Морген . Лесен помин на сите болни . Времето е без везе , па не е ни чудно што има толку болни Јас однесов синко на градинка , па во спат да пазарам. На крај Action. Најомилено место за пазарење ми е . Со дечкото на каса направив муабет. Вика овде е најефтино, и со добар квалитет. Производите се дупло поефтини од било каде . Купив еден обрач за балони . Еден помал од тој што го имам дома , за маса е овој . Еден за доле , еден за горе . Другата недела да декорираме . Сега да спремам поклоните за колешките . И на работа
Морген Тмурно утро пак,времево секој ден ме убива не го можам Синоќа не спиев баш најдобро,болка во желудник ли беше не знам што беше,станував едно два-три пати не се осејќав добро и на крај прекина па си легнав. А и синко машала ме убива на вечер шутирајќинема раат спиење. Утрово додека миев заби повратив малкуимсв пак некоја тежина,ама заврши се надевам Си направив едно ладно кафе и се спремам нешто да подработам,една перална,уште една и така Неделава ке ја спремиме собата за синко и мислам можам после да одморам на раат и да си чекам термин
Ќе има време некој на кратко да ми објасни за Тему? Што е со рекламите и производи за 0 евра и 200 евра ќе врателе отпосле демек и како да порачам? Симнав апликација Направив акаунт Секој ден ми стигаат по 10 мејла за некои си 130 евра гратис Кај и да е ќе избришам апликација
Прееска завршивме на итна . Во градинка паднал малиот на нос, уста потечена , крвав цел . Хирургијата кај нас затворена и моравме на итна . Два саата се изначекавме , стандард . Чекалната на беше полна ама ете пак се чека . Па едни две жени се најдоа од некаде, се знаеле и се довикуваа цело време . Муабетот за болници. Деца , пораѓај.. чуда . И сакаш нејкеш ќе чуеш што зборат . Едната, помладата вика .. абе каков Wochenbett, немаше тоа кај мене . Па другата и потврдува . Па глупости. Мислам како може жена да збориш така за друго жени . Тазе породени, биле лигави . Она од болница одма ручек правела и чуда . Маж вика многу сум се замарала со други луѓе. А не е така , него бев приморана да ги слушам и само со дадов мое мислење Сега одмор малку
Тоа со кредит враќање и јас не знам како оди. Тоа со гратис производи, ти дава да одбереш пример 8 и ти бара да направиш нарачка за мин. 30€ и ти си правиш и си мислиш дека ќе си ги земеш производите што си ги одбрал, оп - само два ти дава гратис. За следните два, пак треба 30€ нарачка. Глупости. Ена, се надевам дека е добро малиот. Нека поминува со лесно.
Бираш пр 6 производи и на крајот ќе треба 2 да платиш тие што се најскапи а ќе добиеш 6. Така беше сега незнам може да е како што вика марге да платиш 30€. Инаку јас претпочитам алиекспрес но ме нервираат и таму мн мејлови добивам.
Денес бев на родителска во градинка и имаат некое Entwicklungschnecke за оцена на децата со 120 прашања. Детево мое за моториката е со две леви раце (ко мајка му), не ми се веруваше дека го оцениле најдобро. За доказ ми покажаа нешто што сечел со ножици и се уште мислам дека е тоа од некое друго дете, не ми се верува моето да е така прецизно и трпеливо. Од друга страна за делот Denken го оцениле добро само за негова возраст (дури и помалку) и ништо повеќе. А детево размислува логички, смета, растура за негова возраст. Една искусна воспитувачка од другата група кога и да ме види ми кажува колку е воодушевена од неговата логика. Викам дај да ги видам прашањата. Вели па не знае до 20 да брои, треба полека да го учите веќе. Молам? Детето е на три и пол, брои до 100 на германски, до 20 брои уште на два јазици, може и обратно од 20 до 1 без проблем да изброи, знае поголемо помало до 20, двоцифрените броеви ги распознава и кажува на германски без грешка, собира до 10 (понекогаш со прсти), знае да ги напише редоследно сите броеви до 20 и да не редам уште што се не знае со броеви оти тоа му е опсесија и само тоа го интересира и со гордост кажува кога и да го прашаш. Да ми кажеа за букви, ќе се сложев, тапа е и има нула интерес. И ме гледа зачудено таа воспитувачка нова што и е прва година и вели ништо ќе го прашам пак. После ми кажуваше малиот дека го терале денес до 20 да брои им избројал до 40. Сакал уште ама го сопреле И сега ќе ја нарачувам таа брошура за оценување баш ме интересира каде стои детево и во која насока да го насочувам.
