Здраво женски Вие шо сте ваделе мк пасоши во амбасадите овде, кои документи ви ги бараа? Ми истекува во август па морам да го сменам.
Зависи каде, прати им мејл, ќе ти кажат точно. Ние во Минхен вадиме, таму па задолжително е кеш да имаш, термин ти треба и еден формулар што ќе ти го пратат на мејл, пополнет да го однесеш и стариот пасош, не знам дали мораше и на поднесувањето да се носи или само кога го подигаш готовиот, за да го поништат.
Пиши на меил на Амбасадата во која сакаш да вадиш пасош. Ќе ти пратат кој документ треба да го пополниш и што да доставиш плус и истовремено ќе си закажеш термин. Ова е искуство со Минхен Амбасадата, околу 5 пати имам вадено пасош.
Здраво девојки, германец му кажал на роднина, ама не знам колку е точно. Маж можел да зема пензија на 61 година околу 900еу. месечно (со 5 год работен стаж.) Нешто како социјална помош. Да не чека старост до 67. Не знам дали е точно ова, ако имате инфо на колкава старост се зема пензија, дали има вакви варијации и сл. би ми значело. Извинете ако е глупаво прашањето. Се работи за постар човек кој работи во Гер.
И мене ме интересира ова за пензиите како оди, мене па ми кажаа дека и на 65 години можело да се оди во пензија, не мора до 67. Ако некој знае каде да се праша за пензија како е точно ќе ве молам да ми пише.
Може ама ќе се зема пониска пензија. На пример ако отидеш на 60 години ќе земеш 500 евра месечно, ако отидеш на 67 1000 евра. Ова вака ептен грубо од колешки што знам. На 61 и 5 години стаж пологично е да зема 100 евра месечно пензија, а не 900. Би требало да го следува Bürgergeld, тоа може да се пише на Гугл и види дали нема ограничување на возраст. Може и кранк да пише година- две да одмори. Може да ја земе целата пензија одеднаш и да се врати во родната земја. Најточно само на телефон во соодветното пензиско осигурување. За се има милион подточки и 100% точно само телефонски може да се дознае.