На 11 ја прими и ќерка ми. Втора доза мислам од 15м натака се става. За во градинка ти треба втора доза заклучно 2г и 1 месец да е примена. Барем кај нас беше така, инаку нема да смееш да го носиш, се додека не се вакцинира. Едит. Денес загледав на малата едното запче и се искривило од цуцлата. А последната недела оти болести нели и се стресно по цел ден со цуце. Неподносливо. Денеска пробуваме по малку да редуцираме, по цел ден се дере за цуцла. Сега си мислам нека ја уште 3 дена да залечи грло и после морам да ја тргам. Па тоа дерење по цуцла, тантруми, ќе се преписи од мака. @joana18 . Скроз тргна и толку? Ништо друго, и колку време плачеше? Не знам дали ќе издржам. Искрено се плашам. Разбира, јас сакав демек полека да ја спремам, ама она вика јас сум мала и ми треба цуцла. Мислев ќе може да се договориме, ама нема надеж. Денес буквално еден саат плачеше во колата за неа и псоле дома исто 40 мин се дереше. Па оди на балкон отвара врати, претура низ ѓубре кај сум ја фрлила да ја бара. Зема стол се пентери и бара по полици каде што нормално ги тргам.
Јас одма ја тргнав, така ми цуцаше и ја фрлив позади кревет каде она немаше дофат и реков нема повеќе и толку. Проблемот беше за заспивање. Таа тешко заспиваше а тогаш и без цуцла. И читав книги за да заборави и така може по саат време. Првиот ден беше ок вториот имаше повеќе плачки и така околу 2 недели. Во градинката тогаш престана и да спие бидејќи неможеше да заспие. Ми ја вратија цуцлата. Треба да бидеш спремна на плачки сега разбира ќе се буни но не треба да попушташ.И да колку порано толку подобро, буквално за се за цице за цуцла за млеко во шише. Јас незнам бебе како ќе одвикнам од цицање. Ноќеска сум толку преморена а тој се буди постојано само му давам да цица и се смирува моментално. ( во муабетот да си кажам мои маки). И мене најмногу ми беше ради говорот и забите. Јас сум носела цуца до 3 години и имам мн криви заби, може не е до тоа, но може и да биде. Инаку денес сум цел ден со температура, ќе одам утре на итна ако ми е вака. Дали ќе ми земат крф да испитат или ќе ме лечат со ибу и парецетамол? Тоа секако пијам. него каде е @gjoker4e ?
Нека помине побргу. Мене на берајтшафсклиника не ми зедоа тогаш и не ми дадоа никаков ант. Само ми кажаа дека ќе трае уште време. А знаеш ли од што ти е? Грип некој или вирус. Те молам пиши после како си поминала. За друго што пиша, скроз ама скроз иста е сега ќерка ми. Јас велам 2 недели нема са оди во градинка и да ја одвикнат дома. Она не ја носеше преку ден воопшто. Само за спиење. Како расте, така само а ја види си ја зема. Јас пробав со цртани нешто да и покажам, со добро, со книга ама нема шанса. Збореше детево многу чисто у уредно, сега на некои зборови кои предходно ги изговарала убаво, ми плетка јазик. И доста е. И тогаш после разговорот од градинка, кај што ми дојде чудно и уствари скапирав дека може и таму носи почесто отколку што знам, веќе не ми се допаѓа на каде тера. Генетски има шанса да има криви заби тоа и од мене и од маж ми може го наследила. Маж ми носел протеза како дете и заби вадел за да има место за сите. Јас исто. Ама тоа сега како дојде така. Тука барем за тоа има решение. Ќе и речам следно на другарка ми да ја погледне, па ќе каже што да правиме. Ама за плачките не сум спремна. А мора да се поминат. И во право си, колку порано за се, толку подобро. За бебето, откако ќе воведете вечера, може да пробаш да одбиваш полека ноќе. Ссга ако му растат запчиња, утеха му е да се гушка и цицањето. Мали се бе,.ама и до бебето е. Некогаш кога ќе видам мајка со бебе надвор, па и со поголемото, ќе седи надвор, ќе се игра, смирени. Јас со мојава не можев ни 3 секунди да здивнам. Само се дереше нешто, се непогодено беше. Еве го и сега исто. Дивјак бушав.
Сега ми текна. Малата бара нон стоп сладолед. Каде сте виделе корнет за сладолед да има? Ќе и правам нешто со скир, кварт, маскарпоне, овошје нека се лаже.
Вака изгледаат ги има и во реве хит секаде кауфланд обично стој во реве кај фрижидерите кај што е сладоледот ( ова таму дека зимам ) и мојте исто го јадат корнетот.
Јас баш во тие не одам. Кауфланд, реве и хит. Ама ќе побарам дали има во едека после. Ако не ќе идеме во некој реве.
Ми треба совет од некоја што поминала низ процес на барање на нова работа. Имам германска лиценца (Апробација) и очајно сакам да си одам од оваа болница. Е сега како оди тоа со Ausländerbehörde? Бидејќи овде работам 11 месеци a на картичката ми вика во првите 12 месеци промената мора да се пријави. Малку сум збунета и ме интересира како оди промената кога сме се уште на почеток?
Има во едека ,онаа недела видов и во Лидл.Си помислив кога ми треба за мафини за градинка ги нема, а сега кога не ми требаат .
