Групата се викаше мајки македонки во Германија и беше во подфорум дете.Ама оти имаше прашање кои не беа за деца ја преименуваа во македонки во Германија и ја ставија тука.Јас уште ја барам во подфорум дете иако повеќе од 4-5години не . За вакцината др ќе ви каже дали е ок да се вакцинира,ама е задолжителна без неа нема да смее да тргне . Може па само за хрвати е , не знам.Ако не е фејк ќе мора да ораќате што ви бараат. Туку овие летечите ништо нема да им бараат и станови ќе им дадат и платат , а ние што работиме ќе се тесниме оти 1600 евра за стан немаме.Милион документи докази и све , а нив и пари ќе им дадат. Дојчланд е најлоша до сега откако сум дојдена катастрофа да знам кај да одам ,одма ќе си одам.
17,5 ама на минималец оние што работат ко Мекдоналдс (од 2027 ќе е 14,6 кога и ќе се виведат реформите) на пример со трети смени пак стигаат до таа плата. Што значи од даночните реформи слабо ќе видат фајде. Тие велат 95% од вработените ќе ги фати реформата на позитивно. Не верувам дека ќе биде дека ретко кој заработува 2000 бруто, барем во баварија. Од друга страна ако не оданочат нас со поголемите примања, ќе работиме или помалку или ќе се иселиме. Никој не е будала 50% данок да плаќа, а да не добива ништо. Затоа сметам дека предлогот на CSU/ CDU е подобар и се надевам да се изгласа тој, а не на SPD. SPD се добри само за социјалците. Штом заработува некој било какви пари, треба што подалеку од овие да бега.
Праксата покажала дека ниту една "реформа" не е донесена во полза на работникот. Со текот на времето, товарот врз грбот на работникот ќе биде сè поголем и поголем, оти ние треба да работиме и за тие под нас (џаболебарите) и за тие над нас (политичарите). Работам во таа област и секојдневно гледам како се лупи народот а пак за фирмите да не зборувам, бричење до сува кожа е. Во оваа држава треба да си будала да се мачиш за доктор да учиш на пр. оти само за државата ќе ти иде маката. Иначе да бираш меѓу CSU/CDU и SPD ти е исто како да бираш помеѓу ВМРО и СДСМ - нема разлика.
Здраво на сите,дали некоја од вас има искуство до Умшулунг преку Агенција за вработивање? Имам во МК завршено студио,ми никако веле 6 години да Најдан работа по струка или нешто приближно.Се изнадавав документи по различни советници- бератери,демек они го бодар мојот процес на вработивање,ама секојпат разочарувања.Веке почнав да се фрустрирам и серозно да се осекам лошо во врска со себе.Работев во гастрономија и тоа ме доутепа.Ми предложија Умшулунг ,ама јас врска немам каков да направам,се правело некој тест ,незнам дали би го положила.Дали некоја од вас правела Умшулунг и е задовољна? Поздрав
Штом ти предоложиле не ја испуштај приликата. Јас сакав но не ми одобрија бидејќи не сум била невработена и нискоквалификувана. Иначе еден умшулунг кошта од 25.000 еур па нагоре. Така да, ти треба да одлучиш во која насока би сакала да се дообразуваш. Тие секако мора да те тестираат да видат отприлика дали имаш допирни точки со соодвентата бранша. Ништо не губиш ако пробаш, немаш причина да се плашиш од тестирањето.
Женски.... Со среќа нека ни е. Изгласан е Законот за здравствено осигурување. Ќе важи од 2028 година Што е следно? Денес топло. Малку и ветар има. Утре со друштво ќе го прославиме празникот. Не ми се оди, ама со маж нема разбирачка
За мене нема да важи законот, јас сум родител на дете со посебни потреби . И тука е топло. Ај ќе се смениме јас и ти, јас ќе идам со друштвото на маж ти а ти дојди дома седи кај мене. Уште незнам маж ми шо ќе прави утре, дали ќе работи или не. А го терам да идеме за Холандија.
Де објасни ни на нас што не следат политика и вести што ни честиташ, да знаеме и ние да ти честитаме.
Сè уште нема конечно усвоен нов закон што конкретно би важел „од 2028 година“, но постојат актуелни планови за реформа на законското здравствено осигурување (GKV) – и тие моментално предизвикуваат многу внимание во медиумите. Тоа важи за тие што се фамилијарно осигурани преку сопруг. Децата остануваат како до сега , бесплатно. За жените или мажите кои се осигурани преку брачниот пар може да се доплаќа. За сите вработени кои плаќаат здравствено, не се менува ништо
Следно прочитав дека сакаат и за мини-џобот да се фатат. Трн во око им е одамна. Не дека и за него немаат работодавците трошоци ама ете зошто и тие пари да не поминат низ неколку сита, да има повеќе за Украинците и сличните на нив.
