Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.811
    Пол:
    Женски
    Кај нас е многу густо населено Фери и многу деца има, а малку воспитуачки. Се затвораат и градинки дури ради недостаток на персонал. Може во другите краеви од градот не е така, ама кај нас е проблем.

    Туку глумицата моја луѓе, како не изигра од сабајле..Ја носам во градинка, се во ред. На јадење не и се свиѓа доручекот веројатно, ги излажала ќе поврати, не и било добро. И овие леле меше да не те боли.
    Да да, боли лошо ми е.
    Ми се јавија многу и е лошо. Не сака да јаде. Не сака ни овошје. Ок велам, јадеше она веќе дома, имаше и штулганг не е маген-дарм. Остајте ја уште 10 мин, ако не ќе ја земам.
    Они и ставиле матраце на подот, ја легнале па она цела во улогата болна се внела. Ми се јавуваат,одам ја земам и сњ гушка плаче. Ај си велам дете стварно болно.
    И за 30 секунди скока вика и ми вика ајде мама со ролер от да и одиме. Ставаме шлем.
    Ја гледаат од градинка и велат ваква глумица до сега немало. Е немало, ама имало.
    Викаат да ја оставам да ја носат на шпил плац. Не сакала, сакала со мајка и. Велам сега секако аум тука, ајде тргај на дома. На пат до дома нормално трчаше и ништо не и фали. Сега дома хаос. Сакав денес ред да ставам на некои нешта, да прередувам ама друг ден ќе е.
     
    На Gosh, bubemconia, fairy88 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    17.586
    Денес после толку тмурни и темно сиви денови малку сонце :sun:. Штета што овие денови ни станаа реткост, а толку убаво влијае на сè малку сончева светлина и топлина. ^_^
     
    На TutiFuti, JasBee11 и Masnickaaa им се допаѓа ова.
  3. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Скроз иста ситуација со ќерка ми :rofl:
    Ја видоа и они во градинка дека само глуми и им реков, знае дека работам од дома и сака со мене дома да седи. И од тогаш не се повторило. Дома и зборував дека морам да работам, дека ќе и биде досадно на неа.
    Деца, испробуваат се :D
    Кај нас денеска облачно, а се надевав сонце дека ќе видиме. Ама ај, барем не е ладно :)
     
    На јolene и JasBee11 им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    203.517
    Јас сум ќерка ти:tmi::D.... ама мене кај баба ме носеа.
    Ќе се опраи, и треба време да навикне . Пак(facepalm)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    17.777
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе како ми се закачи една мајка од градинката. Ич немаше да ми биде проблем ако не беше мајката на најдобра другарка од ќерка ми. Постојано ми пишува кога ќе сум ја земела ќерка ми заедно да сме ги земеле. Еднаш субтилно се обидов да дадам до знаење. Одтогаш не ми пишува веќе ама ќе отиде во градинката и чека по пола саат или повеќе за и јас да дојдам заедно да одиме. Не е дека нешто ми прави ама ич не ми е убаво ко венчана да е за мене. Да не спомнувам дека и на сите активности ќерка ми што оди, сега и ќерка и е пријавена… нормално ли е ова, јас ли претерувам што ми смета?

    Ептен се радувам што ќе се стопли малку. И цвеќенца почнаа да ѕиркат во парковите веќе.
    И со трчање пак почнав и веднаш како да ми се израмни стомакот малку :muscle:. Еве денес како трчав:
    E5315CC4-628C-4DA8-9A47-5FB0B317D126.jpeg

    Шала на страна толку многу имам на грбот и во главата што ако не си правам делулу со миленијалс кризи,во некоја лудница ќе завршам.
     
    На јolene, MacenceEna, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.835
    Допаѓања:
    39.085
    Пол:
    Женски
    Случајно го наоѓам ова 2026та година. :D
    Ја барав истата ситуација кога мораше малава да ја земам и само што ќе ја зедов покажа дека не е болна и вика да одиме во трговски. :D
    Не мож да го најдам мислењето.

