Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    17.964
    Малку не си јасна. Мислиш 3500 за еден или двајца заедно? Нормално дека ако е за двајца е малку, ама двајца по 3000/3500 не е многу ама па и не е баш малку, дури и за Минхен, зборам за нормален живот.

    Тоа дека стапот е најмногу по тие што заработуваат по 6000+ бруто е факт. Во оваа држава не вреди да се трудиш за повеќе оти само државата има најмногу ќар од тоа. Прост пример, од 200 евра покачување на платата на класа 1 и 4 работникот добива 112 евра нето а вкупните трошоци за работодавецот се 250 евра. Па сеа ти види...

    За елтернгелд не разбрав за кој ќе го укинуваат, знам дека беше укинат за тие што имаат над 150.000 бруто заедно. Сега ја намалуваат таа граница?
     
    На JasBee11, bubemconia и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. bubemconia

    bubemconia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.079
    Мислев за фамилии кај што едниот зема 3500, а другиот е на елтернцајт и не зема ништо, работи помалку заради децата или работи на некој минималец од 1600 нето. За двајцата 3500 +/- 500 дефинитивно не се сиромашни, ама не се ни богати ко што вика спд. Значи имаш за кирија/кредит, градинка и школо, еден кредит за средно скапа кола, еден одмор годишно и тоа е.

    За елтернгелд од 2025 е 175 000 zu versteuernden Einkommen, значи околу 200000 бруто двајца. Сакаат да ја намалат таа граница и да го намалат елтернгелд или целосно да го укинат. Значи се што се прави се прави за штета на семејствата, посебно на жените. Кој ќе раѓа не знам.
     
    На JasBee11 и mKdevojce им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.903
    Допаѓања:
    39.316
    Пол:
    Женски
    Апдејт за струјата да пишам.
    Онлајн внесов колку стои на саатот и прикачив слика.
    Треба да доплатиме 3 евра. :angel:

    Мислам дека откако стигна писмото станав експерт за струја. :D

    Има повеќе тарифи и гледам ние плаќаме една од најскапите повеќе од 0,35 за киловат, а на интернет пишува дека и од 0,20 или 0,10 има струја заборавив.
    Па сакав да ве прашам дали знаете вие каква тарифа плаќате?
    И кои се мааните на поефтина струја?

    Оваа година сме потрошиле најмногу до сега 1945 киловати, претходната 1750, а најпрвата кога немав ни правосмукалка ни фен, а не пак машина за сушење сме потрошиле 700. :D

    Ова чисто за ориентација да има некој ако има прашања околу струја. :D

    Дека некогаш читам во фб групи како стигнало некому на пример 1000 евра за доплата па затоа имав уплав од писмото.

    За штедење на гас станав експерт. Од денес станувам и за струја. 8)

    Е ајде и за ѓубрето не кажав дека и ѓубре научив да штедам и треба да платиме 100 евра помалку. Претходната година 400 евра за цела година, оваа 300. И тоа е многу како за ѓубре ама Немачка нели. :mm:
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    17.964
    Тоа дефинитивно. Удрија на штедење на сметка на семејствата. Содер го укина фамилиенгелд со изговор дека ќе одат тие пари за градинките и оп од пред една недела вест дека нема веќе бесплатни градинки во Баерн, а крипето ќе поскапи :wasntme:. Се знае кои се приоритетите на агендава што се тера, а семејството и децата не се еден од нив. Ќе го нормализираат шетањето кучиња наместо бебиња во колички уште толку.
     
    На bubemconia и JasBee11 им се допаѓа ова.
  5. regresija

    regresija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Обично не коментирам никогаш и не следам политика ама ова ме заинтересира и сакам да продискутирам бидејќи малку емоционално и политички се води дискусијата, а не со факти. Имено за елтернгелд да те фати граница за оданочив приход од 175 к ЕУР треба да имаш околу 220 до 240 илјади ЕУР бруто плата комбинирано двајцата партнери, ова е груба пресметка нели зависи од многу фактори. Aко си околу 200 к ЕУР може да си на граница и лесно со малку калкулација со помош на даночен експерт да искомбинираш приходи и се уште да земаш. Високо позиционирани луѓе со вакви приходи имаат веќе некоја стабилност во животот и можат многу полесно да преживеат без тие 25 илјади евра од елтернгелд, за разлика од луѓе со многу помали примања на кои ова многу повеќе би им значело.
    Едноставно буџетот е ограничен и подршката од елтернгелд е насочена таму каде што би имала најголем бенефит, така функционира секоја економска политика. Исто така само да дополнам со паметно даночно планирање има и неколку дупки како ова би можело да се избегне скроз и дури и паровите да имаат бенефит. Има сигурно точки за критика ама не се толку драматични.
    Секако дека ќе те чини пари и време да одгледуваш дете/деца и животниот баланс и финансии ќе ти бидат полоши во споредба со тоа да немаш деца. Но, што друго очекуваш?
     
