Морген . 4ти час јога, денес цело тело ме боли . Може и е од постојан стрес и умор. Надвор се затопли и одма подруго. Оваа недела секој ден имам по нешто испланирано.. може треба да си дадам и од шетање малку одмор . Денес имам гостинка , со деца 3 нејзини , 3 мои . Најмалите ќе се со нас , големите можат сами да се забавуваат . Утре исто набиена агенда . Кафе со другарка и у спат да купиме поклон за бебе за друга пријателка . После со колешка кај мене на јога Во четврток договорив да одиме на вечера со други пријателки и мислам дека батеријата ќе ми се потроши .. викендов има да лежам . За две недели доаѓаат Французите, мислам дека и тоа психички ми ствара стрес . Одмор не земам , мм ќе остане дома тие денови . @јolene еламда те гушнам. Незнам што совет да ти дадам за градинка и малата. Може го осеќа твојот стрес и загриженост . Може ти се собра се наеднаш . Ама некогаш е посилно од нас и незнаеме да најдеме излез . Незнам што одбра од градинките, ама некогаш кога се има поголем избор е потешко .кај нас немаше избор . Каква таква градинката , океј е . Синко се навикна . Затоа не многу размислувај . Каде ве примат таму . И верувај дека ќе биде се во ред . Сабајле едвај станав , вчера изгледа не ми беа сите овци на број . Јогата ми дојде напорна . Сега телото не боли и бара одмор. Денес сите задачи што ги планирав ќе го оставам за друг ден . Дете во градинка и на работа
Што се изнагледав и изначитав на интернет деновиве, уште алармот утре во 11 ми фали. Чатот вика шансите за војна се многу мали, да немам гајле.
И аларм ли ќе има утре? Не знам како човек и да остане смирен и да не паничи после сите овие вести што не опкружуваат. Па и скроз да се исклучиш не е возможно, ни па е решение. Јас еве планирав во подрум да однесам една торба со храна за случај на нуклеарка. Не сум арна знам, ете до кај ми отиде умот. Уште на маж ми не сум му кажала, за да видам реакција, ама ако не друго од оваа зграда кај сме, барем гледам подрумите се налик на бункери и со метални врати- без прозор. Уште изворот на вентилација да го најдам кај е и да мислам со што да го затворам. Да знаете колку не ми е арно само. Ај да не ви правам паники. Па и вестите од мк, ужас. Да не знамеш децата како да си ги заштитиш веќе. Синоќа си легнавме сите на кревет и си велам будала, порано мрчев оти спие до нас, абе радувај се шо е тука, бар сме си сите на куп и мирни. Од сабајле пак плачки, ама глуми. Ја познавам по гласот. Сигурно ме насеќа и сака да е со нас. Да фатам нешто низ дома, па пак накај градинка, ќе бастламе корпи за јајца.
Вести слушаме сите , сме запознати со се во светот . Ама искрено ако оставам да се водам по тој памет , да дигам паника ,кај ми е крајот . Психата ќе ја сјебам , денот ќе ми е катастрофа. Со самото тоа и децава ќе ги ставам во паника . @јolene престани да мислиш на најлошото. Најарно ти кажувам . Јас од самата помисла на подрум со метална врата без прозор, ми пробуди страв од затворено .
Јас имам фобија од подруми. Бевме еден стан да гледаме многу стара градба со такви подруми од камен со железни врати како бунќери без прозор. Па мене таму ќе ми биде страв да влезам количка да оставам. Инаку овде се имам само еднаш симнато во подрум. Незнам што да кажам само што го испи антибиотикот еве повторно се жали. Надвор ѕирка сонце што го менува расположението, од др страна немир што незнаеш што да очекуваш. Имавме гостин другар од градинка, мојата ќе го снесеше незнаеше што поправо да направи оди носи покажува. Детето збунето гледа. Многу е темпераментна неможе да се сконцентрира на едно место. А веќе голема е треба да има концентрација. @јolene овде нема избор за градинка , а и од каде да ги знаеш какви се воспитувачките. Од нив најмногу зависи. Избери некоја што не ти е многу далеко. Ние во претходната губевме по пола час за до градинка 4 км оддалечена, немаше добра поврзаност со автобус што значи мора да имаш две коли. Многу бевме задоволни, но бебе не го пријавивме таму . Многу малтретирање е. Замисли сега сеуште си дома, но може ќе најдеш работа носи дете оди на градинка па на работа, гужви стресно е, барем мене ми е многу стресно. Што др да кажам, морам да направам некој список или распоред незнам што распоред на финансии, многу трошам. А ете излегоа непланирани трошоци.
И јас сум при крај… морам без интернет да живеам. Телевизорот секако ни е исклучен 24/7 и само за украс ни стои. Само телефон активен имам. Прежално.
