Што одговори жената? Зошто? Заради децата ќе си одам, со се нив секако. Ама знам дека после тоа навистина би ме убил. Затоа не знам како? Он знаел повеќе од брачен советник, брачниот советник требало кај него да оди и он да го советува, така вика. Ќе го извизуализирам јас и ова, барем тоа знам! Во мојот универзум, ова е само тоа лошо што треба да се случи, за да дојде добро! И веќе се гледам сама со децата! Ама одма тука доаѓа тоа чувство кога ми е жал за него… кога го замислувам сам! Чувство на сожалување!
Ти прво нема да си одиш него он. Имаш бесплатно анонимно советување (најдов на google) www.hilfetelefon.de. Почни со тоа што ќе се советуваш, немаш што да изгубиш. Од жал не се останува со маж него љубов и почит.
Мајки, какво е вашето искуство со вадењето на млечните заби кај децата? Ќе ме направат ли луда ако ја однесам на заболекар само за да и извадат заб кој се клати ептен. Не дава дома никој да ја чепне а веќе новиот одоздола почнал да излегува..
Ова е навистина проблем . Чим се заканува ... Ко да први и последни ќе сте што се разведувате. Може после секој среќата повторно да си ја најде . Со нов партнер . Ама со вакво мислење тешко . Побарај помош . Заштити се себе и децата
Ние бевме на редовна контрола прашав дали може да му го извадат млечниот што се клати проба тој ама го болеше и му го остави не го извади. Ама кај нас не се гледаше новиот чим се гледа новиот мислам мора да се извади стариот. Јави се кажи дека се гледа стариот мислам дека ќе ве примат.
Оооо гревот он, ќе убивал. Нека гледа него да не го убие полицијата за ова шо го кажува. Ти не се секирај многу, овде си заштитена како бела мечка, само пријави го и ќе види он шо ќе му се деси. Таквите само пред жени се силни а пред полиција плачат како пички. И снимај го следен пат кога ти се заканува дека ќе те убие, незнам дали може тоа тука ама шо и да биде, ќе кажеш дека од многу страв не си знаела шо прајш и затоа си снимала. Нека најдат после преведувачи, нека го откодираат "убиецов". Не му се плаши, ај ти држам среќа шо побрзо да се отарасите од него
А зошто не оставиш сам да падне? Однеси ја на редовна контрола и тогаш прашај. На шест месеци секако треба контрола на забар. После ако требало АОК да плати нешто, гледале колку редовно одело детето на контрола и според тоа плаќале. Не ми е сигурно инфо ова секако. Ние плативме помалку од тоа што предвидоа, не знам дали е до тоа што сме оделе често на контрола.
Мора да ја однесеш оти може забите да и се искриват. Мене не ме носеа на заболекар за истава причина, и сега сите заби ми се криви, џабе шо ми се здрави.
Мислам дека се криват ако се извадат порано и не се стави држач на место. Инаку нели природен процес е паѓање на заб сам од себе и растење на нов? Мене ми ги извадија сите млечни одеднаш и сите заби криви ми пораснаа.
Незнам за тоа, ама се криват и ако не се извади млечниот, пошо ќе нема место за новиот кај да порасне и ќе почне на криво да расте. Секоја година се токмам да идам да ги правам и не одам, од пусти страв. Нека ми ги истругат сите, и горни и долни и нека ми стават мостови или како и да се викаат тие. Бар еднаш да можам да се насмеам убаво
Не сум го знаела ова. Јас чекав сами да и паднат. Дека нели природен процес. Ќе кажеа на забар да требаше да се извадат.
