Ова со градинките малку ми го замати умот, искрено мојте близначки ги запишав за од мај '27 да тргнат на нивни 3 г е сега незнам дали ќе ги земат веднаш иако имаат германски документи незнам дали тоа има прединство за приоритет да ги земат или не и јас не работам моментално, бидејќи за синко 2г чекавме место и едвај го примија скоро на 4ипол год додуша ние тогаш дојдовме тука и јазик ништо незнаевме . Аплицирав за во истата градинка бидејќи имаат ѕоп распоред еден ден секогаш се надвор ос градинката шетаат по паркови ги носат на излети надвор од градот во бус или воз се изнашета синко инаку имам уште 2 градинки пред врата но несакам таму бидејќи ми се ептен затворен тип а таа едната па 90% се наши балкански деца дека се се населени наши луѓе од околината ,скоро имаше како дете само си излегло од градинката и си отишло дома . Не е ни чудно бидејќи воспитачките или кафе пијат или се надвор на цигара . Петок е денес уште од 05ч сум будна додуша скоро секој ден е така станувам со маж заедно кафенце пиеме дур јафење да спремам за синко и времето отишло да ги будам и да го носам синко на школо. Ај викенд иде па може да се одмори малку. мада планови нешто за шетање до големото Ффм .
Да за Мк и за Европа мислев. Не ми ни ојде памет за по други држави. Претпоставувам треба да се праша во кранкенкасе пред да се патува негде надвор од овие. На нас од мк ни рекоа ќе ни пратат сметка дома,на мк адреса. Ние само 900ден тогаш плативме ко и осигуреник од МК. Да речам пак, не дајбоже да мора да се оди по болници кај нас. Тоа само ако мора, ако е ептен итно. А вака да си идам таму и да одам крв да проверувам, или прегледи богдачува. Државјанство не игра улога. Деца од иста фамилија имаат предност при добивање место. Не се ни очекува да работиш со три мали деца, така да уживај. Сегде е различно за пријавување градинка. Не се исти критериуми. Овде се пријавуваш во феб-март за од септември, тогаш е главната поделба на места. Не може од сега за друга друга година на пример, не можат толку многу да предвидат како ќе се со персонал и сл. Кај мене е исклучок веројатно, не правило. Еден татко вели, ова полесно работа ќе најдеш отколку место. Искрено ми здосади од одење, мејлови, лигавење, финоќа и додворување. Јас не сум таков човек и аман ме изморува, цела енергија ми ја зема. Вака е веќе од крај јануар, значи еден месец и до 10 март. После ќе се делат местата, па ќе има втора тура лудило за да местат деца од една во друга градинка, оти сите си се со врски само се прават наудрени. Па ќе има одење кај градот и барање места, знали трета распределба и во втората недела од септември паќ ќе вадат деца, ќе бараат на друго место оти нема да се задоволни од градинката и таму кајнноември-декеври ќе се стабилизираат колку толку.
Здраво дете 2,5години приметив има кариес (контрола на заболекар има в април) Дали сте чистеле кариес на вашите деца и како е било тоа, ашто го предизвикува и што ќе биде ако не се чисте?
Три дена по ред времето е убаво тука. Денес шетавме со маж ми. Утре можеби пак ќе одиме. Јас не сакам децата да се дружат со секакви деца. Еднаш поголемиот син имаше проблем со едно другарче (не беше он виновен). Малку фалеше да ми дојдат Југендамт. Сега внимавам. А и на него му дојде памет. На фб има група Македонци во Нирнберг и околина. Таму понекогаш пишуваат и за дружби. Или одете на некој настан. Често се организираат веселби на кои одат Македонци.
@Jolene нема да ви стаса сметка ако ви кажале така.И да треба да се внимав каде се патува,поготово со мали деца. @Zfer треба време ако сакаш да се дружиш ќе најдеш луѓе.И ние на почетокот немавме друшто,дури очајно се обидував да најдам некој да излеземе.Се чуствував како да сме изолирани. Ќе сретневме некој наш и ќе пробав да се поврземе,со надеж дека ќе останеме во контакт. После 13 години имам доволно познаници и пријатели.Да запознаам нови личности не сакам, треба време да одржуваш врски. Некогаш довивам впечаток дека некои личности сакаат да ми се приближат да комуницираме,но одржувам дистанца. Вчера ме потресе вест дека комшијата умрел.Има девојче како син ми,малку беа повоздрасни со жена му од Романија се потекло.Тој збореше по малку германски,а жена му ич.И пред 3 дена паднал на земјата.Девојчето го реанимирало.Има и син едно 4 годи помал од девојчето.Жално ептен.Не знаеш што ти носи денот.Трагедија,децата ќе останат сираци. Јас овие денови сум ептен раздразлива.Се падна на мој грб.Маж го фати инфлуенца,се изолира во собата со 40 тт.Јас и пазарувам и деца анимирам и чувам и пазарувам.Маж 3 ден како го тресе.Големото ќе оди утре на екскрзија цела недела.Од една страна добро е што утре ќе оди на екскурзи,да се рашета,а и јас да одморам.Маж се надевам во меѓу време ќе се оправи. Да одам работа ме чека.
