Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    34.656
    Пол:
    Женски
    Секое школо си има распоред и хорт и точно се знае пред распусот кој активности ги имаат додека е распусот.Хорт ги чуваат во школо колку што ви треба.Не учат има воспитувачи.
    Секоја грединка е различна па може да е затворена ама и тоа се знае однапред.Кај нас градинката не се затвара ама мора детето 3 недели одмор да има во лето оти работат со помали капацитети.
     
    На Ednostaven, SummerGirl, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.795
    Адидас ако мора да се смени тогаш О2 ќе те известат дека треба да си бараш нов оператор кога они нема да можат веќе да ти понудат интернет. Друго да ти кажам дека јас престанав да остварам врата. Порано кога отварав викав иш кајн дојч мајн ман арбајт ганцен таг . Ако нешто е морално чекам по пошта писмо и официјално да ми закажат термин. Оние што доаѓаат на врата секогаш нудат поскапо и можеш многу лесно да се зафркнеш.

    @Ednostaven Ич не е лесно со деца, распусти, термини, тогаш ќе сфатиш колкав луксуз е да имаш фамилија во близина.
    Не знам како е законски ама децата на таа возраст од моја гледна точка се многу мали да ги оставиш сами. Како што ти одговорија феминките ќе ги планирате одморите спрема распустите на децата и деновите кога е затворен хортот и градинките. Е место да добиете е најчесто како да сте добиле на лото.
    Друго ако не стигнува одморот опција е да се прошета некоја баба на 1-2 недели.
    Во Германија нема спонтаност ама добра организација и се се постигнува.
     
    Последна измена: 5 март 2026
    На JasBee11, TutiFuti, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.813
    Пол:
    Женски
    Ова е кога ќе чуеш нели 30 дена одмор годишен те следува, си велиш ии оооу. Колку многу е тоа. И после видиш градинка ти е затворена 32 дена во годината, со партнерот ако успеете да земете една недела заедно одмор е супер. Па од горе и кога е болно дете менаџирање денови и така.

    Јас не стасав до фустанот, додека дојде на ред да порачам се продаде. Исто и на дете ветив нешто и тоа додека дојде на ред отиде. И така.
    А ни на работа не одам, срам да ми е:x.
    Арно барем се стопли малку, па сме постојано надвор, одма се е подруго.
     
    На Ava.84, Katie90, JasBee11 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.795
    За фустанот и за малата што си сакала да купиш шаде мармаладе ама ве чека нешто поубаво!

    За одморот супер е ама сите имаат многу одмор па тоа е. Да не го плашиме членот, ќе си се снајдат. Позитивно е што ќе станат многу подобри во организација.
     
    На JasBee11, TutiFuti и јolene им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    32.271
    Пол:
    Женски
    Сега читав на нет, преваранти биле овие. На други места се претставувале како Телеком или шознам, повеќе институции, и те терале да потпишуваш некаков договор, значи сакаат да ти фалсификуваат потписот.
    Пазете се женски. А оваа ако се врати пак, ќе ја заклучам дома и ќе и викнам полиција. А може и ќотек да добие.
    Кога и кажав дека во О2 плаќаме 40е, она рече дека кај нив ќе сме плаќале 25е :rofl:
    И виде дека почнав да сумљам и одма избега.
     
    Последна измена: 6 март 2026
    На JasBee11, SummerGirl и TutiFuti им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    39.085
    Пол:
    Женски
    И да викнеш полиција џабе е. Они пробуваат и некаде ќе упали. Фактички легално е, никој не те тера со сила. Германија. Дипломатска држава. Кој се заебе може да откаже договор после 1-2 години, зависи што потпишал.
    На никој не се отвора врата.
    Кај мене без престан да ѕвони некој не отворам. Отворам само кога ќе се најави некој.
    Струја, вода, интернет, било што, ако треба да дојдат, прво стига писмо во сандаче со термин.
    Секој што е ненајавен е превара.

    Ти си долго тука мислам, чудно прв пат да ти доаѓа некој. :rofl: :rofl: :rofl: Си викам од одење ваму таму, никогаш не си била дома очигледно. Од одење лично, а да не е онлајн. :rofl: Дека нема шанси после толку време во Германија, да ти ѕвонат прв пат такви.
     
    На mal.ecka, Katie90, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    34.571
    Пол:
    Женски
    Таквите "водафонци'' и кај нас доаѓаат често :D. Старте од зграда си направат муабет фино лепо со нив накрј ги откачат . Додека пак пред неколку години во ффм кај мајка од наша комшика се обиделе и да ја ограбат. Од тогаш жената страв во коски има дури и на дхл не им отвара ;) ама затоа често стојат известувања кај ми е пакетот :D.

