Кога не ме слушаш ти за добри дипломатски односи кој ти е крив Но не е се изгубено сега прашај за Џокерче како да влезеш во тим со универзумот и тоа е тоа. Џокерче ако можам на било каков начин да помогнам слободно пиши ми. Не си сама и од секоја ситуација има излез.
И нашата група е затворена. Незнам дали да испаднам фер и да седи дома или да го пуштам гужва да прави. Воопшто не се да им правиш услуга, ама најавуваат врнежливи денови поарно може дома да остане за да не се мкнеме по дождот. Главната одсабајле 2 маила прати со молби . Се надевам дека со втората градинка ќе имаме повеќе среќа, незнам како е можно да не прават ништо зарем нема некоја програма .Ми се сели накај Шпанија така поарна клима, подобра храна и потопол народ. Ама незнам со работа и плата како би биле..
@јolene ти па незнаеш лице да направиш Честитај да се радуваат и дуваат жените во твојата блиска околина .. Ама иста сум и јас . Ако нешто не сакам неможам да го правам со сила . Они не ни знаат што е осми март . И јас добив честитки од маж . Без поклон ама ми реков да не купува ништо . Што сакам сама си купувам . Деверот случајно се погоди тука и мм му вика честитај им 8 март ден на жената . Овој вика нека си честитаат сами пред огледало . после вика на шала било , ама знам дека не беше . Првата мисла што ми прелета беше , знам зошто сите жени му бегаат . Нема везе . Денес синко пак се разбуди со кашлање , и се што иде со него . Течна столица , гадење .. па отидов да земам боледување два дена . Секогаш кога го оставам на чување негде болен , гледам дека нема фајде што одам на работа и го мислам цел ден како е што . Вака имав време да направам ручек на раат . И малку да одморам
Незнам зошто мислите дека градинките најавуваат затворање на групите дека работат против вас . Групите се затвораат зашто нема персонал. И тие се мајки , некои од нив . Имаат деца и тие деца се разболуваат.. неможат да работат со само една воспитувачка со 20 деца . Во случај да се случи нешто тие одговараат . Некои од вас и така се дома , со помали деца па не прави разлика ако и големото е дома . Треба да се има повеќе разбирање. Не го прават од ќејф
Еве јас неможам да разберам зошто воопшто не примаат доволно персонал кај нас на пример 26 деца 2 воспитувачки, па и една да се разболи мора групата да се затвори. Треба да си имаат организација, треба да имаат помошен персонал кој ќе надополнува . Ама на се се гледа шпарен, шпарен ..Кај нас не ни постои оглас за вработување , па реално неможеш со 7 воспитачки да организираш чување на 100 деца.
Тој персонал кошта . Секаде е така . Се гледа да се заштеди . Секоја група има по две до три вработени . Имаат тие план во случај на болест или слично по кои се водат. Се намалуваат активности, се стеснуваат групи . Деца примаат само на тие кои немаат друг избор . Мислам дека сегде веќе почна да се штеди на персонал . Сите намалуваат саати на работење. Не се примаат веќе нови вработени ... Економска криза
Јас не мислев дека е против нас, објавуваат огласи ама не можат било кого да вработат за Erzieherin морало да е anerkannt така нешто. Што ви пишав вчера, и ете утре ќе е затворена групата од малиов. Ќе немам никаков проблем, ќе се сменам со некој ама да не се фалев таман петок ќе си беше затворена. Ама сега одеднаш две групи понедленик и две групи вторник и затоа малиов е среда на ред. Инаку таман до петок ќе догураше ама премногу болни имало. Денес прв пат дознавам дека ако имаш Schulden, и не дај боже ти се случи нешто, кога децата ќе наполнеле 18 години автоматски на нив се префрлале сите Schulden! Многу ми е тешко, гледам дека сите ме разбираат освен изворот на тешкото. Којзнае со што заслужив вака. Ова чисто вака да ми олесни, може да ме прескокнете. 30 години имам, само здравјето да си го сочувам, друго се може да се среди. Тоа е и предноста на мажење и имање деца млада, имаш доволно време да се разведеш и да почнеш од ново. Таман со големи деца како поддршка!
Јас сега ако не се разведам со мојов, за време на селидбата и плус свекорот тука, ќе тераме уште многу А ако се разведам и пак ако ме фатат будалите да се омажам, прво сакам да го набљудувам таткото на младожењата, дали е поднослив, бидејќи како стареат, исти како нив стануваат Барем мојов А за тоа па дека врска немаат од организирање и двајцата - ич да не спомнувам. Вчера ми се споија жичките и реков дека ќе ги превземам работите во свои раце. Денес спакував дете во кенгур и исчистив пола стан, со дете на мене, детска и спална спремни за селење. Ајт таму, од “турни ме, да кинисам” тип на луѓе, коса ми се крева Инаку сончев ден кај нас, дете договорено за утре на Плеј Дејт да оди кај другарче, а ние да пренесуваме ствари на раат. Расеана сум, а времето ме гази и не знам што ќе правам уште за роденденот на дете. Конечно одлучив Шатцзухе да им направам, ама ништо не ми е спремно, ни нарачано Кај нас во градинка се по 4 воспитувачки во група + 1 практикантка
Јас ако почнам да го набљудувам таткото на младожењата, на крај ќе се омажам за таткото наместо за младожењата!
