Еј може снимаат крими филм. Кај нас на работа вчера, имаме комшии во индустриска зона куќа со три влеза значи 3 фамилии. Колеги си излегле во дворот да пушат и слушнале раухмелда како писка.Едниот колега му паднало чудно ,иако другиот му викал не се замарај, се јавил на пожарна.Додека дојде пожарната почна да излегува чур од прозорот.Дојдоа 4цистерни со може 20 пожарникари , толку полицајци и успеа да го изгаснат пожарот. Ама луѓе колку спори беа пожарникарите што ми идеше да земам јас да влезам.Влегоа во куќата од задниот влез и еден пожарникар ја отвара предната врата и вика малцајт, а куќата гори. Среќа не беше голем пожарот инаку ќе изгореше цела куќа. Комшиите кога ги видоа пожарникарите избегаа од куќата.Ок е да излезат ама да ги снема?После пожарникарите пробуваа кај нив да ја разбијат вратата ама не успеаја.Сите сумјат дека се илегалци некои. Значи колегата да си отидеше без да пријави ќе изгореше куќата повеќе. Затоа е добро дека Џоки пријавила оти еве полицијата пак контролирала ако биле некој криминалци сигурно ќе ги фатеа, ама нема ни толку очигледни да бидат.
Многу ми се спиеше Колата е на паркинг само обратно свртена Човеков ако не е криминалец (нема несакајќи убиено некој и се крие и го крие) е дефинитивно психопат
Абе друшке и тебе да ти е работата да упаѓаш на сила во домови и ти нема да се стресираш кога гори. Они отрпнале веќе. Јас па убаво мислење имам за пожарникарите, немој сега да си ми кршела филм . Мислам на нас бавно може ни изгледа, ама они знаат што прават. Плус има правила и прописи по кои мора да се држат и најважно од се, нивните животи се пред несреќата. Нормално нели. Не знма дали се сеќавате пред една година во мк имаше пожар и немале соодветни обувки, па се испогорелеле луѓето. Мене нели оти пожарната слаба точка ми се, па си ги бранам и цел реферат ќе си пишам за нив. А и маж ми ме чита инаку . Не бев сигурна, ама дознав вчера . Чао срце А за пожарникарите, лани кај нас во комшии исто алармот се вклучи. И ги викнале пожарната. Луѓето на одмор отидени. Дојдоа со 5 камиони, од сите страни гледаа проверуваа од каде може да се влезе и имат протоколи. Нема чад беше прво шо рекоа, па псоле разбија прозор да влезат. Ние секој ден им одиме со малта да ги гледаме. Салата за вежбање им е накај нашиот пат за дома и таму ги гледаме како тренираат. Ни маваат рака нон стоп, пуштаат сино светло за деца специјално . И најважно, дојдоа за 5 мин кога маци имаше атемнот и ја спасија буквално ја вратија во живот. После не преносоа во болница. За мене се најголеми херои
Аман нека се врати овој накај NRW да не ми седи под прозор. Значи јас без докази само да го видам човеков гледам дека има направено некое кривично дело и повеќе изгледа како несакајќи. Најважниот детал ми избега, каде исчезнаа црните кеси? Они ги оставија под едни маси, и некој ги зел после. Ги оставија со бели ракавици и бели маски на лице (сигурно не е медицински отпад ). А кесата што ја оставија на другата страна беше друга боја и не беше тешка и мислам дека им беше само колку демек ѓубре фрлаат. Толку човек под стрес не е чист. Кога дојдоа полицијата и два пати стоеше со грб,
@gjoker4e true crime Story ова твоето . Вчера беше толку убав денот , сончев , прекрасен . Цел ден со децава бевме во двор . Си играа , тоест малото играше , другите се веќе големи . Ако вака биде топло летото ќе имаме прекрасно лето . Денес на жал се задали времето . Дожд малку и одма е ладно . Био кантата секогаш ја забораваме да ја ставиме на улица и ете ја пак е полна со следно празнење . Имам куп обврски . Многу луѓе ќе се соберат дома . Имам три торти за правење утре. Треба маси да местиме , мебел цвеќе да разместуваме. Сабајле првата мисла ми беше дали имаме доволно шољи за кафе. Што се целосни. Имам еден сервис од свеки на таванот . Треба да го симнам и да го измијам. Таман за семејството. Така демоде . И за другите гости има убав модерен сервис. Вчера почнаа да доаѓаат првите честитки во плико од комшиите . Изгледа уште ја имаат таа традиција да носат поклон во плик на конформантите . Ќерче се радува. Во 11 имам термин за шишање и фарбање . Па да купам свежо цвеќе за декорација . Да купам некои патики. Ич не ми е гајле што ќе сум со патики , штикли не купувам нема кај да ги носам после Едно палто зашто залади и отиде платата Аман .
Мх малата да ги гледа. Херои се како не.Тоа кажа и еден колега не може да одат брзу може експлозија да има и да загинат затоа.
Не можев да допишам прееска ама секако веќе не ни знам што сум сакала да пишам. Бевме во шпилплац и кога се вративме ја немаше веќе колата! Значи чекал да излезам па да може да товари нешто во кола на раат. Се излегува на површина па ќе се дознае и ова што беше.
