Дали сте здравствено осигурани во Мк покрај здравственото осигурување во Де? Имам слушнато дека ако во Мк се водиш како невработен а работиш и живееш во Де тогаш автоматски си и здравствено осигуран во Мк. Дали е точно?
Дали за дерматолог ми е потребно упат од матичен или можам директно да направам термин? Дали некој отстранувал бемка овде да сподели искуство? Се плаќа/не се плаќа? Колку се плаќа?
Не е потребен упат ама се чека со месеци ако не е нешто сериозно. За отстранување бемка не знам, јас бев за акни.
Сопругот има отстранувано 3 бемки, прво има целосен преглед па на нареден термин ги отстрануват, оди еднаш годишно на контрола бидејќи има доста, последниот пат му рекоа дека нема моментално за отстранување. Инаку, ништо не плаќа, со обично АОК осигурување во Франкфурт. За термин секаде се чека.
Не се плаќаше ништо, а и не требаше упат од матичен. Дирекно си закажав кај дерматологот, ми ги прегледа сите бемки и една не и изгледаше добро, па ми закажа нареден термин за отстранување. Околку месец дена, чекав за термин (ова во Баерн)
Да. Сите имаме здравствено осигурување во Мк. Пријавени сме како невработени. Автоматски не си осигуран. Треба да се пријавиш во Фонд. @Yowannty маж ми еднаш беше на дерматолог. Отиде без термин. А има опција и за термин. Не плати за прегледот.
Јас мислев за недајбоже еу картичката здравствена ни важи сегде во еу, па и во мк. Исто мислам невозможно е да имаш статус невработен, тоа уште на времето беше нешто комплицирано, да се пријавуваш на незнам-колку време, да докажуваш дека активно бараш работа. Не знам, чудно ми е...
Ги предаваш документите. Гледаат дали имаш целосна документација. После тоа има писмен тест од неколку прашања. Кај мене прашањата беа што е демократија, што е опозиција, мислење за војната во Русија,за антисемитизам… околу 8 прашања беа, не се сеќавам на другите ама не се тешки.
Јас уште од 2019 пред да дојдам тука се пријавував дека сум невработена бидејќи пред тоа работев и студирав заедно потоа земав породилно за синко доле и кога дојдовме овде 2019 се пријавувавме на 6м порано беше на секој 3 сега не сум се пријавила ама имам здравство останало во системот во фондот. Инаку да и еу картици важат но ете мојата господинот во комбето кога правевме сообрајќајка во австрија не ја прочита па ми дојде сметка за транспорт да си платам околу 250€ и за жал моето овдешно осигурување ми врати само 150€ а зошто не целосно незнам. битно останавме сите живи и здрави.
Процедурата на отстранување колку време трае? И боли? Од после имаш лузна на местото? Фала на сите за одговорите.
Ставаат локална анестезија, не се осеќа ништо. Околу 15-20 минути беше целата процедура. Сечат околу местото па го шијат. И да се познава лузна. После го праќаат на испитување и кога ќе имаш контрола, за неколку недели ти ги кажуваат резултатите.
Ми недостигате! Мене штом ме нема ќе биде нешто на подобро или на полошо, ќе видиме. Битно да сме живи и здрави и сите на број.