Да електричен ама стар модел, го купив на старо уште кога дојдов во Германија и уште ме служи, градов не е како Штуттгарт рид дол, ама сепак не е ни рамница. Плус ја секаде одам со точак и ќерка ми уште ја возам на фаррадситз,така да на таа тежина кога има угорнина ја вклучувам батеријата, на рамно не вклучувам. Плус е што сум физички активна, јас и сакам да возам точак, убаво чувство и енергијами дава, а и за излети, за балет, хор, активности што ми се подалеку не морам да купувам автобуски карти.
Морген Сончево и кај нас Скроз сум неактивна последниве две недели,освен што носам деца на прошетка, на пешачење и на лулашки. Иако мислам дека и пешачење со “топка” од 9-10кг во кенгур, треба да се рачуна за спорт Машала, едвај го носам, големиот на годинка беше 9кг Маж по цел ден во станот, се работи турбо, надежно е дека денес ќе се заврши конечно со ламинатот и ќе може да се селиме. Со душа го чекам април месец, да знам дека сме иселени и дека можеме да се вратиме на нормално секојдневие, навистина ми доаѓа премногу и немам време да здивнам и да најдам ни минута за себе За градинките, кај нас е затворена само 3 недели во текот на годината и овде онде по некој ден, кога имаат Фортбилдунг, ама тогаш секогаш има Нотбетројунг. Две недели за Божиќ и една недела во лето и во таа недела има и државен празник, значи 4 работни дена излегуваат. Тогаш прават дезинфекција на градинката. Не ми се случило до сега да затвараат групи поради персонал или да кратат време. Баш вчера ми се јави воспитувачката дека после 3 ќе спојувале групи, а дете не сакало да оди во друга група, а јас секако имав во план да го земам порано, бидејќи требаше да оди на рок концерт И иако знаат дека сум дома на Елтернцајт, никогаш не ми спомнале ако може дете да остане дома или нешто слично. Ви викам јас, дојдете си во мое село Бев на хоспитација во средата и се беше океј, на Елтернгешпрехот ми викаат дека дете не било баш добро со ножички, не знаело да сече, нешто фината моторика му била слаба страна, дали сум сакала некоја за поддршка, како фруфордерунг Реков океј, нема никаква штета од тоа, ама детево дома супер си сече со ножички и прави линии и цик/цак и океј си бои и име знае да си напише. А дури од септември е Форшулкинд, 5 ќе полни за месец дена. Нели е малку претерано од нивна страна со предлог за Фруфордерунг? Што мислите? Ова Џокерче што спомна за се помалку Штелленангеботе го приметувам и јас. Не само за миниџоб, туку за сите позиции. Мислам фирмите се помалку и помалку вработуваат, а и вработените не се толку храбри како порано со менување работа. Барем мој впечаток е тоа. Инаку имам најавено потенцијална гостинка за денес на гости, жена на колега на маж ми, што му помага со станот. Сакам да дојде и да се запознаеме, ама каков хаос ми е дома и знам дека нема да стигнам да средам, потајно се надевам дека ќе откаже Свекорот е уште тука, ама не зборам за тоа, ќе се изнервирам Ви посакувам убав сончев викенд
Qeridoo имам јас од лидл тие што се продаваат. Ја имам единечна само. Ама требаше двојна да земам, оти секогаш до горе и од горе дури закачувам ствари. Сакав туле. Скапи беа. На старо сите истрошени и оваа од ибеј ја зедовме, ама нова во кутија не употребувана воопшто. Реално сите се добри и вршат работа. Јас и дојчланд тикет откажав. Порано со малата со количка ќе се возев со бус-возови ама џабе го плаќав. Колата само маж ми ја вози, јас не знам дали уште и да возам знам.