Хахахахаххаахаха, си викал аман оваа досаднава кога ќе се тргне од прозорот хахахахаха Го измачи човекот од вчера од 6 саат
Таблици и слика од човекот имам. Ве чекам од NRW со новости, кај и да е ќе стигне таму. Сега денски гледам дека полицијата навистина не можела да ги види црните кеси. Една кеса беше многу тешка и едвај ја влечеа и тоа беше најјезивиот дел. Ама еве сеуште не ми е јасно како само по личен документ заклучија дека се е ок????? Зошто не ја контролираа колата? Ама ајде сигурно ќе се дознае набрзо. Каков беше овој под паника може и сам да се предаде. Кога ќе го заболат нозете од одење! Човеков значи не можеше да пронајде внатрешен мир! Ниту еден нормален човек не оди така. Ама јас имам цело сценарио со сите детали, а полицијата само личен документ!
Не. Кога станав во 23 не беа веќе тука. Да беа 100% ќе ги отворив сабајле. И мислев дека ги оставија за да останат тука. Не ми текна во моментот дека за да ги земе некој. Знаци со прсти даваа на други маж и жена, дека за 10 минути, и таман 20:30 се стемни и ставија ракавици и маски и ги вадеа кесите. Другите маж и жена се појавија само неколку секунди до кесите и си отидоа ама не ги зедоа. Ама претпоставувам дека подоцна ги зеле кесите, откако престанало да има луѓе по улица или нз што чекале и зошто, односно меѓу 22 и 23:00.
И мене ова ме интересира. Имаме во близина една Waldkindergarten и ми звучеше како добра идеа додека не видов видеа како се се одвива ама и многу ми е страв од Lyme disease. Ама има многу добри препораки за градинката. Ако живее некој Нидерзахсен близина на Хановер и е за дружба нека ми пише.
И мене ми е многу блиску таа градинка, за првото кога требаше да одберам градинка, тогаш оваа ми изгледаше премногу хардкор за нас и само што бевме преселени во градов. Ама од тогаш до сега, после три години, се повеќе ми легнува идејата за тој тип на градинка. Кога гледам каков бенефит ми носи мене лично времето поминато во природа, си викам - колку ќе биде добро за дете да расте така. Ама сеуште размислувам, а и имам време, бебле е уште моево, јас сакам се со време да ми е испланирано Ако се одлучиш за такво нешто или имаш плус искуства од некого, пиши ми, макар и приватна порака. Малото вади заби, нешто пробува да лази во рикверц, немам поим што прави, па и тт имаше завчера и живи ненаспани сме Главоболка на најјако пуштена, ама кој ме прашува Дете со татко му отиде, нафта да стават, демек да фатат поевтина цена и успат некоја Хотвилс количка да земе, ја препека цела недела Во план денес стандард пазарење со детуле и јајца да се вапсаат, мада не си купив бои годинава, иако знам дека имам некаде од лани заборавено, па ќе ги искористам нив (ако ги најдам). Долг ќе биде денов
Пред една недела се враќав од работа дома со автобус. И бев сведок на една непријатна ситуација: Беше накај 4 саат попладне , си седам си уживкам во двоспратен автобус и гледам една жена и Busfahrer се караат. И овој Busfahrer и вика: Gehen Sie raus! И она нормално се изнервира и му вика дека секој ден се вози во тој автобус, дека не е фер што јас брка. И кретенов почна да се заканува со полиција и оваа му вика: Machen Sie das! Што убаво му рече. И овој се јави, најозбилноСакаше да ја убеди да излезе од автобусот, а таа мајка со количка и детенце. После тоа разбрав дека наводно го блокирала Notausgang и жената немаше друг избор освен да излезе Ми идеше да станам и да му се развикам на ѓубрето!!
Јас на почетокот се имам возено со автобус и многу често мајките со количка треба да излезат на станица за да може да излезе некој друг или за да влезе човек во количка. Би требало да станува збор за тоа. Инаку понекогаш има преполни автобуси така да нема такво нешто како блокирање на нотаусганг. Можеби и мајката не разбрала дека треба да излезе на станицата па да влезе. Или ако веќе има 3-4 колички внатре, тогаш не може да влезе уште една. Или ако не сакала правилно да ја постави количката во автобусот за да има место и за други колички и луѓе. Или зависи за каков автобус станува збор. Нашите имаат предна и задна врата, од задна врата влегува количка и точно тука стојат количките па некогаш едноставно треба да се симнеш на станица и пак да влезеш.
Две недели дома и малиов плаче не сакал во градинка утре и малава му шепоти вика немај гајле кога ќе стигнеш во градинка нека помине малку време и кажи стомак дека те боли и ќе се јават да те земе мама!!! Си седам јас на прозор нели, подвижна балканка камера ииииииииии на балконот спроти го гледам човекот!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Се доселил тогаш значи и можеби ѓубрето од станот го паркирал тука еве не знам или се селел во црни кеси кои што смрдат (можеби немал стан со месеци па им смрдело се еве не знам само си претпоставувам?!) Ама пак е прашањето зошто ракавици и кеси??? Можеби бега од NRW поради нешто и се додели тука. Знаев дека нема така да остане и ќе дознаам повеќе ама преселбава не е целосната приказна знам! Сабајле за накај работа баш пред неговата врата треба да поминам! Битно ми е комшија. Кој сака нека честита! Штом и по втор пат дојде полиција значи дека го пријави уште некој и нормално кога е страшно сомнителен од авион се познава.