    На gjoker4e, Masnickaaa, Poppins и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    50.574
    Паааа, очекувам пешадијци, морнари и цигани да не земаат по 5000 илјади евра месечно и плус да ги пуштаат да крадат, просат и работат на црно додека плукаат против германија, христијанство, бараат шеријат, дилаат дрога , фрлаат под воз, колат со ножеви на сред бел ден, силоваат баби по дома, жени на улица и деца по вециња па се пуштени оти се психички болни или оти толку им била културата, додека пензионери собираат флаши по канти, инвалиди работат за 250 евра, јас ако одам под социјално не можам за државјанство да аплицирам или па деца ако сакам да ранам да наоѓам дупки по законот да добијам назад од тоа што сум вложила у државава со моето работење и даноци ако иам време секако коа ќе се вратам после десет саати од работа ако не пцовиса Мерц скоро...

    Али, да не ја расипуваме и оваа тема со небитни работи као политиката и иднината на државата у која живееме.
     
    На Jas!, Miss666, bubemconia и 7 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    13.207
    Пол:
    Женски
    Оа нормално, фатиме со 5 деца и 6 на пат, ќе продолжи да зема приходи од социјалното и породилно од 300 евра, оти нели цело време има дете под 3години и не ни мора да дава отчет зошто не работи. Хамза е механичар и е осигуран на минималец. Колку работи што ќе сработи човекот. За греота се.

    Ама Бубе кој ја терал сега дете да прави кога има над 170к пригоди. Шо сега ќе работи со стомак до заби, нека си плаќа данок, касата да се полни, а после не и треба породилно доволно има. Ако сака пари нека остај бебе и нека си работи. А за да го остави нека планира и барем 500евра на месец за крипе што постојано ќе е затворено или дете ќе е болно. Абе кој ја терал да раѓа. Свашта значи.
    А мора и да работи шо сега и е оправдување за да работи на пола работно време. Шом си отишол до работа остани си 8 саати, ама па според закон и пауза мора да земе и пат и оп 10 саати да не си дома. Ама ако вака деца се учат на независност, од бебе некако само нека се снаоѓа.


    Иднината на државата е чао. Ако сега ни е лошо, за 5 -10 години од сега ќе е страшно. Ќе пораснат децата на фатима, сите не интегрирани, па дури и неписмени. И не е само фатима, колку други се. Мене искрено страв ме фаќа во ккј свет ќе ни живеат децата. Сите осеќаме промени на полошо, повеќето овде сме секако над една декада.
     
    На WarriorMind, Jas!, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    17.964
    Тоа со границата за елтернгелд е како прво дискриминација на жената. Ако до вчера имала 3000-3500 нето и само затоа што родила дете сега останува со 0 (н у л а) приходи и 100% зависна од мажот. Каде е тука феминизмот? Што ако дојде до развод во тој период?

    Ете некој се потрудил да стане нешто повеќе, да заработува и притоа плаќа секој месец дебела сума во даноци и придонеси во ренте и кранкенкасата од кои се финансира егзистенцијата на Фатиме и Мухамед и нивните 12 деца. И on top of that е казнет да не добива ништо од касите кои секој месец касираат од таа личност. :wasntme: Ако некој дошол до 150k+ тогаш тоа не е случајност туку заслуга од личен труд кој не треба да се казнува туку вреднува.
     
    На SummerGirl, Dancewere, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    13.207
    Пол:
    Женски
    Па не знам како и да го наречам. Мислам до сега беше дискриминација, бидејќи горната граница беше 1800евра. Жена која многу повеќе печали и плаќа данок, беше многу финансиски оштетена. Сега веќе кршење женски права повеќе е.


