Тоа е претешко куп пратки куп адреси , па врне па прежешко..Па се изгубила пратката итн. Мц доналдс работев како студентка работа како работа зависи каков е тимот. Оти тоа некои шефови се прават ко нивни да се ресторантите. Ова е мое мислење. И кај нас маж болен и големиот пак почнува носот да му тече. Бебе нема мира ноќеска 6 пати стана, нити спие нити јаде цврст оброк, нити па се заигрува. Јас луѓе се распаѓам, главата ми паѓа од неспиење, рацете од носење цел ден. И многу тешко ми паѓа што немам време да се посветам на големиот, како грутка имам во градите. Колку ли било лесно кога сум била девојче.
Денес снегов беше врв . Натрупа се , улиците не исчистени. Јас на работа морам да одам. Дете во градинка однесов , за да ми се јават да ги земеме порано ... Ко да доволно стрес немав денес . И не излегувам никаде денес . Само до двор на цигара и толку . Доста беше мрчење. Имав убав викенд , забавен... Ќе се памти Со другарките се договараме да се собираме секој петок на вечера и .
Читај рецензии на гугл. Секој има негативна критика, но гледај да не е секоја втора. Имаш на гугл, пиши место на живеење и гинеколози, омаш и на фб групи, можеш да побараш препорака.
Инаку исто и кај мене беше во врска со градинка и болести, мислев дека помина се и декември 2023та почнав на новата работа и јули 2024та малиов наполни 3 години и почна во нова група и секој втор ден болен ама помина и тоа, траеше околу шест месеци. Денов година. Јас имам некој проблем со слободни денови. Само што ќе станам се чувствувам како светот да ми потонал. Како наближува вечер и знам дека сум утре на работа, се полнам со енергија и живот! Ајде ќе го прашам чатот која болест е ова.
Мислам дека на работа имаш некоја структура и јасност и знаеш точно кои се твоите обврски..додека дома си некако без план , баш кога имаш слободен ден. Мож и до симпатијата е Кај мене на работа нема мажи , само женски сме .... Некогаш Арно, некогаш не. Јас немам симпатија . Јас бев симпатија на еден постар господин (50 години и нешто ) минатиот викенд . Уште смеа и чудење ме држи
Цел ден сакам да ти пишам нешто за утеха но незнам што. И сама знаеш дека е фаза и ќе помине. И мојот слабо јаде цврст оброг но затоа си цица машала. Незнам како ќе го одвикнам. Ноќеска сум преморена за да почнам да го одвикнувам од ноќни подои. Веќе не бројам колку пати станува. Се случува и цела ноќ да плаче воопшто да не спие. Преку ден стандард дремка од 30 мин. Јас незнам што е тоа да спие дете 2-3 часа. И еве сега 5 пати го презаспивав, го ставам во кревет се буди ајде повторно презаспивање. И така осеќам грижа на совест бидејки сестра му ја ставам секогаш на чекање. Иако се трудам да имаме заеднички моменти. Го мразам ова зимо од еден вирус на друг не долечени. Неможам на ништо да се сконцентрирам. Зошто џоки имаш проблем со слободни денови ? Зарем ти немаш машини за пуштање, ручек за правење, средување по дома ? Па и ништо да не правиш ете да седеш и блееш. Што знам или јас сум тип што обожава дома да седи.
Јас каде што живеам има само 3 ца гиниколози. Така да немав избор а ни превоз за да барам на друго место. Се јавив на една не ме прими, се јавив на др. ме прими . Но јас тогаш трудна бев.
Јас најдов гинеколог во друг град. Кога требаше да отидам се разболев, па го откажав терминот. Отидов во Мк. Да се стопли пак ќе закажам термин. На мене пријателка ми го препорача докторот. Преку апликација закажав термин првиот пат. Прво барав на Гугл. Некаде не примаа. За некои читав лоши рецензии. А кај некои се чека многу за термин. Како правите повраток на данок? Сакам да направам онлајн. Има ли некој искуство со Елстер? Читам дека е бесплатно.
Да, бесплатно е, јас лани си направив сама поврат за две години наназад, одеше лесно но многу има за пополнување и се излезе во ред.
Фала Маж ми две години по ред плаќа за да му направат повраток. Ако можам јас да го средам тоа бесплатно, не гледам потреба да плаќа. На Јутјуб има клип како оди постапката, па ќе пробам така.
Јас па мислев дека елстер е таксфикс. Ете сум утнала па се чудам зошто не е бесплатно. Вториов пат 39,99 платив. Првиот не се сеќавам, исто или 59,99 треба да проверам. Прва година правам повраток на данок во јануари. Од средина март почнувале да ги обработуваат.
И јас мислев дека Таксфикс е бесплатно. Затоа прашав за Елстер. До кога е рокот за поднесување документи?