    Тоопло време убаво за шетање ама кој да шета не испотепа алергијата на полен. :@
     
    На gjoker4e, JasBee11, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.950
    Допаѓања:
    123.607
    Пол:
    Женски
    Како може градинка да е затворена? :|
    Кој ги чува децата ако родителите се на работа?
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    32.271
    Пол:
    Женски
    Прв пат дојдоа кај мене :rofl::rofl::rofl:
    Не сакав сцени да праам, си викав може стварно се од Водафон, затоа прашував тука :rofl:.
    Е сега едвај ќе ја чекам пак да ми дојде. :rofl: Ко ќе ја заклучам дома, леле :rofl::rofl::rofl: Ќе испашта и туѓи гревови додека дојде полиција
    the-memefication-of-cassie-in-every-episode-is-fking-v0-a1q0v4f4h73e1.jpg
     
    На Biljarkata, gjoker4e и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    39.085
    Пол:
    Женски
    Нашата градинка е шест недели затворена и јас имам шест недели одмор од работа и таман е. Значи ниту една градинка не би требало да е затворена повеќе од шест недели бидејќи шест недели е одмор во Германија.
    Школото е дупло повеќе недели затворено, тука почнува проблемот. :D
    Јануари- една недела
    Февруари- една недела
    Април- една недела
    Мај- една недела
    Јуни- една недела
    Август- четири недели
    Септември- две недели
    Октомври- една недела
    Декември- една недела
    Во мојата покраина, секаде различно, чисто сликовито сакав да напишам дека цела година е затворено :D
     
    На mal.ecka, Biljarkata, Katie90 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    5.715
    Пол:
    Женски
    исто и во нашата покраина е како кај џокерче , градинките кога ќе видиш и не се толку често , ама школите скоро секој месец распусти имаат , и тоа е зафркнато ,
    а градинката кај нас е пр 22 декември до 5 јануар , па април за велигден некоа ден , после е подолго пак од мај до јуни некои , па август цел , и најчесто дали со боловање или денови од прекувремени саати или од одмор се користат во овие ситуации
     
    На gjoker4e, JasBee11 и fana им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.950
    Допаѓања:
    123.607
    Пол:
    Женски
    Ауч. И? Кој ви ги чува децата? Одмор ли земате? А на одмор кога одите и со кои денови ако се потроши се заради градинка? Во Македонија не доаѓате?
     
    На JasBee11 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    39.085
    Пол:
    Женски
    Градинката има одмор во исто време со школо. Се е осмислено немај гајле. :D Не е 6 градинка + 12 школо = 18
    6 од нив се истовремено, и 2-3 недели од нив доаѓаме мк
    Преостанати 6 недели едниот работа прва, другиот втора, се зема боледување (се снаоѓаме балкански), се прават минус саати, се користат прекувремени, кога имаш мали деца сите излегуваат во пресрет, и шефови и вработени
     
    Последна измена: 6 март 2026
    На JasBee11, Poppins, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    203.517
    Па и тие што работат во градинка им следува одмор, јбг. И така малку ги има такви волни да работат во градинка, очигледно.
     
    На Gosh, Katie90, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    34.571
    Пол:
    Женски
    Зимаш недела две болување пред и по одморот и одиш мкд. :D
    Шала на страна секој се снаоѓа кој како знае еве кај нас во класот на синко де има сега 6 деца од србија босна и синко македонац овие србите меѓусебно си ги чуваат децата , за време на краток одмор и сега кога беше баш продолжен викенд кај нас таа шо беше на ред да ги чува си отидоа фамилијарно во Франција и ги извиси овие другите. Па ние помогнавме кај нас беа 5 деца со се мојте 3, 8 деца станот леташе среќа никој не се пожали еднаш беше :D.
     
    На danichap, Katie90, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.795
    Да. Така е по распоред.

    @arwen93 мислам ти ме прашуваше дали е рано за ММР вакцината. Стико комисијата за вакцинација го прави распоредот на вакцините и која кога да се дава. Се гледа да се заштити детето кога е најмалку отпорно. И мислам дека имам читано ако се вакцинира порано подолготрајна/подобра заштита пружи вакцината.

    Тоа зависи каде работиш и кој ти е шеф. Ама ми делува џокерче дека твоето работно место е супер и имате убава работна атмосфера.

    Уште нешто за градинките. Ова што е планирано затварање е ок, се организираме. Поголем проблем е кога ќе почнат болестите и кога работат со само една група заради недостаток на персонал па добиваш прашање дали можеш детето до 12 да го земеш или да не го пуштиш воопшто.
     