    А сега за школо заедно се договараме ако има потреба во колку саат стомак да ја боли. :tmi:
     
    На јolene, TutiFuti и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    8.992
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми се случува со колешка од работа. Од Босна е и нова е кај нас, само јас и она сме Балкан. Плус живее во моето градче и се вози со автобус како јас. Луѓе пораки со кој автобус ќе одиш? На работа ли си денес? Јас работам 50% она 100% и не е проблем ако се сретнеме во автобус ама пораки со кој автобус ќе одиш ми е баш премногу. За пауза секогаш кај ќе правиме пауза и седи ме чека да завршам да стане и она.
     
    На fairy88, јolene, Dancewere и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Ми текна да прашам за здравственото осигурување. Дали пред да одите во Македонија или во друга држава треба некаде да се пријави? Преку Techniker сме.
     
  9. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    871
    @Dancewere и јас имам една таква што стално ми пишува "зошто не викна кога бевте таму у таму?". До сега наоѓав изговори ама кај и да е ќе ја плеснам вистината, дека прво не сака детето со нив, второ на нас тројцата (јас, маж ми и детето) ни е толку убаво заедно што кога одиме негде буквално никој не ни треба.

    Ву кажував дека комшиите мои ги рушат сите предрасуди за "ладни" западњаците што здраво не си викаат. Пред две недели дојде еден Британец да ни ја среди струјата, не успеа па го викна и другиот комшија.

    Предходниот викенд јас во болница, дошла малата на соседите од горе, сакала со син ми да печат колачи. Ме изеде сопствен срам од што 4 месеци тука не сум застанала едно здраво да им кажам. И сега ги поканив на ручек за недела. Им реков нешто традиционално ќе правам. Се мислев пастрмајлии, ама жената била на безглутенска диета.

    Кажете ми македонско јадење без брашно, а да не е полнети пиперки и сарма?

    Грав без запршка не бива. Едно ми текна свинско со праз и вино ама па само тоа малку е.
     
    На Dancewere, јolene и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    203.517
    Има брашно без глутен, ако баш сакаш да се истакнеш, ама комплицирано е малку за месење, дур не го научиш.
    Инаку, ја би мусака.
     
    На јolene, SummerGirl, bubemconia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    5.079
    И јас туку ѕиркам во темава, ама ве нема :bandit: Ај може ќе повлечам нога, па ќе се распишувате после мене :nod:

    Хај :f:

    не дека имам што да кажам, едно те исто се случува, некако тмурни и еднолични денови од една страна, од друга селидбата е во тек, а јас се чувствувам повеќе исплашено, отколку возбудено. Чудно :|

    Свекорот стигна денес, ќе му помага на маж со кречење и така некои ситници, да се освежи просторот пред вселување. Во последен момент, скроз непланирано се нарача и нов ламинат, па и тоа треба да наместат. Јас треба да почнам ствари да пакувам, ама бебе има други намери, не ме остава да мрднам :D А успеавме да се договориме со газдата на сегашниов стан и новите кираџии, да се иселиме месец дена порано, а они да си се вселат…Тик-так, тик-так (waiting)]:) Почнува паника да ме фаќа :tmi:

    Можеби сум последна на светов, ама луѓе мои, јас го открив Тему :D Мислам знаев дека постои, ама никогаш немав отворено да видам што има. А вака сега имам време на претек, додека лежам до бебе и веќе трета нарачка патува од Кина :rofl: Маж ќе ме задави, тој ич не сака да нарачувам такви дрангулии (lalala)

    Полека се спремаме за роденден на детуле големо, ќе полни 5 год :inlove: Рецепт за торта најден, тема Пау Патрол, скоро се веќе нарачано и стигнато. Уште роденденска маичка со бројчето 5 да му најдам и спастрен е :nod: Е за во градинка не знам што да направам за роденденот. Лани правев регенбоген колач, годинава се мислам мафини. Ако имате некој проверен рецепт, пишете :nod: Мислам само со шлаг не смеат да бидат, друго се е дозволено.

