Женски каде можам да најдам тука гаќички за одвикнување од пелени и нешто што се става на душек да не пропушта? И како се викаат на германски , слабо deutsch
По трет пат ќе прашам, овој пат чувствувам дека некој ќе има одговор. Спреј за расчешлување коса? Идеално би било и слика со некој во дм што го има и кај стои. Утре ќе шишам или врвови или ќе се шишам кратка, зависи од спрејов.
Прв пат те читам. Викаат последното миење да ти е со вода и оцет. Не ми е пробано. Од Дм ништо не би земала. А класичен кондиционер не брка работа?
Што е тоа класичен кондиционер? Регенератор? Разгледувајќи ја темата Спреј за коса и одговорот sweet17 сфатив, а и не сфатив, дека на спрејот за расчешлување на коса не пишува спреј за расчешлување. Ок ќе земам златен на Глис. И розев. Па ќе видам. Не се шишам кратка.
Во седум саат ми се јавија да ми кажат дека Емили нема да оди градинка зошто учителката и била болна. Прашав ако е болна три месеци исто дома треба да си ја чувам? Молк. Ќе ми јавеле утре ако има комбинација. Ова као нормално е овде?
Глупости. Во екот на вируси често се случува од 3 воспитувачки само една да е полу здрава , па замолуваат деца што можат дома да останат да останат.Ама обично доаѓаат воспитувачки од другите групи ако има полно деца.Тогаш обично и децата се поретки оти и они се болни.
Можеби некоја ќе може да ми помогне. Сакам да купам флекери за софа, кога барам Sofabezug на интернет ми вади прекривки за цела софа, а мене ми требаат само за долниот дел. Под кое име да ги барам?
Мислиш на Д витамин? Не се иста цена, без рецепт е околу 10 евра мислам со рецепт е нула. Има ли некој што живее во Хамбург да каже како се чувствува таму? Нешто ни испадна во план за селење следна година па собирам искуства пред време.
Женски здраво.Сакам да ве прашам нешто па ако некоја има слично искуство да сподели.Треба да вадиме прв пасош на бебето,се вика Maxim,па ме интересира како ќе го запишат во македонскиот пасош името? Фала ви на сите
Јави се во амбасада во Минхен ќе ти кажат како треба да де заведе Х во македонски пасош. Би требало да е Махим на македонски за да дојде во латинична верзија оргинал. Ама најдобро е овде да прашаш зошто доле немаат поим и ќе го заведат како што мисли вработениот.
Баш и таков одговор во Мк добив,мора да биде Максим и на македонски и на латиница запишан или ми рекоа смени си во Германија извод нека ти биде Максим.Незнам што да правам. Не се тачни овие нашите во Мк.
Имам пишувано за моите проблеми зошто ќерка ми се вика Emily со испсилон. Ќе мораш да заведеш како што е во германски извод зошто тоа е друго име. Не се нормални тие доле дно дна да не отворам повторно.
На времето некаде имав прочитано дека по Европа не се крадело. После количката, втора жртва, точакот на мм. Треба да пријавам некаде, каде? И во едно од осигурувањата пишува дека точакот е осигуран ама прво да не треба во полиција да пријавам или не се вика полиција за тоа? Секојдневно објавуваат украдени точаци во градов по што претпоставувам еден ист е или една иста група. Дури и од келии им крадат. Нашиот беше со тој кабелот и гледам го исекле и го оставиле него, а купивме поскап кабел, подебел, пишуваше 4 од 5 заштита ама очигледно ни 5 немало да го заштити.
Ние исто имавме проблем со Y како фри што кажа.Моравме во мк псаош да одбереме турски за да добиеме Y.На крајот на македонски името е многу смешно и без логика.Нас исто ни викаа смените место Y со I сменете го името во Германија.Не попушти мм и остана со Y.Којзнае што процедура е во Германија да го смениш.
Ако ти не знаеш они ич Мора ти да знаеш како ќе го запишат. Јави се во амбасада да ти ја кажат буквата Х како се запишува има правила за тоа не ми текнува стручно како се викаше.
Моето искуство е најпозитивно од самото водење на бременоста па се' до пораѓајот. Со гинекологот комуникацијата ми беше цело време на англиски. Во меѓувреме поднаучив германски, во клиниката немав проблем да се снајдам на германски, но ако побарав и таму можев со англиски да поминам. Само не знам како би прифатиле да те водат во поодминати месеци затоа што тука следењето на бременоста е доста различно од Мк, т.е тука се обраќа многу повеќе внимание и си има конкретен редослед на прегледи и испитувања.