Дипломата и да не им е толку пресудна, во Германија има работа за секого освен тој што не сака да работи. И ако работат двајцата ќе имаат за убав пристоен живот. Но сепак јазикот е приоритет, ете можат да го искористат овој празен простор да го научат јазикот.
Тост лебовите се сè само леб не. Наполнети со адитиви до макс. Колку повеќе стои толку повлажен станува. Вистинскиот леб е веќе утредента сув и треба да се состои само од брашно, вода, сол и квасец. Подобра опција се од пекарите во маркетите и општо во нормалните пекари Германците имаат баш квалитетни лебови, од бели до интегрални па со семки, тикви, ореви и што уште не. Кај нас во крипе беше забрането во кутијата за појадок да се става тост леб.
Дај примери или рецепти ти што му даваш.. Моиве јадат месо, јајца, јогурти, грав, леќа ама леб не. Да си помогниме
Brej, uste nestignat, prviot pub kaj so sednav ispadna na nasi od bosna e Da ti e merak vozduhov da go dises u sporedba so Skopskovo selo...
Подготвени, рестартирани во германски муд, мотивирани Нема откажување од желбата ! Само сакав да си ја споделам маката со вас. @joana18 Верувам дека ќе дојдеме уште поскоро од тоа што го очекуваме, а за тоа време на раат да си ги средам сите обврски тука. Исто и јас реков дека треба да поднаучиме нешто од јазикот периодов. Имам диплома која не ми користи во Германија, HR, а пак средно физиотерапевт Мм е градежнен работник, но колку што успеав да добијам информации, многу е тешко со мк пасош да се вработиме по струка. План ни е најпрво дхл/амазон/старбакс (го избегнувам мекдоналдс имам чуено многу негативни искуства), а потоа да бараме работа по струка. Ви благодарам на поддршката
Не знам зошто твоето образование не би било од корист, особено па физиотерапевт. Мада мислам многу побитно е што работно искуство имате, ако имате (појма немам колку години сте, што сте).Амазон може да е малку бетер од мекдоналдс, таму бар некој помфрит ќе ќариш, дхл појма немам...
Немој амазон. Претешка работа, ако мислиш на сортер. За доставување пратки не знам. Не е за жени/девојки. Боље мекдоналдс според мене. Ама сепак твоја е одлуката.
Од мене совети за живот и љубов. За исхрана сум немајка. Јадеме нормално. Само до годинка имам пазено што јадат. На пример риба и брокула. Малава 8 години јаде риба, малиов 4 год јаде брокула. Периодов. За неколку недели пак ќе сменат. Цело време менуваат. Кога не им се јаде не ги терам со сила. Секогаш им викам да јадат колку им се јаде и тоа што им се јаде. Така да, совети за мајчинство не барајте од мене. Сингл си? Се е наше тука. Моментално е школото затворено и Германците се на скијање. Само ние сме тука, со скапите коли и куќа во Македонија, марка облека и компир за ручек.
Физиотерапевт ми е од корист секако, но HR во никој случај. Се размислувам за амазон или дхл бидејќи сум активен возач и сакам да возам сепак секое мислење ми значи
Ајде да се пријавам овде со темп од 40. Значи едвај чекам да заврши зимото. Дали само моите деца се болни постојано. Дома бевме немаше градинка , од каде го закачи овој вирус не ми е јасно. Не помага многу ниту парецетамол ниту ибруфен. Ја носев на доктор , можело и до 6 дена да трае . И зедоа брис за стрептокока. Ќе видиме како ќе биде. Вие со големи деца , до кога е вака постојано болни?
Здраво, скоро се преселивме тука веќе две недели како сме пријавени на адреса, големиот мк одеше едно полугодие во прво одд. овде уште не ни стигна писмо за него за училиште. Да не треба да прашаме некаде или треба да чекаме?
Поскоро оздравување. Јас мислев после 3 се намалуваат болестите, па една мајка ми рече дека во кита нови имале. Веројатно после 5 ќе биде полесно . Кај нас не е температура, ама тоа ја што збрав по болници во мк им го предадов. Маж ми он сега е болен. Малата она си поврза се изгледа, не е ни оздрававена веќе 1 месец, ама добро е, само шмркање и повремено ќе се накашла. Тргнавме цуцлата . Ако се сеќавате зборев за отворени денови и за градинки. Епа пишав мејл на три од градинките што ги сакам. Таму кај фрау ...ИЧ немало место. Не ми ни врати, ми пренесе комшивката. Како може да нема место од септември, кога не е ни почнато да се делат прво. И второ го прочитала мејлот, ама нема шо да се замара да врати нели, многу зафатена. Од култура два збора се пишуваат. Кој какви комплекси, ајт. Втората ми пиша и ми даде термин следна недела да одам да се запознаеме. И третата ми пиша, ми рече ако не изберат ќе имаме прилика да ги видиме. Се заблагодари за интересот што го пројавивме, да сме се пријавиле на порталот, што го направивме уште предходно нормално. Ама сега грипови, болести, гужви не можат да не примаат. Фала им се разбира, мене секако цел ми беше да се забележи името на ќерка ми само. Фини и овие. Да не кажувам оти главните во овие двете се дојчовки. Мене мајке ми само со дојчовци ми иде муабет. Арно викате, бар да си поднесам за документи ако не. Супа од пилешко, леле мислам дека две недели само пиле вариме веќе. Збеснав со малото дома. А надвор пак ладно, ама пролет во најава. Малата винтер аде ја научи цела и сега таква загрздавена се дере, пее ли пее. Смешки.
Здраво. Живеам во Словенија. Со маж ми добивме понуда за работа и живење во Германија. Место Bietigheim-Bissingen. Пола пола сме за одење. Навикнати сме тука имаме и дете од 3ипол год родено е тука и оди на градинка. Во Германија има работа за двајцата и најдено стан. Па ме занима дали има некој што е таму па да ми каже каков е животот. Ме интересира за градинки и дали има во близина се?
Не треба да чекате писмо да ви стигне. Информирајте се кое е најблиску школо да вас и што побрзо со документите на упис треба да отидете или прво исконтактирајте ги по телефон/емаил. И ако не спаѓате во тоа школо тие ќе ве упатат во кое треба да отидете.
Завеано и снежно утро. Колата имаше околу 5цм снег сабајле едвај ја исчистив. Среќа порано излегов кучето да го прошетам па и тоа завршив во едно чистење. Тргнавме среќа порано и за училиште за 1.5км јас возев 20мин снег улиците нечистени едвај стигнав до школо е вистинската драма започна на враќање кон дома Од снегот се уклучи сензорот дека не функционира малку испаничив бидејки досега немам такво искуство . Одма вртење на маж и тој абе вози ништо и не е возев арно ама тие 1.5км ги возев уште 30мин назад луѓе хаос во 8ч наутро сите со колите бидејќо има штрајк убани ли незнам што не работат па сите со коли. е сега нели не е хаос ако не е вака па кога стигнав дома на паркингот уште поголем хаос испопаркирани неправилно бидејќи имаме градинка во близина па кој како се нашол паркира и еден мн паметен се местеше кај нас на паркинг да паркира јас му свирам и му кажувам тргни се тоа е приватен паркинг тој се уште кара со мене o и само му реков слободно паркирај јас ќе те одшлепам ко ми се пушти да ми вика лелеле лудница . како ли ќе го зимам синко незнам само знам дека денеска ако немате потреба не одете никаде. Ај одам твинси да ги стокмам да јадат нешто и тие ми протестираат .