Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.009
    Не знам каков ви е законот, по мое Август исто ко септември да е родена. Моето е пролетно дете, во одделение има и деца што допрва ќе полнат 12 во јуни, и такви што во септември ќе полнат 13. Таа неполна година разлика меѓу постарите и помладите, реално е видлива, мислам позрели се колку што се постари и полесно им е во школо ради таа зрелост.
     
    На MacenceEna и JasBee11 им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.875
    Допаѓања:
    39.224
    Пол:
    Женски
    Јас ко јас, пораново паѓање на забите би мк било знак да почне со 6.
    Малиов е во јули и се надевам дека ќе почне со 6.
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.041
    Допаѓања:
    190.591
    Пол:
    Женски
    Кога прашував и јас лани, ти ми пиша исто вака. И ние после долго мислење ја оставивме ќерка ми во градинка, која е родена на средина на Август и имаше шанса да бира. Дефинитивно најубава година и е оваа. Ги изнашетаа секој петок по музеи, планетариуми, театар и кино, пикнизи, шуми, абе сегде. Два пати неделно имаа часови по германски. Учеа исто доста општи работи, многу и е забавно и баш беше подготвителна година за школо. И средното што ми е Јули родено, да сме здрави и живи на ум сум да го оставам во градинка до 7 години. Ќе учат цел живот, нека ужива сега. Е најмалото ми е во Март, тоа сакало нејќело ќе тргне на 6. :D
    А за оваа година имаа објавено кај мене и дека ептен многу деца повторувале прво. :|
     
    На MacenceEna, TutiFuti и JasBee11 им се допаѓа ова.
  4. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Добро утро, накај добар ден, станата сум од 6 :D
    Како сте? Ми фали да ве прочитам тука.
    @MacenceEna честито конфирмација!
    @Jolene како одат подготовките?
    @gjoker4e има нешто ново со комшиите?

    Јас наместо да работам, чепкам моб.(facepalm) Надвор сонце, кафево би го пиела во некој парк, не дома :)

    Имајте убав ден :f:
     
    На MacenceEna, Marge, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Ја на одмор отидов :bandit::tmi:. Да одморам пред да се уморам психички во мк.
    Конечна бројка на гости имаме, фустани два потенцијални не пробани се уште, една кутија костуми чека во сабота да биде доставена, една веќе е дома.
    Фотограф треба да контактирам, ресторан исто, шминка и фризура, да организираме маси и така.
    Значи до нигде, ама сме на сонце и на море :inlove:. Маж гони негде дете низ базени, јас дремам на лежалка. Хотелот прва лига, се има, да би можела овде ќе останам еден месец во пролет. Толку многу ми е убава Хрватска значи :inlove:.
    Чао Билко (highfive)@Biljarkata
     
    На IronLady, k.frosina, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    33.119
    Пол:
    Женски
    Дојде денот. За да ми падне камен од срцето.
    Немам пишувано за ова тука, сега ќе напишам. Лани ќерка ми беше примена во градинка но од таму ми кажаа дека она не смее сама да иде пошо има аутизам и не е самостојна, и затоа ќе бараат асистент. Добро. Го трчкав човекот од градинката, кажа дека треба нешто да направел, не се сеќавам шо, и ќе ни пуштел формулар. Луѓе, поминаа неколку месеци, ни формулар ни ништо не дојде, не одговараа на емајлови, не дигаа на телефон, бев неколку пати, он се не беше таму. Пред два месеци го фатив таму на лице место, и ајде кажа ќе ни прати формулар за асистент. Го прати, го потпишавме и му го вративме. После некое време ми стигна емајл од LVR мислам дека беше, од човек шо е задолжен за одобрување на асистент, бараше некои документи и пишуваше дека ќе бил ЦЕЛ МЕСЕЦ НА ОДМОР и оти ќе се чуеме после одморот. Помина месецот, вчера му се јавивме, му ја објаснивме ситуацијата и кажа дека ќе гледал за две недели да ни го одобри асистентот и после градинката ќе морала да го најде. Добро. Бев вчера во градинката, прашав колку време ќе им треба да најдат асистент, ми кажаа дека они ќе пуштиле оглас и ќе чекале некој да се пријави. И викам а ако никој не се пријави? И молчат.
    Луѓе, плаќаме скоро 500 евра месечно за градинка и плус за јадење а детето ниеднаш не отиде тамо. Знам дека може да се намали таа цифра, пробавме, ама нонстоп ни пуштаа нови документи, се нешто им фалеше, и се откажавме, кажавме ќе си плаќаме по 500, колку е толку е, само нека тргне детето.
    Ама нема ништо, џабе фрлени пари, скоро цела година помина, нема никаков напредок.
    Денеска дојде денот, идам да ја отпишам од градинка. Решивме ќе најдеме дадилка.
    Неможам више, менталното стање пак ми се наруши од толку многу чекање и лажна надеж.
    Толку беше.
    Не барам совети, дојдов само да си олеснам.
     
