Последниот пат правев јас ситни топчиња, бомбици, со мелени Biscoff бисквити и Philadelphia, супер пројдоа, не смеевме со јаткасти плодови, а овие беа баш едноставни за правење.
Презаситена сум од градов, никако не се пронаоѓам. Што е најтрагично не знам ни што точно сакам. Освен град што нуди многу опции, ама Германија е преголема и не знам ни од кај да почнам. Пропуштивме шанса за една куќичка… пошто сум неодлучна. Сега ми е криво од една страна ќе се средевме, а од друга страна не ми се останува овде. И само се мислам што ако ни следниот град не ми се погоди? Колку треба да лутам? Со мали деца колку е изводливо?! Како одлучивте да останете таму кај што сте?
Во еден ден : -и пријател во кома - и судска покана, а адвокатот болен - и инспекција на работа па морам терминот за германско државјанство да го откажам и којзнае кога ќе добијам нов - и акциите паднати (а таман ќе ги продававме оти парите ни требаат) Си мислев нема ништо убаво денес ама легнав да спијам до детето (што уште не спие) и ми текна да се заблагодарам на Бога за тоа што го имам, здраво дете, супер брак и живи родители. За пријателот исто се молам на Бога, а другото може се да оди во drei schöne или три лепе...
Јас не одлучив, сеуште , и после 15 горини се надевам дека има некоја следна дестинација за мене, само да се доизгтради детево малку, па ќе видиме што носи времето Инаку, на муабетот за работно време во другата тема, прогуглав пошто нешто ме збуни. Јас знам дека многу отпуштања ќе има, западни региони нагоре (кај и да е тоа) ќе имале помалку импакт. Сепак, треба да имаме работа, за негде да бидеме. Така што, појма немаме кај ќе не одведе ветрот. Или што ќе ни навее. Со мали деца, предшлоски, сепак е полесно. После , како растат, си градат свои социјални врски, секое поместување ради нив е покомплицирано.
можеш затворени пици, или ролат со фил од пица и пресечи го на парчиња Можеш и некои кекси со путер,ако немаш многу време шери томати со моцарела на стапчиња, грозје и лубеница на стапче.
Додека се помали можеш да се селиш , полесно е за децата полесно се навикнуваат на ново . Со поголеми како што спомна @Biljarkata , може да ти земат за зло, дека веќе имаат создадено пријателства , социјални врски . Ние се преселивме кога беа 8 и 6 години. Не се преселивме Бог знае каде , сменивме само град , тоест Општина . Ама за арно беше . Денес кој знае дали ќе возат автобуси, со оглед што падна многу снег и патиштата се нечисти . Најверојатно ќе бидам такси мама . Ако воопшто се вози .
@SanelaS како е бебето? Како сте сега? Псеудокруп анфал ли го водеа или опструкција направи . Ја треба моето после да ги водам за терапија да доприми. Ама барем е стабилна сега.
Мака ми е на желудник кога мислам. Овде некако ич не можам да замислам иднина. Ама не знам каде би можела. И само тоа ме мачи, ако смениме град и пак не ми е како што не знам ни сама како сакам да ми е, се ќе биде за џабе. Годинава ќе ми биде многу доооолга.
@Yowannty ако сакаш да смениш место на живеење, размисли каде точно сакаш! Разгледај го местото , види дали има станови за издавање, продавање , куќа исто пример ако се издава продава . Дали има блиски градинки , какви градинки , училиште.. Каков е животот таму воопшто? Дали има доволно избор за воншколки активности, спорт за деца, за тебе .. Дали промената на работа за вас е во ред. Дали има воопшто работа во тоа место или мора да се патува ? Како Chat gpt со прашањава сум , ама размисли си добро. Јас да не се одлучев тогаш за ова место да дојдам да работам , работите ќе испадна многу различни ..којзнае кај ќе бев сега Инфо . Децава се вратија дома , автобусите каснеа , сами се извинија преку имејл. И сега се дома , па ќе одат на бабата . Грбот ме боли од чистење снег вчера. Станав во 05. Не наспана. Апам А во спат земав да спремам лепчиња ?!!? Уште тоа ми фалеше де Побрзо оздравување на сите дечиња Моето второ беше со опструкции.. до 8та година . Секогаш спушташе и бевме нлн стоп со инхалации, со салбутамол. Од сабајле чист , пладне спуштено