    За дечињата што ќе си ги покани земав две игри, една со дрвени лажици и дрвени јајца да носат, друга со фрлање обрачи, плус огромен хартиен чаршав за да бојат сите седнати на маса и се мислам уште измеѓу игра со скокање во вреќи или боден ист лава :^) Или па Ајарзухе да им направам, дека баш за Велигден му е роденденот?

    Инаку @јolene мислам ти и некој друг праша за мафините во мали корнетчиња. Има на нет рецепти, уствари тестото е за мафини, ама се печат наместо во калап, во корнетче, може да се декорираат со што сакаш одозгора. И преслатко изгледаат :inlove:

    За малото чекаме и ние одговор дали ќе му дадат место за криппе кај големиот во градинка или ќе се развозуваме од еден до друг крај на градот од сабајле :^)

    Утре термин за државјанство :makeup:

    Врнежливо, тмурно надвор, ама барем не е ладно, 7-8 степени е преку ден. Фрлив зимска јакна веќе, мириса на пролет :D Денес одам да земам дете од градинка, си седнал надвор, без капа, без шал, само он таков разбацен, нон стоп му е топло и него. Иако сакам ладно и снег, оваа зима и мене ми здосади од снег, стварно беше премногу :x И едвај чекам да се стопли убаво и да дојде пролет :sun:
     
    На Gosh, Masnickaaa, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    45.793
    Пол:
    Женски
    Морген и од мене .

    Каков ден и ноќ синоќа :envy:
    Од сабајле синко со течна столица. Цел ден го помина дома .
    Малку активности и одмарање .

    После работа пак активности со другите деца . Големата остана дома не отиде на спорт . Не ја ни одјавив . Една колешка, пријателка се јави да излеземе на сонце.
    После на кафе дома кај мене и заглавивме до 19 часот .

    Ноќта ја поминавме со легенче до нас . Синко се истури повраќајки . Magen-Darm
    Во градинка кажаа имало случај со шуга.
    И мислам дека почна цело тело да ме чеша на психичка база. Перев се што имав дома. И тоа ме доизмори.

    Навечер сум како претепана . Да не зборам дека треба да чистам дека ќе имаме гостинка на 10 дена . Собата да ја спремам . И психички да се спремам за сите активности :?:
     
    На fairy88, јolene, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.371
    Mnogu e mrtov Duisburg. Vo Minhen, Dusseldorf I Frankfurt bev, nema sporedba.
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.811
    Пол:
    Женски
    Ова не е можно значи.
    Во споредба со другите делови од градот каде за 85% од децата има место за кита, во мојот бецирк има само за 65%. Според податоци од предходните години.
    Сега уште помалку. Во таа градинка кај што бев, нема место за други деца освен за гешвистер, оти немаат персонал.
    На шала им реков да дојдам да работам за вас, ми беше вратено тогаш и место ќе добие ќерка ви :drunk:.
    А не сум ни воспитувачка. Се ќе примаат за персонал. Толку се очајни, а ние родителите уште по очајни.
    Ќе мора са се селиме до септември, така ми мириса.
     
    На Dancewere, gjoker4e, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.835
    Допаѓања:
    39.085
    Пол:
    Женски
    @Marge И јас само што инсталирњв Тему пред некој ден ама премногу чудно работи има како реклами,не знам дали да кликам нљ нив или не? Вика ќе сум добиела парите за назад милион мејлови ми стигнаа, а јас ниту порачав ниту платив. Ништо не ми е јасно. Се е многу чудно. Кога ќе се појави дека дум добила 200 евра да прифатам? Нели демек да порачаш за 200 па ќе ти врата 200 еве стварно не знам нека покогне некој дали да кликам на се или како оди ова?