    На TutiFuti и bubemconia им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.009
    Ajde poleka so toa- ne baram sovet, dadilka ne e reshenie. I sigurno ne moze da plakjash tolku pari a deteto da ne odi. Kje se najde nekoj sovet, hold your horses:hug:
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    33.119
    Пол:
    Женски
    Плаќаме Биљо.
    Пробавме да не плаќаме толку, да ни нљмалат, ама многу документи бараат и откако ќе ги пратиме, пак нешто бараат, и се откажавме.
    Скоро цела година чекаме, и никако да тргне во градинка.
    И мене ми треба одмор. И јас сакам да одам нокти да праам, треба коса да стрижам, треба ова треба она.... секаде одам со ќерка ми, секаде стресови пошо не седе мирна.... вчера бев за веѓите ласерски да ми ги праат со неа, таму работат двајца, ми кажаа дека не смее она да биде во собата, и едниот излезе со неа надвор да ја чува.... маж ми неможеше да дојде од работа да ја почува.... за се друго он иде, остава работа за да ја чува за да одам да си завршам јас моите ствари, дали на доктор, дали за било шо....
    На гинеколог неможам да отидам пошо ете, немам кој да ја чува....
    И зашо да плаќаме градинка а да не оди?
    Многу ми е тешко, ептен.... и јас сакав со деца да се здружи, затоа и чекав толку време, ама па и мене здравјето ми оди у курац.....
    Искрено, некогаш си мислам дека не ни требаше да праам второ дете.... кога немаш село да ти помогне во чување, многу е тешко....
     
    На Mumoftwo30, Poppins и JasBee11 им се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    5.221
    @Adidas888 ако сте мирни вие како родители со таа одлука, да не оди малата во градинка, тогаш тоа е правилна одлука. Ама ако сте стварно мирни по тоа прашање и осеќате дека така треба да биде, ако не, борете се. Кога, тогаш, мора да и обезбедат се што и е потребно. Инаку се трае толку долго во државава и кога ќе изгубиш надеж, оп, преку ноќ може се да се смени. За парите - не се откажувај. Праќај мејлови до градот или каде и да треба, кога тогаш, ќе ти ги вратат. Кај нас еве е многу глупо, пресметката за кој колку треба да плаќа во градинка за тековната година ги прават на основа на лански платни листи, што ќе кажеш е океј, ама во идеални услови, каде родителите се сеуште на исти работни места, со исти примања, исто работно време итн. Па толку ли не им текнува дека не е кај сите така, се чудам или така им одговара. Еве јас на Елтенрцајт, што им значат моите платни листи што ми ги побараа кога моите примамња годинава не се тие. И им се закатанчив, од септември до јануари ги бомбардирав со мејлови и повици, не се зезам. На крај направија корекција, ми ги вратија парите и стигна решение да плаќаме градинка само една третина од тоа што плаќавме порано. А да не бев упорна (досадна), ќе си останеше така. Германците си го ценат секој цент и така треба, а ние сме научени да ги поклонуваме нашите тешко заработени пари. Не се откажувај, дури ако имате и Рехтшутцферзихерунг, побарај совет и од нив. А дека децава се секаде со нас, кај сите е така, иако верувам кај вас со дијагноза е многу потешко, ама сите сме на исто дереџе. Маж ми кога скрши прст од нога, мораше со дете да оди да го снимаат, сестра некоја го чувала, се убило од вриштење дете, јас морав на работа да бидам. Завчера па, јас на матичен бев, кичмата и ногата ми се укочени две недели веќе, нормално со бебе со мене. И му викам на матичниот - еве сум јас - укочената, а еве ти ја носам и причината за укочувањето :D Знам дека не сакаш совет, ама најдобронамерно ти пишувам, не се откажувај. Плаќате данок тука, детето заслужува местп во градинка со асистент, а вас треба парите назад да ви ги вратат!