Вчера паднал од камен , или на камен не ни знам како ми рекоа . Само знам дека кога отидов да го земам ме пречекаа една мајка со дете и ми раскажа дека детево се утепало , цел крвав бил . Од градинката рекоа не се јавивме знаевме дека ќе дојдеш сега И за понатаму рекоа да го следам дома . Ако го однесам во болница треба записник да направат што се случило . Нормално го однесов во болница , се жалеше на главоболка . Цела уста потечена , не знаевме забите дали ги повредил. За среќа само устата е потечена со хематоми ... И да мирува . Ноќта помина добро . Јас не спиев од мисли , да не поврати , да не нешто му биде . Ама сабајле стана како секој ден .
Едно кулинарско прашање Можам ли хопла измешана со фришкезе и шеќер во прав да користам како крема за декорирање на мафини? Ќе биде ли доволно цврсто? И плус малку боја да додадам Секогаш купувам буттеркрем, ама малку користам и остатокот го фрлам и сега ова имам во фрижидер, па ако можам да го искористам, да не купувам буттеркрем за џабе.
Здраво, дали имате контакт од некој што врши услуги за достава до Македонија од Германија? Се работи за медицински спеј. Фала
Ќе пробам, па ако не излезе како што треба, може да поминат и без декорација мафините Инаку за сабота ми требаат, сабота ќе слави со другарчињата, понеделник му е роденденот.
Секој со своите “маки” па така и јас стравувам да не имам стомачен вирус, утре е четврток, ден пред неработен ден Сабота е сабота, ден пред недела и ден после неработен ден, и ден ден пред неработен понеделник и ден ден ден пред мојот одмор од вторник. Да мора да пишам кранк четврток или сабота е ноу гоу за мене. Значи може било кога од сабота вечер па натака ама немој утре или сабота! Купив кока кола па и би се напила некои сирупи неотворени што имам дома за децава ако не им е поминат рокот, ама на работа ќе се појавам! Барем да ме видат нели и ако сум болна да ме пратат дома ама да имаат жив доказ дека сум болна! Држете ми среќа!
Од мк секогаш си набавувам Диа Стоп прашок во ќесички, одлични се кога напаѓа Маген дарм. Прва помош ми се во тој случај.
Фриш кезе и сане сум правела, ама ако оставиш еден ден во фрижидер се исушува некако..не стои глатко. Ама во кесе за филување може да стои. Сакав да речам, кремот во петок вечер можеш да спремиш, во кесето да го спакуваш и во сабота да ги филуваш. Ако користиш хопла, ина нели е поинаква структура од зане, може и ќе биде вистински погодок..за сигурност стави една ќесичка од тие за шлаг шо се ставаат.
Ја на х-от одам. Тоа се трикови за повеќе и повеќе да купуваш. Ако не ми треба нешто за брзо време стои во корпа па порачувам кога е намалено, знае да даде така попуст на одреден производ што ти е во корпа.Ако се намали цената на нешто откако си го купила, имаш можност во рок од 30 дена да побараш да ти ја надоместат разликата. Порано добивав понуди стално ако направам 50еу добивав 17еу попуст од сумата и тоа беше солидно но мнгоу долго време не сум добила реален купон за попуст. Напротив имам впечаток дека и тему и шеин станаа поскапи од локален маркет овде. И да најдеш нешто ефтино си обврзан да потрошиш 25еу или слично за да се реализира порачка.. Го мразам овој период во Германија, рана пролет ако може да се рече кога во еден ден одиш по куси ракави дс фрлиш ѓубре, по еден саат облакаш зимска јакна за до маркет, за накај дома ќе те накисне дожд... Друго да си прашам, има ли некој направено Bund ID? Со офентал картичката ли треба? Од Ausländeörde ми рекоа дека е таа картилка и тие кодовите што идат со листот кога ја добиваш што има како лепенка од нив. А кога се обидувам да креирам не ми оди.. Би сакала да имам тоа да аплицирам секаде онлајн.
Јас ко што се правам имам и тоа направено ама многу одамна. Не знам како да ти помогнам? Фала ти за Тему. Апдејт дека бев на работа. Lachs со рок до 31.03 ако го јадеме денес 02.04 или замрзнеме ќе ни биде нешто?