1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.470
    Допаѓања:
    33.579
    Пол:
    Женски
    Не ми прави кеиф така :D. Додека ја чекам нарачката, ќе ми се одмиљи :rofl:
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. regresija

    regresija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Прво, искрено благодарам што дискутираш аргументирано и не напаѓаш лично, ретко е на форум и навистина го ценам. И веднаш да признаам: неколку работи што ги кажуваш се точни и немам што да дискутирам против нив. Имаш целосно право за јаслите. Ако државата не нуди место за дете од 5 месеци, а истовремено ја укинува потпората што му овозможува на родителот да остане дома тогаш навистина ги стиска токму семејствата за кои тврди дека се грижи. Тоа е реална противречност и не сакам да се правам дека ја нема. Решението е повеќе градинки и подобар елтернгелд, не да се преправаме дека дупката не постои. Точна си и за тоа дека висок приход не значи богатство. Млад пар на 33 со 100.000 бруто, студентски кредити и без заштеда е сосема поинаку од некој со капитал. И мислам дека нема потреба да ги ставаме сите политики во еден кош засега, бидејќи за нив се дискутира и не се воведени.

    Второ, еве и нешто практично што всушност ти оди во корист: бидејќи прагот се мери на оданочлив приход, а не на бруто, ти имаш повеќе контрола отколку што изгледа. Ако си близу границата, со малку планирање однапред, уплата во Rürup или betriebliche Altersvorsorge, искористување на сите одбивања, тајминг на бонус во друга година, можеш да го спуштиш оданочливиот приход под 175.000 и да го задржиш целиот елтернгелд. Значи за семејство што е само неколку илјади над линијата, вистинската „загуба“ често воопшто не е неизбежна, само бара да се седне и да се пресмета однапред. Не велам дека тоа го решава проблемот за сите, некој со 220.000 можеби не може реално да се спушти на 175.000. Ама за многумина баш на работ, разликата не е „еднo евро ме чинеше 21.600 елтернгелд за една година“ туку „никој не ни кажа дека со малку планирање можев да земам елтернгелд. И токму затоа ваквите дискусии се корисни, не за да се караме, туку за луѓето да дознаат како функционира системот и да го искористат во своја полза.

    Понатаму, eве конкретно, на твојот пример, само за илустрација, еден доход од ~100.000 евра бруто, партнерот дома, три деца. Кога едниот е дома, влегува сплитингот и тоа го менува нето многу повеќе отколку што изгледа — гледано на годишно ниво, нето излегува некаде околу 6.000–6.800 месечно (точната бројка зависи од тоа дали си приватно или јавно осигуран, црковен данок, итн.), плус киндергелд за три деца од 777 евра. Елтернгелд: 0. Од друга страна се трошоците — твоите 2.000 ладна кирија (значи ~2.300 топла со режии), јасли (во Минхен тоа варира многу, од речиси бесплатно за постарите деца до неколку стотини за јасли), храна за петчлено семејство, бебе, осигурувања, превоз. Тотал, реално некаде околу 5.000 месечно, плус-минус, зависно од стилот на живот. Не тврдам дека точно остануваат толку и толку евра, тоа зависи од твоите конкретни бројки. Ама и со конзервативни претпоставки, и со твојата кирија, на едно добро домаќинство со еден доход и сплитинг му останува јасен вишок од над илјада евра месечно. Затоа велам „две години на една плата“ е реално и не го омаловажувам тоа, ама „не знаеме како ќе ги платиме сметките“ е сепак друго нешто. Прашањето не е преживување, туку дали државата треба да дополнува домаќинство што и онака завршува месец со плус.

    И за крај би додала уште.... да да знам досадно е ама ова е социјална држава :) не е точно дека земаш „нула“ од системот. Напротив, високиот приход добива многу: сплитингот, киндерфрајбетрагот, плус сето она што даноците го финансираат и што го прави можен токму тој висок приход. Чувството „ништо не добивам назад“ е разбирливо, ама фактички не стои.

    И тука е поентата за социјалната држава: таа не работи на принцип „колку дадов во даноци, толку да земам назад“. Тоа би бил автомат за кафе, не солидарност. Поентата е дека помошта оди според потреба, не според придонес, затоа некој што воопшто не работел сепак добива минимум за бебето, а некој со многу висок приход не добива, зашто може и без тоа. Не велам дека границата е поставена совршено, за тоа и расправаме, дали е премногу остра, дали е прениска. Ама самиот принцип, дека помагаш каде што е најпотребно, а не каде што најмногу си уплатил, е токму она што ја прави социјалната држава тоа што е.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. regresija

    regresija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ха, фер, признавам, јас сум од тие што сакаат бројки :).

    И само да разјаснам, бидејќи мислам дека се сфативме погрешно, кога реков дека прагот засега околу 10% од паровите, не мислев дека проблемот е „небитен“ за тие што ги засега. За нив е сосема реален. „Засега малку луѓе“ и „не е важно за нив“ се две различни работи.

