А шо има да се мислиш. Јави се и прашај/закажи. Не е ништо не вообичаено. Впрочем другар ми стоматолог на неговото дете во ординацијата му го извади запчето. За другите нешта после ќе пишам, ако останам будна. Маци денес 3 саати спиела во градинка. Којзнае кога ќе заспие вечер. А мене секогаш ми се лоши кога ќе чујам два саати спиела, одма после такво спиење се разболувала .
Јас со дете 9 години прв пат слушам дека млечни заби се вадат. Можеше порано да кажете! Се консултирав сега со чатот, ќе пораснал крив забот ако предолго не падне млечниот заб во време кога новиот излегува. Јас знаев само за криви заби од прерано изваден млечен заб! Значи од прерано и од прекасно изваден млечен заб, може да дојде до искривување на новите заби! Заклучок! И од мала вилица, и за тоа знам од лично искуство! 4-8 заби здрави ми се извадени нз точно, во средно, за фиксна протеза. Тука за прв пат дознав дека непцето се сечело горе некаде ама не прогуглав сеуште, одма забар сменив! За поширока вилица, ама не сакам никакво сечење на 30 години, таман ми е вилицата, кога ќе ставам 2 мл филери на усни ќе е исто како сечена. Trauma Bindung се викало тоа во паихологијата, треба Trauma Trennung да направам и се ќе се среди само од себе
Мене на телефон ми се јавија и ме убедуваа дека на сметка сум имала 0,5 биткоин Тие од водафон не мора да се превара, просто мора да бидат напорни ако се продажни агенти што работат за процент.
Кај за малку ќе работев Сега знаете и дека биткоин имам Пола, пола, шо има везе Да требаше јас да бидам продажен агент, ќе продадев-ништо
Леле чекајте да ви кажам, добивме место во кита . Е сега јас нели сакав у други едни од тие три шо кажував. Ама ко бев на отворени денови или ги контактирав, излезе нема место. Тие едните работа ми понудија во замена за место и тоа. И на крај бев во една на 2км скоро од тука и таму со лајтунгот си направив муабет малку и ја претставив малата. Од денес официјално почнаа делбата на места и оп, стигнува мејл сега во 5пм место во таа градинка за ќеќе. И така. Сега му викам на маж ми да пресмета колку пари ќе му заштедам шо нема да плаќа приватна градинка од септември. Нека помине ден-два да видиме дали и од некоја друга ќе добиеме место, што повеќе ќе одговара, ако не фала многу, ќе си го прифатам ова и ич не ми дреме. Мислам и ви пишував за оваа градинка веќе. Инаку кај нас сите градинки се од отворен тип. Не се по групи. Ама овде барем само две групи по 25 деца се. Сегде друго беа по 75 деца барем. Ај частам. Кој ме знае лично, може и на кафе да ми помине. А мене сабајле мејл ми стигна од АОК ќе ми врателе 400 евра, само треба да оставам податоци. Е сега шо ја уствари кај ТК сум осигурана, друго дваесет е. Нормално одма репорт спам и така.
Ликот и сликичка си ставил во влез од него да го контактираме . Ахам важи . @јolene честитки и јас се распишував емајлови за од догодина да ги земат ќе наполнат во април 3 и ми вратија као демек август септ. Ќе делеле места за 2027 ова не им го разбрав искрено (Eine Aufnahme hat nichts mit dem Anmeldedatum zu tun. Wir nehmen die Kinder nach Geburtsjahrgang auf ( 5., 4., und 3., jährigen).] Де појаснете ми го мојте се '24 родени. Изгледа ич да не се надевам дека ќе ги земат од 3г.
Се мислам за да не ми кажат: "Оставете ни време за поважни работи." Така ми кажаа еднаш на педијатар, кога ја однесов малата со 3+ дена со температура која инстанто се качуваше до 39.