Ете и тоа заборавив дека и деца носиме на работа. За среќа само еднаш два саати мораше со мене на работа и тоа беше страшно!!! И им реков само еден предуслов имам, да не викате мама по мене, и они цело време без престан мама мама мама по мене! Се пречкаа, малиов зел шише вода истура на под, во ранчето си спремиле и пиштол на вода па малиов прскаше со вода, како во шпилплац да се, а не кај мене на работа!!! И се убија смеејќи се за симпатијата, без да знаат дека ми е симпатија, колку бил смешен и покажуваат на него и се смеат, и ден денес се смеат колку смешен нос имал. Од толку вработени што само он во очи ми падна, не знам дали е некој знак знак или само знак дека е грд. Ми се плаче во душава…
Женски да ми кажете ефикасно средство за флеки Во Мкд земав Омнио бианко и со него сите флеки се чистеа на облеката на децава, и овде да не го има некаде?
E i za omino biankk da proveris ovde po italijanskite ili balkanskite marketi kaj nas i toa go ima isti vo balkanska prodavnica.
Од Vanish , од Дм спрејот или гранулатите. Има многу избор ... Времево е само за перење алишта . Се сушат на сонце брзо . Раат . Волку топло не било мислам никогаш во март месец . Секој ден после работа , градинка седиме во двор додека не се стемни . Дете со игра , трча низ двор . Го вози точакот на поголемиот што го доби за прваче . Од другата недела почнува најмалото со курс за пливање . Волку рано не сме почнале со другите со вакви активности. Среќен осми март во посакувам . Имајте убав ден
Среќен 8ми март женишта! Дете испратено да поигра, за да соберам хаосот низ дома. Ама ладничко ако сонце, а отиде без мач хозе. Од сабајле ми качија притисок мајките нормално. Се јавува маж ми со ќерка ми, прво на мајка му, она па очекува типично празник честитање со поклонување. Јас не се ни појавувам у кадар оти се ми е премногу, многу премногу. Уста ќе им падне ако они први речат и не се постават ко мајки кралици на трон. Се јавува псоле на мојата мајка, и она ќути чека исто од мене да речам, ќерка ми да и рече. Јас не викам, она ен вика и така. И така женишта мои. Да не сте ко моиве мајки, да мислите дека само со тоа што сте ги родиле, треба вечно да се децата во ситуација кај што се нешто мора да кажат-чест да прават и такви ми ти ситуации. Тетка ми конечно успеа па да се врати од другиот крај на светот со преку лет од блискиот исток. Стигна среде ноќ овде и пак сабајле сончев поздрав прати. Опуштено и смирено. Ајде и на вас . Да си кажам шо ми лежи на срце
@TutiFuti јас имам трејлер за точак за двајца и е една од најдобрите работи што ги имам земено за децава. Кога дојдовме пошо летавме, колата ни остана во Грција првата година и трејлерот ни беше најпрактичен за градинка особено. А зедовме некој ефтин, ама со две раце потпишувам за него. Не ми текнува само што марка е. Ми се скина ланецот на точакот и после останав трудна и маж ми го вози од тогаш. Само да знаеш малку потешко се вози на почеток дека тежина плус влечеш дури и на мала угорнина баш се осеќа, ама после ќе набиеш кондиција и немаш гајле. Од мене секоја препорака за трејлер за точак. Убаво ме потсети да си разгледам некој точак да земам, тој што го имам стар е и нефункционален веќе. И за супер маркет ми беше практичен, ем двајцата седнати врзани, ем назад има и простор за складирање. Некоја торба во нозе нив ќе им стаев и супер проаѓав. Сега ми фали само уште едно седиште за точак и таман сме. @flower55555 користи го сонцево. Ако ти е опција се разбира за да избегнеш многу хемија. Кога ќе се исперат водени остави таму каде што е флеката да се пече и суши директно на сонце. Јас баш денеска така средив флеки од џус и неколку пожолтени од што стоеле подолго.
Среќен 8ми март жени Бидете храбри, превземајте ризици, борете се за своите права. И да знаете жени сте можете многу повеќе од што мислите И за крај инспирирана од муабетот на Џолин да ви кажам дека ич не ми е проблем прва да честитам. Кај нас секогаш помладите честитале на постарите, важно им е тоа го доживуваат како голема почит. Радувајте се додека имате кому да му честитате први.