Едно прашање до тие што болувале или децата им болувале од ханд мунд фуз. Се сомневам дека ќерка ми го закачи. Ќе прикачам слики во спојлер па ме интересира дали така изгледа. Ја чеша на рачињата и ножињата некој страшен осип нема. Пликчиња исто нема. Во устата ништо нема и на ништо не се жали. Спојлер: Слики
Кај нас секој пат осипот беше само доле на стапала, внатрешно на дланки и внатре во уста. Од надвор е нешто друго. Само на раце и нозе? На други делови од телото нема ништо? Температура?
Температура нема моментално. Вчера беше кај татко и па во еден момент татко и ми кажа дека е топла и малаксана. Ама одспала на пладне и после се било во ред. Денес сабајле имала само три точки на едната рака. Сега има и на двете дланки. На рацете е најизразено. Покрај устата само неколку точки а на стапалата ептен по некое бледо.
Моето исто беше многу малку исфрлено околу устата, внатре во устата само една или ниедна, така нешто. Не му сметаше ни на јадење, ништо. На ноџињата и на рачињата беше ептен исфрлен, ама не на дланките и стапалата (може само малку таму, не памтам баш), повеќе накај лактите и колената беше осипот, па рекоа исто ханд-мунд-фуз дека е. Ама кај нас изгоре пред тоа од тт, пред да избие осипот. Мислам дека после избивање на осипот некој ден, станаа како меурчиња тие, ама не ме фаќај за збор, оддамна беше. Има шанси и кај вас да е тоа, ама штом нема во уста и може да јаде, не и се секирај, ќе помине. Нас ни рекоа тогаш дека може назад во градинка кога ќе нема течност во осипот. И ништо не ни дадоа, помина за недела дена максимум.
Дали имате нарачувано лулашки за вашите деца? И од каде? Од тие шо ги имаат и по парковите, ама ми треба за дома да ја закачам и со ограда да биде за да не ми паѓа малата.
Јас имам од лидл купено, таква баш како со ограда напред, мислев дека е за да се закачи надвор, а уствари излезе дека е за по дома. Јас ја земав од маркет, ама ја има и онлајн да се нарача. Спојлер: Лулашка
Може има неколку видови .. може и не е Кај нас малото имаше два дена температура и избија на дланките на стапалата ама меури огромни , после два дена фати и големото кај устата и го чешаше баш , и поосле два дена фати маж.. кај него беше три дена со температура,омалаксаност и фати на раце и на стопала хаос месец .. Мене среќа ме скокна
Поскоро оздравување на болни деца, се надевам полека ќе се постопли и ќе нема болештини толку. Јас сум многу многу анксиозна. Се ми влијае некако и цела сум во грч. И кита, и комшии шо ме нервираат и јас себе што си се нервирам и политики и војни и крај нема веќе. Не можам да дишам, многу лошо се осеќам, а знам дека многу ми се мали проблемите во однос на другите. Капак малата. Плаче значи плаче се тегли не сака да се одлепи од мене, не сака во градинка воопшто да оди. Секој ден се полоши станува со одењето. Сабајле 15 мин се гушкав додека имаа морген крајс, ја убедив да влезе после и пак плачеше. Сега ќе одам да ја земам,оти во петок ми рекоа дека цел ден само плачела. Ме моли да не оди. Која е причината не знае се уште сама да ја каже. Се објаснувам и читам книги и расправам, ама не и не. Само ќе каже јас денес плачев, не сакам таму. Оти? Не сакам. Мене ми се плаче исто. Чекам петок да дојде и сите да сме здрави и мирни, само тоа сакам. Кажете дека кај вас е подобро ве молам
Сестро ништо добро кај мене нема. Депресија ме здрма, проблеми од сите страни само се молам бога да останам психички здрава и да не закачам нешто од стресовите.
Јас сум микс од вас две, што да кажам. @јolene Треба буквално одма да ја оставаш. Колку подолго се гушкате толку полошо. 15 минути е мега многу. Што побрзо си отидеш тоа подобро за детето. И јас се надевам дека нема да се разболам. Во слободно време замислувам како ми доаѓате на свадба. Реално, само еден проблем имам, или два. Едниот е решлив, другиот треба време. Чатот вика ако мислам да се самоубијам да побарам помош одма. Му викам, не, сеуште. Ама како и секогаш, секое лошо за добро е, во буквална смисла. Еден ден, ќе го живеам сето она што во моментот го посакувам. Еден ден, го посакував ова што сега го живеам. Мене симпатијата да ми каже дека е заљубен во мене, светот ќе го освојам. Пишувам како 16годишна. Три огромни работи завршив годинава. Уште две!
Шо период ќе беше, и кај мене анкс и депре на најјако. Со болно дете дома уште толку... Да не пишувам најдобро оти уште толку штимунгот во минус ќе отиде.
Дали знаете кога почнува школската година во Германија ? И како постигнувате да му посветите време на детето со сите обврски и кога? Чувствувам дека не му обраќам доволно внимание пошто гледам да завршам све и немам дури време за себе. Таман ќе направам некој распоред, ќе дојди Ferien и го губам. И секој ден термин за нешто. Со 2 деца не се снаоѓам во системот. Шо да сменам? незнам