Морген . Денес видно уморна од целите долги денови. Битно помина се во ред . Конфирмацијата помина . Сега останува време да се регенерирам . Еве неколку слики од местото на славење Спојлер: Славење Многу поклони доби големата. Пола село дојде да и честита . Дете среќно. Беше преубава ... И така сега да се соберам.. и не земав слободен ден.. на работа ќе одам со торта за частење и после одмарање
Браво Ена @MacenceEna Преубаво спремано и декорирано. И девојчето многу убаво, да ти е живо и здраво.
Среќен роденден на неа и на сите кои не честитав! Јас некако си имам страв да не промашам некој и кога сум одморена честитам на сите, кога не сум честитам во себе. И тоа се важи. Инспирација си за славење на роденден. Дали е ова дома и каде најде вакви маси? Малава сака на една планина ама се плашам да не не знаат да дојдат луѓето. Скоро 8 години живееме тука и за прв пат го прашав чат џпт каде може да се шета во близина без пари и ми покажа толку многу убави мести Мајко мила. И сега сме воодушевени од планината што дури и во темно отидовме да видиме како е. Се гледаат три држави од планината. Малиов вика wow ganzen Welt и ме прашува да покажам баба каде живее. И сега таму и родендени ќе славеле ама не знам дали е изводливо, ќе прашам. Има убав асфалтиран пат, огромен паркинг, и многу место нормално и клупи ама за локацијата ми е дали ќе се снајдат сите и дали е дозволено треба да прашам и идеи што ќе прават на планина, а да не им е досадно. Освен што видов дека летала летаа сите. И падобран видов. И авиони мали летаа на далинско. И мал падобран. Местото е волшебно. Имав кај и во мое село такво место и си го викав мојот Универзум и тука замислував се што ми се исполни секако. Така да, си имам Универзум и тука сега. Го видов симпатијата денес и готово животот розев ми стана. За мене боксовите.
Фала @gjoker4e @јolene фала на сите Ова не беше за роденден , туку како што на сите им викам , дека е крштевка зашто прашања имаат што , зошто .. Плус и попот вчера дојде со жената што ги учеше две години .. на кафе и торта . Ги ставив на маса со сениорите . Славевме во дневна , растргавме кревети , маса . Ставивме онакви клупи, маси за славење. Декото го спремав цела недела . Масите ги местев ден пред дешавката . И така бидна се во ред . Големата добра прилично голема сума на пари . 3ка и сега среќна е ќе имала секогаш пари за шопинг Што не беше останато од минатото , како што се правело порано. Се собирале кај сите славеници од село и се пиело алкохол.. деца на 14 години . Среќа немаше такво нешто Времето не послужи арно. Немаше дожд. Ладничко ама суво . Денес дожд .. ако нека е
Чудо да го промашам зборот конфирмација. Сори. Јас во главата одма си ја замислив тортата со малини и роденден.
@MacenceEna вечно име и честито крштевка,ептен убаво си направила. Нас не чека ова лето крштевка за малата.Пет години е и си мислев каснеме ,ама лани кога ги крстија индијанците беа поголеми и толку беше убаво и интересно што малата и она сакаше уште одма.Па јас ургирав кај кумовите да си дојдат и да ја крстат на крајот си го добив дека сум неодговорна мајка. Ама јас уште имам страв од големата што плачеше кутрата цела крштевка. Уште денес на раб после сум 3 дена слободна , градинката е затворена. Па ја прашувам една од воспитачките како така се кога ќе заврши школскиот распуст после е градинката затворена и тоа 3 дена ,вкупно 7 вакви глупи дена. Одговор нели глупо? Уште една година се надевам нема на трето да ми текне да одам.
Леле чекај сега и мене ми е страв од крштевка и од се генерално. Маж ми мува не го лази значи. Ни гости поканил ни ресторан е организирано ништо. Јас можеби фустан најдов. Ако најдам време да го пробам од малава, ќе се пофалам. Некна ќе го пробував, дојде цела измачкана да сум ја зела. Оставив кренав. Денес пак, кој радар ко се залета, ај пак кренав. Сега едвај заспа, ама јас сум уморна. Рок си дадов до понеделник се да сум завршила, во вторник прашајте ме до кај сум, малку за стрес да ми направите . А уствари шо сакав да прашам. Вака поголеми деци 3г шо се, како ќе ги крштеваат? Да и облечам купаќи може ли?. Мене ми е без вркса сега голо таму ко ќе им се расписка па избега.
