СПД се на власт? Предлозите им се Многу убаво. Азилантите нека се котат како зајци, а ние ќе работиме како коњи Јас уште не работам. Оваа недела треба да одам на разговор за работа. Во октомври ми го укинаа здравственото осигурување преку сопругот. Вработената ми вика Треба да ја платиш сумата. Имаше лист колку да платам. После тоа ме прашува Ти мажена си?
Да, да... Плус има некаков договор со Турција од пред 60 години ако некој турчин тука работи и е осигуран цела фамилија да е осигурана во Турција покрај него. Тоа останува. Додатокот за лекови што го плаќаме исто ќе се качи на 10 евра. Посета на лекар се планира да се доплаќа по 10 евра. Дали се' ова ќе помине ќе видиме. Ама за здравственото на сопружници сигурно ќе помине оти сите се согласни. CSU малку Маркус Содер се бунеше или барем глуми дека се буни, ама ништо и тој си легна на брашното.
Ако помине предлогот на CSU/ CDU ќе ве фати само ова со здравственото и тоа само кога детето ќе е над 6. Од друга страна ќе добиете олеснување на данокот и нема да е толку лошо. За најголемиот данок да ве фати ќе треба да сте над 210000 евра бруто како семејство. Ако помине предлогот на SPD што е исто многу веројатно, треба сите инженери, доктори, занаетчии да си ги спакуваме куферите.
Ние сме во тек на дијагностицирање, уште не сме ја добиле дијагнозата. Ама знаевме за аутизмот уште пред да ја запишеме во оваа градинка.
Значи без сигурна дијагноза не смеат од градинката да не ве примаат , и да ве враќаат назад. Тоа се само спекулации , без дијагностицирана состојба на детето . Може требало порано да реагирате , да не оставате така .
Ако уште сум невработена треба приватно да плаќам за здравствено осигурување? Изгледа ќе почнеме да си ги пакуваме куферите
Ни кажаа дека без асистент не може детето да иде. Или јас да одам со неа секој ден да седам таму. А не е поентата јас да одам, пак со неа цел ден таму, мене градинката ми треба за јас да си имам слободно време и за мене малку. Искрено, не знаев дека за асистент толку ќе се чека, да знаев дека така ќе биде немаше уопште ни да ја запишувам.
Да, околу 220 евра месечно. Освен ако немаш дома дете под 6 години. Плус сплитинг ако се укине, маж ти нема да може да е веќе класа 3, тоа се плус пари. Афд вчера се качи на 28%. Ако продолжат Мерц и СПД вака ќе оди без проблем над 30%. Лично сум член на друга партија, ама тоа плашење со вештерки "афд ќе ве избрка сите странци" не пали веќе кај никој. Многу наши гласаат за АфД од што им е преку глава од тоа да се финансира цел свет, а за Германија да нема.
Ги читав коментарите и некако како населението не е баш најсреќно. Врти сучи, само тие што работат ќе се дерат финансиски. Врска нема. Самоубиство.
Не е задоволен, ама и никој не се буни, никој не протестира, а и на избори, за гласање нема баш некој избор угоре високо удолу длабоко. Овој Мерц се' што вети на избори, се' буквално спротивно направи, само да стане канцелар.
Јас разбрав дека нема да треба да се плаќа приватно осигурување, туку на вработениот сопружник ќе му се одбива 3.5% од бруто платата и тоа ќе оди како дополнителен придонес за кранкенкасата. Иначе и јас верував дека афд се различни но како што се одвиваат работите во светот, имам чувство дека и тие ќе испаднат како Трамп, лажна опозиција. Кристине Андерсон ја следам, за многу работи е реална и доста се бореше против бесмисленостите за време на короната, но таа го возвишуваше Трамп, исто и Вајдл. А на крај видовме што се случи, светот имаше голема надеж во него но тој испадна дека е исто дел од сатанистичката постава на политичари послушници кои работат за исполнување на зацртаната агенда.
Здраво луѓенца… дали ммр вакцината е задолжителна за тргнување во Кита? Претпоставувам дека е. Две дози ли се? Утре треба да ја прими ама малку е настината и У6 треба да има. Нема за скоро следен термин тек за еден месец… не знам дали сепак да одиме или да одложам. Сакаме август, септември да почне во Кита. Најчесто тука пишувам кога ми треба совет за малата, можеби треба да направиме група Мајки во Германија нејќам да смарам ако се збори за нешто друго а се убацувам со мајчински проблеми.
Да задолжителна е. Кај нашиот педијатар за вакцина термин се дава од денска за утре. Не е исто како и за преглед. Како и да е, штом сте утре на преглед, ќе види дали ќе вакцинира или не. И во август да ја прими, пак може од септември да тргне. Има ли место добиено детето за градинка веќе? Инаку групата се викаше мајки во Германија ама ја преименуваа, и сега си пишаме шо си сакаме тука. И кало не поминал денот и како деца не нервираат и за политика и за се. Најмајкава тука, однесе дете во градинка, бев на пазар и си легнав. Ми се вртеше веќе од што цела ноќ се нешто пискаше во сон. Она си сонува и си повторува, јас се стресирам на секој нејзин вик. Сабајле станав мртва уморна. Со последна сила до градинка се однесовме и после 40 мин влезе во собата. Инаку 5м е патот до градинка. После се враќав и мини да ја однесам, оти ја заборавивме дома. Прв ден после одмор на градинка, не се знаеше кој на каде треба да оди. Да се напијам кафе и да припрема за ручек и да одам да ја земам. Фустан имам, за маци нарачав 3-4. Костум има. За кумата поклон има. Фотограф има, свекрва торта нарачала- едно гајле помалку. Фалат уште чудо работи, а и гости за мај најавени. Дома бомба паднала. Ќе средував од сабајле, еве средив паднав во кома. Ај ми почнува мене смената со маци дури сега, убаво е времето..од едно игралиште на друго ќе се оди. Па ќе се прибереме дури пред спиење дома, да не гледам хаосот .
Овој не дава така од денес за утре… Ми рекоа ако кашлала и носето ако е затнато нема врска само да нема температура. Ама мене не ми се ризикува. Ама ај ќе одиме тие ваљда подобро знаат. Да, има добиено место во август почнуваме со адаптација.
Како што ти кажа и Јolene задолжителна е за во градинка. И нашиот доктор вакцинира и со растечено носе секако без тт, и не сме имале проблем до сега.
Дечки ве има со европски пасоши тука? Не германски. На маж ми и син ми им стигна следново. И една пријателка исто со хрватски пасоши истото им стигнало на сите. Не примаме никаква помош ниту некогаш сме примале. Ни арбајтлос никогаш. И сега да пратиме платни, листи, нов договор за работа и контоауфцуге што ми е лудо да им праќам контоауфцуге. Еве слика за што се работи.
Маж ми е со ЕУ ама нема ништо вакво стигнато, да не е фејк или па ги заоструваат мерките за престој и на ЕУ државјани.
Све убаво стои од градот со броеви со меил. На повеќе тука конкретно хрватски државјани им е стигнато. Денес маж ми рече ќе праша од другите странци дали има некој нешто такво стигнато. Ова испаѓа повеќе документи за нив треба да пратат него ние за ауфентхалт.