секој случај' само затоа што можеби ќе стане бактерија, е како да пиете лек за скршеница само затоа што можеби ќе паднете. Тоа не е медицина, тоа е создавање отпорност на антибиотици која утре може да го чини детето живот кога навистина ќе му треба лек. Ако дома навистина имате кој да ве информира за медицина, прашајте го што значи индуцирана резистентност и зошто во Европа веќе никој не препишува антибиотик за 'црвено грло' без брис и крвна слика. Наместо да се трудите да звучите интелектуално со термини за 'ад хоминем' додека ги оправдувате погрешните претпоставки, признајте дека овој пат едноставно згрешивте. Тоа е одлика на зрелост, а не фрустрација. Со ова за мене дискусијата e затворена.
Ах, Косми и тука дојде, поарно да си ќутеме ние предавниците на Гоцевата раса за да не се налути и да ни ја избриши темава
На искусен педијатар / лекар не му се потребни анализи, бидејќи тие често можат да дадат лажна слика. Толку на темава. Вие терајте си како знаете. Ние тука во МК, бидејќи немаме „среќа„ да сме кај вас, ќе се лечиме како знаеме Инаку... добар дел од лекарите кои ве лечат таму се дојдени од тука, од тукашната школа
Напротив, најискусните лекари најмногу веруваат во дијагностика, токму затоа што се свесни дека симптомите можат да излажат, а крвната слика и ЦРП-то не лажат. Да се каже дека анализите не се потребни е навреда за целата медицинска наука и за сите тие македонски лекари кои ги спомнувате, а кои со години учеле како да ги читаат тие параметри за да не лечат 'на слепо'. Терајте си вие како знаете, но не очекувајте дека науката ќе молчи додека некој ја прогласува интуицијата за супериорна над лабораториските докази. Очигледно е дека немате намера да прифатите факт, па затоа тука ставам крај. Со среќа со 'интуитивната' медицина.
Пдеуфокруп или ларингитис сегде се третира со кортико, а не до ант. Може да почнеш од таму на пример. Ќерка ми доби денес два пати на ден инхалација со кортико, оти не ја пушта. Да, јас радо би еднаш до адреналин отколку 6 дена кортико во голема доза. Не дека сакам, и трчам за тоа туку има состојби и лекови.
Кои анализи бре девојче? Од слепо верување на анализите, лекариве станаа писари и исполнувачи на желби на гугл мајките кои на своја рака си прават анализи. Инаку, искусен лекар многу добро знае дека анализите може да бидат неточни, во зависност од времето кога се земени, начинот итн... Верувам знаеш дека крвната слика знае да варира во зависност од тоа во која фаза е болеста? За брисеви ич не правиме муабет, оти многу зависи како се земени. Така што... убаво што верувате на анализите, ама немојте слепо, оти како што тргнало сите хоум лекари ќе си бидеме. Ова со кортиково е исто ко на времето со антибиотиците. Почнале да се злоупотребуваат, па повеќе штета од корист прават. Исто и кортикото. Се надевам сте свесни каков сериозен лек е. Исто така, сметам дека на сметка на некористење на антибиотици, се претерува со користење на кортико. Што е исправно, времето ќе покаже? Ама, мене ми мириса на истото сценарио како со антибиотиците.
Јаоо, темата ја отварам често за релакс, ама денес баш напната атмосфера. Не знам која е потребата да се докажуваме која повеќе знаења има, тука сме да размениме искуство и некој совет, не да мериме знаења, барем јас така мислам. Ајде малку ведрина, заврши предолгиот јануари. Јеееј. Btw некој веќе го пофали спрејот од оригано за нос, и јас имам само пофални зборови има и за бебе и за повозрасни деца, одличен!
Интересно е како во ист став велите дека докторите се 'писари и исполнувачи на желби', а претходно се повикувавте на 'искусни лекари'. Самата себе се демантирате. Точно е дека крвната слика варира во зависност од фазата на болеста – и токму затоа се прават анализи во клучни моменти, за да не се нагаѓа! Да се наречат лекарите 'писари' само затоа што користат современа дијагностика наместо да гледаат во талог од кафе, е потценување на целата професија. Слепа верба е да даваш антибиотик за вирус само затоа што така ти вели интуицијата. Наука е да чекаш потврда за да не го труеш сопственото дете. Ако за вас дијагностиката е 'филозофија' и 'гугл медицина', тогаш навистина немаме за што повеќе да разговараме. Секој си сноси одговорност за своето здравје и здравјето на своите деца. Поздрав и секој со своето знаење.
Оф мила баш ми е жал.Се ежам кога ќе прочитам друга мајка со истите мои проблеми и со истите неизвесности .Нас ни кажаа до 5 години треба да се повлече, еве ме за некоја недела ќе биде 5 ама јас на секое нејизно кашлање очурувам и очи и уши и правам старт да тркнам накај салбутамолот.Секое нејзино растечено носе ме тера да се фатам на спрејот вијани . Не и јас не сака за џабе да ја тровам , ама не сакам и пак да доживеам да не може да дишеГледајте добар пулмолог за да ја прати, се надевам веќе трча.
Да не беше џоли немаше да знам дека толку не читате и нас. Туку кажувајте како на бебе да го ставам ќесенето за урина? Денес неуспешно двапати еднаш го залепив на кожата, еднаш ги залепив мегусебно и ништо пелената полна кесенцето празно.
Немам искуство, ама погледни на you tube, има видеа, мислам дека ќе ти треба помош, некој да го држи бебето, а ти да наместиш.
За машки е полесно,ама претпоставувам женско ти е детенцето. Измиј го и исуши го добро долу,ако треба нека постои 5 мин без пелена за комплет да е суво.Кесенцето залепи го напред,лепенката да е веднаш каде почнуваат гениталиите.Стави пеленка,ама да е ептен лабава само колку да се рече дека е ставена и би требало да успее. Ќесето нема да опфати се да е внатре ,ама ако е повеќе нанапред би требало до собере некоја капка. И со лесно да имате добри резултати.
И ние завршивме во болница инфлуенца, плус воспален дел кај гркланот. Па така со брза помош и кислородна подршка стигнавме болница. Изгледа и моето второ е ептен нежничко се фаќаме од прва и во болница завршуваме. Ама некој период ме затера од психо мути периодот навака бел ден не видов. Ќе видиме што е следно.
Седи мирен кога го местам , Го наместив успешно беше се , нема ништо на урина . Или е вирус или е забче. Санела нека ви минува со лесно и побрзо оздрсцување. Колку стресно само .. Што се носи за buffet во градинка мафини ќе носи некој друг.
Да се чекирав и јас вчера вечер на детско оделение и окркавме се по прописи. Ај барем на подобро оди. Едвај сакам дома да ви кажам само.