Швајцарија не е за со мали деца, посебно не со бебе. Доволно е што породилното е само три месеци, доволен показател дека не е за нови фамилии, трудни и бебиња и мали деца. Германија е за фамилија со мали деца. Со големи деца е подобро Швајцарија. Во било која држава- Затоа и се вели дека првата генерација е жртва. Го жртвуваш твојот живот за децата и следните поколенија да имаат подобар живот. И секој случај е индивидуален. Швајцарија е прекрасна држава ама јас да се отселам во моментов или во наредниве неколку години би немала пари за кирија, сметки и храна. А тоа е нели најосновно за живот. Во моментов во шпилплац има три вида на фамилии. Моиве деца по кратки ракави. Деца по долги блузи. Очигледно овие нај таман се за 22ри март. Деца со јакна, капа и шал.
Тешко е да, прескапо, ама не и дека не постојат опции. Пример јас работам само втора смена од 17 часот маж ми само прва до 16 часот. Друга опција е да го запишете во кита 2-3 дена целодневна и ти да работиш тие денови. Син ми оди во кита уште од 16 месеци два дена, 3ипол год има сега. Има државата помош за ова, пиши ми лп ако ти треба нешто повеќе инфо.
Јас сум детето со капут и капа, без шал. Некои 10 степени е, ама ладно некако бе. Ноќите се ладни, земјата е ладна. Расадив денес сарделите, ваљда ќе се фатат
Со ова се согласувам во целост! Најужасниот избор го имаат оние што трпат за јадење ама сакаат да се докажат пред другите дека живеат во Швајцарија! Лично познавам такви, со лажна слика на инстаграм уау види каде живеам, а во реалноста без пари за јадење. Сите зборуваат за примањата, никој не зборува за трошоците! Јасно ви е веќе се уствари!
Сама сум, да бев со партнер ќе беше полесно. За кита прашав ми рекоа дека се приватни и дека државата не покрива, ( а се 80цхф за 3 ипол саати и тоа 2-3 дена неделно) плус прашував во familien zentrum дали ме следува нешто ми рекоа не затоа што немам стаж и со тоа немам ни породилно Само социјално може ама не сакам
Да бидеме реални и во македонија е тешко за вработени мајки. Работно место само прва смена до 3часот а сабота да не е работна е многу ретко. Или пак до 4 часот, градинката во мојот град е до 4 што секако нема да стигнеш ако немаш некој. Овде има подобри опции за работа, скратено раб време, мини јоб. И секако како самец е потешко финансиски.
Она е Швајцарија и таму е невозможно да работиш со бебе и мало дете. Можеби во комшии си ми @Lostinparadise јас сум на граница.
Ова невозможно малку ти е претерано кажано, не е невозможно, тешко е, треба мооогу поголема организација и планирање унапред за разлика од другите земји, ама невозможно не е. Јас работам речиси постојано, нормално не на цело работно време ама без своја плата сум била некои 2-3 месеца и тоа не поврзани. Возможно е, ако сакаш да најдеш начин ќе го бараш под камен ако треба ама ќе го најдеш. 100% тврдам дека не е точно дека не покрива. Или не сте се разбрале или така ти рекле дека не си вработена. Верувам сама е 10 пати потешко отколку со партнер ама ако сакаш да работиш пиши ми ќе те упатам се што да направиш за да добиеш помош за кита. И не е точно дека китата е 2-3 дена до 12ипол, ова е шпил група што си добила инфо и е од 2ипол години. Кита е приватна точно, од 3 месеци е, и секоја кита мора да работи од 7 (а има и од 6, ама законски е од 7) до 18 часот. И за ова постои киндербетроинг гутшајн со кој државата ти плаќа дел, на нас ни плаќа пола ти како самохрана ќе плаќаш уште поефтино од нас, самохраните мајки имат огромна финансиска помош тука.