    Не знам дали се сеќавате, дали сте го гледале на твитер имаше видео кое кружеше. Наставничка која се жалеше дека не може ни да ги научи, ни да ги казни децата од овие фамилии. Немаат страв од ништо. Распуштени банди. И девојчиња и момчиња, се однесуваат како простаци. Ништо не допира до нив, никакви консеквенци. Тие деца за 3 години ќе станат полнолетни и така и ќе биде. Немаат никава свест за општо добро. Напротив.
    Не ми е јасно како ова не е проблем и не се согледува? На кај се движиме?
    Па нормално сите што работат ќе поддржат нацисти. Кое зло да го одбереш?
     
    На Miss666, SummerGirl, bubemconia и 3 други им се допаѓа ова.
  10. regresija

    regresija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ок, може сега ќе соберам доволно пораки за да можам да читам сочни трачеви за македонските јавни личности во скриеното катче :)

    Нема да се караме, те разбирам ако заработувам многу, плаќам многу даноци би сакала државата да ми го врати тоа, ова е валиден аргумент. Ама ние зборуваме за една политика која се вика Елтернгелд и како е најдобро да се искористат тие ограничени средства. Ако сакаме да видиме дали економската политика е добра треба да видиме какви ефекти донела, не само да пишуваме за индивидуални најлоши случаи и екстреми. Прво елтернгелд се финансира од државните федерални даноци не од социјални осигурувања. Значи државата одлучува, преку политички консензус, како ќе ги распредели тие средства собрани од даноци од сите нас. И 2/3 од тој буџет оди за да се финансира таа исплата наместо да се алоцираат во повеќе градинки и повеќе часови за работа на тие градинки и слична инфраструктура за грижа за децата. Реално колку парови се засегнати од намалување на границата, 7 до 10%, значи за останатите 90% е скоро небитно. Економската логика е дека други политики се поефикасни за семејствата. Никој не ги казнува мајките всушност има студии дека има бенефит за нивната кариера долгорочно. Не се раѓаат деца за да земаш бенефити од државата реално децата економски се трошок во време, пари, стрес. Дури и да се земат сите бенефити во предвид пак се доаѓа до тоа дека одгледување деца е нет трошок ама се слатки така да.

    https://berlinschoolofeconomics.de/...-parental-leave-benefits-on-gender-inequality
     
    На Yowannty и JasBee11 им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.470
    Допаѓања:
    33.581
    Пол:
    Женски
    Во Германија кој работи -ќе нема
    Кој не работи - ќе ужива.
    Ова одамна ми го имаат речено и дур сега гледам дека е така :D
    Жално ама вистинито :D
    Значи излегува џабе е да се трудиш тука да успееш нешто повеќе, кога државата ќе те дере уште толку.
     
    На SummerGirl и bubemconia им се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    17.964
    Платеното породилно отсуство не е бенефит од државата. Тоа е регулирано право на поддршка на жената барем во првата година од раѓањето на детето.

    Тие пари државата ги собира од народот и се народни пари кои треба да бидат наменети баш за народот а не за финансирање на бесконечни војни и издржување на маса џаболебари.

    Според тебе што е решение, како во Америка на три-четири недели старост во крипе или пак ај воопшто да не раѓаат жените оти се трошок и стрес децата?
     
    На SummerGirl, bubemconia, SanelaS и 3 други им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    17.964
    Рамноправност и солидарност. Сите да имаат исто, без разлика кој колку и што работи или пак без разлика дали некој работи или не. :D
     
    На SummerGirl, Chantal, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. regresija

    regresija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Платено породилно отсуство е државна финансиска поддршка во Германија за родители по раѓање на дете и за мајка и за татко и треба да постои и мајките треба да се подржани. Прашањето е каква треба да биде таа поддршка и дали е разумно истата даночно финансирана помош да биде иста за семејство што едвај врзува крај со крај и за домаќинство со многу високи приходи. Не знам зошто секогаш Америка, имигранти, социјална помош, криминалци, религија се меша за да се фати некој на емоции, ниту спомнав ниту имав намера да споредувам баби и жаби.
    Коментирав само дека има аргументи зошто постои тоа ограничување за родители што заработуваат многу. И всушност Германија веќе користи ограничувања според приходите за многу даночно финансирани поддршки (Wohngeld, Kinderzuschlag, BAföG). Затоа дискусијата за праг на приходи за Elterngeld не е нешто радикално или сосема ново. За мене решението не е да се укине поддршката за родители, туку подобро да се насочи. Ако се штедат пари од Elterngeld за домаќинства со многу високи приходи, би сакала тие пари повторно да се вложат во семејства: повеќе места во градинки, помалку затворања, подобра грижа за деца, поддршка за родители што навистина финансиски се борат и подобри услови мајките да не мора да избираат помеѓу кариера и дете, и ред други работи за деца. Приоретизација и помош таму каде што има најголем ефект.
     
