Значи за викендов сум ги уплатила сите можни лотарии, ако ме снема, од милионите ми е. 10 милиони е џек пот. Баш толку колку што ми треба. Детето мое почнаа другарчиња од градинка да му идат и да го канат на гости. И малце ми беше незгодно, оти се со некои ботоксирани мамички и фејмоз татковци треба да се среќаваме, ама излегоа многу кул.
Богами и јас треба да почнам да уплаќам, пошто не гледам друг начин за реализација на некои нешта.. И работа може ми треба . Ама тао ако ми се падне неклј милион лесно се решава.
Морген . Денес пак славиме роденден , овој пат на синко. 12 ти. Слика нема , зашто станал порано од мене и отворил се од поклони Пак печам мафини , торта вчера правев . Од обврски за славење сум ослободена. Деверот ќе биде шофер . Ќе слават во Келн , Fußball Bowling Па се мислам што да правам денес .
Морген Ненаспана левел про махме тепа несоница во последно,ама и синко ме уби шутирајќидве во едно Замесив тесто за кифли,викендов имаме гости два дена,се преселивме во нов стан и ајде уште додека можам да пречекам гости. Додека не сум се породила де Ако го преживеам денов денесни кафе не ме расонува,ама битно домачица да будем цел ден
Оф да ми е овој памет сега од кревет не би станувала додека бев трудна . Чувај сили за бебе. Ете сум јас да сејавам ненаспана со бебе што му растат заби, регресии, скокови …
Може да се дружиме секако , ама ние се саат ипол од Келн. Роденденот го организираше мм , нешто поинакво од секоја година . Па ова го најде малку подалеку. Јас немаше шанса толку далеку да возам за еден роденден. Се автопат Да пише @Marge како помина нивниот роденден Јас вчера планирав малку да одморам , и таман да легнам дојде золвата . Па торта , од торта преминавме на пенливо вино. Цело шише мавнавме . Се вратија децата и толку од мојот одмор .
Во 5 и 40 сум пишала . До сега ја средував кујната и шпајзот . Може требаше да се ставам во улога на мм и да лежам додека станат другите . Па да го прашам што да правам денес, додуша треба прво он да ме праша што ми е планот за денес ..па тогаш да прашам што да правам . Ако не ќе лежам. Може мојот проблем да е сакам да е секогаш средено , на другите не им е проблем . Како и да е Денес е Велигден. И другата недела е Велигден ама денес најверојатно нема да славиме . Туку само нешто ручек ќе спремаме. Татко му беше поканет на ручек ама одби од необјасниви причини. Золвата спомна дека може сме му гласни Океј тогаш нека седи сам дома и нека јаде нешто од дози спремено . Некоја супа . Големата вчера беше излезена со другарка и нејзина сестра . Најверојатно се вратила во 23 часот. Татко и беше тука да ја земе и пречека. Јас легнав
Од секогаш ме нервирало кај мајка ми, а сум забележала и кај свекрва ми, одиш по него и се нешто му кажуваш што треба да прави. Оти нели женски очи и машки очи не гледаат исто. И велев јас не сакам вакви тензии да си правам во брак, ние разбрани ќе сме. Ахам истата смешка ко си велиш дека со дете се со арно ќе си, и оно ќе те слуша и нема на пр да сака да јаде сапун . Исто нели они можат да се исклучат и во секунда да заспијат, а ти додека не слушнеш по милион пати како дишаат децата не можеш око да склопиш. И иста е ноќта и за мене и за него. Ахам.. Мене ми е трета смена да си кажам, веќе со месеци се будам само уморна. Настинки, заби, нови вештини, преморена сум. И така пошто не ми се расправа, сегде е хаос. Ама тоа ајде така и така, повеќе ме нервира што мора да акам за да се јави негде или да пиша негде. Ќе почнам веќе од неговите четови да праќам пораки. Мејлови веќе одамна јас пишувам. За вечер планирам сите неотворени писма што му се да му ги истурам на маса. Еве на. Ај да не почнувам, веќе и нервозна станав. Саат и нешто сме будни, дете уште не е понудено да јаде. Веројатно мене ме чека. А ја мрчам. А он не разбира дека мрчам нели. И така, од тие денови кога ни треба преведувач сме.