Морген Сонце ѕирка кај нас, чекам да јаде малово и да одиме да шпартаме надвор Сабајлево додуша беше доста ладно, пак се дружевме со другарка ми - црвената гребалка за мраз Оваа зима веќе поминува, ама за наредна морам или да го надминам стравот од паркирање во подземни гаражи или барем да научам ракавици да носам, додека не ми паднале рацете од ладно Големиот ме праша дали ќе сум можела да одам пешки по него, па на враќање да сме застанеле на Буттербреце, тоа ни беше традиција порано, за него Буттербреце и сокче, за мене кафе и си раскажувавме како ни поминал денот. Денес ќе мора и малото да го земам во кенгур, значи дупло пешачење, со машала 8кг тежина на мене Ама ако, тренинг, а и баш се радувам што побара големиот да седнеме после градинка Од градинка ми кажува воспитувачката, дека и изгледало дека когнитивно прави чекори назад, бидејќи не одел од прва да се облече за надвор кога ќе му кажат, морало да му повторат повеќе пати. Ми дојде малку нелогично ова што ми го кажа, јас повеќе би го препишала на тоа што прави така дека е заигран или ете во тој момент облекувањето му изгледа како џабе потрошено време или нешто слично, а не дека има поврзаност со когнитивниот развој. Што мислите вие? Големиот пред некој ден во градинка се изгребал од метална шипка на милиметар до окцето, му беше отечено и модро. Вчера па, друго детенце го удрило несакајќи со стап по носот. Среќа не му го пукнал, крв му течело и утрово уште имаше крв во носето Како расте, се почесто се случуваат вакви ситуации, а не можам ништо да направам да ги спречам, само се молам да нема некоја страшна повреда. Една другарка секогаш ми вика дека децата имале Ангели чувари и сакам да верувам дека е така, бидејќи маф ми е работа со моево Малото го пријавивме од ноември, па додека помине цела адаптација и празници, си викам од февруари би започнал што се вика навистина. И тоа е таман. Ве послушав, па отидов и лично на заменик директорот му ја дадов потврдата дека сме вработени, му се претставив, насмеана од уво до уво, па муабети - бесте фројнде Сега уште место да ни дадат Тема селење се провлекуваше и кај нас долго. Па се информиравме за други градови, па градинки, па работа, дури и одевме да видиме како ќе ни се допаднат. Се додека на едно враќање од таква прошетка, маж случајно не го постави клучното прашање - зошто не ни текна на сево ова, пред да се родат децава? И одговорот беше јасен - бидејќи ние не сакаме да се селиме, нас ни е сосема добро тука, размислуваме на селење повеќе за децата, да растат наводно во поголем град, зошто - и јас не знам Кога тие ќе пораснат, животот е пред нив, светот е отворен за нив и треба да си го бараат своето место на планетата, нас ни е добро тука. Е кога дојдовме до ова просветлување со маж, се стана полесно. Имавме еднаш шанса за селење во близина на Франкфурт, маж имаше понуда за работа, дури од фирмата се нудеа и со стан и со градинка да ни помогнат, ама не се одлучивме и верувам дека така требало да биде. Ако некогаш би се селела во државава и би можела слободно да бирам, би се преселила во Регенсбург. Не знам ни јас зошто точно, ама многу ми се допадна тој град. На стари години, се знае - на море Барем тоа е планот Денес две убави работи ме радуваат цел ден - стигна писмо за термин за државјанствата и ДОМА МИ Е ЧИСТО Дури мислам дека и второто повеќе ме радува од првото Вчера беше газдата на станот, почнаа со Безихригунгстермините и моравме да средиме Брзо оздравување на сите болни дечиња, нека поминува со лесно
Добро е, чиста е на гради веќе. Се намали терапијата, ама ја окрка по ред се овде. Според мене се претера и со кортико и со лендацин и со аминофилин. Премногу е. Плус инхалација со салбутамол и дексаметазон. Па и за после ант ни пишаа. Ама ние во петок од аероднром право на педијатар ќе одиме. Вечер ќе пишам на доктророт, да ми каже само кај да одиме, кај нив на матичен или во клиника. Инаку знам дека е таква пракса и такви услови кај нас. Искрено сме задоволни и од докторите и до персоналот многу. Пред се, што не примија без упут и без осигурување. ПОсле ни кажаа дека имаме некое меѓународен договор и ќе ни го признаат тоа од германија, ќе спремат они како требало. Ние во тој момент не ни мислевме нормало. Ама морам да кажам оти паниката настана вака. ОД сабајле во понеделник ја оденсов на педијатар. Дијагноза бронхитис и терапија дадена. Мене до вечерта не ми стоеше дека се подобрува, и реков дека сакам да отидам на друго мислење. Ја однесовме кај друг педијатар и таму не исплашија дека детето има пневмонија! Како пневмонија докторке и велам. Нема тт, чиста уредна крвна слика. А не, немало вркса тоа. нејзиото