    На Yowannty и JasBee11 им се допаѓа ова.
  15. bubemconia

    bubemconia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.079
    Прво проблемот е што сакаат таа граница од 175000 уште толку да ја намалат и тоа ќе биде страшно. Посебно во комбинација со сплигинг и поскапување на градинки.

    Второ, 175000 или 20000 бруто да, не се малку но штом се укине елтернгелд таа фамилија останува две години на само една плата. Да претпоставиме дека земаат исто и дека другиот има 100000 бруто годишни што значи околу 5000 нето месечно. Тогаш 1800 евра месечно не се ама ич малку пари оти таа фамилија не е богата. Ако живеат во голем град кирија е 2000 ладна, плус градинка за првото дете, плус давачки за бебето, плус за возрасните... И сега некои двајца со 120 000 бруто ќе земаат една плата плус елтенгелд, а овие што најмногу придонесуваат треба да се чудат како ќе платат сметки и да се ограничат на едно или максимум две деца.

    Елтернгелд е воведен баш за тоа, за да ги мотивира работоспособните да раѓаат деца, а не да ги финансира тие што еден ден стаж немаат. Голем дел од тие луѓе со големи плати се млади семејства што поминале години и години студирајќи, па почнале тек скоро да заработуваат и немаат заштеда за да можат без тие пари. Некои плаќаат уште студентски кредити. Во таква ситуација сите што заработуваме повеќе и сме негде на граница сме принудени годината пред бременост да работиме помалку, да откажуваме проекти, само за да може да фатиме елтернгелд. Можеби за некој со 500 000 приход годишно се тоа малку пари, но за 175000 па дури и помалку ако ја намалат тоа не се ич малку пари, и се пресудни во одлука дали да се има дете. Да не зборам па дека во државата фалат јасли, дека дете од 5 месеци никој не ти прима, и ред други работи.

    И не, не очекувам државата да ми го гледа детето, ама на толку многу давачки што ги плаќам заслужувам една или две години некаква помош за времето кога ем државата нема решение, ем детето си бара мајка/татко.

    А за тоа што велиш да се пренаменат парите, не функционира. Ко што пиша некој погоре, еве Содер укина во баерн фамилиенгелд демек цел за градинките ќе се пренасочи па пак се качуваат градивките немаат пари оти ни евро не видоа од тоа. Плус јасли не се решение, голем дел од децата до 12 месеци уште цицаат.
     
    Последна измена: 21 мај 2026
    На Gosh, SummerGirl, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.903
    Допаѓања:
    39.316
    Пол:
    Женски
    Во вторникот вечер застрелаа човек среќа преживеа
    Денес од прозор гледал 2-3 деца тепаат дете од шок не знам дали 2 или 3 сите нњ возраст 2-3 одделение
    Одма искачам од дома поминав сред улица среќа сњ освестив погледнав убаво да не имљ кола или трамвај инаку во пок и опасно е
    Едно дете остана и тоа го кажа деугоот се викало Андре ама можеби уште едно трча
    Повеќе деца беа
    И го најдоа одма таткото на те паното викна полиција која дојде за 10 секунди буквално
    Јас бев сведок и едни маж и жена
    Запишаа податоци
    Сите деца ги испрљшљљ и родителите
    И на крњј доаѓа таткото од тепачот дете леле издрогиран бели очи, немаат поглед, зеници те му беа ситни одеше како насилник и одма сакаше да се тепа и полицијата одма го спречи
    Одма ми стана јасно како ги учи таткото дома
    Дури сега ми текна која е мајката една скроз нормална вежба беше и ожсо со тек на време пропадна и еднаш реков шеф пред 3-4 години уште дека оваа жена са чи значи имљ јал сен ужасен маж
    Детето беше многу црвено
    Го удираа со клоци
    Деца 2-3 одделение мајко мила
    А 44 годишниот маж го застрелале двајца 20-25 годишни по моја логика платени од некој за да направат убиство се надевам ќе хи најдам