Јас поинаку го разбирам. Дека прерано си ги пријавила сега. Треба да ги пријавиш во тековната година кога ќе наполнат 3. Сега џабе пишуваш, не исполнуваш услови да ги земат. Генерално се стартува со адаптација во септември нели. Ама не е правило. Адаптација може да се почне и во пролет, само во јуни-јули-август не прават, ради одмори. Сега се пријавува за деци кои од септември ќе имаа полни три. Ти сега ако ги пријавуваш од септември да ти тргнат, треба во крипе да ги пријавиш. Ако не од јануари таму 27 барај места низ градинки, оти тогаш може да знаат дали ќе имаат место или не. За Џоки, еднаш рече дека се претвараш во мајка ти. И сега и Марге рече исто за маж и' и татко му. Генерално една работа имам забележано, дека како старееме сите добиваме карактеристики од нашите родители. Т.е сме ги добиле ние од раѓање, нешто научиле, ама стануваат поизразени како поминува време. Колку повеќе човек саморефлексија си прави, толку повеќе е свесен за истото и се труди да го смени ако не му се допаѓа. Јас се фаќам исто дека сум како мајка ми, т.е ме фаќа некој вртлог и ќе се освестам и со цела сила се принудувам да излегнам од тој шаблон. Многу пати ми е тешко, ама си велам ако не сменам јас, детево истото ќе го научи. И така ќе излезам надвор и кога сум анксиозна, ќе зборам со луѓе и кога не ми се збори, ќе возам и кога не ми се вози, ќе се јавам и кога не ми се јавува. Едноставно знам што е рационално правилно и го правам колку и да не ми се прави. Многу нешта одложувам и после ми се собира на куп, ама ги завршувам порано или покасно. Си дозволувам да се наградам после секоја сработена обврска што ми будела страв и несигурност. Како и да е, не е лесно. Ама ако не се борам сама со себе, ќе станам затворена дома, ќе ми смета цел свет, детето ќе го отсечам и ќе го направам плашливо. Маж ми ја знае оваа страна од мене и знае дека на секој негов предлог ќе кажам НЕ и ми остава време да размислам и да видам дека уствари ОК е. Многу пишав, а ништо не кажав. А за Џоки. Визуелизација е ок, ама е само еден дел од добивањето на тоа што го сакаш. Вториот дел е акција и работа. Овде имаш услови барем. Можеш да останеш и анонимна. Можеш само совет да земеш. Се можеш, само еден чекор да направиш, да се охрабриш, да прашаш. Советување за семејно и психичко насилство се нуди насекаде. Психијатар за тебе. Направи термин, распрашај се како можеш да делуваш. Се е полесно кога не се вмешани деца, ама кога се, ништо не е едноставно. Пеколно ќе биде што и да решиш. Само дали е сега поголем пекол, од тоа што ќе дојде. Ти сама мораш да процениш за тебе и твојот живот. Ти во твојата глава сигурно си веќе одамна без него. Си била млада, се уште не оформена. Секој може да згреши избор. Не треба да ти биде важно кој што ќе каже, дали твоја фамилија ќе те прифати или не. И така не се враќаш надзат, тука ќе останеш. А да и тоа е прашање што треба да го решиш. Каков ти е престојот овде. Дали ти зависи од него или не. Затоа на советување, за да ги расчистиш и правните аспекти од проблемов. Нормално е да чуствуваш страв. Дали стварно може да те нападне физички тебе или децата, не знам. Веројатно да. Затоа ти е потребна помош од институциите. Леле свашта. Ова кај нас не се случило. Не смеам да се пожалам до педијатар. Секогаш сум се јавувала и мејлови, не било никогаш ваква реакција. Не примале и во ист ден кога сум настојувала. Еднаш само со еден стомачен кога имаше ко демек ама не е ништо, па дирекно им кажав дека не е ништо за нив, ама за дете кое помина гушење, бронхитис, хоспитализација и на крај стомачен во две недели, сметам дека е премногу, одма смени тон. Ако не сте задоволни од педијатар, сменете. И за крај. Гледавме еден стан за викендов. Ни се свиѓаше, ептен филм си направив. И псоле и рековме да ну прати документи и оп, на станот поткровјето дека мезонет не легализирано фактички. Таму има бања, а бањата ја нема на план.. И демек така во цело село било, во сите куќи. Е арно де. Утре еден проблем да се случи со таа бања, ни осигурување ни ѓаволи ќе покрие. А од горе и сите станари кои дале наводно согласност, одма ќе бараат оштета за нешто. И така решиме да не си прајме дополнителни стресови. А ок беше станчто. И убава тераса, реновирана бања, прозори. Чисто и одржано. Дури еве и у село ќе се вратев од што филм си направив.