    @јolene препорачај ми некои места во Хрватска, така по фемили френдли :wasntme:

    Петок, се радувам исто како да одам на работа :D

    Бевме со дете на фризер, сега маж спрема некое огледало што го продадовме на Клајнанцајген, треба да дојдат да го земат. Малото го примаа во градинка кај брат му од ноември, една грижа помалку :whew:

    Од вчера сме официјално Германци :party::lol: Се зезам со маж, дека сега е моментот на грб на државата да се оптегнеме :D

    Утре во план одење до Аугсбург и Сегмуллер, меркаме една трпезариска маса подолго време, ама маж сакал да ја видиме во живо :nod: Па успат дете и една родителска единица ќе одат во Планетариум :lol: Ќе влечеме ждрепка со маж, пуштајте среќа јас да одам, пукната сум за одење во Планетариум, се радувам како мало дете :inlove:

    Убав ден :f:
     
    На JasBee11, happygirl, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    33.119
    Пол:
    Женски
    Абе не ни е проблем плаќањето, ќе платиме ко шо плаќавме цела оваа година, ама проблемот е шо не иде девојчето на градинка.... уште колку да чекаме.... сега во август ќе прави цела година шо не иде.....
    Незнам шо да праам..... ама ова стварно не е во ред шо ни го праат.... можеби треба со адвокат да им се заканиме....
     
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    34.719
    Пол:
    Женски
    Ви треба само интеграциска градинка .
     
    На јolene и JasBee11 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    33.119
    Пол:
    Женски
    Ами оваа мислам дека е таква. Има и други деца шо имаат исти и слични состојби.
     
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    34.719
    Пол:
    Женски
    Тогаш како немаат асистент?
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    33.119
    Пол:
    Женски
    Ми кажаа дека ќе објавеле на оглас, како оглас за работа, и кој сакал ќе се пријавел.
    Ужас....
     
  15. bubemconia

    bubemconia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.019
    Ако имаш рехтшуцверзихерунг нека го проверат договорот со градинката и дирек со адвокат. Сигурно има некоја основа за НЕДЕЈСТВУВАЊЕ и нанесување штета, дискриминација или измама. Јас би им го однела детето на врата и ќе им кажам јас си плаќам еве ви го, ваше е да се снајдете да си најдете асистент. Друго место е Југендамт или општината (ако градинката е општинска). Трето кај што бил дигнала галама да ги читаат сите е општинскиот весник или фб група, само таму треба да пазиш се што ќе кажеш да е точно за да не те тужат или да збориш без името на градинката да го кажеш. Како не им е срам да ве лажат не денес, не утре? Кај нас за една ситница и одма ти ги пуштаат детето во специјална градинка т.е. ти го менуваат договорот.
     
    На Adidas888, bookslover, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    34.719
    Пол:
    Женски
    Не знам дали градинката на ќерка ми е интеграциска, ама кога големата одеше на градинка имаше една од нејзините воспитувачки што правеше вајтабилдунг и често отсуствуваше.После кажа дека она е таков асистент.Уште е во градинката .Значи толку време вие што сте ќе финансираа некој вработен да се обучи за една година , а вака барањето може и подолго да трае.
    Катастрофа.
     
    На Adidas888, SummerGirl, Marge и 2 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Адидас вие сте при крај веќе. Овде се трае бесконечно долго и мораш да се на навикнеш на тоа. Треба трпение.
    Сите документи кои ти ги побарале мораш да ги доставиш, во спротивно никогаш нема да може да тргне девојчето во градинка.
    Парите ќе си ги барате надзат.

    Југенд амт и социјал амт веројатно веќе сте ги контактирале оти они даваат амин за тој асистент. Асистент мора да се најде и тоа не едвај проблем. Ти секоја недела по два пати ќе досадуваш додека не им скисне и на крај ќе бараш они да ви најдат градинка , кај што ќе може најскоро да почне девојчето, оти го следува по закон.
    Исто видете што друго ве следува. Треба да има средби девојчето и со социјал педагог, а можно е и да може да доаѓа некој дома да ви помага во домаќинстватото ако се утврди дека неможете се да стасате.
    Најди други родители, некоја група за само помош они најдобро ќе ви помогнат и упатат се што ве следува. На крај краеви разговор само со некоја друга мајка, да споделиш, некој совет.

    За друго еве јас имам само едно дете, оди во градинка па пак сегде си ја носам со мене. И на гинеколог и ко сме биле болни на матичен и на термин. Сегде.
    Фризер, нокти и ко нема такво нешто, ама додуша ни пред дете не бев многу многу по тие работи.