Во духот на празникот, да научат и помалите дека почитта е двонасочна улица и се заслужува. Не е обврска. Не е должност, туку е избор. Исто да се почитуваш себе си и да се ставиш пред другите некогаш, не е себичност. Мене ми е крајно токсично такво однесување и го наведов примерот од моите мајки. Сакам да го прекинам тоа очекување оти ствара огромен притисок, и не е љубов за мене, кога со луѓето со кои треба да си најблизок и пред нив да се покажеш најранлив, имаат дефиниции што е правилно, а што не и хиерархија. *си зборам од мое искуство нормално. И друг пат сум си кажувала дека мразам кога на специјани денови се нешто од обврска мора да направам.
Како што кажа Џолин секој тргнува од свое искуство. Јас лично овој празник не го поврзувам со честитка туку со борба за нашето место во оштеството како жени. Ич не ми менува прва да кажам да бидам искрена и ако не се јават да ми честитаат и тоа нема да ми смени. Не може да ме повреди нешто што не ми е важно, затоа и овие работи ми паѓаат лесно за одржување на добри дипломатски односи. Ако ова ти е тебе да се заштитиш разбирам потполно ама они нема да се научат на друго. Секој си знае до каде се неговите граници и ова не е себичност јас имам респект за тоа. Само една работа се мора, а тоа не е честитка за 8ми Март. Забелешка:претходниот пост го пишав инспирирана од твоето мислење, не ми беше како критика напишано. Ај сега доста филозофии и добро утро И денес ќе биде сончево што значи пак прошетка во околниот парк, пред тоа се разбира треба 2 перални да се исперат. Убав ден и танкирајте сончеви зраци
За дамки многу средства имам испробано, најефикасно обичен сјај за машина за садови ми се покажа најефикасно. На госпоџите мајки им пишав за 8 ми март. Потоа татко ми се јави мене да ми честита па и честитав на мајка ми. На онаа и се јави син и и рече цел ден сме во фрка таа му рече кој е во фрка нека фрчи омг , на секој збор таа има да додаде три многу напорна жена. Се јавив во кадар честитав и тоа е. Претходната година ми беше некако исполнета. Оваа година … ми се расипа колата , не се прави мора да се продаде експорт. Ајде во моментот функционирам без кола, но и те како ми е потребна. велосипед незнам дали уште знам да возам и немам. А и мојот град е угорница, удолница. Ми се расипа машината , секако дека мора нова. Ми се расипа роботот, првосмукалката Ете така. Барем да пријавам шпер мулл да го извадиме ѓубрето. Но кога….
Е така де. Вчера не им честитав, денес нормално понеделнички градинката е цу. Персонал немало, болни биле, групата на ќеќе дома да остане цела. И од сабајле малата грабнала телефонот мој и кај свекрва на вибер ѕвони . И ме стави у мат ситуација, со свекрвами муабет да си правам . После нормално попладнево за рамнотежа во универзумот мајка ми ја побара и така. Окапав у кујна денес, а ништо не јадеше. Сега хаосот да има само кој да го среди и се ќе е ок.
Спојлер Јас сабајле одма направив скриншот, немам дете до 3 години ама сепак се нервирам како да имам. Оваа група е за децата до 3 години. После тоа стигна уште едно дека и утре е затворена, за понатака ќе пише. И после тоа дека и gelbe Gruppe е затворена. Страшно значи. Се полошо и полошо во нашата градинка. И среќа што мене не ме засега, дека јас со универзумот нели тим сум. Вака кога пишувам си размислувам колку само луѓе пишуваат на форумов, а којзнае која мака ја имаат во позадина. Исто како оние луѓе што се смеат, а душата им плаче… Инаку јас сум петок слободна па знам дека ако треба, групата на малиов петок ќе е затворена. Секогаш е затворена на моите слободни денови. Тоа е чудо ама еве дека се пофалив ајде баш ќе видиме овој пат…