Епа ако имате договор од станот кај пто живеете има сигурно и правилник кога несмее да се галами ја би им го ископирала тој дел и би им го залепила на влезна врата евентуално ако ги знаеш кој се и во нивна бриф каса би им ја пуштила .
Здраво девојки, ајде и овде едно прашање. Тие што живеете и се имате породено во Германија. Споделете искуство, како е дали сте задоволни, дали се добива потребниот третман, и сл. Мојата ситуација е следна: со еу пасош сме со мм и двајцата, бремена сум 6ти месец. Требаше мн порано да заминиме но со коронава не излезе така. Сега му излезе прилика за работа во едно градче близу Дортмунд, дали има некоја од вас натаму? Се мислам дали да тргнам со него, исплашена сум ради тоа што овде ми викаат да примам клексани со покачени ддимери сум, негативен рх фактор и алергична на лекови. Дајте ми некој совет, искуство ве молам. Дали да ризикувам и да одам или сепак овде да останам уште малку дури да се роди детево?
Јас дојдов во 5 месец од бременоста, мм ми најде докторка, 20км од моето место, искрено задоволна сум, од пристапот, доколу имаше потреба ме праќаше во главната болница каде што се породив. Имав во едно тромесечје по еден преглед, ама сакав барем уште еден пат па си доплаќав, не беше ни скапо околу 20е. Овде пред секој преглед ме меруваа, вадење крв, мерење притисок и на крај преглед. Од болницата сум ептен задоволна, мм беше покрај мене нон стоп, пробајте во близина на Дортмунд има и наши гинеколози, педијатри. Ако имаш уште прашањс пишај ми лп.
Јас на твое место би останала дома. Сепак самиот стрес кое си го носи новото место, сообраќај до гинеколог, нов стан, комшии, рециклирање ѓубре, јазик и однос на луѓето кон оние кој не познаваат јазик во ситуација на шести месец со ризична бременост е така малку вери храбро да тргнеш. Плус два саати во авион, корона.
Првото ми е во МК родено. Второто тука. Двете искуства ми се убави, но она што го добив во МК во приватна тука ми следуваше во државна. Башка одбрав бејби френдли болница во која искуството ми беше одлично. Зависи какви ти се приоритетите и како се осеќаш комотно. Мене ми беше приоритет да е сопругот со мене и да е дел од она што се случува. Да добијам бондинг со бебето како што прават или барем се стремат да прават во цел свет. Ми беше приоритет да добијам грижа за доење. Но само ти знаеш каков карактер си, и до каде можеш да тераш без да добиеш паничен напад.
Прво да ти кажам ради коронава не е дозволено на гинеколог со мт да одиш, пораѓајот исто е без мт-сама. Јас сум задоволна од мојата болница многу , бев со провокација и добив епидурал После храната ми беше шведска маса доручек-вечера, мени за ручек имав.Мм беше цело време со мене само му рекоа да излезе кога ми ставаа епидурал. Ако знаеш јазик и овде условите ви се средени можеш да дојдеш, ама ако не знаеш јазик треба стан да барате и немате ништо би било подобро да си почекаш да се породиш мк Малку е комплицирано за новСо лесно
На работа доколку се зборува само германски се учи брзо ( но повеќе ќе ги научиш некои термини, изрази за тоа што го работиш, а пример ќе отидеш во општина, болница и ќе ти биде непознато). А во школо и тоа интензивно секој ден се учи најбрзо. И учиш да комуницираш во сите области. Исто учиш правила, закони овде.
На работа. Ама во право е @sweet-17 , мислиш се знаеш и кога ќе отидеш на пример на забар имаш непознати поими, на педијатар е друг речник, во банка трет и така. Или курс или работа и цело време со самодоверба да си во движење и да ги извршуваш сите обврски. А не на пример треба во банка да одиш, а да не отидеш или да заврши некој во твое име. Ќе ти помогнат и книги за деца, песни и филмови, телевизија. Јас и да го вратам времето искрено не би отишла на курс освен ако не мора.
@TutiFuti Немаме правилник. Да препрашам тука па ќе прашам и во градинка после. До јули 2021 година треба да се однесе потврда дека ја примило ммр вакцината значи двете дози ако е поголемо од 2 години, во спротивно од август 2021 не смее да посетува градинка? Се збунив малку дека насловот е Децата што не ја примиле вакцината не смее да посетуваат градинка, па на крај пишува до јули 2021 да се однесе потврда. Значи една година имаме рок да ја примини вакцината нели?
Na rabota ama na uculiste dosta se integrirav zatoa sto pokraj nastavata mnogu diskutiravme za celiot sistem.ivde praznici obicai sekojdnevie razmisluvanja itn.
Во училиште си ја научила и граматиката правилно. Затоа е и училиште да ти даде основа, а потоа во разговор во секојдневие да се опуштиш и да се самокорегираш.
Средното во Македонија кое школо е овде? Hauptschule или не ми текнува другите како беа Факултетот наш што е овде? Abitur или?
Не се споредуваат наше со тукашно.Два различни системи.Аbitur ти е матура и можеш да одиш на факс.Studium ти е факултет.Они се во средно уште на 12 години.За мене тукашниот ситем ми е прекомплициран ама поорганизиран и со праксата е подобар.
Обично од јоб центарот им нудат умшулунг и е 2 години и им треба само цертификат за јазик.Аусбилдунг е за деца, умшулунг возрасен
Аусбилдунг е школување. Зависи каде запишал. Дали на стручно средно, дали на Hochschule или на Universität.
Јас ако запишам Аусбилдунг годинава и киндергелд ќе ме следува. @Kaetana сега уште повеќе се збунив. Ќе прашам директно во Џоб центар најдобро. Ама @Ava.84 и за големи е Аусбилдунг.
Ausbildung е еднакво на образование (формално ваљда). Бар јас така имам разбрано. @gjoker4e во образование пишуваш: - Абитур (завршено средно школо со матура, стручните се без матура мислам) и ако имаш - Хохшуле или Универзитат (виша или висока школа, не баш така ама така некако)