    Вчера се вративме од одмор и супер беше. Јадевме и право на точак и овде сонцето да искористиме :sun:.
    Сега обврска за маж ми носење ствари на рециклирање и кола перење, јас со малата балкони ќе чистам и ќе перам. А и стоте кутии да ги пробам, мислам дека до мене нешто психички е што толку влечам.
    ама веројатно сега касно е веќе :tmi::?:.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11, TutiFuti и 7 други им се допаѓа ова.
  18. bubemconia

    bubemconia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.019
    Пратите ли политика во Германија и како ви се допаѓаат новите предлози за промени?

    Здравствено сакаат да укинат жената да е осигурана преку мажот, освен ако нема дома дете под 6 или со посебни потреби. Затоа па не сакаат да направат државата да плаќа за азилантите туку ние мора да плаќаме.

    СПД тресе зелени не знае кај тера. Сака да се укине Ehegattensplitting со што фамилиите каде едниот работи помалку или воопшто не работи ќе плаќаат многу повеќе данок отколку сега. Ако го споиш со промената за здравствено може по фамилија и вкупно 500 евра месечно да фати. Сакаат да го зголемат данокот за сите освен за тие што земаат до 3000 бруто. Што се 3000 бруто? Толку зема само некој на минималец, значи едвај 50% од населението.

    Во врска со Ehegattensplitting рекоа прво нема да ги фати промената постоечките бракови ќе важи само за идните, после рекое не, и за постоечките ќе се укина 3 и 5 даночна класа, ќе се оди до 4 плус фактор.

    Лично не сум користела сплитинг ама сега кога ќе сум на елтенцајт планирав оти и без тоа фамилиенгелд укинаа во баварија а јаслите се по 600 евра, па од некаде барем малку да амортизираме удар.

    СSU/CDU исто не знаат кај тераат, ама за споредба од SPD извадија предлог реформи многу подобри. Тие сакаат данокот да се намали за сите што имаат до 80000 zu versteuernden Einkommen (значи негде 100000 бруто). Над таа сума данокот да е многу поголем. Сакаат да зголемат Freibeitrag. Со тие измени човек што зема 50 000 би имал околу 100- 150 евра месечно плус. Некој со 80000 околу 300.

    Секако SPD тешко да се сложи на ова. И двете партии се категорични реформите да почнат од 01.01 2027, шро ќе снесат ќе видиме.
     
    На JasBee11 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Ми се прилоши од ова шо го пиша, не бев запознаена ама нас се не фаќа. Со други зборови врти сучи само за даноци ќе им работам. Може најдобро е да си се спакуваме, додека не сме се заглавиле со некој кредит.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11, bubemconia и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.463
    Допаѓања:
    46.000
    Пол:
    Женски
    Морген .

    Кафе со друг засладувач , место бел шеќер .. и ете изгледа дека и кафе нема да пијам толку многу. :x

    Оваа недела ја поминав на лекари , тоест повеќе на телефон главев. Ама направив битни термини . Ендокринолог во понеделник, вторник голем преглед кај матичен .
    Вадев крв, проверував тироидна, витамин д. Магнезиум, калциум ..

    Малку имам покачен холестерол. Треба да се ставам на диета . И повеќе спорт . Од вчера одам на лента по 20 минути .:whew:
    Ќе биде и моето здравје .

    Во однос на проблемот на @Adidas888 незнам што да кажам .. мое мислење , што јас би правела во таков случај . Со самото тоа што плаќам градинка а дете не оди , нема да продолжам со плаќање.
    Дијагнозата кој ја одреди ? Педијатар или градинката ?
    Ако е градинката, тогаш ви треба и мислење од педијатар. Тој е што мора да напише Bericht , и со тоа се испраќа се во некој амт. Од таму доаѓа човек што прави проценка и издава барање за асистент, тоест Integrationshelfer . Најчесто тоа е некоја учителка , која добива екстра часови , градинката добива пари за тоа . Зависно од која област на потреба према детето . Поради говор , или други за мене непознати причини .
    Кај нас беше за говор . Траеше една година , дали нешто помогна незнам од нивна страна . Ние како родители многу работевме со него , логопед од два пати неделно , па еднаш неделно и престанок зашто нема потреба од терапирање . На 4 години завршивме со тоа .

    Мое мислење е да се посети педијатар да даде мислење за дијагноза , посета на специјалист за таа дијагноза ако веќе ја има , и барање на секакви терапии . Се што може да помогне да детето да се земе во предвид.
     
    На JasBee11, Adidas888 и Marge им се допаѓа ова.