Секоја година праќаме и после неколу дена доаѓаат и контролират дали е точно сме дале.Така да лажирање не би ви препорачала. Ако трошите помалку ќе ви вратата,а не да доплатите.
Пиши реално колку што е. Кај нас маж ми по грешка имаше напишано една година многу повеќе . Наредбата фати војна со Украина дигнаа цени, ама ние оти сме пишале предходно по грешка повеќе, си плаќавме само 15 евра за парно. Џабе А за законските измени не мислам дека целта е да ги натераат социјалците да работат. Ако тоа беше целта ќе намалеа социјално или ќе смена услови. Целта им е да се исцица средбата класа уште толку. До каде ќе тераат, ќе видиме.
Морген, Мај прославен со скара. Гости испратени. Дете цела недела со мрсоли небитни и од синоќа малку тт и меше . Па ни парацетамол немавме, и дадов ибупрофен, среќа па не ми поврати и ок беше. Една недела беше во градинка и сега не знам дали маген дарм донесе или стрептокока некој шарлах или нешто сосема пето. Ми пишува сабајле мајка и на другарка и, немало да ја носи нешто не била фит. Викам и мојата не е. Последно време некоја кулминација со тантруми и вриштење е, после многу сум истоштена. Куфери треба да се спремаат, пакети чекам. Свекрва спомна и музика ќе викала . Искрено не ја ни разбрав дали на сериозно или ме зезаше оти на крај цела свадба гости излегоа . Дури сега веќе почна да ме фаќа страв. И тоа. Убава недела . Каде е Билка?
Пишував еднаш за многуте згради што се градат до мене 230 станови вкупно од кои 30% за социјални случаи (или случаеви мозокот не ми работи моментално од 3:00 сум будна) Епа сега кога се враќав од работа си пуштиле мајсторите српска музика ечи и не можев да издржам мораше да се насмеам nisam majko ja sa srecom rogena запомнив Ние плаќаме 1030 евра топла кирија, а зградата до нас 700 евра топла кирија, и двете цени за трособен Ама зградата до нас е фирма и членови се со години па добиле стан на листа на чекање Таму живеат две мои другарки (и јас нели одма си мислам дека е тоа знак за мене, да станам член и да чекам за стан) 330 евра не е мала разлика Становите им се по три на еден спрат и некако и ѕидовите изгледаат надоле, не е до толку високо како во мојов стан, и малку потесни простории во широчина и висина значи ама сепак и онака сме цело време на работа и надвор не ми менува многу Балконите се дупло поголеми од нашиот, тоа е предност
Здраво, јас сум катастрофа со здравјето и бременоста па ми доаѓаат роднини и од моја и од негова страна на помош и прошетка. И баш убаво ни доаѓа оти се се некои блиски што не ми идат на живци. Вака кога ве читам колку често се децата болни малку страв ме фаќа. Со првото баш имаме среќа, освен носот што му е чат пат мрсулав не знам што е да ти е детето цела недела болно. Ни е залепено до мене, ни е проблематично за јадење, не прави бељи... единствено што не сака рано да си легнува. Сега со гости пи цели денови шетаме по други градови, продавници, музеи, да ти е мерак да шеташ, оти како ќе му кажеш така, нема трескање од земја сакам ова или она. Со второто ако дојде се спротивно од првото ќе има смешки. Плус и живците со годините ќе се потенки.