Морген роденденот вчера помина препреубаво На почеток бевме малку како збунети со маж, ама после влеговме во шема, се опуштивме и сите си поминавме супер. Барањето на богатството во паркче, беше полн погодок И на секоја мисија, им имавме спремно задачи да извршат, за да стигнат до следната мисија - фрлаа обрачи, носеа јајца во лажица, се тркаа, се лизгаа, се лулаа…на крај, откако ги завршивме сите мисии, ја најдоа Шатцкартата (пред тоа ја истапкав со кафе, за да изгледа старо ) и го најдоа богатството Мали ќесички излепени со светкави стикери и полни со чоколадни парички + Уркунде Се изнарадуваа, души златни. Планирано беше после Шатцзухе, да се прави пикник, ама времето не беше баш на наша страна, беше ладно и малку проросуваше, па ги внесовме внатре. Внатре јадеа, си играа, девојчињата си цртаа, машките лего градеа и на крај никој не сакаше да си оди Џабе се секирав како ќе биде Мафините не ми се погодија, немам поим дали беше до рецепот или до рерната (рецепт што прв пат го правам, а и рерната ми е нова), ама две тури завршија во ѓубре На крај, во петок во 10 навечер најдов некој зебра колач, го направив, за да се дува свеќичка и не беше лош. Само не го јадеа, не им се јадело Случајно налетав на еден “рецепт” на инста - обични вафли од маркет, пресечени на пола и потопени во чоколадо до пола и штројзел одозгора. Не знаете каков хит беа Маф ги направија И маж ми земал и обичните балони ги наполнил со хелиум и им врзал надолу врвки и сите залепени горе на плафон, исто - хит Па ги собираа, па си ги делеа, па сто пати прашаа како се лепат балоните горе Дечиња златни, колку малку им треба за радост Беше и една мајка, детето и е ептен срамежливо, ама и она ни помогна И многу се изненадив, дека се што си имаше ставено детево мое во Гебуртстагскисте му земале, буквално по две - три поклончиња од дете имаше Додуша ние го ограничивме со пари и му дадовме да бира ситници, до максимум 14€ и гледавме се да е на попуст, може и затоа така земале, ама убаво ми дојде и мене што толку многу го израдуваа и му угодија Spoiler: Што значи да живееш во мал град :) Доаѓа мајкава на роденденот и вика - јас сум била во станов, од кој го купивте? И ние и кажуваме и вика - аууу бивши дечко ми беше тој, еве во оваа соба тииит Германциве колку се отворени, за разлика од нас ми е фасцинантно и истовремено пресмешно, која коинциденција и дека и тука секој со секого се знае Денес конечно пролет надвор, до 21 степен ќе оди температурата. Сабајлево слушнав на радио дека ќе има нешто, ќе се организира во замокот, па да пробам да го убедам маж да отидеме до таму. Секако дете сакало во шума, па од таму да продолжиме. Утре - Леголенд За маживе, сите се исти. Буквално без никаков план, барем мојов. А сигурно и они за нас истото го викаат - овие жениве па, се нешто да планираат Јас од сабајле првиот контакт со маж, го поставувам најбитното прашање - кој е планот за денес? А него, коса му се крева - нели можело спонтано да се живее. Спонтано, во превод - цел ден да лежи Не може! Имајте убав празничен сончев ден
Кај мене само вториов дел е ист. Туку сакав да кажам дека поштенското сандаче за да се отвори треба доле лево ќошот да е убаво затворен, ама мм инает ќе го отворал без тоа и му се скршил клучот и ми го зеде мојот клуч и јас сум без клуч за сандаче со месеци веќе. И синоќа ми текнува, негова тврдоглавост- треба сам да си сноси одговорност, и си го зедов клучот назад. Колку само малите ситници прават огромна разлика. А јас за било што се однесувам како ништо да не е ама очигледно морам на секоја мала ситница драма да правам. А јас кога сменив работа испадна сите братучеди да се на старата и новата.