    @јolene Пишував за таа од Албанија што ја донесоа вез јазик без ништо ама жената сигурно има ветувано во универзумот и еве сегљ и јазик знае. :D

    Јас што се посакав годинава, а добив нешто друго и лошо ама знам дека така оди тоа. :D Па не се нервирам. :?: На ред е тоа моето. :l:
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.811
    Пол:
    Женски
    Не се пријавуваш нигде. На доктор одам во мк само ако морам нели.
    На приватно им плаќав на педијатри за преглед, оти не сакав да се замарам со сметки. Не дека ќе знаат и да ги изготват.
    Во клиниката сами рекоа дека соработка има, сметката уште не е дошла, ќе видиме како ќе биде. Таму имаме 4 дена терапии и 24 часа хоспитализација во болница.
     
    На fairy88, Masnickaaa и JasBee11 им се допаѓа ова.
  17. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.533
    Добро сме , сонцето ни го поправи расположението. Шетаме секој ден, го користиме максимално убавото време.

    Утре планирам да перам волнени блузи. Некој не облеков ниту еднаш.
    Си ги фрлив сите фармерки што ми беа тесни. Сега ослабнав и немам фармерки .
    И блузи немам тенки и палто ново сакам и патики и штикли и ташна. Всушност сакам да менувам стил. Многу сум обична и монотона.
     
    На јolene, SummerGirl, fairy88 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    8.568
    Со германско здравство се има осигурување во Европа,ако се патува надвор или во Турција треба екстра да се поднесе и стасува писмо по пошта.Нешто како зелените карти за кола:D
    Ако се случи нешто здравстеното осигурување покрива само за државно без разлика во која земја сте.
    Пример во Турција ме заклаа 280еу за преглед од 5 мин и дексаметасон инекција и ми препишаа антибиотик.Што знаев унапред дека треба да го добијам оти добив страшна кожна инфекција.Само немав од кај да купам и си платив се приватно.Најблиската државна болница беше 50км од Хотелот.Па малтертирањето немаше да се исплаќа дека со такси требаше да одам и можеби ќе заштедев 50 еу не повеќе.А во хотелот се завршив за 10 мин.
    А,се фати викенд инаку ќе искоретев Теледоктор да ми дадат рецепт и без пари ќе ме фатеше.Некоја ситна пара ќе платев за антибиотикот.
    Со синко во Хрватска го фати вечерта пред да се враќаме Норо.Поврати преку 10 пати во рок од 4-5 саати и тт од 40.Течности преку уста не биваше никако,една лажица и пораќаше.
    Летот беше во 7 сабајле.
    И видов не видов во 12 вечер завршивме во државна болница во Задар со спакувани куфери.Му закачија инфузија,ме утепаа осудувајќи каков родитрл сум и што чекам да ми дехидрира детето(а не знаат дека во Германија само ако стасаш до умирачка одеш на брза помош).
    Не знаевме дали ќе не задржат или ќе останеме во болница.Молев Господ да стасаме до аеродромот и да издржиме до дома,оти нареден ден ако пропуштиме авионот кој знае како ќе најдеме лет за назад и сместување,дека во ек сезона се случи тоа.
    И не плативме ништо оти беше државна болница,никаква сметка не дојде.
     
    На JasBee11, MacenceEna, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Женски
    Да, ептен.
    Среќа па Дизелдорф е блиску... Со тоа се тешам јас. :(
     
    На Dekoo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    1.445
    Добар совет е ова за здравственото осигурување кога одиме накај Мкд. Не знаев дека ако се најавиш, ќе имаш осигурување. Супер ако е така, следна прилика ќе одам до филијала.
    Инаку во мкд среќа не сме имале потреба од прегледи, освен некои кои си ги иницираме сами и многу ме нервира што никаде не даваат сметка. Никаде со картичка не може демек да се плати, ова пробано во неколку градови, повеќе ординации и никој нема таков апарат :wasntme:. И фискална каса веројатно немаат.
     
    На JasBee11 и SummerGirl им се допаѓа ова.