Здраво жени, Јас сум турбо периодов.Бебето порасна,разбира и не сака за спие.Па почнаа проблеми со запек и заби. Толку од мојот царски живот кога бев наспана Добро очекував дека ќе смени кое дете пораснало без проблеми. Во меѓувреме ме убива бирократијата. Имав проблеми со даночните класи,па правам нови договори на речиси се,дека старите се истечени. Имам и овој месец куп родендени едно 5-6 на број.Што детски,што на пријатели.Машала секој месец викам сега беа многу,наредниот ќе намали,оти и тоа е голема обврска да мислеш за поклон Во меѓувреме ми помина роденденот,дувнав свеќички и сега треба само да славам во ресторант. Желби кој знае какви немам,да сме само живи и здрави и да може да имам подебели живци и другото ќе си дојде по ред. Не ве читам.Многу ми е долго. На тема политика,земав државјанство и може да гласам.И ќе гласам за АФД-еве јавно си кажав. Кој работи нема да го депортираат,тоа сум сигурна.И пред да добијам пасош бев за нив,сега барем ќе ѓи гласам. Овие кловновите ми идат на нерви. Се тоа што го кажавте неколку страни назат е точно.Плус ќе укинат Ehegattensplitting(тоа е даночно олеснување за фамилии каде еден партнер работи) и сакат да водедат Каренц Таг-првиот ден боледување да не ти е платен за да се помислиш дали да се пишеш болен или болен да работиш. Политиката им е да ја уништат средната класа. Баш гледав видео и е точно сиромашните ќе добиваат помош од државата,богатите ќе ѓи префрлат бизнисите во странство,а средната класа ќе биде приморана да плаќа се живо и диво за да го одржат системот. Не гледаат за Геманија,дадоа 80 милијарди неповратни на Украина,а се жалат за дупките во здравството. Да не се нервирам пред спиењеЛека ноќ
Морген, и јас земав пред некој ден државјанство, пасош за сега не ми треба. Не гласам за АфД и нема да гласам, ама цел мој ауслендерски круг сите што ги знам се за АфД и потполно ги разбирам. Еден пријател му вели подобро да ме избркаат од Германија и да си барам чарето отколку да живеам во држава каде плаќам 50% даноци а пак нема нови возови, ни место во градинка, ни доктори... Мене малку треска ме тресе како ќе излеземе на крај со трошоци кога ќе сум на елтенцајт. И ако мене ме тресе треската, со две добри плати, јаки бонуси и останати примања, не знам како им е на тие на минималец.
Нас ама баш ништо не не прашаа, потпишавме неколку документи и толку. @Dancewere мислам кажуваше дека кај неа имало неколку прашања, нешто мислење да кажеш/напишеш околу војната во Украина, антисемитизам и уште некои општи прашања имало, ако добро памтам.
Да тие беа прашањата да дополнам имаше прашање што е демократија, што е опозиција, поделба на власта (законодавна, извршна, судска) ептен комон сенс прашања. И писмен тест беше кај мене. Јас кога требаше да гласам во март за изборите во Баден Вутемберг, појма немав за кој да гласам. Другарка ми ми ја прати вал о мат страната, според неа за мене најрелевантни би биле спд или линке. Јас не отидов да гласам, оти заборавив избори дека има. Колку сум преморена и на лимит само јас си знам, плус нервозна треба да ми дојде… од вчера само плачам и се самосожалувам. Ама мора да станеш сабајле и да функционираш!Денес дожд се истури битно ќерка ми се на валдвохе во ливада. Ептен се твдокорни .
Јас не знам што кажам освен што мислев дека тука нема партии. Еднаш и пишав во темава дека за разлика од Мк тука нема партии ама никој не ме коригираше тогаш?! Вторник се погоди Ausflug и дожд и јас слободна па го оставив дома малиов. Ама затоа, баш сега во моментов ми текна еве ) јас вчера ги шетав на дожд без чадор. Ццццц не го приметив тоа се до сега! Значи не смеам ништо да кажам за градинка. Чуден период од животот. Немам што да кажам.
Ништо не ме прашаа дирек оти ми беше лошо таму, од болница отидов на термин и пак се вратив во болница. Одоколу ме прашуваше што мислам за воведувањето војска и тогаш беше доста строга за прашањето. После месец дена кога отидов за да го земам државјанството пак отворивме муабет за тоа, скроз друг став, ми вика не се замарај дури дојдат твоите деца на ред за војска сигурно ќе ја укинат скроз.
