Големата слави денес роденден . Надвор ветер фучи. Од сабајле полнев со хелиум балони, среќа тортата ја направив вчера со добро здравје. За да после мигрена ме фати . Од сабајле спремив деца за школо . За градинка. Денес последен ден од размената на студентите. Сабајле си заминува. Ептен фино девојче, мило , паметно. Па и поклон си доби големата од нас и од девојчето . Радост голема . Сега да се спремам за работа и да продолжи денот . Славење со другарките на кратко и одиме на вечера
Среќен роденден на големата и се најдобро! Ми недостига ваква торта. Дали може рецепт ако ти е веќе напишан на лист. Изгледа многу вкусно! И кај нас ветер ама баш убаво ми дојде, ми смрзна главата и ми се избистрија мислите.
Браво Ена одлична мама си . Да ти е живо и здраво девојчето, само убавини да ве следат. И кај нас ветер многу. Да го искористам да се исушат алиштата и од вечер снег во најава. Ништо ново кај нас. Нешто три напред-две надзат ама така е во животот секогаш. Од сабајле хибернирам, штом почнува да заладува мене одма се ме боли и не можам да се стоплам. Бетер баба сум. Ај да фаќам метлата и крпата. Досадно и нека е досадно додуша .
Фала ви ❤️ @gjoker4e тортава е стандард за секој роденден . На сите дома Spoiler: Торта , рецепт Едноставно , лесно. Со мала измена . Наместо ванила пудинг, ставам чоколадо . И друга форма на плех за печење . Значи иако сум нон-стоп во стрес , брзање на крај некако се си испаѓа како планирано. Пример почнувам со купување поклон месец порано , да не ми се собере се наеднаш. Торта еден ден порано . Во главата ми е хаос тие денови ама па ете се е спремено , може да дојдат гостите после . Инаку од промена на време така не боли глава , од самиот ветар . Вчера сонце, денес дожд . Не ми прија ич
Гутен Таг @MacenceEna среќен роденден на девојката. Се е преубаво спремено, браво за тебе. Денеска поштено се смрзнавме па го појачав парното. Пак е студено и пак цел ден дома ќе сме и се нервирам. Треба дете дома да гледаме без телевизор, а времето дома бавно минува. Докторката ми одржа лекција на последниот преглед. Не дека не е во право ама пак занимации да бараш цел ден и тоа не е лесно. А и не сум човек што седи во тишина. Почнав да пуштам радио на телевизор и се надевам дека е океј. Друго да ви кажам дека си најдов фустан со многу убав цветен принт. 2026 ќе бидат на мода фустани со големи цвеќиња. Сега ми требаат уште струкирано сако, светло сина кошула и беж боја панталони за мојата капсула гардероба. Конечно излеговме надвор од глупата оверсајз мода. А и ми требаат убави рамни кондури/балетанки за работа. Ако знаете каде има некои што се екстра удобни пишете. Цената не ми е важна. И за крај да ви кажам дека пролетното чистење кај мене почна. Фрлам облека, кондури и играчки.
Фала! Дали користиш замрзнати како што пишува или подобро свежи Himbeeren? Во петок ќе има класот од малата Kuchen Verkauf и се пријавив ама секако дека ќе купам, немам време да правам.
Се ставаат 400 грама замрзнати малини . Ги ставаш да се сварат со шеќер во прав и после се става желатин, три ленти за да се згусне . Свежо ставаш од горе како декорација. Незнам дали можеш ваков тип на торта за во школо , зашто е со маскарпоне и шлаг . Подобро е некој сув колач .
Надвор врне снег. Дува ветер. На маци и изедов пола од чоко николаус, што стои од не знам кога. Пола за маж ми го оставив, ако не сака јас ќе го смачкам вечер. И тоа без грижа на совест, утре секако зајци ќе им дадат во градинка. Додуша тоа одма шо ќе и дадат чоколадо го сокривам и она заборава. Ама кекс и смукалче, од сабајле се договараше со мене кои ќе ги купам оти и реков во молот ќе ја носам. И тоа. Кафе и да спремам полека нешто за јадење. Пролетно чистење веројатно кога ќе се стопли, сега немам мотивација деновиве.
Јас сум луда во вистинска смисла ама се додека е за добро нема потреба од психијатар. Јас значи буквално како се спреми да заврне заспивам, кога ќе преврне и огрее сонце сум одма свежа… И си викам да не се тоа супермоќи и треба да ги употребам во моја корист?! Во смисла ако замислам желба штом ќе преврне - ќе ми се исполни, ако мислам на некој проблем додека е тмурно - ќе го снема! Кога викаа дека е подобро да си ненормален, не верував. Можеби е време да пробам! Значи колку се дере мајкава под мене (гласно, долго, често, страшно- што буквално јас горе се плашам), па јас сум била супер мајка! И нејзиното прво е женско и само на него се дере, помалото е машко и е мирно. Малата нејзина со две репчиња кога ќе ја видам ме потсеќа на мојава мала. Женските се некако такви како џаволчиња (или ѓаволчиња не знам) и две репчиња ми е таман фризура за секое мало немирно девојче. Значи буквално како оган да пуштаат! Машките мали деца секогаш изгледаат мирно како примерни ученици! Не знам дали има врска со хормоните од мајката?! Ај да прогуглам таман уште 7 минути имам печам нешто. Како и секогаш пишав на чатот што состојки имам и ми кажа рецепт за торта. Што ќе испадне не знам.