Туу еден ветар што се раздуја. Ќе летне се од цвеќиња што сум ставила надвор . Денес само што ручкавме , ништо друго не правевме . Телешки ролати со кнедли денес . После цел ден лежење . Заспав на кратко. Мм однесе деца кај бабата на поклони делење Бабата му направила слика на најмалото со зајче од дијаманти . Женава 91 година ама фит вака . Се занимава со вакви работи . За Велигден, Божиќ спрема вакви слики . Јас конечно најдов филм за гледање , што ќе ми задржи внимание . Сега да се облечам во пижами и толку од денот
Ве читам тука и заклучок ми е дека во нашиот брак јас сум мажот. Значи буквално се' тој прави. Неработни денови станува прави доручек, ми носи кафе или чај во креветот, го спрема детето и си игра со него. Јас дури кај 11 се појавувам во дневна. Тој чисти, тој пере, тој бања дете, носи на градинка, зема од градинка... јас само си играм со него, готвам, и пазарувам. @Marge пиши како ќе си поминете во легаленд и дали е за деца од 3 години? Ние бевме во Дизниленд и Европа парк и на многу атракции не можеше да се вози оти е мал, што беше океј бидејќи до 4 годни не се плаќа влез. Во леголенд се наплаќа уште од 2 и со оглед на тоа дека не добив ниедно лото викендов, не ми е баш сеедно.
Он вари секој ден кафе, работен- неработен. Готви во неработни и се тоа. Чистам, перам јас. Ние имаме еден ѕвер што не не остава еден да поспие, само со другиот да си поигра. Напорно е исто како бабите замор. И така. Ама може и јас многу барам шо знам, ама ете вчера ко спискав значи се можело да се направи и за се имало време. Само треба така да се карам. Вака од утре мене ми е поправена работата и знам шо и како да организирам.
Никогаш не сум сакала деца, поради тоа што ја кажуваат вистината. Примери од моиве деца сега: Малиов: ама fette Bauch имаш Малиов: цицките ти изгледаат како Wurst Малиов: сабајлево, вика а си ти истата од вчера или друга мајка е вчера, сега си многу anders, вчера ги немаше сите овие Punkte на лицето, викам и не знаеш што е разликата, вика не, викам епа вчера бев нашминкана, сега не сум Дека јас секое сабајле на работа и ме гледа нашминкана ама денес викам ем неработен ем одмор и не се шминкам ама ништо морам Малава: вика да ти кажам нешто, тато го оставеше телефонот во кујна и јас одма истрчав и му прочитав се што пишувал и ми кажува што типична жена
Па тебе веќе ти се паднала лотаријата, што чекаш уште да ти се падне? Ми кажува ќерка некој виц, од интернет- кога жената ќе каже, мажу нешто мислев- значи или треба нешто да се купи или да се монтира. Ме мрзи да се објаснувам За денес му реков биди креативен, најди решение за тоа и тоа. Па нека мисли. Денес работниот ќош да си го средам.
Јас пак оти се напорни и гласни и нон стоп нешто бараат. Мислев моето поинаку ќе биде, ама најбетер е. Плус пак е виросано. Ама како и на секоја мајка, нели какво си е такво си е, многу си го сакаш и најарно ти е. Пиши ми листа шо шминки ми требат да се нашминкан убаво и пристојно за повод. Шо да купам. Земи цо обзир оти сум стара според твои стандарди и не знам да се шминкам. И какви четки ми требаат. Со слики се тоа. Сува и чуствителна кожа имам. Сакаш тука пиши ми, сакаш во порака. Или видео праќај нешто да видам како се шминка и не знам кој термин шо значи.
Ако е во мк да си платиш да те нашминкаат. Ако е овде види некое видео на youtube. Пудро , руж, сенки, маскара. За сува и чувствителна кожа добра скин каре.