Имам прашање за @Yowannty сега гледам рецепти за фритули т.е. локумадес треба тоа да е исто. Не сум правела до сега, сакам да направам вечерва и да носи утре во школо за бифе. Ќе бидат вкусни утре сабајле или ипак подобро да ги пржам сабајле? Ок ќе биде тестото да преноќи во фрижидер и сабајле да пржам?
Повкусни се ако можеш да пржиш сабајле. И јас оставам тестото да преноќи, поубаво се дига во фрижидер и повкусно е, попувкасто кај било какви вакви прженки битно е тестото убаво да дојде. Прави локумадес се со мед место шеќер и битно е да погодиш температура. Знаат внатре живи да се, не прашувај како знам. Некоја средна да е, ама поблиску до висока него до ниска. Иначе и да пржиш вечерва деца се ќе изедат без гајле, поубаво се јаде во друштво.
Направив и видов дека може да се живи внатре. Немаше многу живи ама сега ми е страв да праќам во школо, ама пробани ми се сега следен пат нема да ги утнам. Со шеќер во прав одозгора мислев да ги носам, нели фритули правев не локумадес - иста работа преливот е различен.
Кај вакви прженки многу е битно да се погоди температурата и ја имам утки праено ехехее и мене првиот пат за градинка ми излегоа живи, жива се изедов тогаш зошто кај нас однапред најавено имавме сите што ќе носиме. Секогаш така кога подолго немам праено. Сега пак над година немам праено, следниот пат кога ќе ми текне да праам нема да ми се погодат знам од сега. За следен пат стави ги баш на средна температура па полека нека се пржат. Па ќе знаеш да се ориентираш колку да накачиш.
Јас за вакви имам едно ко тостер земено така за ко кругчиња. Ни знам како се користи, ни па имам пробано. Од еден подрум во друг само го селам неотворено. Уствари со такво тостерче и дали бидуваат воопшто, и ако бидат ќе се ептен суви. Утре ќе се слави фашинг во градинка. Порано стално си велев, кога ќе имам дете со него ќе правам секакви маски. Е денес дојде тој ден и ич не ми е уживање туку терет. Нејќел ништо тој, па сакал полицаец, океј купив за полицаец... е да ама само палтото од полицаец го сакал... сега ден пред фашинг не го сакал ни палтото сакал да биде морков оти и Емили била морков. И таква цела изнервирана велам "Ќе ти го родам сега тој морков", и ми вика "Не морков, братче треба да ми родиш, морков не се раѓа" Да се смеам или да плачам работава...
Си ме насмеала, детето сака братче се не морков да му родиш . И моево има костум Супермен, вчера му текна дека сакал да биде Спајдермен Лани пожарникар одело со се спремно му купив, го облече за проба дома и толку . Во градинка не се носи ништо . Што не е лошо , не се замараш . Вчера ни стаса писмото за пријава во школо на синко . 2027 почеток . И среќен горд , го викнале во школо . Па почнува да вежба да го пишува името , да покажел на учителот дека знаел Душко мал Инаку станата од 5 и 15 . Се фатив да печам благо . Не прочитав точно што треба, мислев се имам , вика стави ванила пудинг , јас само чоколадо имав и тоа ставив . Не земав во предвид кое тавче за печење , па испадна дебелко ко леб. И дека треба време додека се олади пудингот И така од сабајле вредна , алишта средувам , кујна средувам и после кај 19!часот се прашувам од што сум толку уморна и очи ме болат од светлина . Кога станувам во нехумано време и работам ко коњ
Хај и мене Периодов малце напнат, со болки и слично ама сега е подобро. Скоро два месеци ме боли стапалото. Тоа беа неиздржливи болки од кои ми идеше да плачам. Требаше одамна да направам термин на ортопед, ама јас бев како : ај не, ќе биде подобро. Минатата недела закажав на ортопед - термин дури во Март имам. Ама бидејќи се уште имам болки , бев кај матичниот , он одма за РТГ снимка ме препрати. И има што да се види, шилец и воспаление на стапалото Сеа сум на боледување , па ако ми се потсмири ќе почнам со работа. П.с успатно да почастам за роденденот Точно 30ка - една цела табла јајца
@IronLady среќен роденден, жива здрава, само убавини да те следат Денес ден 3 од карневал . Ќе се запиеме малку со другарките во нашево мало село ,на нашиов карневал , ќе има гости од Келн . Ќе биде весело . Утре имаме карти , ќе се маскираме . Ќе се запиваме . Ама ако ова е реткост и јас да се напијам нешто . Имајте убава вечер Бај
Најсреќен на @IronLady . Жива,здрава и многу среќна . Јас пратив маж да ми купи крофни во духот на карневалите .
Здраво на сите. Дали има некоја мајка која е во maintal или околината да каже како оди со градинка за запишување и кои градинки ги има, дали треба двајцата родители да се вработени и слично. Прашувам бидејќи за акоро ќе одиме таму, ние сме сеуште мк а сопругот е гер.
Среќен роденден @IronLady На тема родендени, што и колку се носи за роденден на мали деца од градинка? Лани ми беше полесно оти ги знаев родителите. Во новата градинка не знам никој. И сабајлево една изботоксирана модерна мамичка му дала на маж ми покана, дека ќерка и многу сака да и оди моето дете на роденден и само за него зборела дома. Верувам дека е така, оти и тој само за неа збори а и во градинка ми кажаа тие три деца се постојано заедно. Ни број имам од мајката да прашам ни ништо.
Да ми кажете какво време се очекува од понеделник натака, дал да се носат скафандери или може да се пројде со јакниче некое
Земи си скафандер за секој случај, кој носи не проси. Освен ако не одиш кај Џоки, таму е вечна пролет
Зависи каде. Кај мене ни јакна не ти треба. Едит: Веќе пишала @Biljarkata Ме боли нешто под брадата, на вратот, од двете страни, кога го стискам има нешто, можеби жлезда некоја, не учев медицина и појма немам, ама сигурно се разбира некој. Од каде сега ова и што ми е? Веќе неколку дена. Тироидната уствари да не е? Само лево и десно ме боли по една топка. Само за на психијатар сум. Јас дефинитивно треба три пати да размислам пред да посакам нешто од Универзумот. За убаво е ама чудно е. Изгледаше невозможно и не можам да поверувам дека се исполни. Некако сеуште не е до оние 100% што ги посакував ама дефинитивно 95%. Помагајте. На земјата дефинитивно не сум. Во Германија па ич.