И на мене, ама мојата не дава да и врзуваме репчиња, а баш и стојат. Јас кога сум во пмс, практично секогаш нели и малата кога е дома, има моменти исто кога се дерам. Не постојано, ама ако маци не е доволно фит на пример да ја носам да се измори на игралиште, а јас не сум спиела со денови, е тогаш сме страшни. Маж ми бега од нас. Кога сме двете по надвор цел ден, нема кога да се скараме толку. Вчера на пример и го казнив ролерот три дена оти вози како формула да вози и не застанува кога и велам да стои. И така. Жими се не сум видела друго толку мало дете да вози толку брзо и бестрашно ролер. Може прооди касно, на година ипол, ама ги надмина сите врсници во груба моторика. Од неа што ја гледаат со ролер во градинка, сите деца сега бараат дома да им купат .
Гутен Таг, Пролетното чистење супер напреднува. Сега Кејти реши и мебел да фрла и треба да му соопшти на маж. Wish me luck. Друго Џокерче ја читав во другата тема за кармини и ми зафали кармин па гледам нијанси на Maybelline. Да бидам убава на деновите кога ќе работам амбуланта. @јolene ти пишав идеи за поклони за роденден за деца некни. Пошто 2 пати го пишував постот трк да ми го прочиташ и да го лајкнеш. Да ми вреди маката. Па и тоа ми беше 500 мислење по ред добив и трофеј за квалитетен член. Кој квалитетен член кога секое мислење 2 пати го едитирам. П.С.Многу е тишина на темата во последно време. Шкртнете нешто.
Ми се испуштило, се извинувам не е намерно. Сега ќе одам и таму да те лајкнам. Купив за едно оти тие активити боард што се со клучеви-светла-копчиња да се штракање. За едното од тие ракетите што се лансираат со скокање врз нив. За девојчето мислам пуззле да земам едно магнетно. За тие другите ќе видам, шо како. Не ми е многу битно сега да сум омилена, да поминам ред ми е повеќе . Јас на моето не погодувам на друго ќе погодам. Кога бевме да гледаме градинки, цо една се заигра со тие плус плус 20 минути редеше. Едвај ја собрав. Дома купив, и кренав џабе ги собирам само. Не ги игра.
Простено Ri-ra Rutschpartie Peppa Wutz или erster Obstgarten се исто интересни. И магнетите се супер идеја или Кнете Сет. Ти на твоето најбитно градинката да ја погодиш, за играчки лесна е. И нели знаеш дека во градинка и јадењето е најубаво и игрите се најинтересни. Ама така и треба да биде. Нека уживаат. Кога тргнува ?
Морген, Бидејќи не игра со ништо не и купувам веќе играчки. Можеби претеравме и ние, многу често и купувавме по нешто. Сега кога ќе ми текне дека и на бебе ќе треба некоја количка ова она коса ми се крева. Мал стан еден тон играчки. Чистка, мебел гардероба планирав и јас да правам , но на ова време не ми се мрда. Ќе чекам потопло време. Инаку и на мене ми фали една сина кошула, едни фармерки. Фустан. Но и тоа не ми се купува сега.
Јас баш сакав нешто за тротинет да пишам. Малиов вози многу претпазливо и како возрасен. Поминуваме пешачки на пример и тротоарот е повисок после и он намалува, застанува и крева тротинет. А малава многу брзо возеше и само еднаш се преврте така како доаѓа повисоко. Ама за неа немаше граници и правила. И зборот ми беше дека сега кога гледам малиов како вози сум ем прегорда ем смешно ми е што ми текнува како возеше малава. Ние одамна не купуваме играчки, во фаза на продавање сум. Мислам дека станав ибеј кралица. Конечно пред месец дена сликав и објавив се од келија. И многу работи продадов. Германциве значи се на старо купуваат. Само Германци ми пишуваат. Да знаете дека нема пари во Германија. Кој не чита и во план е да се сели. Да не имате случајно купон од Only за фармерки?
Како е се поврзано во животот Таман јас за ибеј и за жената со бубачките во чипсот И испаѓа точак за малиов да купам од нејзиното дете, преку ибеј Секој ден се гледаме по 2-3 пати и леле колку глупава ситуација Ми пишале друга адреса и претпоставувам од претпазливи мерки да не им ја знае некој адресата Пишуваше точакот функционира и сега испаѓа дека кочницата не работи и една гума е издушена или дупната Можеби и затоа адресата, за да не ги најдат пак И пишав нели на кое презиме треба да се ѕвони и ми беше пишано дека ќе не чекаат надвор Леле не знам што да мислам, најдобро е да заборавам Изгледа имам точак плус за продавање за резервни делови Ама дали е можно од толку точаци на ибеј јас баш нејзиниот да го погодам????? Е ова е универзумот За тоа што зборуваш тоа ти доаѓа во животот
Какви чипсови и какви бубачки? Јас од малата велам сега да соберам се и да пишам да си ги земат. Мене ми се поклонети и јас да ги поклонам на некој.
Нон стоп пишувам за мајката што сме најблиски. Одиме во шпилплац на пример и јас сум купила чипс и одма наоѓа видео на тик ток кои бубачки ги има баш во тој чипс. Наредниот ден одам со киндер чоко бонбони она ми покажува кои бубачки ги има во нив. Трет ден сум направила нови нокти, она ми покажува видео на тик ток дека од нокти се добива рак, па наредниот месец кога правев ми покажа дека од 01.08 се забранети во Германија- исто видео на тик ток кое секако лажно е бидејќи еве не се забранети. И така. Сега и децава не го јадат тој чипс pringles црвен дека нели бубачки има во него
Џоки јас прв пат го читам муабетот и мајката . Извини. Леле ќерка ми плаче веќе 15мин оти маж ми не слуша некоја жолта песна .