    Ако сакаш да продолжиме за самиот елтернгелд, кој модел е најправеден, каде да биде границата, со задоволство и со почит. Поздрав и убав ден! :)
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    18.017
    Пол:
    Женски
    Некој бараше урда, јас овие од кауфланд ги зимам.
    IMG_5877.jpeg
    Многу привилегирано се чувствувам што имам балкан ладен во градов ,цедевита има и од портокал и од лимон и од ананас, па и цевитана имаат. Газоза и прилепска и струмка, тетовски грав и кочански ориз на мерење, џмирки или да ме разберете чварки исто има на мерење .
    Ај чао ќе си одам јас утре за Македонија!
     
    На bubemconia, SummerGirl, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    13.207
    Пол:
    Женски
    Не бе ти не си у тек. Почна Адидас да купува онлајн сега. Ја убедивме.
    Јас ќе ја научам како да враќа. Се нешто си враќам надзат.

    Леле ко чатот овој јпт да го исчитав на темата :worried::drunk:. Халуцинирам веќе изгледа. Од сонцето денес веројатно.

    Инаку да денеска 30° кај мене беше, ама пошто нели до вчера 10 беше и врнеше, сега така малку сите затечени беа. На едно езеро бевме, имаше и нешто за гледање за детето животни и не се нормални бе, се бањаа веќе. Отиде малата да брцне нозе рече ладно било.
    Епа ладно ќерко ти идеш од земја каде што промаја е најстрашно нешто..не си у крв ко овие на прво сонце да се бањаат.
    Ама стварно беше ладна водата. Не верувам да беше над 15 степени. И деца и постари се бањаа ко сред лето да е.
     
    На Gosh, SummerGirl, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    2.895
    @јolene не халуционираш, членкава/членот прави само copy -paste со chat gpt аргументи. Ама он/она си кажа дека собира мислења да коментира и чита во скриено катче.

    Не ми се верува дека дискусија на женски форум има дека жената во најранливиот период е во ред да остане без приходи. Наместо да дискутираме дека е време да се качи елтернгелд пошто инфлација нели ние дискутираме дали да се земе породилното кое патем не е ни 70% од оние кои работат одговорни и тешки работи. Ниедна жена не треба да биде зависна од мажот во тој период. Секоја која што родила дете треба да биде поддржана со породилно од општеството. И Фатима со 300 евра ако нема работено ништо и Лаура со многу повеќе што е OÄ. Толку од мене на оваа тема.

    Уживајте во сончевите денови, пошто само тоа остана бесплатно !:sun:
     
    На bubemconia, eliesaab, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    13.207
    Пол:
    Женски
    Ја ќе пријавам продолжен викенд на итната нели, по прописи како и секогаш со деци.
    Малата легна за дремка и стана со треска 40° температура и повраќање.
    Доктор вика црвено грло. Може и маген дарм да е пак. Велам не доста е маген дарм, ова од вчера брцкањето нозе во ладна вода е гарант.
    Стрептокока не е, ама црвено грло кај нас аларм е и така. Може да дремам сега за ноќеска да дежурам.
    Па и не ни бевме дома кога почна, ама за среќа во близина на нашта итна па таму сокче ни дадоа и одма не примија. На крај се испразни чекалната од берајтшафсклиниката и си посакав никогаш да не се наполни . За сите деца на овој свет.
    Мислам најубава глетка ми беше денеска, ни едно болно дете да нема да чека.
    Сега малата преговара нормално шо да гледа на тв. Ама шо да и правам, нека гледа, нека одмара.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.159
    Допаѓања:
    40.094
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски. Тука пекол. Сега е 21 степен. Најавуваат температура до 30 степени. Не се издржува :sweat: Вчера го уклучивме вентилаторот. Излеговме да шетаме со пријатели. Паркот полн :D

    Урда купувам од Лидл. Таа од руската не ми е убава.

    @Adidas888 побара Цедевита? :lol:

    IMG_20260525_084716.jpg
     
    На JasBee11, Adidas888, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Од каде земате цедевита?? Јас се утепав од барање
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    46.083
    Пол:
    Женски
    Не само во тој период.. секогаш треба да биде независна, да има своја сметка и сл.


    Морген и од мене . И овде веќе цел викенд е убаво времето . Температури до 30 степени . Цел ден сме во двор , на пладне не зашто е претопло ..
    Планирам да порачам пак еден голем базен . Во корона периодот имавме базен и цело лето се бањаа децава . Сега веќе сите тројца знаат да пливаат . Се исплатеше одење на курс со најмалото.
    На пет години знае да вози точак, да плива . Го вози точакот на синко што го доби за тргнување на школо .

    Како што не планираме да одиме на одмор, поради лошо планирање на земање одмор . Мм првата половина од распуст , јас втората и не ми си оди негде сама со децава . Македонија нема да одиме .. па ќе шетаме негде низ Германија. Тоа е .