Покрај сета саморефлексија, уште не можам да сфатам, дали се претворам во мајка ми, или во татко ми. Ќе продолжам да живеам во илузија дека сум уникат, настрана погледот во огледало. Тоа со огледалото и не е така лошо, генетски не старееме лошо
Цел живот ја критикував мајка ми дека една иста торта прави за секој повод дури не ја ни јадев. Погодите која торта јас сега ја правам, нормално на мајка ми тортата оти моите деца ја сакаат. Јас не знам на кој личам се трудам цел живот упорно да не прифатам да бидам лутка на мајка ми, цело време исто се лутев ,за џабе така не се постигаат работи. Се трудам да бидам стрплива на татко ми, да не пцувам и да не вреѓам на мајка ми, ама јас сум некој микс .Мислам повеќе сум како татко ми т.е сакам да сум како него. Со време си научив колку повеќе траам попаметна сум. Ова ми помогна пред некој ден на работа.
Ќути си гуркај си. Ај добро утро . Будна уште ос 05часот. Маж го будев за работа алармот не го слушаше ,мислам комшиите ќе станеа ако јас не го угасев . Значи петок капсан од работа нормално дека нема осет веќе. Ова на кого личам искрено сакам да бидам како мајка ми мирна сталожена и борбена , никогаш не сме осетиле дека се караат дека имаат проблеми ама тотално никогаш за ништо а не дека ги немаше потајно знаевме но не осетивме. Иста сум како татко ми љутка бесна и нервозна незнам да се смирам, јазикот ми работи побрзо од мозокот и после епа не требаше е не требаше но тоа е ќе се смрни некогаш барем така си мислам . Ме фаќа на момент криза сега па уште кога неможам све да завршам навреме како друг да ми е крив па и најмало инатење знае да мр натера да се расплачам и експлодирам. Среќа па маж мува нр го лази и само вели трпение спасение се ќе биде добро и како ти што сакаш ( ме има разлигавено ептен, од како се породов со царскиот и стално е се како јас ќе кажам,само за мир во куќа кутриот се жртвува) Дали ме дрма монотонија дома носење зимање од школо пак дома готвење и секој демжн исто незнам. Сакам ужасно да најдам работа да сменам нешто Еве за почеток почнав да пешачам до школо на пладне околу саат време малку ко за промена. Имам и вишок кг неможам да се вратам во мојата идеална тежина веќе 2г и тоа ми го јаде нервот. Ќе пишував уште но ете бандата твинси стана батко е од 08:45 нашколо денес. Убав викенд
Зависи ако сум нервозна и гладна сум татко ми. Инаку мајка ми. Имаш среќа барем шо старееш убаво, ставај кармин и трепкај за друго не ни мисли. Апропо кармин, ќеќе некна си се послужила со моите шминки. Од горе до доле цела со кармин се изнамачкала. Во носот внатре имаше. Многу беше смешна, па викам чекај да те сликам и поза ко направи ко инфлуесеркиве денешни, абе уште солзи ми течат. После миењето не и беше така забавно, бога ми ни мене, кај фати сегде кармин имаше. Практично цел стан. И ова стварно било, ако дете се умири 5мин, ќе те чини после пола саат мин работа .