Исто и јас. Доста ми е од еден маж Еднаш може да се зафркнам. Втор пат, не И јас се омажив млада. Првото го родив на 24, а второто на 27.
Паметно, помалку години ќе имаш за трпење-до пензија Јас да требаше мојов да го земам, гледајќи го татко му- никогаш немаше да го земам. Татко му па ич. Мајка му арна беше, не се мешаше у штипки. Уште е арна- пошто ја гледам 3 дена годишно. Третиот ден веќе тешко, претешко
Апропо развод, јас бев иницијатор за мојот (уште не финализиран) развод, не се каам ни секунда, поинаку во мојата ситуација не ни можеше. Ама грлс не романтизирајте развод, ич не е забавно како што звучи. Кога се бориш да излезеш од лош брак си во модус на преживување, гледаш само да се извлечеш од ситацијата. Кога ќе се извлечеш, е тогаш се отвара простор за другите болки и повторно те треска од земја. А јас колку сум расеана. Ставив зеленчук да правам супа. Кога го сварив видов дека немам кесичка супа, ќерка ми беше на балет па додека е на балет тркнав во кауфланд по супа, за кога ќе се вратиме од балет да ја довршам започната супа. Во кауфланд влегов и купив се што не ми треба, само супа не купив.
На тема расеаност-денес ја рснав шољата со кафе, врело. Јас лом, ќерка се моташе до мене-и таа лом. Се исплашив да не ја попарив, ја измарширав да се прска со ладна вода во купатило. Арни сме, без изгореници. А тоа све дека гладна, си ветив дека после 7.30 не јадам. Уште пред да ми почне гладувањето-кризирам
Едно прашење. За Вработените кој го плаќа здраството? Сами или газдата? Плус дали има како плус да се плаќа нешто или не? Просветлете ме планираме да се селиме во Германија.
Спојлер: Наравоучение Плаќа и газдрата и работникот.За здравство плус не знам немам чуено некој дополнитено здраство да плаќа.Има приватно ако забаотуваш добро или си административец или си самовработен (селбсштендих) , тогаш имаш повеќе права од законското здравство.
Разводот не е така романтичен . Барем кај сите што ги знам кои се разделиле , оставиле .. не било ич интересно . Јас со мм сум зборела на оваа тема . Во случај да не не бива веќе , нема да правиме драми . Може лесно е да се рече сега кога е се во ред. Ама да биде се нормално за децава . Он ќе си отиде , јас останувам во куќава со децава . Ајде прво добро утро. Во 4 и нешто станав. Презаспав малку .. и одма на нозе . Спремав деца за школо. Другото дома е . Роботот чисти , менував постелнина во спална , сега на ред се другите соби . Да се искористи боледувањето . Машините ќе перат. Може до Action да тргнеме со малото . Денот е долг
Ова ти е знак за нормален брак и дека нема да се разведете! Спојлер Мојот еднаш ми рече дека планирал децата да ги однесе Мк и после мене на парчиња ќе ме сечел! Ако пробам да се разведам! Во моментот можеби во нервоза го кажал тоа ама сепак станува збор за психичко насилство! Спојлер Или децата остануваат со мене и ќе им кажам дека ти си отишла! Проблемот е што не за џабе јас сум жртвата, секое лонче има свое капаче. Лесно е од страна, ама тука станува збор за психологија. Знам на пример дека да беше јолене на мое место, би си отишла одма. Ама затоа не е јолене на мое место, туку јас! И не беше отсекогаш вака, на почеток беше се ок (нормално со red flags кои сум ги занемарувала, и дури сега ги препознавам свесно кои биле), последнава година- година и пол е кулминација!
@gjoker4e гледав на психотерапија на youtube видео како жената се жали на психијатар дека маж и се однесува лошо со неа, ја навредува, ја тепа. Знаеш што ја праша психијатарот? Зошто му дозволуваш така да се однесува со тебе? Ова и го кажа да превземе и она одговорност не само да се биде во улогата на жртва. Оти опции има! Ова го пишав и во друга тема ама нека стои и тука . Може ти стои дека си жртва за децата, ама децата гледаат и чувствуваат се! Ја гледаат дисфункционалната врска и учат од вас. Еден ден и они можат да донесат одредени одлуки (пр:избор на слични партнери, колку да прават компромиси во корист на партнерот) затоа што тоа го гледале и научиле од вас. Не им правите услуга ако сте несреќни, а сте заедно. Да не ме разбереш погрешно не ти советувам развод ама тргнете од мртва точка ако има шанси да се поправи бракот. Побарајте психотерапевт(неутрална личност) која ќе ја види целата ситуација. Ако само едната страна е заинтересирана за подобрување, за некакво решение жал ми е ама немаш некој избор.