Да се пожалам… Во мк сум и едвај чекам да се вратам дома во де. Social battery ми е на 0. Толку ситни негативни ситуации ми се случија овде последниве неколку дена што ми ја исцрпија цела енергија. Сакам да сум си дома, да си лежам во кревет со мачките, да бидам anti social како некоја намргоџена, стара германка и така ќе ми е најубаво. Дали остарев или ми е Мк само too much или па дека сум во пмс…? Или сите три одеднаш Млада се преселив во Де и сакав подинамичен живот, искачања, дружби. Сега сакам да ми е досадно и да немам што да правам само да си уживам некаде на село со поглед во сино небо и зелена трева. Ќе се селиме за скоро па ако има некој со предлози за убаво селце или местенце во Niedersachsen нека пише. Постов каша попара како мојата глава…
И јас баш денес сакав да пишам дека нешто не снема сите. Ние учиме 3 писмени оваа недела , се убедуваме дека мора да учи но нескаа. Германски ич не го влече додека пак Англиски со неучење вади ко од шала 1 , математика почна ептен да ја сака. За др предмети така така интерес. Се затопли времето кај нас конечно да може човек да излезе малку од јакни и чизми. Кај вас како е ?
Одам на денови на отворени врати у градинки и после јадам од стрес. Колку ме нервираат, само хаос прават. Абе пријави се таму, ете радиус 1км и толку. Треба забрана да имаат да идат од п.м до кај мене у комшии. И после се добиваат места, па се менуваат, па вадат деца од градинка и ги преместуваат по други и така. Еднаш реков во радиус од 2км имам барем 10 градинки. Епа грешка сум била. 20+ биле. Бооо не можеш сите да ги изодиш. Па дете ако имаш со тебе чист стрес. А сите ги носат. Шмркливи, болни, едно сабајле ко бев клапнато, може и температура има ама тргнале ќе гледаат градинки. Неморални и Гермаци сите. Па на листи во градинките запишување. 100 души се напишале, а дали 15 места ќе дадат. На една преака ме вратија за кита, само крипе ќе примале. На една не знаеле колку места ќе има . На една само две места имало слободно.. Па шо тогаш и правиш гужви. Пиши таму известување да не се ни турка народ. Да, денес во три градинки бев. На две со маци заедно. Имам сега у четврток, понеделник и уште една да контактирам и аман. Ако се добие место добие, ако не здравје. Ајт таму.
@Jolene Кај вас уште ли е проблем со градинки? Мислам дека е паднат наталитетот и сега има место колку сакаш. Јас отидов само во две, во едната имам врски преку пријателка што таму работи како воспитачка во групата на малите,а погледнав и уште во една за адет. Ќе одам кај таа кај што е пријателката,ако е доста поскапа. Ме примија секако во двете.Не иде време да потпишам договор. За синко гледав во радиус на 5 км,а одеше во една 3км оддалечена,тогаш беше бајби бум. Кај нас дојде ред ти да си бираш.Нема деца,се т'нчат немциве како камикази.Не саакат да раѓаат па после Рајко им е крив.Сами стануваат малцинство во сопствената држава. И се се жалат на интернет,скапо било,не била Германија добра за деца.Нека се преселат на Балканот или во САД да видат таму како се растат деца. Па и кога имало светски војни било лошо време,па пак се раѓало.Сега не сакаат одговорност и сакаат да шетаат по одмори. @IronLady ти имаш иста дата на роденден како синко.Нека ти е честит јубилејниот роденден со задоцнување @joana18 како сте?Оздравевте? Инаку мене ми се собраа многу родендени и забави.Некако се има некој повод или нешто и сум изморена.Сакам да лежам или да шетам без врска. Имаше македонски забави,ама откажав не можев веќе. Само овој викенд слободно.Наредниот петок јубилеен роденден на пријателка.Сабота синко на роденден и мајките сме поканети к,ама мислам нема да одам(многу ќе ми дојде)и недела жени ќе се збираме за 8 ми Март. А,кога ќе погледнам во иднина до крајот на април,речиси секој викенд ми стои ваков. Јас зедов карти во фериенот и ќе седам 6 недели долу со децата. Маж ќе дојде на 4 недели. Уште од сега ми се стега срце што ќе правам толку време во Македонија.Ќе биде тапа сигурно.Јас долу сум многу слаба со друштво.Некако се оддалечив од луѓето таму и ми е глупаво,кога ќе одам да замарам за видување. Ќе шетам со синко по кафичите и пак ќе излавам со оние кои се тука дружам. Среќа ќе правиме крштевка,па ќе имам занимација околу подготовките.Само кумот,старејкото и брат му на мм со фамилиите и родителите на мм и сме 20 луѓе.Други не канам,ако се некој налуте нека му стое. Од моја страна за жал немам никој. И планирам да тркнеме 10 дена до Грција. Тоа ќе ми биде малку размена. Да си легнам да спијам пак ме фаќа касно.
Јас па што човек сум по интуиција запишувам во која градинка. Најважни ми се вработените, а во десет групи на пример на среќа ќе се падне којзнае каде, не може да се знае однапред. Па и вработените менуваат групи. Така истата Каролин што малава никогаш не зборуваше со неа, е сега кај малиов во група. Малава ми се свиѓа што е цврст карактер, еднаш и згреши оваа и никогаш повеќе не и правеше муабет, ни ден денес кога ќе ја сретнеме.