Ќе пишам подолго. Дали му направија рентген? Можеби сакале одма дека барем кај нас термин има за 2-3 месеци и до тогаш може многу заб да го заболи и да треба забот со сила да се поправа или вади и детето ќе има трауми. Штом закажале одма значи сте веќе касно. Не соработува ич за со лах гас? И морам и да ве карам одма сите. Кога не даваат термин се жалите. Кога даваат брзо се жалите. Они значи процениле дека забите треба што побрзо да се поправат. Тоа што побрзо кај нас е за неколку месеци.
Има скоро 6 години. Досега одиме редовно на контроли и и' имаат лиено четири заби без анестезија и не правеше проблем. Исто и кај нас е тешко да се смени педијатар ама они ми велат: "Еве оди таму и таму и само кажи дека ние сме те пратиле и без проблем ќе ве примат и одма ќе го потпише документот, таа е супер ние со неа имаме супер соработка.." А како може таа да го знае детето подобро од педијатарот кај кого сме од раѓање па така одма да потпише. А и не сум незадоволна од таму па ајде само поради оваа причина да го менувам. И направија рентген, на последната контрола беше се во ред. Сега на неколку заби има кариес кој треба да се среди и да се направат 1-2 пломби. Болки нема никакви. Друга опција ниту ми спомнаа ниту ми понудија, само одма ми донесоа документи за операција да потпишам... што секако не го направив без размислување.
И јас би барала попрво нов забар. Однесувањево ми е безобразно и ми личи ко за пари да го праат. Можеби/веројатно детето би совладало и без анестезија, па и не мора повеќе заби да се прават наеднаш, може еден по еден.
Дај ми број да се јавам и да прашам ако еднаш се поправиле заби без целосна анестезија, зошто не пак? Кај истиот забар или кај друг без целосна? Или адреса за @Adidas888 да помине. Ок значи не мора да објаснувам за целосна. Ама остај ние што рипаме одма. Мислам не сте разговарале доволно! Зошто тогаш да, а сега не? Кај нас не требаше ништо од педијатар и баш за тоа прашував на темава, која е логиката за целосна анестезија без да каже педијатар дека е детето здраво? Ама секако мене ме испрашуваа нели и јас им реков како да знам дека 100% нема ништо од ова? И ми рекоа дека да имало нешто ќе се приметело до сега. И сепак точно ми одговорија, јас што имам мозок црна хроника и немам појма од медицина, е само мој проблем. И што значи лиено заб? Пломбирано? И по моја логика, има педијатри што не потпишуваат за да се оградат и да немаат проблем плус и дојчовска бирократија и немаат таков печат. И затоа веќе забарот знае дека тој педијатар не потпишува такви работи. Нели овде секој за се нешто е овластен или неовластен. Туку да не заборавам, тие од водафоне се и кај нас и сабајле ми ѕвонеше и гропаше на врата и јас ѕиркам и си викам незаклучено уште да земе и да влезе со картичка. Ме потсеќаат на Јеховини сведоци кога ги гледам по улица.
Да го искористиме и денес сонцето , наредната недела повторно снег и дожд. @јolene најде ли градинка за малата? Од кога почнаа вашите деца да слават роденден со децата од градинката? Мојата нема најверен другар, а сака да кани , па незнам да не е глупаво.
Малиов е од 16 или 18 месеци во градинка не знам точно. На 2 години ми беа сите премногу мали. На 3 и 4 канеше ама со тие деца беше многу близок. Сега тие деца се прво одделение па ќе кани други од градинка со кои од годинава е близок. Додека пак малава е секако друга приказна. Она кани од 3 години по 10 деца, за 8ми роденден имаше скоро 15 деца ама она е многу дружељубива од мала. Јас би ги поканила оние што ќе ти ги наброи. Ако се помали пиши со родител. Кај нас има една мајка што не ги остава децата сами, имаат 8 и 9 години, па секогаш и мајката ја канам. На други родендени само деца канат и нејзините не одат на ниту еден роденден. И така жал ми е што не се опушти мајката ама знам дека тик ток има и цело време и излегуваат негативни работи (алгоритам нели) и затоа е таква. Ви кажав еднаш мислам јас им давам чипс на децава и она ми покачува видео од тик ток за тој чипс што имало во него. Па киндер Чоко бомбони па ми покажува какви бубачки ставале во нив. Многу е добра жената и се дружиме, ама во тој поглед сме многу различни. Порано би и рекла нешто, ама сега созреав и не солам памет. Како сака така. И за ноктите ми покажа видео дека рак се фаќа и дека од летото забранет е гел во Германија и не знам ти што.