Се фаќаат одма кај фамилиите . Кај ранливите категории. Темава ја спомнав кај мм . Он не знаеше дека ќе има промени , и видно беше изнервиран . Не дека нас не засега овој закон ама пак . Самиот рече дека ако се донесе овој закон , треба сите фамилии да излезат на протести . Он се фати за сите избеглици . Јас додадов сите кои се работоспособни а веќе со години живеат живот од социјалниот систем треба да се почне од нив . Тука ги мислам сите тие кои ги гледаме на ТВ по разни емисии , кои се противат да најдат работа и живеат комотен живот на грб на државата. Јас искрено сите што ги познавам што дошле од некаде , сите работат и не познавам никој кој не работи и живее од Bürgergeld. За мајките кои имаат мали деца , ова е навистина голем проблем, ако се донесе овој закон Денес први мај . Ќе правиме скара , таман времето се погоди . Терасата да ја средам , неможе да се работи ништо а убаво ќе беше да се закосеше тревата
Многу лоши измени се спремаат. Пишував неколку страни порано на темава. Мајките со мали деца до 6 години и со лица со посебни потреби ќе бидат исклучени, така прочитав некаде, ама дури влезе во сила сешто може да им текне. Во овој пакет мерки за здравствено влезе и дека ако си болен не те следува 70% плата ко до сега, туку 65%. Доплаќањето за лекови ќе е поголемо, за заболекар 10% плус, а исто што може најмногу сите ќе не удри по џебот е што многу бесплатни услуги ќе се укинат. Здравството ќе презема само услуги што се за подобрување на состојбата на пациентот. Завчера правев НИПТ тест за бременост и истиот е од 2023 бесплатен. Докторката вели дека не верува уште долго да е бесплатен, иако реагирале докторите и рекле дека истиот спречува поголеми додатни трошоци за системот, ако детето се роди со некаква трисомија
Мислам дека сите овие промени и закони ги прават за да почнат работоспособните што живеат од социјална помош да работат и да почне да се полни пензискиот фонд, бидејќи тука е најголемиот крах всушност. А ги има многу што живеат од социјала, најмногу Германци и немаат намера да работат. Затоа и миниџобот им е земен под лупа, а и бесплатното здравствено преку партнер, фамилиен гелд укинаа кај нас исто и ќе има и уште промени мислам. Бејби бум генерацијата што ги вадеше сите овие години веќе оди во пензија и ќе биде многу полошо. А и некако се помалку и помалку работни места како да има или мене ми се чини Халло убав сончев празничен ден Сите сме дома на купче, милина Маж ми нашол некој интернет телевизиски канал и од сабајле вртат песни од мое време - 90s baby Па тоа Бритни, па Кели Кларксон, па Агилера, цел концерт им одржав од сабајле Се спремаме за одење во Леголенд, јас радо би седела во некој биер гартен, додека едно дете си игра, а друго спие во количка, а јас зјапам во некое зеленило и правам неповрзани муабети со маж, ама ете ме надгласаа Друго и немам што да кажам, има денови кога ме фаќа ептен депресија и страв, што и како ќе биде, а има денови како денес, кога знам дека се ќе биде добро. И навистина се ќе биде добро Убав ден
Здраво и од мене. Прекрасен сончев ден денеска. Пола ден бевме излезени, шетавме на планина, пикник правевме. Децава преморени Сакав да прашам, што мислите за купување куќа или стан сега со цела ситуација во Германија и војните?
Јас ќе морам скоро да сите да ве карам. Па затоа си викам подобро да не пишувам. После 6 години е детето во школо па океј е да работи жената макар од 9:00 до 12:00 само тајлцајт Може ќе донесат над 3-4 деца да смее да е осигурана преку мажот Се согласувам со @Marge дека мерките се за тие што се работоспособни ама сакаат да се на товар на државата Немам ниту телевизор ниту фб, така да појма немам, не знам ни во Мк кој победил и кој е претседател, а не пак тука Сега ми текна историја наставничката кога ме праша кој е претседател, а не социологија предмет беше тоа и јас не знаев и ми стави единица Отсекогаш си бев таква, вестите се само за да не носат надоле во животот Без нив продолжува истиот убав живот Многумина не треба да се селат тука или ако се доселиле треба да се вратат Жал ми е за сите што за “углед” се во странство и егото не им дава да се вратат Ова зборам за познати мои, цело време се мачат и не се враќаат ама објавуваат совршенство на социјални мрежи И мене ми е мило што дури на 30 години сфатив дека некои луѓе се среќни и во Македонија и дека на некои таму им е среќата Германија, Швајцарија, другите, да, супер држави се, ама за некој мајка за некој маќеа Секој е различен Значи дојдете и пробајте, видете, ама ако видите дека не е за вас, едноставно вратете се, не е срамота, важно е само секој да е среќен за себе
Што се ми е потребно за Тауфе? Сакаме да ја крстиме ќерка ми во евангелистичка црква. Ако некој знае што сѐ ми е потребно и како оди процедурата да ми каже? Знам од прилика само ама не сакам нешто да пропуштам.
Струја отсекогаш имаме од Natur Energie ама прв пат стига писмо да го прочитам саатот и да пратиме На брзање го погледнав писмото Се плашам да не порамнат па да стигне некоја огромна сума за до плаќање? Да скратам да напишам помалку или мора и слика? До сега како правеле пресметка? Доаѓал некој и читал саат? Или било отприлика до сега? Следам онлајн колку kW сме потрошиле па по тоа нели знаат колку сме потрошиле? Или и тоа отприлика им е? Пишува дека трошиме 3ипол пати помалку од тоа што троши четиричлено семејство во просек, па немој сега да ги откријат тие 3ипол и да треба да ги до платиме
Нас од прво пријавување ни стига да им кажеме колку ни е броилото за струја и секоја година го правиме тоа. Сменивме две компании до сега, истото си остана.