Ние немаме ништо организирано кога ќе отидеме ви Мк тогаш.Јас ни фустан немам. Па индијанците беа 6 години и само беа без чорапи и со засукаби ракави и така малку попот челото им го намокри и ножињата и толку беше.Им пресече косичка и толку. Ние ги зезавме сега кога ќе ве глумне попот во кадата леле леле.Ништо немаше од тоа.
Абе какви купаќи какво голо. Ако не го крштевате во езеро, во црква ќе ја попрска со вода и толку. Ако стои, ако не му избега Шо кум имате, го знае ли малата човекот?
Да ги знае и слободна е со нив колку толку. Од кај да знам бе @Ava.84 јас последно ко крштевав бебе непрогледано беше. Тогаш цело го мрцнаа. Па сега си велам како моево тоа ќе го дозволи, шанса нема. Епа тогаш и фустан ќе и земам јас еден и еден од кумата ќе има .
За бебиња е така и големата беше 9 месеци и неа ја бањаа.Ама овие не може да ги дига попот затоа.А твоето уште малецко кој знае.
Морген . Дојде пак нов ден . Па неодморена . Ние немаме ни една фамилијарна слика . Од цело брзање немаше време да застанеме да се сликаме сите петорица . После кафана не бевме веќе за сликање. Ама тоа е . Вчера порачав слики за dankesagung. Слика од големата , со ki правена . Дека немаше време да ја сликаме Ама нема везе . Голема пак доби покана за размена за Франција. Во ноември пак ќе оди . Девојчево ќе дојде во април пак кај нас. Дека беше многу убаво . И стресно за мене Веќе месец дена немам пишано во дневникот ни еден збор . Ќе заборавам како беше . Утре најмалото ќе прави операција на забите , со целосна анестезија. Држете среќа да помине се во ред
Морген од петокот наваму, дете пак не сака да оди во градинка, плаче и тагува секое утро. Имаме вакви епизоди еднаш месечно и траат по недела дена сигурно и веќе станувам очајна - кај грешам и што грешам. Зборуваме секој ден со него, правиме компромис - одам да го земам порано, ама цело време се вртиме во круг. И знам кај лежи проблемот, има страв од воспитувачката, премногу е емотивен и секој нејзин збор си го става на срце и ако се натажи, она му викала дека не треба да плаче, дека од септември е Форшулкинд, демек веќе треба да биде со подебела кожа. Стварно не знам што да направам. Бев на хоспитација и баш набљудував, она е навистина построга, ама на некој начин ги спрема за понатаму во школо и животот со таа строгост, што и оправдувам донекаде. Ама како него да му го објаснам тоа, дека баш и не мора секој нејзин збор толку да го погодува. А и да сменам група и градинка, пак ќе има некоја таква. Мора да научи да се справува со секакви луѓе, никој нема да го мазни во животот понатаму. Утрово па ми доаѓа истата воспитувачка, ми вика - што е со него, џабе е што знае толку многу, ваков емотивен нема да го примат во школо. А он има уште година ипол до школо и за година ипол дете се менува многу, расте, созрева. И мене ме вознемири, а не па дете, ако му зборува такви ствари. Психологот вика дека во градинка се полудени со таа предшколска година и претеруваат. Ми се плаче Како е кај вас во што сте имале или имате деца на предшколска возраст? Малово па кашла по цела ноќ, вчера бевме кај педијатар, рече се е океј, нема на гради ништо, ќе помине. Маж сабајле се успа за на работа, каснеше пола саат, се знаеше дека ќе се случи тоа, беше само прашање на време, со оглед на тоа колку сме ненаспани Барем имам ручек за денес, гледам сонце ѕирка, ќе излеземе со малово да не фати воздух и да ја разбистрам главава. Подобро ќе биде и да не пишувам во вакво расположение. Кажав ли дека ми се плаче?
Немавме ние никаков проблем во градинка, ама затоа во школо хаос. По првата недела имаше паничен напад ( озбилно страшно беше дете од 6 ипол дише скроз забрзано) едно сабајле зошто слушна дека имал мате тој ден, зошто учителката се дерела. Отидов во школо кажав на другата учителка, ништо не се промени во школо само јас што му објаснував дека има деца кој што не се смируваат поинаку. Сега е второ горе доле се навикна, иако сеуште се плаши да го предаде домашното ако не го дал дента кога го собирале за да не му речат нешто случајно. Се плаши да каже дека не ја завршил цела задача зошто требал да менува патрон во фулерот. Јас зборам он си тера по негово и така. Кога кажав на родителска, ама он ги има во ташна не предава ако некој не го побара ми рекоа знаеме, ама не ме уваат они ништо он е тој што треба да се смени. А и зависи од наставничката, кај нас во школо има огромна разлика од една до друга наставничка. Од односот, од тоа колку се строги во оценување па дури и писмените во едното одделение се значително полесни. Ама тоа е што ќе ти се падне.
