Моментално Онли ги имаш на Заландо од вчера. Јас ги начекав фармерките што ги меркав од 60 евра во дуќан, 25 евра на Заландо. Сега веќе можда се разземени бројчињата ама ѕирни може ќе имаш среќа, или следи ја апликацијата па за недела две сигурно ќе ги има пак.
Фала ви. Јас се смеам на Адидас ама и јас не порачувам онлајн. Немам никакви апликации веќе 6 години. Потешко од скролање за да најдеш нешто нема за мене. Нетипична жена без облека. Одеднаш стил менувам. Се смеев на малава дека еднаш вака еднаш така ама и јас сум иста изгледа. Купив широки фармерки, на ред е големи обетки и шишки. Не знам дали стилот доаѓа со карактерот. Многу се променив. На подобро секако.
Кога гуглаш ти излегуваат препораки па можеш да споредиш цени на различни страни. На повеќето страни можеш како гост да нарачаш, не ни мора да имаш профил. Мене ми е онлајн купувањето многу попрактично. Не чекам ред да пробам што сакам, го наоѓам најчесто тоа што сум го замислила дека онлајн често имаат многу повеќе избор од продавниците. Јас користам филтри и имам 2-3 марки што си нарачувам од нив. Не скролам до бесконечност. Инаку познаничка ми кажа дека бара од чет џпт да и бара кодови за попуст од инфлуенсерите ама тоа не ми е пробано. Гемини не дава.
Дома 22.3 степени. Скоро никогаш волку топло не држиме. Мене ми е ладно и ме тресе. Цела ноќ ми беше ладно. Пак сум збрала некој вирус . Маж ми па он од како почне полен не знае дали е настинка или алергија. Сега да видиме во кој редослед ќе оди. Од сабајле надвор снег, ладно. Дете нормално трча низ дома, овој од горе тропа. Мене ми се спие и ме тресе. Мразам недела кога е ладно. Не поканија на кафе, одбив оти многу мразам кога некој настинат што не му се седи дома се рашетува и шири зарази во затворени простории, па нормално морам да си се држам на принципите. Дојдовме до заклучок, дека ако сака маж ми да одмори од нас двете, треба да не однесе нас во хотел и тоа. Да свртиме еден круг на воздух и толку од денов. Се смени часовникот утре ќе плачеме ако вечер не легнеме порано.
Мт ако сака да одмори, најарно да ви купи еден хотел, на подугачко, барем едно 15 години Истиов го имам дома. Сакал да се спакува. Тоа пошто го префати вирусот од нас, корнизата се потскрши а тинејџеров мава тантруми цело време дури е будна. Јас сум супер, све ми е на игнор, само сарделите ги мислам, ќе преживеат ли ова што вика 4 степени а филс лајк -4
Сега на службен пат ко ќе оди нека се одмара. А може и хотел понатака, не се бунам само да има кој да готви и да не морам да раскревам.
Не знам кога последен пат така сум се осеќала како гомно. 5 дена по ред ми се јавува пријателка дека сака нешто итно да му каже и оти и треба женски совет. Што била работата, била трудна. И јас место да ја исчекам да се доискаже одма излетав со: "Леле супер и јас сум трудна! Првите деца ни се задно и вториве таман ќе бидат" Тишина неколку секунди... Ми вика да, ама јас ти се јавувам оти ми треба помош, сакам да абортирам. И да излезе уште побетер целата ситуација и двете сме имале на ист ден последна менструација значи и сметано на ист ден пресметана дата за пораѓај. Ја утешив и поддржав во одлуката, ама мислам оти женава нема да сака повеќе да ме виде, оти секое наредно среќавање со мојот стомак и со детето (ако дај Боже го родам живо и здраво) ќе ја потсетува на абортусот.