Ајдее од вчера најави тој глупиот министер и на Елтернгелд ќе треба да се крати. А во коалициониот договор им стоеше треба да се качи оти од 2007 не е покачен. Ако изгласаат, кој раѓаше раѓаше, ние другите ќе си останеме со прст во уста. Посебно па тие што сме сега бремени и парите ни биле планирани. Уште ако скратат Тајлцајт, Ehegattensplitting, ако воведат се тоа што зборевме пред неколку страни овде, не знам која будала ќе се венчава и раѓа деца во државава. Значи и SPD и CDU/CDU мразат фамилии посебно жени, а ни зелените не се подобри оти со нив почна ова. И како жена ќе размислам дали друг пат пак ќе ги гласам овие женомразачи.
Леле значи ова бебе ме преморува.Златмо си беше морна.Не сака да спие,не сака да јаде.А, на почеток си јадеше сипер каши дури и по лажицата одеше. Нешто ја мачи,ама не знам што. Големото и оно ми гази по живци.Остај што го одпишав од хорт,оти за џабе плаќав,сега не ни јаде во школото.Порано ми викаше дека имаат убаво готвен ручек.Сега брза дома да не му бега телефонот.Само се карам со него. Периодов ми е даун.Маж пак ќе е на одмор,се надевам да одморам и јас со него и да подсредиме по дома. @bubemconia порано викаа АФД нацисти,сега сите странци и они ги гласаат. Видоа сите дека џабе работат,кога се се качува и на крај не останува ништо за работниците.A, донираме пари низ цел свет. Кај мене ми е страв на комшиите германци да си кажам што мислам.Дека сите се зелени.Ама,они се во пензија и законите секако не ги погодуваат.Вчера паднавме на политика со комшиката што е турчинка и вика и ние сме за АФД и нашите деца ќе ги гласаат нив. Само на моменти се мислам и плавите да не излезат како Трамп улави.Првиот мандат Трамп беше во ред,дури и паднаа каматите и имаше живот оти не правеа војни.Сега дали дека му е последен мандат или некоја склероза го има фаната се понаша како тодлер у троз фаза. @SanelaS ништо не прашуваат кога го добиваш државјанството. Јас му викам на маж ми да си земе додека е матно време,оти сега делат без врска.После ќе затегнат,не дека не би го следувало,ама мислам дека пак ќе бараат да се откажуваат другите државјанства и повеќе услови. Секогаш е така има фази кој земе земе после стегнат работа.Исто беше и за бугарските државјансва.
@fairy88 Верувај ми дека се е до телефонот. Прави огромна штета. Така јас сите деца играле роблокс, ми ја потекоа главата секој ден и сега и двајцата имаат роблокс и откако ќе изиграат викаат утре не одам во градинка/ школо!!! Малава не јаде и за неколку недели стана шпагета! Проблем за кој сепак јас сум крива и морам што побрзо да го исправам. Ќе морам швалер да си најдам за да се смени тема во темава!!! Јас телевизор немам од што ваквите вести како политика прават само лоша и ниска вибрација на народот! Ако се смени на многу полошо ќе се отселиме и готово. Нема граници во животот. Ама сум страшно против тема политика само затоа што од неа само се шири една единствена негативна вибрација. И против швалерај сум секако ама на шала, подобро за симпатии отколку за политика. Се чувствувам како во Мк на одмор да сум кога ве читам. Тоа е измислено само за ние да сме негативни и сиромашни, потсвесно само на лошо води политика. Кога дојдовте сигурно не знаевте кој е кој и бевте посреќни! Јас сум сеуште во чудниов период… Среда ќе е последен ден на симпатијата. Во вторникот се дозна ама јас слободна и дознав во среда. Не ми се верува дека петок е денес. Мислев дека цела вечност поминала од среда до денес! Не сакам да верувам. Тоа значи дека дојде и мојот крај или мојот нов почеток. Сеуште не знам и светот ми е срушен и во хаос. Секако ќе дознаам кај и да е.