За таму не ми е проблем имам Ти благодарам многу ама веќе се решив за враќање, не било странството за мене како што и претпоставував Да беше само градинката проблем не е страшно ќе најдев и жена за чување ама кога ќе ставам се на маса како што спомна членка погоре, повеќе ми одговара да се вратам..
Здраво на сите,керка ми во мај треба да прими Б-Менингокок вакцина,бидејки ми рекоа треба до 5 годишна возраст да се прими. Страв ми е од реакција на вакцината.Дали имате лоши искуства после вакцинирање?
Морген . Мајка и татко будни рано . Децава слијат. Мм пече леб, јас ќе правам вафли . Деновиве од кога дојде девојчево од Франција, ни се ептен бурни и активни . Секој ден е испланиран до крај . Среќа ми се погоди една мајка , другарка на ќерче па ни беше забавно заедно . Волку не сум се смеела оддамна. Саботата имаше собирање на сите Французи и Германци во школото. Јадење , пиење. На крај ги собрав двете германки, двете французинки и кај нас на кино вечер и преспивање . Интересно ми беше на сите . Вчера на доручек кај другарка на ќерка ми , па на Flohmarkt , после на Bowling, па на вечера во McDonald's. Многу родители имаат проблем со комуникација со децата од Франција. Најчесто проблемот е што двете страни не зборат доволно англиски , како наједноставен начин да се разбереш. И тука е проблемот. Кај нас ептен се погодивме . Девојчево е толку отворено , радознало .. да ти е мерак да ја имаш на гости . Ние како фамилија исто отворени. И секако имаме убаво време заедно . Со најмалото играше вчера со колички , го забавуваше , се смееа заедно . Утре ќе правиме роденденска торта заедно . Ќе ја земам да ги полниме балоните со хелиум и да докупиме поклон за големата за роденден. Во среда ги собирам сите девојчиња , наши и Французи на торта и славење и наредното утро е заминување за дома
Здраво, моето дете е 3 и пол години и збор нејќе на македонски да прозбори. Разбира се, ама одговара на германски. Зборови знае многу, ама не ги користи. Некоја што има поголеми деца што исто само германски збореле дури се мали, дали може да ми сподели искуство, дали децата подоцна почнале и македонски да зборат?
Детево одлучи да покани дури 7 дечиња на роденден, заедно со него ќе бидат 8 и сега ме фаќа некое шубе дали се премногу, да не им е досадно. Им ограничувате ли на децата колку деца да поканат? Им смислувате ли некои активности за по дома? Јас земав еден хартиен чаршав за да бојат, ама друго немам. Додуша планот е поголем дел од роденденот да биде на Шпилплац, ама па се мислам времето да не ме зезне. Давајте ум, многу ли се толку деца дома и ако останат дома, какви активности да им понудам? Моево е скарано со бастелн, а верувам и другите машки, на девојчињата може ќе им е интересно, ама па само две девојчиња се. И храна што им спремате?
@Marge Менито за родендени е едноставно или chicken nuggets mit pommes или пица маргарита. Или торта или Zitronenkuchen. Сокче со цефка за секое дете земи и чаши за вода. За активности таман си е земи за цртање испринтај нешто, друго они ке си смислат со колички некоја игра ако останат внатре. Ако видиш дека им е досадно, а сте дома ќе пуштиш музика и диско ќе им направиш. Не се грижи супер ќе е. @bubemconia сега можеш да се јавуваш на бабите и дедовците, да зборува повеќе со нив. Не знаат германски, ќе проба да се разбере. Понатаму можеш на школо да го пуштиш да го учи јазикот.
Подоцна ќе сакаш да знаеш како зборува на германски ама нема. Јас и викам на малава раскажи ми како го раскажа викендот во школо и ми раскажува на македонски. И викам ама многу сакам да знам на германски како раскажа и ми вика не може. А денес ја чекам малава и ми се приближува наставничката и ми вика треба еден ден да отидете заедно на пливање да видите како плива. Не се плаши, сите вежби ги знае, ова она. И сакав одма да и речам дека јас имам страв од вода и не знам да пливам, како би отишла на пливање. Ама ајде!