ХаллиХалло, што би рекла комшивката моја Баш сте/сме тивки во последно време Вчера предадовме конечно клуч во стариот стан и денес полесно се дише дефинитивно. Сега турбо спремање за роденден на детуле во сабота, морам да направам списоци за да не ми избега нешто и да се акнеме со бебе на пазарење. За утре беше планирано во Теди да одам да испазарам, ама големиот ќе остане дома и со него ако отидам до Теди, ќе ме кошта или кавга или непотребна играчка Така да, ќе чекам маж да си дојде од работа, ќе му ги тупнам двајцата и ќе отидам Бевме пред некој ден со големиот до Муллер да си направи Гебуртстагскисте и се договорено, си одбра и ајде, си одиме, ама на одење кога сфати дека се ќе остане навистина таму и нема ништо сега да се купи, какво пиштење и вриштење беше, мислам цел град не разбра Некогаш е толку разбран, супер се договараме, ама некогаш ме фрла во очај така кога се однесува и стварно не знам дали само он е таков или сите деца на негова возраст Таман наредна недела имам материјал за кукање кај психологот А малото, леле каква срцка смешна е Како мало мече е, скроз е чилл, решен да стои на нозе по секоја цена, решен да јаде сам по секоја цена и секој ден има обиди да го дофати пивото на татко му Омилена играчка му е модлата за мраз за во фрижидер Детуле големо денес беше на последниот час по пливање и сака да продолжи да оди, многу му се допадна пливањето. Ќе се распрашам после Велигден како и што за понатаму да продолжи да оди. Маж имаше роденден завчера, наполни 40 години Успеав да смучкам еден брз нутела чизкејк, купивме поклон, му напишавме честитка, детуле му нацрта цртеж и го израдувавме Најголемиот терет околу селењево падна на негов грб, јас со децава и не бев од некоја помош, ама сега е готово, се е пренесено, тука е сеуште Бауштеле во станов, ама полека ќе се средиме. Го гледам дека и он полесно дише, дека не е толку под стрес и ме радува тоа Имам куп обврски од утре, повеќето се за средување преку телефон/мејл, ама мене ми се исто стресни и како да се обврски со одење некаде со термин. Туку денес дете ми постави прашање, што ми е и смешно, а и не знам како да одговорам. Мама, како можат бебињата од стомак шлупфен, оне Аусганг? Да земам да гуглам сега, како да му одговорам прикладно на возраста Убава вечер на сите и шкртнете по нешто @gjoker4e ако сепак се одлучиш за фармерки преку Заландо, имаат некоја акција (мислам дека уште трае) некоја соработка со Киндер чоколадите (за Киндер Дупло сигурно, не знам кои други се вклучени во акцијата), ако купиш чоколадо добиваш код за Заландо плаќаш 15€, а добиваш Гутшајн од 30€.
Сто пати пробав да одговарам на ова со пример од мојот живот и ниту еднаш не се прати, значи не треба. Животна тајна на две особи што треба и јас цел живот да ја носам дека баш мене ме избраа за помош. Ама демек се е со причина… Се што е поврзано со семејство се останува неутрален и се седи на страна. Овој синоќа лошо му беше и вика извини за се и дали може да гледам дали диши. Леле викам ако му се случи нешто ќе бидам јас крива?!?!?! Дека сакам крај?! Еднаш имам викано брза помош, од шок не се ни сеќавам на моментот на кој број и што сум рекла? Единствено што се сеќавам е колку беа бомби тројцата што дојдоа! Па пазев до кај 1 и после сум заспала. И си викам Господе не сакам ваков крај аман нека не му се случи ништо и нека стане сабајле! Страшно беше синоќа, посебно тоа што милион пати рече извини и прости ми и викам леле крај е Јас сум 5 до 12 Па фармерки купив на лице место на 5 минути до мене е трговскиот и има Only Со децава отидов и избрав за една секунда, пробав, не се заклучува, па зедов поголем број и ги пробав дома и не се закопуваат па не јадев и се убив пиејќи вода за да можам да ги закопчам и успешно беше Многу се широки и како вреќа сум ама ќе се трудам да не изгледам секси и да пронајдам некој што ќе се загледа во душата моја Премногу сум привлечна и не знам дали ме разбирате ама ете во широко ќе се облекувам и ќе изгледам како вреќа ама сепак модерно Јас и се нервирам кога ѕвони ѕвончето. Ако не сум нашминкана нема ни да отворам на пример па ќе треба да одам по пакетот ако не се ни комшиите дома. Не ви кажав дека пак уттедентљ ѕвонеа од водафоне леле чадев и не отворив ама најлошо е што тропаат на врата и ете да бев нашминкана ќе им отворев и лом ќе ги направев ама не бев за жал
Морген . Вчера се смени саатот, алармот во 5 и 15 , а тоа 4 и 15 по старо. Станав , роварев по дома , печев мафини. Се славеше роденден на големата, со другарките. Бевме во трамполина хала . Возев преку автопат. Не беше страшно, како што замислувам во мојата глава. После стандард кај нас дома на ручек . Шпагети со болоњезе сос. Секој роденден се прави тоа . Со другарките се смеев , дека ќе правам до свадба исто јадење . Играа игри , ептен хармонични се . Убаво другарство има . Различни типови сите , се заедно ептен убаво хармонираат. Па отварање поклони. Од убаво поубаво спакувани. Цвеќе, рамки со слики , ваучери , шминки . Ми се допаѓа како другаруваат. Нема токсичност , со една другарка да бидат како во врска, како што знам од моето минато . Нашата ученичка од Франција си замина после 10 дена . Многу убаво си поминавме заедно . Цела недела акција, шетање , вечери . За крај славење на роденден , сите ги собрав кај нас . Па вечера .. Уште еден роденден во сабота на средното . 12 ќе полни тоа . Децава дефинитивно ми пораснаа . Малото како расте ми се допаѓа се повеќе неговиот карактер. За две недели и конфирмацијата . Големата си беше на термин за нокти , косата ја среди со прамени . Купи убави штикли . Сега е спремна . Јас најдов нешто на брзина , во блискиот трговски центар. Уште палто ми фали и некои чевли . Од денес има распуст. Јас уште оваа недела на работа и после една недела одмор. Ќе се спремаме . Второ кафе се прави и да тргне денот
Сакав да трчам роденденски, ама не сум толкав фрик и на дожд да трчам . Знам за клишето дека нема лошо време само лоша облека, ама до толку не се погерманчив. Утре ќе одиме на 3 дена во Македонија. Тоа е оптималното време за останување таму (според мене), Да се видиш со сите и назад. 3 дена ќе седиме, 3 дена ќе врне. Ние ќе си одиме 20 степена ќе биде…. И така си се мислам има врска со кои пасош влегувам и излегувам во Македонија? Да влезам во мк со Македонски, а во де со Германски? Ајде дојдете ми сите на торта таман нема што да де прави на дождов.