Мене ме прашаа што е опозиција, човечки права, права на судот ,демократија 40мин траеше интервјуто. Имам комшика не ги знаела одговорите и и рекле нов термин да си направи и пак да си поднесе документи (Niedersachsen)
ако може да се надоврзам само без да побара ама мој совет избриши им а роблокс , роблокс има мн несоодветни содржини , многу пораки лоши низ игрите , во некои држави е скрос забранета не постое како достапна и се пробува да биде и во повеќе држави така , ако ставиме на вага роблокс спрема тв гледање деца , тв е сосем нормално. те читам у последно време и разгледував и јас општо подобро плус а и што знам од околу мене нешто мислам дека ептен некако лошо ги сваќаш работите , а реално нема да е така лошо за тие што си работат нормално и со убави плати да кажеме 18-20€ саат нето плата , и се што ќе се десе со промените , и 4/4 класи да направат сите што се со добри плати ќе живеат исто само шо месечните распределби малце ќе се поинакви ама па тука некаде ќе е и на крај вкупниот данок останува ист , и не е лоша класа таа , мене и ме бендисува поеќе од 3/5. А за елтернегелд ќе се промене само кај оние со многу многу поголеми примања што зимаат над 3/3500 нето плати , а за останатите ќе е исто.
Во право си @Poppins. Ова богами на секој треба како непобаран совет да се даде. Ние сме Германија ама заради близината Роблокс мисли дека сме во Швајцарија и многу игри се забранети и бара пасош и идентификација со камера. Тоа е ново фактички од пред недела- две, првите две недели можеше било која игра. Ама да, самото тоа што се забранува, е доказ колку е лошо Роблокс. Се надевам дека како со лабубуто ќе биде, изнададовме пари за сега да го подарувам. Има една фб група Wünsche Karussell со скоро 300 000 члена па тука подарувам кој што му треба, достава плаќаат самите. Кај и да е и јас ќе посакам нешто, само да го формулирам добро. Фб апликација немам, само сега ја активирав заради групата, па пак ќе ја избришам кога ќе завршам. Премногу црна хроника имаше на фб.
Фала ти што не ме разбра погрешно , и моиве ( 9 и 5) лани а играа еден период мал е така и ќерка ми ме запна а имале у школо симни ми симни и после тоа кога почнаа се повеќе видеа и работи да излегуваат за играта и се исплашив и одма им а избришав . Сега пак запиња малце периодов ќерка ми за играта ама нема шанси да и попуштам. Фб е бесплатен пазар се и свашта ќе видиш таму Лабубу добиа по едно ама ваљда лафуфу беше некое фејк и тоа во мк кога беме на одмор нормално на поклон го добиа ама не беа многу по тоа пренесени и ја не обрнав внимание
те читам у последно време и разгледував и јас општо подобро плус а и што знам од околу мене нешто мислам дека ептен некако лошо ги сваќаш работите , а реално нема да е така лошо за тие што си работат нормално и со убави плати да кажеме 18-20€ саат нето плата , и се што ќе се десе со промените , и 4/4 класи да направат сите што се со добри плати ќе живеат исто само шо месечните распределби малце ќе се поинакви ама па тука некаде ќе е и на крај вкупниот данок останува ист , и не е лоша класа таа , мене и ме бендисува поеќе од 3/5. А за елтернегелд ќе се промене само кај оние со многу многу поголеми примања што зимаат над 3/3500 нето плати , а за останатите ќе е исто.[/QUOTE] Плата 3 до 3500 месечно не е ич големи примања. Само кирија во голем град е 2000 евра. Каде се сметки, храна, други трошоци... Дали луѓето што најмногу работат т.е. средната класа треба да бидат казнети за тоа и да немаат деца од што не можат две три години со една плата да преживеат? Друго, ова што го пишуваш за класите, нема врска со Сплитинг. Сплитинг и на 4/4 ти пресметуваат и си во ќар од тоа. Ако го изгласаат сето ова (што не верувам) децата ќе бидат луксуз само за богатите и евентуално за бургергелд групата и азилантите. Нормален работник нема да може да си дозволи да има деца или ќе има максимум едно. Не сме ние Швајцарија па со една плата да се живее или да има јасли колку сакаш. Во некои покраини жените уште со тестот за бременост се пријавуваат во градинка и пак не добиваат место, чекаат со години. Ко некоја што има едно дете, и чека второ, знам точно што зборам.