    Јас само сакам да се отселам од тука не знам што се случи
    Или некоја планета не е како што треба периодов не знамш
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    8.617
    Колку повеќе заработуваш имаш поголеми давачки и држиш друг стандард.Така да од висока плата на нула да паднеш и не е баш така лесно и едноставно.
    Гледам по фамилии(познаници) кои имаат 10к+ нето примања месечно.Имаат кредити за куќи каде ратата им е над 2000еу.Епа ако им се преполови примањето треба да банкротираат.А,каде се друѓите давачки да ја одржуваш таа куќа.Сигурно не е небенкосте 200еу,ако не им кошта само ѓубрарината месечно толку.
    Така големи плати идат со големи трошкови.Некои имат пример и кредити за скапи коли.

    Елтернгелд треба да има за секој.Ако плаќаш треба да те следува мое мислење.Мене ми е чудно како елтернгелд добиваат некој кој ден стаж немаат.Е тоа да се чудиш.

    И да се надоврзам и 5к нето не е нешто недестижно во Германија.Двајцата да се со факултет многу лесно стасуваат до таа сума.
    Познавам и луѓе кои се шефови со аусбилдунг.Едноставно води оделение(Ретунгштеле-главна сестра/Пожарна- главен на пожарна) има одговорност еве ти плата од 4.5к па нагоре.
    Ако се надоградуваш ќе ти се исплати трудот.
     
    Последна измена: 22 мај 2026
    На bubemconia, Chantal, JasBee11 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    34.727
    Пол:
    Женски
    Ау Џоки што збориш јас мислев кај тебе да идам оти кај мене секој месец групно силување има во маало, каде напаѓачите не ги уапсуват иако ги фаќат на лице место.Па си велам еј кај Џоки беше таа ветена земја или царство во кое царува другарство;(;(.
     
    На Chantal, fairy88, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    13.207
    Пол:
    Женски
    Ја вчера му реков да се вратиме у родниот град на ќерка ми. Ме праша оти. Викам не знам, ете така ми дојде. Може тогаш некој знак беше, кога во таа болница завршивме :drunk:. Јбг кога веќе со разум не можеш да избереш, знаци си бараш:tmi:.

    Кај мене е чисто и културно маало, ама штом поминам пругата натака друг свет живее. Ама овде не се купува освен ако не си наследил 500к од некаде или не ти се паднало лото. Овие моите другарки дојчовки купија сега и двете, ама и двете милионерки се. И уште се прашувам оти ме дружат мене, дете од село од пм дојдено. :?:
    Еднаш ме изнервираа, ви пишував и од тогаш не се повтори. Дали и мене ѕвездите тогаш не ми беа, па нешто лично си зедов. Којзнае.
    Планирам за маци роденденот да и викнам 3-4 другарчиња и одна после крипе на шпилплац да одиме. Мислам ние и така секој ден ги носиме, сега и малку храна само ќе понесам со мене. Мислам многу ќе ја израдува.
    Јас инаку до 1.10 морам да однесам договор за работа, оти ќе немам кита. Како се уседов дома. Три години до 30 мај :rofl:. Сега кој пак ќе оди да работи, страшно.
     
    На TutiFuti, SanelaS, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    50.574
    Ах беее, Немачка и нејзините поединечни случаи број незнам кој и рандом мажи у женски облик на форумов што се избацуваат у најрандом теми само да ни објаснат нешто логички оти ние многу емоционално гледаме на еве пример и оваа толку небитна тема.

    Нејсе, покрај све што емотивно набројав, ќе додадам и да не се праќа дечји додаток за деца што не живеат у Германија, нит па со сигурност не може да се докаже дека стварно постојат од држави као Тунгузија и Тунгузистан, па ќе им останат пари од НАШИТЕ да ни дадат за да им раѓаме деца у оваа СОЦИЈАЛНА држава.

    Поздрав и имајте убав ден, и секако имајте редовни сексуални односи за да не ве фаќаат на емоции вакви небитни ствари.
     
    На Katie90, SummerGirl и SanelaS им се допаѓа ова.