Среќен Роденден да си жива и здрава. Баш ми е мило 3 дена е супер барем сега нема кој да ти се меша во одлуките. Ние овој пат се преценивме дури 2 недели ќе седиме во мк. Го чекам денот кога ќе можеме да си изнајмиме стан за престојот во мк, да не седам кај свекрви. Може ќе ми се исполни желбата некогаш, мада тешко со оној мојот. Незнам зошто толку одбивност имам спрема нив. Значи сме немале кавги, но со самите постапки. @bubemconia со лесно бременоста . За другарката ако е права другсрка ќе остане. Тоа е нејзина одлука за абортусот. Ти си ја подржала и тоа е . И мене тоа ми е маана што не знам до крај да ислушам. @gjoker4e Тој е типичен нарцис. Тоа што си му го рекла одма тој ќе умира незнам што. Следниот пат ќе се беси, па недај боже може и рака да крене. Другарка ми имаше таков еден дечко , среќа стави крај. Кога му раскина тој зеде нож, ја заклучи едвај се спаси таа. Као демек таа ќе си оди па била пи*ка , сакала да избега… И никогаш не беше таа добра, немаше амбиции, беше ваква таква. А тој беше најдобар…
Morgen. Малата денес 15 за 6 почна да прета. Па дури едно врме охрабрена од татко и ми вика ајде мама станувај, доста е.. Одма со акција нормално и до 8 ипол и пазар направен и дома бев. Сега може да дремам два саати, да искористам тишина и белки поскро ќе ми помине настинката. После пак акција. Дома ќе се чуваме. Надвор ладно и ветер дува. Среќа прогнозата за викенд сонце вели. Среќен роденден на @Dancewere. Со македонски во мк влегуваш, тука со дојч. Ако влезеш во мк со дојч па и да се пријавиш во полиција ќе треба. Така да уживај. На германскиот пасош купи си карти.
@Dancewere среќен роденден, жива здрава да си Изедов една цела Милка После тужно ќе ми е. Епа како нема . На ФБ ми се појавуваат некои страни , безвезе . Интервју со некои непознати , живееле во странство и децата ги чувале Сами .. Сами Ко да којзнае што прават , толку посебно.
И јас ги читав леле кога ќе го прочитам тоа: Децата го чуваме сами без ничија помош кожатата ми се ежи.
Епа вас кој ви е крив што не правите галама од тоа дека чувате деца сами . Ај ќутите си. Друго ниво сме тука ние дивјаци збрани. Асоцијалки и нетолерантни кон свекрви. Ајде мене денот полека ми почнува. Не спиев ноќеска. Бегам од малото да не го заразам, она па се од моја чаша пие, доаѓа во сон да се гушка, у лице ми дише. Со раце во уста нормално. Па сакала ко татко и да ме бакне, на уста, па плачки и така.
Утре сум по втор пат на кафе со мојата соперничка. Spoiler: Тему Некој може да ми објасни како се порачува од Тему? Цело време вируси гледам Вируси се ова? Реклами? Артикли за 0 евра ќе стигнат сигуено? Зарем ваква е апчикацијата?
@Dancewere среќен роденден и ссмо убавини. Шести ден со антибиотик, почеток на бронхит и никако да се поарнам, кашлам леле мајко особено кога ќе си легнам.Ај ќе мине како кутре.