    На Marge, јolene, arwen93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.813
    Пол:
    Женски
    Ова од Кејти. Или од сабајле имаш известување- жал ни е, денес од немање персонал групата е затворена.
    И ти со дете кај си имал план си одиш заедно. Ако дете е здраво фала богу лесно е.
    Не е чудно овде на преглед на пр со дете да одиш.
    Впрочем кај нас ова е една од причината што не работам, оти ако немаш баба сервис, тешко дека можеш две работи по 100% и мали деца.
    На германците им улетуваат баби и дедовци. Некои од кај нас си носат исто за распусти баби.
    Генерално за школо и градинка се поклопуваат некои затворени денови, ама не сите.
    Колку пати во хоме офис родители со телефон на игралиште се. Маж ми дома ја чувал, додека работи. Ама што сработиш бог да чува. После доработиваш ноќта.
    Кога е болно, ко што рекоа и ти се пишаш болен, се ротирање со партнер кој кога. Има демек платени ама уствари неплатени се денови за болест по дете што ти издава доктор. Се има.

    Мене еве за пример, во мк сум одела на работа и болна, од сабајле на инекции и после на работа. Некако како страв да ми било или не сум смеела да земам боловање, поима немам што било. На опрсти се броело кога не сум била на работа. Овде ко дојдов и ко почнав, чудно ми беше што и за ситници си остануваа дома. Ама се јавуваш само на матичен и ти дава боловање преку телефон. И така.

    Вчера цел ден по сонце, на езеро, денес црвена у лице.
    Дете ми е чудно, на две ми е, дали ќе ја фати грло пак или не. Затоа надвор.
    Овие денови нон стоп со точак, се надевам барем некој ефект ќе има за нозете да се стегнат.
    Па од горе и приколка со малата тегнам, а она по желба кажува на каде да ја возам. Лудница.
    И нормално вчера малку ја претерав и на крај пред сите заспав во 8 ипол. Сега се ме боли. Слатки маки.

    Убав викенд и многу :sun:.
     
    На IronLady, SummerGirl, Katie90 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    17.777
    Пол:
    Женски
    Многу има и си ги носат децата на работа. Еве јас како самохрана без баба сервис, уште сега размислувам што ќе правам кога ќе крене на школо. Ако останам на оваа работа можам да ја земам да си седи 6 саата детето. Е сега не е идеално оти 6 саата така да ги преседе не може, мораш и таблет да му дадеш… Исто така имаат фериен програми кои реално се скапи, ама ако немаш каде ќе си платиш. Па ги носат во музеи, бастлаат и триста чуда прават…
    Градинката е затворена 6 недели во текот на годината, толку одмор имам и јас па се покривам. Инаку баш оваа недела имаше многу болни воспитувачки. Кај нас се знае кои се вработени и кои мајки не работат. Кога има болни воспитувачки се апелира кој е во можност детето дома да си го остави. И родителите стварно соработуваат. Ниеднаш градинката не била затворена или работела на помалку време. Ама и воспитувачките сами кажуваат и ние сме вработени мајки и знаеме како е.
    И јас си легнувам со ќерка ми, таа ќе заспие околу 7 ипол, 8. Јас ќе поскролам малку на телефонот и до 9 заспиена сум, на добар ден ќе изгледам еден филм до максимум 10 и на спиење. Ние вчера на еден шпилплатц на другиот дел од градот бевме, па на рид. Јас со точак, ја пуштив на турбо батеријата и пак целата се препотив. Пред тоа истрчав 5 километри и кога стигнав дома само чекав да си легнеме.:drunk:
     
    На IronLady, Ava.84, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.813
    Пол:
    Женски
    Ти електричен точак имаш :?:.
    Јас не :D. Ама кај мене е прилично рамен град. Во Штуги поим беше точак.
    Мојата уште спие, толку многу изморена беше. Вчера не ни дремна нешто мн, дали пола саат во приколката, цела искривена со вратот. Сега имам план, и треба сите да станеме за се да фатиме, ама некако сите лежиме се уште :D.
     
    На Katie90, Dancewere, Marge и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    34.571
    Пол:
    Женски
    @јolene да ми кажеш каква приколка за точак имаш, мене ми дојде на ум да купам таква за двете да ги возам бидејќи секое сабајле морам да палам кола за синко да го возам и зимам за у школо а вака барем со тоа ем економично ем здраво ќе одиме 8).
    Нели го поскапеа дизелот па штедња :wasntme:.

    Сабота дома маж на работа јас пак сама со сите три лудница не ни е рамна од сабајле малите го закачаат големиот он им враќа плачат веднаш ич не ми е арно кога почне да ги рчка безврска да плачат.
    Незнам дали е секаде така или само кај нас по 10376262 пати му објаснувам дека се мали да им попушта ама абер нема . Сесијата од учење заврши тестовите се враќаат добри се но за SU ме изненади групна оцена 4 :envy: сите чекале на него од групата да пишува реферат некој си а тој се заинатил и неќел :@. И сега ми квичи дома мала му била оцената епа ќе е мала таму не се води инат како дома.:@
     
    На mal.ecka, IronLady, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.