На ќерка ми не и го извадија. Се гледаше забот испакнат на внатрешната страна од долната вилица ми рекоа нема никаков проблем што е таму. Се вративме дома со совет да јаде јаболко и по ден два и падна запчето баш јадејќи јаболко. Пораснаа долните и се порамнија правилно иако беа заизлезени на внатрешната страна. Ако првите запчиња и се пораснати правилно, така што има простор меѓу нив и не се слепени еден до друг, има доволно простор на вилицата за новите заби да се порамнат со растењето. Проблем обично се јавува кај потесни вилици кога првите запчиња се слепени заедно, а новите заби што растат се поголеми од првите и обично во такви ситуации може (ама и не мора да значи) да се јави проблем со криви заби. @gjoker4e умна си, живееш во држава што може да те поддржи, не толерирај ништо што не заслужуваш.
Каков мост и да ставиш, пак нема да бидеш убава како мене Ако млечните заби не се извадат навреме, трајните заби може да пораснат криви. Не прашувајте како знам
Мене па алармов по втор пат во шума ме начека и така на отворено е ептен гласно. Никогаш не ме вознемирувал, ама денес дури солзи ми потекоа од очи, кога помислив како би било кога би бил вистински, а не вежба како сега. Страв ме фати, обично не си замислувам ситуации и не си правам стресови за “што би било, кога би било”, ама денес нешто не ми се сите овци на број Имам ли уште простор да се вадам на хормоните? Денес е големиот Умцуг Таг Мајсторите (маж и свекор) го почнаа денот со ракииче Јас ставив бебе во количка и се акнав во шума, да не ме нервираат Додека се прибрав, гледам голем дел од мебелот размонтирале. Може стварно ракијата им дала енергија Бебе се успа, го донесовме на тераса со се количка со маж и седам до него, пијам кафе и уживам во последниов ден на мојата убава тераса @gjoker4e тоа што ти го кажаа, живееш во држава која те штити и искористи го тоа. Само совет плус од мене, ако случајно документите ти се преку него, префрли си да бидат независно од неговите. Работиш, мислам дека нема да имаш проблем, ама среди тоа пред време, да не си правиш дополнителни стресови.
Луѓе значи хаос од сабајле кај што знаев за алармот па кога се расппискаа три телефони дома весело беше куче лае децата узвикаа од него. Беше едно 15 минутен бунт дома кого попрво да смирам.таман се смири дома ситуација некоја будала наводно од vodofone ми ѕвонат на врата а да и вчера вечер исто ѕвонеа ама на им отворив. Денеска кај увони кај тропа па кучето пак се активираше да лае деца среќа заиграни не го сетија што се случува. Биднаа 10мин видов си отиде , пак доаѓа и упорно спие на ѕвончето и тропа па ко му се дрснав што бара има ли закажано термин ? Тој почна да го изговара името на маж ми јас во сета лутина му викам кој? Нема таков тука барај на др место . И му треснав вратата пак упорно тропаше и од прекуврата му реков ако продолжи ќе викам полиција за кратко време клизна си отиде . Стварно не се нормални и напорни се се стресов целата сама дома со две деца среќа големиот во школо беше па излеговме да шетаме веднаш . Инаку и минатиот пат и пишав на џоки спаси се дури можеш . Познавајќи го од гласнини (познаници) не ме ни чуди што сеуште не е сменет. кај те најде кај те запусти.
Само немој мт да каже нешто и да стигне до мм! Или ти! Тогаш сигурно сум готова! Јас секогаш размислувам позитивно, и може затоа еве, за да дојдам тука, и да си запознаам некој Германец! Јас се чувствувам како во претходниот живот тука да сум живеела па по грешка кога се правела нова поделба сум завршила Мк. Ајде битно нов симпатија си имам ама многу е мирен! Едвај чекам број да ми даде!
Ни случајно немој да мислиш дека мм нешто знае од тука знае дека имам фемина и дека читам само . Така да кај мене си на безбедно трач муабети но но. Сите имате по некоја симпатија , само јас не. А знам дека двајца ме симпатизираат и многу ми е глупо многу .
Секако треба сега да закажам термин за контрола. Иначе редовно одиме, двапати годишно. Треба да се извади затоа што новиот расте одоздола. Се мислев дали е во ред да се направи термин и само за тоа ако има потреба..