Некој што кажал дека децата ако се поголема разлика гадно се излажал или пак моите така се погодиле. Малото заби вади, не спие, лази пика се во уста, пишти оти сака во раце. Другото во некоја фаза нити голем нити мал од една страна прави и бебешки работи од друга страна мисли дека се знае ии дека е веќе голем . Фаза ли е карактер ли е ама ме шекнува, разни дијагнози препрочитав па незнам нормална фаза или си има нешто во што остапува од другите. Битно јас како мајка се шекнувам секој ден , а татко како татко ништо му се нема променето во живото. Си ужива , си се средува оди на работа вајда и љубоморна сум му веќе. Се изнажалив ама еве едвај чекам да доде 9 па до 12 да одморам психички и физички. Па од утре пак во бубањот се надевам на колку толку мирна недела.
Кејти даде уште поубава идеа, да си викнам некој дома да ме нашминка. Ама не е изводливо да идам ни па да ми дојдат да се нашминкан, од одредени причини. Прво оти не сакам да ме направат како тетка, псоле оти ако не ми се погоди неккј производ на лице избивам алергиски и има опасност да отечам или да ме исфрли егзема, и трето свекрви ќе паднат у несвест. Може евентуално да купам мои производи и со тие да ме шминкаат, да ги тестирам јас прво. Само да најдам некој да намине да ме нашминка
@bubemconia мислам Леголенд е повеќе за деца од некаде 4, па и 5 години. Многу мали деца гледам носат, мислам дека на повеќето атракции и можат да се возат, нормално со родител, ама колку на толкаво дете му е доживување сето тоа е прашање. А картите и не се баш евтини. Ние од 4ипол некаде почнавме да го носиме детево, имаме годишни карти, живееме на пола саат од Леголенд и редовно го посетуваме. За помалите повеќе ми одговара Пепа Пиг паркот. Или евентуално комбо карта да земеш, сигурна сум дека има, па да посетите и тоа и тоа, секако се преку улица еден од друг. Леголенд мене ми е преубав и за возрасни, јас и маж го посетувавме уште пред да се роди големиот. Сите тие градби направени од лего, мене ми се фасцинантни. И сеедно колку пати сум била, не можам да им се изнагледам и изначудам. Во секој случај, вреди да се посети, само немојте ептен во сезона, многу многу се чека да дојдеш на ред за било што. Официјалниот роденден го прославивме во Леголенд, си одбра некој Нинјаго меч за подарок, му ги купувме и жив среќен Ми наполни сонцето мое 5 години, не ми се верува колку брзо лета времето Се прибравме дури во 19 часот. Преморени, освен нормално големиот. Не знам од каде ја црпи таа енергија Испеглав алишта за утре, спружив една машина, а вечера ни зготви еден италјански Ристоранте Малово заспа, големиот го слушам уште ровари и преговара со татко му нешто, ама ќе заспие и он кај и да е. Да пуштам една епизода од една серија што ја гледам, каде што никој од глумците не знае да глуми, ама се запнав да ја догледам Добра ноќ
@јolene Не знам дали е повод или на стари години си најде симпатија! Spoiler: Моите шминки Карминот и моливчето никако не се прикачуваат. Го знаеш она, една се шминка со саати, а другата само ќе се насмее. Подобро да си таа што ќе се смее. Пиши му на чат џпт и ќе ти прави линкови од сите производи и порачај ги онлајн од дм ама да ги подигнеш за два часа во филијалата. Јас му го праќам моето лице без шминка и он ми праќа шминки за моето лице. Кога ќе се нашминкав пак му праќав и ми кажуваше што да поправам. Помалку од 10 производи ти требаат. Он има листа за низок и листа за висок буџет. И видео на јутјуб за почетно шминкање. Јас сум сингл од почеток март. Не е некој што ќе доаѓа дома со цвеќиња после работа и ќе ми плаќа ботокс два пати годишно. Можеби само за данок не бидува заедно. И за работа. Време е да се фарбам портокалова.
