Најсреќен на @IronLady Жива,здрава и многу среќна. @dipsidipsidipsi околина маинтал од другата страна на реката сум . Инаку таму р 90% баканско население така да нема да си сама . Инаку за градинка подобро маж ти уште недојдени да ве пријави за место бидејќи се многу чека да ми го беше некој кажал тоа маж ми ќе го направеше истото. Но за жал незнаевме па кога дојдовме тек после 3м го пријавивме синко и накрај чекавме скоро 3г за место . За кои градини искрено незнам али сигурно ги има оние на Еко кита . Еве сега видов дека ги нема тие е сега каде ќе сте точно провери од прилика. Туку ме мачи нешто од преска , синко го поканија кај ,,другар" онака кај него дома да оди да се играат да се дружат но некако родителите не ми држат вода чудни ми се . Незнам искрено но некако ми вели да не го пуштам бидејќи по сите домживувања од школо што ги раскамува синко другарот е ептен немирно дете , и некако ми фуфка дека ќе направат некои глупости инаку срби се . И преска и одговорив дека сега моментално не сме слободни бидејќи стварно имаме за викенд организирано и два родендени јубилејни 40ка и нема кога да оди а од друга страна имаат и 3 теста оваа недела треба да се посвети на учењето некои работи да ги разјасни убаво. И сега ми е ептен глупо јас воопшто не сум таккв тип обично оди и доаѓаат други деца кај нас и тој кај нив ама и јас имам некоја комуникација со родителите на тие деца а ова сега денес како гром од ведро небо . Ај кажете ми дали сум постапила океј или премногу сум забегана . Вие што би направиле да сте на мое место. Убава вечер.
Еее гадно си се заебал друже, во Германијава времето едноставно те изненадува . Сега врне, после сонце, попосле снегче, утре виножито . Земи си ти ранец и стај си и купачи внатре за сваки случај
Здраво Прашање и совет за новодојдени за дружби со други семејства Каде се вмрежувате со луѓе од МК / Балкан? Совет, искуства? Нимберг околина
@TutiFuti си постапила повеќе од океј. Помина тоа време кога ги учевме децата со секого да се дружат. Е сега не, ги учиме од секого да се пазат. Ако детето ми изгледа сомнително, не само што ќе избегнувам туку и ќе забранам контакт. Мене ми е многу важно со кој ми се дружи детето и подобро нека седе дома само да дреме на онлајн игрици, отколку со секакви неранимајковци да се дружи.
Па јакниче звучи така пролетно, а овде е уште зима ладно. Скафандер, капа, шал, топла јакна обавезно!
Ако вчера носев џемпер , денес зимската јакна ќе ја вадам од шкаф . Аман па залади. Вчера заврши мојот ден во 02 часот . Помагав , работев во кујна на карневалот. Толку од мене за оваа година , Ehrenamtlich помогнав . Ми се допадна да помагам и да спремам лепчиња со шницли , да делам помфрит и да правам колбасици со сос. Ко во некој имбис . Две пива со кола кола испив. Легнав скоро гола , сабајле кичма ми се фати . Грло ме боли. Може болна ќе биднам. Во сабота морам да бидам здрава да бидам , морам да работам . И деновиве да седнам да поработат на мојот мајндсет. Дека немора да функционирам во модус ко да сум секогаш во неволја , дека некој ме брза ... И тоа Убава сабота на сите
Здраво на сите членки! Имам едно прашање во врска со здравствено осигурување во Германија. Ве молам, кој може нека ми пише во ЛП. Имајте убав ден.
Здраво девојки, Барав група "Македонци во Германија", но ја најдов оваа и верувам дека ќе можете да ми помогнете. Според она што го прочитав, фокусот е на животот на оние кои веќе сте во Германија. И јас би сакала да се преселиме, но многу работи не ми се јасни (на почеток сум). Доколку е во склад со правилата на темата, би сакал да прашам неколку прашања 1. Дали е подобро преку агенција или директно во дхл/амазон/старбакс да земеме договор за да аплицираме за виза со мк пасош? 2. Бидејќи сакаме со мм заедно да заминеме, за колку време би можеле да ги земеме и малолетните деца ? 3. Дали за спојување на фамилија е потребно сертификат за Б1? Ви благодарам однапред на одговорите Голем поздрав до сите
Убаво е да можете се во сопствена режија без фирми-посредници. Доколку еден од вас има договор за работа, веднаш аплицира за виза, или двајцата ако во исто време најдете работа. Во првиот случај, прво оди партнерот работи наоѓа стан соодветен за вас сите па аплицирате за фамилијарна виза, односно спојување на семејство, во овој случај треба партнерот да има А1 положено. Во вториот случај кога се аплицира за виза автоматски ќе поднесете и за децата но ќе ви бараат поголем стан, мислам 16 метри квадратни по лице.
Имаме на ум да најдеме стан кој би бил погоден за 4ца веднаш штом стапнеме во Германија. А нели треба 3 платни листа да имаме за да бараме спојување на фамилија ? Сепак треба да учиме германски уште тука
Да, за јазикот секако е паметно да почнете уште веднаш да го учите. Точно треба три платни листи, но ако имате двајцата виза во тој случај оди побрзо, дека остануваат само децата.
За четиричлено семејство треба станот да е минимум 55 квадрати. @Ananina подобро е директно преку фирмите да барате работа.
Денес контактирав неколку агенции во Македонија и сите ми рекоа дека моментално има застој во вработување странци Сакав само да ви кажам дека застојот е бидејќи ние изразивме желба да одиме, поголеми малери од нас нема, дефинитивно Извинете сите што имате иста желба како нас, ние сме криви
Kakov leb kupuvate za decata ovde vo Germanija? Leb tost se jade taka nepecen ili? Sakam da GI popravam decata ko slabi mi se, ne jadat leb.
Деца “се поправаат” со протеини, не со леб. Подобро да е слабо отколку да јаде леб за да не изгледа слабо.
Тебе да те искарам морам. Со ваков мајндест нема никогаш да се преселите и повеќе звучи како да длабоко во себеси сеуште не сте одлучени или спремни за да дојдете. Значи и ќе ти речат дека граници се затворени и Германија не прима Македонци веќе и ти пак ќе си речеш нас ќе не прими. Не сум луда, сеуште не, верувајте ми. Не знам дали можам да се сносам со се што посакував. Ми треба психички рестарт.
Ние ваков купуваме но никако синко да е "поправи" не е до јадењето јаде многу обилно но сепак е слаб такво си е детето се дури е здраво не се замарам за дебелината тој секако има околу 34 кг а има 9г. Така да според мене е океј нормално дете , додуша о татко му со негови 18г бил 50кг така да гени се повеќе во прашање.
Леб купувам од пекарата од лидл или кауфланд динкел или некој друг понекогаш имод белите лепчиња од лидл ми се најубави , но избегнуваме бел леб. @Ananina те молам не мисли така . Ете времето искористете го за учење јазик, ќе пуштат повторно . Се случуваат такви прекини. Секако е подобро за вас да дојдете со јазик. Немора да биде оваа година ете дајте си за цел догодина да дојдете. Сигурно има некои работи што треба да ги средите. Незнам што сте по професија но секако е подобро кога си со некоја диплома.