Знаете дека јас скоро ставав дома интернет на О2 , 100 пати им бев до таму , плус и емајлови им пишував оти рутерот го немаше никаде, ајде стигна едвај, завршивме работа. Некни ми доаѓа една од водафон, со таблет во неа и почна да ме присилува да го сменам интернетот, да земам од нив. Викам абе не сакам, она вика абе мора, кабли мабли, незнам шо.... вика одма сега ќе ти го наместиме, мора..... и кога и кажав дека само некој месец сум на О2, ми рече аааа епа тогаш не бива, мора да си цела година кај нив за да можат да ти прекинат договорот... и кажа дека пак ќе се вратила. Дали е легално ова шо го праат?? Значи и реков дека не сакаме на водафон а она упорно ме присилуваше, и ја прашав дали ме форсира, ми рече да. Кај да се обратам следно ако ми дојде пак?
Проблем е оти нема места. Велат сегде дека само или гешвистер ќе земат или само по 2-3 места ќе се ослободат, а побарувачката е многу голема. Има систем за апликација и смееш само една градинка да внесеш како приоритетна и уште 7-8 мислам беа, како листа. Јас во тие три што сакам и ми се блиски, ќе нема место веројатно и сега ми е и проблем која да е приоритет. Вчера кај што бев рекоа има место. Може и таа. Во тој случај со точак ќе ја носам малата на убаво време, на ладно со бус или кола. Не е далеку 2км е, ама од сабајле ко штп ни се децата, додека спремаш -облечеш, одшлепаш два саати секако мора да се планира. Може и стварно ќе се вработам во градинката. Јас многу сакам да се преселиме летото, ама и тоа ништо нема да се најде убаво да купиме. Под кирија не ни се исплаќа оти многу се скапи. Дури и села кои се на 30км од градот е скапо и дефинитивно треба уште еднаш да се направи математика. После секој немир -криза. Не дека не било од секогаш така, ама едно не завршило друго почнало, веќе за никаде е. Нигде не си сигурен. Јас си мислам некоја голема промена да направиме, ама со маж треба да се договориме прво. Мене и за него исто ми е страв, многу стрес му се собира, и тоа долгорочно не е убаво.
Офарбај се плава, тоа најбезбедно ми личи. Ем ти со нова коса, ем маж ти со жена плавуша- кај има подобра промена. Од Украина ко не пукна, сега од Иран ич. Само цените ќе пукнат уште +100%. Мме. Купувајте побрзо, не мора да биде идеално, идеалното се прави и после.
1. Дете големо се понаша како да има 16 години. 2. Дете 2 само квичи и во раце сака по цел ден 3. Свекрвци ми се на гости 4. Војни, пукања, ракати поскапувања, разни предвидувања Подрум имам затворен укопан уште сега ми се иде таму да се одморам. Еве читам залихи луѓето купуваат ми се иде и мене да наполнам колата, мислам дека притисок ми врши секој наслов што го читам.
И јас така сфатив дека во реалноста само цените ќе рипнеле, не војна. Јас само сакам да сум сингл пред да рипнам и јас од балкон. Работава сериозна. Аман нека е готово веќе. Понекогаш се чувствувам како истата судбина од мајка ми да живеам. Она неколку пати проба да се самоубие. (Јас сеуште не, сепак не е до таму дојдена работава, сеуште.)
Секоја покраина има различен почеток на годината. Ставаш приоритети готвиш за два дена некогаш па следниот ден правиш нешто со децата. Сс организираш, ротираш со маж ти во обврските.
Те разбирам во делот за дете 1. Вчера ја симнав во подрум, да види колку место имаме или немаме за складирање на нејзини глупости. Не е лоша идеја да ја преселам таму и да одморам
На маж ми му реков со планот со подрумот, рече ќе ми прател листа што да набавам и дека сум каснела, веќе сите се обезбедиле ја ништо . Да купиш Билко ама шо да купиш. Отвори имоскаут и види шо понуди има. Тоа само да запали треба. Од мувли до скапани згради за 600к+. Сите решиле да се збогатат оти чуле се бара недвижнини и у Минхен и околината се, па да се офајдат. Се што е малку поразумно додека се јавиш, се продало. Го убедував преска да се селиме у едно село на 200км од тука. Ништо атрактивно нема таму, таман да одморам.
Село-село, кој ти дава. Таму ќе има и кај да се сокриеш, а и никој у село не гаѓа, овај не пука, ни подрум нема да ти треба. Престанете да купувате залихи-ќе поскапи тоалетната хартија. Уште имам залихи од ковид-со поминат рок. Таман направив место во кујна, сега ништо не купувам
Убаво ме потсетивте пудра да купам на цела мака. Мене со залихите не ми е јасно во вц каде ќе се оди? Нели не смееш да излезеш од подрумот? Бтв ќе ми помагате кога ќе се разведувам?
ПП од 2024та ти пишувам колку што се сеќавам. Проблемот е што ако се отворам морам да плачам, а во 16 одам по малава. Цело време проблеми шминката да не ми се расипе, вечер пред спиење останува само ама секогаш легнувам и заспивам одма. Ќе се потрудам, ветувам. Ама ни чат џпт не може да ме оправи.