Морген . Кога сум дома сум најнесредена . Некако мозокот ми е програмиран дека сум дома не треба да излегувам негде и не се ни спремам . Косава за фарбање е , ама најверојатно за вечер ќе оставам . Ама ако ја мијам сега косава , вечер нема да ми се мие и фарба пак . Почнав со чистење дома , вчера гаражата малку од малку . Денес кујната ја подсредив. Во најгорната фиока каде никогаш не отварам имаше плехови од стариот шпорет на свеки . 5 плеха, метални некои работи . И собрав се во една црна голема ќеса. Да исфрлам . Во секое ќоше има работи од свеки и ми оди на нерви . Женава целата покуќнина ја остави на нас како задача да ја исфрлиме . И ми оди да и се јавам да дојде да си го собере заборавените работи . Во еден дел од кујната имаше стаклени садови кои никад не би ги користела . Се останато. Јас да ги исфрлам . А кантите се полни , нема каде треба да планирам кога како да фрлам . Буквално жената си ги спакува најбитните работи и си замина со лесен багаж . Таква е таква остана . Знаејќи дека внуката веќе две години се спрема за комформација , она баш тогаш булирала , пат со брот низ некоја земја. Ненормална . Гаражата е полна со саксии , бои , ствари што ги чувала со годините . Немаме место за нашите работи . Може после ќе пишам пак , да смирам нервиве
Леле Ена шо се нервираш. На маж ти колата, симнуваш седишта позади, ќе постелеш нешто врз нив, земаш кутии и полниш ставаш во кола и му велиш да ги однесе во депонија. Не преговараш ништо. Се што ти смета, пакуваш и ајде. Утре ако и затреба нешто маж ти фрлил, ти ништо не знаеш. Мене да ми речат свекрвите дека не можат да ми дојдат на крштенка, по искрено ќе ае радувам. Исто и јатрва или шо и да ми се. Немам контакт со нив, а па не ми ни недостасуваат. Така ми е криво за маж ми некогаш, шо така не се фер, ама он си ги знае поарно од мене. На нив им е битно што ќе кажат другите и каква слика ќе се остави пред другите, кој театар да се одигра, а во реалноста себичноста крај нема. На мене се исто ми е кој шо ќе каже ако не се појавам негде, сакам дома да ми е спокој, мир и љубов. И така не се погодуваме баш и исто ми се фаќа.
@јolene е ајде де. знам дека се глупости .. ама па и не се . Има работи кои неможе да се фрлат во обично ѓубре. Некои боци , останати се и треба да се плати за да се фрлат во депонија . Ајде ќе плати свекорот . Ама искрено не е малку ѓубре што треба да се отстрани . Плус обврска на нас . За комформацијата што не можеше да дојде , мене искрено ми беше сеедно . На мајка и не и беше , и затоа имало расправии помеѓу нив . Ете сега откажала и ќе оди на есен . На бабата и рекла дека нема да е тука за нејзиниот роденден , пошто бабата рекла може нема ни да го доживее роденденот . Оваа дрска и рекла , дека секоја година умира . Него почнав да правам план за јадење за наредна недела. Со план за пазарење . За девојчето што ќе дојде . Па да не се мислам секој ден што да се готви . Роденденот на големата се паѓа во тој период. Ден пред заминување . Па планирав да им направам програм . Нешто да прават , некоја активност . Алки да си прават или нешто да бојат. Сакам да спремам нешто благо , мафини , кроасани, вафли. Коктели без алкохол. Милкшејкови и сл. Да се одбележи денот . За после викендот да одат да слави со другарките. Одмор земав од мини џоб-ов. И така не планираат да ме стават да работам . Барем платено да е моето отсуство. Плус боледување и таму дадов за 4 дена. 8 саати што работев . Ќе има некое евро плус . За моето неработење . Многу почнаа со штедење . На смена работат под двајца само . Нема плус саати . Ептен криза и кај нив .
Многу имам да пишам ама уште три минути пауза. Фала ви на сите. Ова братучетка уште во 2016та на натална карта ми го виде и вика мора да е грешка и да и се јавам кога ќе дојде до тоа и на мм му рече немој да си ја нервирал ќе те убијам. И гледа и вика не е можно ова, одма да ми се јавиш. Ама сега таман работа да и се јавам и да и речам сепак вистина беше се што виде!
Од кога ги запишавте децата на курс за пливање? Моето уште нема 4 и денес се врати од градинка сакал да оди на курс оти и другарка му одела, а таа тек сега 4 наполни.
Кај нас ако го запишеш на 4 ќе почне на 6. За место се чека повеќе од две години. Запиши го. Од бебиња одат на пливање. Јави се и прашај од кога има место.