Нека си покани, сеедно дали има блиски другарчиња или не. Се радуваат децата, моето некогаш е покането на деца што не ги знам ни по име, ама ете они си се дружат. Кај моето почнавме од лани, 4 год кога наполни да славиме, лани си покани 3 другарчиња, сите дојдоа и сите родители изреагираа ептен позитивно на поканата, а и јас бев цела во грч - како ќе оставам покани, па не ги знам, па ова, па она, баш тука прашував, ме оправаа. Годинава веќе планира 6-7 дечиња да покани, лани ги оставија децата сами, годинава една мајка ми кажа дека ќе мора да остане, бидејќи детето е срамежливо во нови средини и тоа е океј. Сакам да кажам, планирај дека може и родителите да останат. Сончево кај нас, ќе носам деца на Шпилплац
Da da pishuvav pred nekoe vreme. Mnogu sum srekjna i posle otkako se rasprashav povekje, doznav deka sum ja pogodila. Ne e tolku popularna kako ova kaj sto e fala bogu, sega bogatashite vo edna druga site se zapishaa, a mojata vo edna mala so poluotvoren Konzept e. Zdravje samo. Sega moram i rabota da Baram dosta samo odlozuvam, posteno mi zdosadi doma. Tri godini doma do Juni kje bidat. Dosta e i za mene i da detevo . Gradinkata deneska inaku zu. Dete e doma,jas ne spiev ko sto treba nokjeska i sega se brkame niz doma ko Musik bez glavi dvete. Da se oblecheme i naiver moze najarno kje e. Samo sto sila nemam da stanam a malata nesto krasi vo banjata. Vo najmala raka se kje bide voda na site strani i ona normalno .
Здраво на сите, Често се фаќаме дома низ муабет како размислуваме за живот назад во МК –дали ова чувство е само наше или и други поминуваат низ истото. Дали некогаш размислувате да се вратите назад во Македонија, иако знаете зошто сте заминале? Ние како семејство сме во некој чуден период , од една страна логиката ни кажува дека сме направиле правилен избор, но од друга страна не се чувствуваме воопшто исполнето тука. –Дали и вие сте го имале ова чувство после години живот во Де? – Кои се најчестите причини поради кои луѓето размислуваат за враќање? Ние не сме заминати поради егзистенцијални причини, туку поради системот во Мк. – Дали со време поминува или останува? Би ми значело да слушнам искрени искуства, без разлика дали сте одлучиле да останете или да се вратите. На крај знам дека секој си ја носи својата одлука, но мислам дека многу помага кога ќе слушнеме и други перспективи. Фала однапред
Многу убаво си напишала. Колку години сте тука? Јас откако памтам за себе сакав да се отселам од Мк и ниту еден момент немам помислено да си отидам од тука. Најважна е среќата. Некој може и во Мк да е среќен. За некој едноставно не е Германија. Можеби треба да се отселите во друг град, друго место. Јас прво така би пробала, па ако и на другата локација не сум исполнета, значи Мк. Дали работиш или не? Ако не работиш, човек има повеќе време да размислува! Со тек на годините и тука станува се полошо ама за мене е сеуште многууу подобро од Мк. Јас тие три недели во Мк што сме ги оделе ме нервирало буквално се. Па почнавме по две недели од кои само лежам дома. Годинава една или најдобро ниту една. Отсекогаш сум мислела дека човек на постари години 40-50 посакува пак назад ама не знам, треба да видам на старост дали ќе посакам.
@Zfer јас не сум во Германија ама ќе ти дадам мислење. Прашањето каде би ви било поубаво е многу индивидуално. Треба да размислиш и да се прашаш што е тоа што ви недостига таму и прави да се чувствувате неисполнето? Дали тоа што мислиш дека ви фали ќе го имаш во Македонија? Можеби и не е нешто што зависи од местото на живеење. Друго, каков живот и услови имате во Германија и каков живот и услови би имале во Македонија? Ниту во Германија ниту во Македонија сите живеат исто. Можеби добра опција е да се размисли и за живеење во трета држава. На пример мене лично Германија воопшто не ми се допаѓа, ниту клима ниту менталитет а условите за живот генерално се се полоши (ама сепак е индивидуално). Треба убаво да си размислите што ви фали, што имате таму наспроти што би добиле со преселба и кои ви се битни работи во животот. На пример, мене една голема причина зошто сум одбрала да живеам во Македонија сега за сега, е тоа што многу ми е битно да сум блиску до фамилијата. Живееме во различни градови, меѓутоа за добро, за лошо сме заедно. И би сакала и моите деца да поминуваат време со баби, дедовци, тетки, братучеди итн. Тоа ни придонесува за среќата. Е сега, не секој е близок со фамилија, и не сите фамилии се исти, за некои можеби е и подобро да се далеку. Пак е индивидуално. Како што разбрав не сте заминати заради финансии, во тој дел сега е доста подобро тука за разлика од порано (не знам кога сте заминале). Убаво е да се слушнат и други мислења но сепак нема правило за сите дека ваму или таму е подобро.
За што да ја карам? Еве, уште малку пензионер ќе бидам... уште 17 и нешто години Џоки може само да сонува за таква прекрасна бројка
Е токму тоа кое го наброи ми недостига. Близина со баба и дедо, другари и братучеди, мали деца и средби со родители со кои можеш на игралиште да си позборуваш и лесно да комуницираш за секакви теми (германски не зборуваме, учиме и двајцата, па на англиски функционираме) Детето не е сеуште мало, па имаме време да решиме дали Германија е за нас. Исто така овде без помош и поддршка овде не можам да замислам проширување на семејството. Многу сме тазе овде. Пред една заминавме, па затоа не знам како било во Де претходно.