Морген @MacenceEna се преубаво спремено, а девојчето кукла. Честитки! @Marge сите деца не се исти ! И да, имате уште доста време до школо. Коментарот на воспитачката ми е крајно непрофесионален. Деца со АДХС(не можат емоции да регулираат, импулсивни се) посетуваат школо со придружба на асистенти, така да не знам баш за стручноста нејзина. Во школо за да тргнат тестираат знаење на германски и основни работи. Кажи и го ова и да не му коментира такви работи оти не помага тоа. Како ќе биде, ќе биде! Твој проблем е не нејзин. И @јolene да даде репорт дали најде фустан, поклони за кумовите. До каде се припремите?
Морген ( втор обид да пишам мислење ) Од сабајле бев на пазар за цвеќе . Многу убав избор на цвеќе има . Што свежо што саксиско . Пред мене една жена купуваше , и се што зема ми се допадна . Од бели рози, еукалиптус, Schleierkraut И ми даде идеја да си направам еден букет, нареден викенд . Само да прашам Chat gpt како и што да купам . Многу имаше со иста корпа како мојата , со Лео мустер Сите колешки имаше вакви корпи и други модели од оваа марка. Сончев ден денес . Сонцето е прејако . Дури претопло ама убаво . Накај дома си мислам .. ама тоа мислите подобро да ги запишам во дневникот него ли овде @Marge многу непрофесионално, би разговарала со учителката искрено. Нека поведат повеќе време со тоа невоспитаните деца. , него со емотивните. Повеќе работа имаат со нив Се изнервирав искрено . И моето ќе биде претшколско од август . Ќе видиме како кај нас ќе биде . Моето е исто емотивно Вчера помина во ред операцијата . Еден заб на жал неможеле да го спасат па го ваделе . И двете машки имаат некој ген дефект со забите . Не им се создава млеч на забите . И тоа мора почесто да ги носам на контрола за да се спречи нешто. Одиме на 6 месеци.сега на 3 ќе одиме . Големата беше кај Kieferorthopädie . Ама нема потреба од правење на ништо. Забите си растат нормално , има уште млечни заби кои треба да паднат и ќе се среди се . Битно осигурување направивме . Толку од мојот Gesundheitsbericht Денес имаме Stammtisch со пријателките. Ќе одиме покрај езеро на вино ( и грицки) зашто ќе не фати од едно без јадење . Децава да ги пуштам да разнесуваат пошта по комшии и толку од денот
Дали ви раскажав дека пред некое време ќерка ми стана од спиење и ми покажа дека долните заби и се клатат. Отидовме на градинка/работа се вративме згризна ќерка ми во едно јаболче и оооп падна првото запче на само 4.5 години… ептен наеднаш и неподготвено се почувствував. И ставив паричка од цанфее и и прочитав писмо што самовилата божемски и го напишала. Утре дента приметив дека и другиот преден заб од долу се клати и дека новите заби веќе наѕиркаат одоздола и на ова уште повеќе се чудев. Детево ни пет години нема два нови заби и растат. Падна и второто запче во меѓувреме, сега е штрба баба без два заба. Читав некаде некој пост за тоа дека германците не се луѓе што лесно се спријателуваат, ама ако еднаш ги имаш имаш пријател за се и секогаш. Епа и јас си најдов еден таков редок покемон. Толку многу поддршка ми дава без да побарам, како да се подразбира, многу сум благодарна за ова , среќна сум што имам другарка како неа. Ќерка ми е канкинд во август родена, ова многу ме измачува. Деновиве си донесов голема одлука. Решив ако спроред сите тестирања е зрела за школо да оди со 6 години во Школо. Значи следна година би била здравје форшул кинд. Ако не превземам ништо би останала уште една година во школо. Па ќе видиме здравје што ќе биде, ако имате некој деца родени меѓу јули и септември кажувајте искуства.
Ние син ни го оставивме со полни 7г и месец дена беше кога тргна нашколо и воопшто не се каам што така направив бидејќи е корона дете па таа година во градинка најубави спомени направи и ден денес ги споменува и памти.