    Цедевита има сегде по големите маркети. Во Реве има , турските маркети секако. Ама ја нема мојата сорта , ананас.|(

    Им правам домашни лимонади, со праски, јагоди зависи што имам дома . Освежува таман за времето
     
    На JasBee11, Jas!, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    50.574
    Ја само Цевитана пијам...:D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.159
    Допаѓања:
    40.094
    Пол:
    Женски
    Оваа ја земав од Едека. Во некои Едека продавници има само од малото пакување. Да побараш во Реве. И од таму имам купувано. Или во некоја балканска продавница. Во турските не сум видела. Купуваме само од лимон. Овој период ја растворам во бокал и го ставам во фрижидер. Многу е поубава ладна.

    Во Едека кај што одам, освен Цедевита, има и: Фанта шоката и тропикал, Јадро наполитанки, чипс Чипси, Плазма кекс, Домаќица колачи, Медела штрудли, Гранд кафе, Таково локум, Штарк смоки, Пардон соленки, Улкер соленки, Улкер бисквити, Таково нарезок, Манчмалоу, Еурокрем чоколади, Еурокрем, смоки Стоби флипс, и др. Во хипермаркетот има најмногу избор.

    Оваа година не одиме за Македонија. Го убедив маж ми :muscle:
     
    На JasBee11, Katie90, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.903
    Допаѓања:
    39.315
    Пол:
    Женски
    До вчера парно, од утредента вентилатор. Не е нормално.
     
    На JasBee11, Adidas888 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.470
    Допаѓања:
    33.579
    Пол:
    Женски
    Ајде идам стави ми една. :rofl:
    Кај мене веќе е 30- 31 степен, се печиме овие неколку дена.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.159
    Допаѓања:
    40.094
    Пол:
    Женски
    Не знам што е со времево. До крај на неделава ќе биде вака. Ги исправ јакните и ќе ги ставам во плакар. Треба да ги прегледам алиштата од децава. Тоа што е мало ќе оди во контејнер.

    @Adidas888 доаѓај. Од лани те чекам, ама никако да дојдеш :D
     
    На JasBee11 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.470
    Допаѓања:
    33.579
    Пол:
    Женски
    Никако да ми се погоди времето, до некни не излегував поради дождови, сега не излегувам поради сонцето :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.903
    Допаѓања:
    39.315
    Пол:
    Женски
    Само да не е контејнер за ѓубре туку тие за донирање.
    Можеби и на тие мислеше ама муабетот ми е да не се фрлаат дека на некои им е потребна таа облека.

    Јас ќе дремнам сега па следно ќе биде да го средам станов.
    Волја немам ама можеби после дремкава ќе имам колку толку.

    Сакам да сум сама. Најголема животна грешка ми е мажење. Секако не ни беше планирано бременост.
    Во судбина не верувам.
    Еден период си мислев дека сето ова се случило за да го запознаам симпатијата ама сега ни тој не е океј, има смртен случај, единствената личност што ја има тука.

    И мене ми е претешко. Есен и зима барем и тие се со мене ладни и темни. Кога доаѓа пролет и лето сфаќам колку ми е темно во душата и едвај чекам пак есен зима да дојде.

    Ќе чекам уште година- две, ако не дојде до промена, ќе правам нагла промена без оглед на последиците. Година и пол фактички, да имам две деца што се во школо до 16:00.
     
    На JasBee11, mal.ecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.159
    Допаѓања:
    40.094
    Пол:
    Женски
    На контејнер за донирање мислев. Немам на кој да ги дадам.

    Дали знаете до кога е рок за запишување деца во дневен престој во школо? Сакам да го запишам помалиот син, ама не знам дали е до крај на јуни или до крај на школска година.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.903
    Допаѓања:
    39.315
    Пол:
    Женски
    Вчера пола ден плачев.
    Денес ми се јавија за нова работа.
    Пак истиот пат, кривина де, како пред три години.
    Дали навистина отказ?
    И кое ново работно место?
    Дали ќе ја донесам вистинската одлука?! Одговорот секогаш беше да до сега, така да сигурна сум дека ќе е вистинска.
    Дали да почекам 2-3 месеци пред одлукава? Или сепак сега?
    Прашања кои ме мачат.

    Искрено, еднаш ми ѕвонеа и знаев дека е од таму ама не кренав, средата, денес вторник, пак, и кренав. Чудо што ми ѕвонеа по втор пат, мислев готово е, ми поминал редот.

    На крај се ќе испадне во ред и секако за подобро е, пред се поголема плата, тоа е најважно.
    Тука и со унапредување ќе имав иста плата уште година, две, три па можеби и затоа се се измеша на крај, за мое добро и за подобро.

    Ќе скренам.
    Ќе отидам до таму да видам дали има некој како за симпатија да ми биде и тоа ќе ми биде знак, дали да, или не. :lol:
     
    На Ava.84, SummerGirl, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    8.080
    Мене денот ми е година, ми се чини дека скренав веќе. Утре чекам битни резлутати, кои секако немам сила да одам да ги земам па маж ќе оди. По долго време земав една розева, неможам да се концентрирам, неможам да работаж. Праќајте среќа друшки.
     
    На fairy88, Jas!, Ava.84 и 7 други им се допаѓа ова.