Јас ќе дадам мое мислење во врска со ова растење дете без “помош” е најдоброто нешто што може да го замислам. нема кавги помеѓу мене и сопругот од типот : Мајка ти ова , мајка ти она… што го забележав кај другите кои живеат во мк и ни биле на гости. Имам тодлер и бебе и секако дека не е лесно но со добра организација и те како е лесно. Беше свекрва ми кога се роди бебе колку ми помогна толку и ми одмогна… Јас и маж ми сме одговорни за нашите деца и не сакам да ми се мешаат во одлуките. На нерви ми одат тие нивни застарени коментари итн … Близина со другарки секако дека ми фали и тоа што децата не ни растат заедно, но реално и таму не се не кој знае колку блиски, се гледаат само во кафичи и игротеки од роденден на род. Овде имаме 2-3 фамилии со кои сме блиски и се дружиме во ред се ни одговара друштвото. Мене овде ми се допага културата, се е чисто околу мене, сообраќајот и се тоа што се почитува. Секако дека има и негативни страни но во МК нема да се вратам. И јас порано многу сакав да комуницирам на игралиште сега не сакам уста да отворам. Мој совет отворете ги сите карти на маса , добри лоши страни. Ако не се пронаоѓате и двајцата вратете се не сте ни први ни последни. Многу почнаа да се враќаат. Ако ти е решено стамбено прашање во мк, работа зошто да не.И секако дека треба да помине време за да се навикнете.
Без помош од фамилија се навикнавме да функционираме и не ни фали којзнае колку. Единствено за што ми е мака е што на секое наредно видување родителите ми се сè повеќе остарени. Имам чувство дека губам скапоцено време со нив и дека некој ден ќе ми биде криво за ова. Исто гледам дека на малата и е тешко што немаме тука никој од фамилијата. Кога се враќаме од Македонија или кога ќе си отиде некој што бил на гости кај нас, после тоа и треба некое време да ја преболи разделбата. Но, за жал поголем дел од нас не сме дошле тука оти во Македонија ни било убаво. Последните две години пред да дојдам тука ми имаат оставено трауми за цел живот. Хоророт составен од барање работа во Македонија и живеење под ист кров со свекрва не би сакала да го доживеам повторно. Е сега, се изборив за да имам свои четири ѕида но тоа ми го овозможи Германија а не мојата држава од која никогаш не мислев да си одам ама ете, за некој е мајка а за мене се испостави дека е маќеа.
Истово чувство го имав и додека живеев во Скопје. Студирав и работев и ретко одев дома. Некогаш и после три месеци приметував дека се остарени. И добро знам кое чувство е тоа. Демек се тешам има многу што се и во Мк мажени подалеку, во подалечен град, па се гледаат 2-3 пати годишно со родителите. И од тука има можност да се отиде 2-3 пати годишно со авион. Јас сум за почесто да се оди ама 2-3 дена само. Ама јас ко јас си мислам дека од толку често одење сигурно еднаш ќе падне авионот. Како и да е, секако дека ќе се каеме. Од трета страна, кога и да отидеме се на фрлаат комшии, роднини петто колени и не знам ти кој, а нашите родители стар систем- срамота е да ги одбијат! И не е возможно да поминеш квалитетно време со сопствени родители! Последниот пат свекор заради нас имал мозочен удар. Само што стигнавме со кола значи во 14:00, во 14:15 доаѓа сестра му со уште пет жени, се јави во 14:10. Јас лута не излегов од соба, гладна и жедна! Само што си дошол од пат и ти се нафрла некој дома, а нели сакаш со родителите да јадеш??? Да се видиш??? Ауу мразам се не ми отворајте болни точки Ќе правам јас ќејфови на постари и ќе живеам по нивни правила????????? Абе мрш гонете се сите! И терајте си гости! Не знаат НЕ да кажат! Епа ако! Не бе да довршам ајде Секој ден доаѓаше некој и ние мораше да спремаме јадење сокови Кај одам па уште слуга да сум некому Некој нас да не викне дома и да не послужи не знае????? Сите ненајавени доаѓаат И да не се разбереме погрешно 2-3 пати годишно по 2-3 дена кај моите родители Кај мм 0 пати животно И кај моите не е розево
Јас дојдов во Швајцарија лани, трудна и сама, рачунајќи дека тука ќе има подобар живот барем за детето. Подоцна сватив дека толку мизерно и празно се чувствувам тука што мислам дека ништо нема да ми помогне псвен да се вратам. И би се вратила макар и со една плата да живееме. Во странство е многу тешко, посебно тука, деца во градинка одат од 4 години, нема кој да ми ја чува, јаслите се приватни и се по 80цхф дневно од 8 до 12:30.. и уште 20-30 причини можам да набројам. Едноставно јас не се пронаоѓам во животот во странство. Можеби затоа што цел терет е на мене, ама кога ќе видиш секаде ќе биде исто, ама мирот нема цена според мене. Подобро ќе живеам со внатрешен мир и со помалку пари отколку со повеќе а да се осеќам мизерно цел живот..