Што мислите за шумските градинки? Имате ли искуство лично или од познаници? Се повеќе размислувам за малово кога ќе дојде време, да го пуштам во таква градинка, ама немам никакво искуство, ниту пак познавам деца што одат таму, па би ми значело секое размислување и став на таа тема
За Waldkindergarten мислам дека е над 3 години . На секое време се надвор .. ова не е за нас . Мислам за синко . Додуша они имаат група каде нон стоп одат во шума и таму го тераат денот ама сепак.. за секој ден не знам дали би го пуштила Јас терам пензионерски живот . Надвор под сенка . Со 4то каде за денес Со поткаст за криминални дела. Сама
Искрено и јас не би пуштила. Да убаво е да поминуваат надвор време, секогаш на секакви усови. Ама сепак се деца, некогаш се настинати, изморени, не можат да се облечат убаво сами. Па чизмички пропуштиле, јакни не дозакопчале, се намокриле на дожд. Па не сакало капа да стај, ќе ја тргне. Едно девојче од крипе на ќерка ми ја запишаа, мајката вели сите јакни ги испробала и сега знае точно кои се непропустливи а кои само се декларираат така. Т.е на што треба да внимаваш за да не прокиснат. И девојчето сега пак било постојано болно иако во крипе последната година не беше. Многу убав двор и јас така си посакувам и да си пијам кафе и да си решавам судоку. Може ко ќе попорасне детево малку и ќе ме остави на раат. Фала @gjoker4e многу.
На паркингот спроти нас од 18 стои една кола, мажот само правеше кругови, отвора врати, багаж, оди до кола па пак прави круг 20:30 се стемни и мажот и жената ставија ракавици и маски и вадат црни кеси од кола, едната беше претешка и ја влечеа Мислев мислев мислев и дури 21 се јавив во полиција За неколку минути дојде полиција и ги контролираа мажот и жената односно пасош ама не ги провери ја ќе сите!!!!!!! Како да не ги ни видоа!!! Значи 100000% станува збор за нешто! Мислев ако ми ѕвонат од полиција ќе речам а што е со црните кеси?!?! Можеби по лична карта се ок луѓето ама по кесите паниката стресот и да чекаш да се стемни и со ракавици и маски и од некој си друг град регистрација не е нормално!!!!!!!!!!! Значи не ми е јасно?! Нели треба некој кесите да ги провери?? Ги расподелија на две места. Филмови не гледам воопшто! Можеби требаше пак да се јавам ама така ли контролира полиција?!
Може се некои новодошљаци, па влечеле алишта или шишиња во вреќите, дошле дури до таму за да не ги види некој од срам . Незнам шо е работата, ама поарно не се мешај. Ако не ги провериле ќесите, тогаш тие маскираните имаат измислено добра приказна, имаат јако осмислен план или имаат јак грб. Најубаво е да не се мешаш, а и уопште да не гледаш, може да видиш нешо шо не треба па после....
Човекот сеуште кружи и пак дојде полиција Јас во меѓувреме спиев ама станав кога слушнав полиција Човек во црвена кола вработен значи ама во црна облека со полицијата и човекот го зедоа и до едната кеса и човекот ја отвори и имаше лап топ компјутер така нешто И на крај пак си отиде полицијата Значи сепак го следеа без да се знае дека е полиција Ама другите кеси ги снема, не знам каде се, така ги предадоа значи Другите кеси мирисаа значи дефинитивно има месо ама не знам какво мајко мила Од 18:00 трае ова и човекот е препотен и под стрес Цело време оди лево десно Ама 22:43 е морам да си легнам Страшно каква глетка леле страв ми е да пишам од кој град е регистрацијата ама од NRW тоа е страшно далеку од мене и некој им помага тука, се договораа со прсти кога да дојдат другите маж и жена и овој им покажа за 10 минути со прсти
Ова и мене ме заинтригира, од прееска те чекав за update! Толку блиску до тебе се дешава што можеш да видиш такви детали и мирисот на месо го осеќаш? Емигранти се?
Не можам да спијам Колата е сеуште тука ама жената ја нема, а мажот сеуште оди, нели го заболеа нозете од 18 часот оди? Сакаше мажот да оди некаде ама жената го сопре и се караа и на крај жената отиде и сеуште ја нема Гледам од прозор Мирисаат кесите и самите носеа маски и едвај ги изнесоа од кола ама спиев и веќе ги нема тие кеси, кога дојде полицијата беа под една маса ама овие до масата, мислам мораше да ги гледа полицијата кесите Се надевам дека нема да застанат тука и пак ќе ги следи некој без да знаат И мажот е под стрес само оди како паничен не може да се смири не го фаќа место од 18 часот буквално и по влечки е како на брзање да излегол од дома, чорапи и влечки и од НРВ до тука се многууу саати возење
5 часа со кола проверив Зошто би дошол по влечки? И ја луфтираа колата повеќе од три саати дека мириса многу
Кај отворив и ве прочитав ме заинтерсира ептен што е ова Не е нормално сигурно Ама ако имаше нешто зарем полицијата немало да ги приведе @gjoker4e не спиј