дете исто едвај го спасиле од РСВ, да сме оделе на клиника. И фала и за умот, инаку не ни знаевме кај да тераме. Во бунило се прашувамве дали систина, ама пат до таму 2часа и плус чекање или Струмица да одиме. И пошто веќе во Струмица бевме, на 3 мин од болница, отидовме таму. Таму не прима доктор и одма венски се става игла. КОј шок за ќерка ми беше, детето не спиеше цела ноќ после од страв и плачење. ВО раце ја држев ноќта. Ама тоа се ресурсите. Нема монитор со сатурација, срце тие параметри ко кај нас, па јас на мојот саат ја мерев цело време како и е пулсот и сатурација. Докторите и сестрите се фини и ставрно со децата убаво се однесуваа, за тоа не се жалам. Сегде соработуваше ќерка ми со нив, значи убав пристап имаа. Дури и рентген се направи на гради и ОП нема ништо, се уредно. И после ми вели докторката кај нас стално од тој педијатар ни праќаат испаничени родители. Секакви дијагнози поставувала и праќала на клиники. А нас како демек ни рекоа таму имало добар доктор, ама веројатно ние кај другата сме се погодиле. Недостаток друшки. ДА не сте се жалеле веќе во кои услови и како со доктори се контактра. И да преку телефон не лечат и пак погодуваат. Тука кај педијатар чекални мали, ладно кај едниот, само една соба за преглед, сите на куп. ДА не сте се жалеле ВЕЌЕ!
Имам колешка русинка и сега ние сите заинтересирани колку степени е кај неа во зимо пошто тука е -10.Она вика од ноември до април е снег и е -35.Јас одма си паметам како ние во мк со термо печка и една соба во која грееме на -20не престануваше печката да дува.Сите соби мраз, во веце мраз.Како би било на -35? Колешката така опуштена вика,колите кај нас имаат гуми со игли зимски и не се лизгаат.Кај и да одиш е 25 степени и во автубус и било каде.Еј си мислам ние знаеме русите утепани се бе, како вака сега топло секаде.Па ми текна дека они имаат гас ефрин и затоа немаат зима. Исто ви Ноември беше русинката во Калиненград и ми вика леле треба здравствени руски картичи да тражам.Велам добро имате ли здравство .Вели да секој граѓанин има бесплатно здравсто.Велам чекај да не те сфатам грешно ама вие не плаќате ништо.Вели не плаќаме и имаме здравство како таму да работиме. Така да лејдис што јужније то тужније, па магично изгубив желба за враќање во Мк.Подобро во Калиненград ќе одам си учам руски со еден колега па ќе ви пишам кај и да е до свидање(може не е вака ама вие секако не знаете руски)
Многу време се мислам да ви пишам тука, од срам дека ќе бидам исмевана поради тоа што сакам да ве прашам. Денес некако се окуражив па реков ќе пишам па ако треба и нека ме иссмеваат, ама некако морам да прашам. Некои од вас може знаете дека планирам да се преселам таму, и ако даде Господ тоа ќе се случи најверојатно наесен. Работното место на кое што моментално работам е баш специфично и искрено го сакам, па би сакала истото да го работам и таму Проблемот е што институцијата (и тука и таму) е државна, а таква приватна не постои. Контакт mail најдов. Сакам да ве прашам од 1-10 колку ќе ме смета за ненормална тој што ќе ми го прочита маилот во таа институција? Колку (исто од 1-10) е срамота во државна институција да пратам маил? Ве молам за искрен одговор. Фала
Фанче мори , пиши не се срами . Наши сме , се знаеме оддамна . Ништо не е невозможно. Пиши ако сакаш за превод
Не си ненормална. Да се приберам и стабилизирам со дете, ќе ти пишам порака, ќе ти кажам што кај да се обратиш според тоа кај планираш да се селиш. Ако заборавам па ти потсети ме. Ја се некако во последно време сум навака -натака како мува без глава.
@fana и јас истото ќе ти го кажам како Ена. Пиши си слободно мејл, прашај си што те интересира, верувај дека никој нема да те исмее за било каков мејл, прашање или што и да те мачи. Буквално секој ќе проба да ти помогне, затоа што тоа им е работа. Барем моето искуство до сега е такво.
Воопшто нема да е срамота и нема да испаднеш ненормална. Јас жалам што повеќе не сум се борела за себе и не сум се упикувала што се вика не сум била дрчна туку од срам и страв сум се повлекувала во себе а требало да бидам по храбра.
Во Германија е најлесно работа да се најде, ама државни институции 90% се германци и со врски се исто голем процент.Сепак прати може си во ретка бранша. Абе едвај чекам да те сретнам , а ти ми се смееш.Знаеш дека во мојата глава живееш во Калиненград.