@јolene V-Markt ако имаш некаде во близина, ги има и таму. Јас мафини имам печено во нив, за сладолед не ми текнало да ставам Знам дека избегнуваш шеќер, ама има едни мини корнетчиња сладоледи, ама вистински мини во Нетто, 12 во пакување се, ептен се мали, колку рачето на мало дете. Можеш да им дадеш шанса Денов почнат од 6 наутро, сите будни. Саатов вика - поор слееп со дури 12 будења, дури 4 саати вкупно сум спиела, ден не знам кој по ред Бебе се буди по цела ноќ, буквално на секој саат/пола саат, не знам што го мачи, ама знам дека ќе помине, времето лета пребрзо Завршивме куп ствари со маж од сабајле, ама уште поголем куп не чека. Ќе одиме со дете да испазариме сега, па кифли ќе правам, вечер гости ќе ни доаѓаат. Битно истрчано од сабајле - и јас и маж Спојлер: Поздрав од смрзнатиот Дунав :)
Нема потреба да не оди во градинка едноставно нема веќе и тоа е. Од градинката ќе ти ја дадат нејзината цуцла. Јас прво ги сокрив нели за секој случај но толку беше не попуштив. Наместо да почне да зборува таа цуцаше и мрмкаше нешто. Може да пробате од виртуелните видеа што се ја закачуваат цуцлата на балон и детето го пушта и и вика чао. Или да ја издупчите . На мојата дупките не и сметаа. Инаку за бебе така и планирав но тој воопшто не јаде една две лажички каши правам и фрлам купечки исто. Му давам и парчиња, тогаш може ќе изеде една мала брокула . Со него немаме никаков ред за цицање буквално цица кога сака. Со сестра му веќе пред годинката бевме редуцирале цицање и следеше процесот на одвикнување.
Ги најдов Тути фала ти. Во едека имаше. Какви бе мафини сега во ова печете . Сега и тоа да гуглам . И малите ги најдов, маци не јадеше од сладоледот, туку од корнетот. Рече дека не сакала уствари сладолед, за кексот било . Сега мене ме боли грло, ама ок очекувано беше. Додека бев мк цела напукана со адреналин и стрес кај ќе се разболиш. Сега осеќам грло и нос, ама што е тоа е. Само маци да е здрава. Она па денес и до шпилплац стигна и на тротинет. Не знае детево да одмара. И искрено се исплашив ме фати паника и не ја носам у следни три четири дена. Не знам како да ја шетам, а да не и дадам да се игра само. Мора да штеди сила, уште е истоштена. @SanelaS како сте вие . Ве пуштија ли? @joana18 ти како си денес, не се кажа? Подобро ли е?
Да добро ми е денес, станав се тресев за јадење , 2 дена само на банани и јогурт бев. Температура немав фала му на бога подобро е . Сега малата има некој слични симптоми, се надевам ќе помине лесно. и мене ме интересира какви се тие мафини во корнети за сладолед? Туку не се пожали од свекрви или немаше простор и време поради болести . и ние резервиравме карти сега се чека датум да одиме. Сакам да одам да ги видам моите не сме се виделе скоро 2 години, да ги видам внуците. Веќе и порачав на мајка ми што сакам да ми готви. свекрви ми досадија во 1 година два пати беа кај нас . Сега ние ќе и досадуваме малку. Ќе има коментари од типот бебе плачеше многу ноќеска во толку часот .
Па да тоа делумно, ама и јас веќе после последната нивна посета овде, не комуницирам баш. Глупаво е, ама тоа е единствениот начин. Јас не сакам расправии и кавги со нив, а они сакаат не знам од која причина, и така нон стоп си ќутам и само службено. Од се најкриво ми е што на денот на тргање сабајлето маж ми рече да не одиме. Јас се заинатив како сум и ветила на малата, и сега како да не ја разочарам. Туку ај да растат само живи и здрави, се друго ние ќе издржиме. Инаку еве ќе перам се што носевме таму иако се чисто исправ и дури и дома сушев во ходник. Мириса на чад. Сега како ме гребе грло, ме гуши. Дете после два дена овде врати боја на образи. Маж ми па и синоќа нешто загрижен оти му биле розеви образите на детето. Го пратив само да се погледне во огледалото.
Дали некоја има профил на страната на Управа за водење на матичните книги да ми даде пример за лозинка според нејзината? Ни една лозика не ми прифаќа, не знам каде грешам...
Од муабети на денот, со запечатени синуси да ве поздравам. Вчера правевме и тој тест, да видам случајно да не сум фатила нешто ново, па да бегам од нив. Ама инфлуенца, ковид, рсв се излезе негативно. На малата и земам цуцлата преку ден, да залечи грло малку па ќе ја фрламе. И ми вика од преска Ich will meinen Schnuller haben. Ја и враќам Ich will eine Millione haben. И она ми враќа Ich will auch eine Melone haben . И не сакала да оди во градинка, сакала многу многу дома да си игра со мајка и . Едно кафе да испијам и да одиме со малата до аптека, може и лесно ќе поминам овој пат со синусите.
Јас мислев @gjoker4e го фати симпатијата, затоа ја нема. Гутен Таг од мене. Влегов во фармерките да ви се пофалам и убаво ми стојат. Голем чекор за Кејти мал за човештвото. @joana18 ако ти каже така ќе и кажеш бебиња се не знаат дека ноќно време не е пристојно да плачат. Ич да не се нервираш и убаво да си поминете и да си уживате во Македонија.
И јас да се пријавам со воспалени синуси и енергија на 0% . Што зима ќе беше не фати малку магла и веднаш се се активираше кај мене. Секако цел живот сум со бронхит и воспалени синуси сега ова не ми требаше ама па ич.