Како ти се јавија бе Џоки? Оти мене туку така не ми се јавува никој? Значи аи аплицирала- сторила абер дека сакаш друга работа? Шо повеќе тогаш ќе се мислиш. Веќе си направила чекор во друг правец. Целата среќа кај тебе .
@SanelaS мене во такви моменти мисла ми е дека се' е минливо. Најлошо е чекањето, не знаеш на што си. Ти праќам среќа. Во врска со елтернгелд да ви кажам новости. Министерката рече нема ништо да крати, ни граница ни бутур, може времето малку да го скрати, ама со две месеци помалку ќе се снајдам некако, но без тие 1800евра навистина нема да можеме. Ќе требаше да се враќам за МК. За џабе си правев стрес. Е освен стрес што си правев, правев и торта. За прв пат. И супер ми излезе. Не нарачувам веќе многу ми е скапо, треба да се штеди, кредит имам за исплаќање Единствено нервозно ми беа корите да ги печам, друг пат ќе си земам готови од Реве или ми рекоа можело и од слаткарницата да си купиш каква димензија сакаш таква. Моите се сите за Македонија отидени, јас сум овде сама и место не ме фаќа, само нешто готвам, па даноци средувам, па гости си канам...
И јас сум решена да се испробам во торти правење. Тука и онака за детски роденден не си ги мерат мајките која поголема и подобра торта ќе има. Кога гледам со какви колачи се прави роденден си велам алал да им е, колку се скромни а секако имаат повеќе од нас. Четири години порачувам по ред од наши и екс ју тетки "домашна торта" и добивам обичен куп од готови кори замачкани со бљуткави филови, кој ниту се сече ниту е вкусен. И сето тоа за 150 евра минимум. После видов дека може и naked cake да купиш за 40-50 еур и да ја декорираш само. Мислам дека и тоа го прават бидејќи на повеќе места ги имам истите вкусови пробано.
Јас сум на мисла кранк да пишам јуни, јули и август… Или јуни да работам со последната надеж па јули август септември кранк… Наталната карта вели дека од јули ќе имам нов шеф. Тоа значи нов шеф на оваа работа или новиот од новата. Ќе видиме. Па ќе ве известам колку е точен чатот. Со нов шеф нема да пишам кранк.
Џоки ти ли си? Шо се случува, дали нешто промашив? Ти нон стоп одеше на работа и си ја сакаше работата? Шо бидна сега? Јас од домаќински работи на пр пире утнувам, ама торта знам да правам. И така ме опушта печењето торти нема до кај. Не знам да ги декорирам како на пример Аника, ама се многу вкусни. Имам и јас ко Ена една што ми е брза, многу вкусна и скоро за секој повод проаѓа. Со боровинки е мојата од еинфах бакен.
Мене ми е проблем што не знам да декорирам, ама имам украси од лани. Гостите ќе ми дојдат во три групи, две германски и една наша, ама едната германска група очекува торта оти има секоја година кај нас. Јас ја правев една барон торта се вика, со чоколаден фил и овошен фил, со купени кори од Реве, дијаметар 28 ми излезе околу 20 евра без украси. Две да направам од 40 до 60 ќе ме чини. Полани платив 130 евра за торта долу 28, горе помала и еден пау патрол залепен на неа. На вкус беше стварно убава. Ама сега ми требаат најмалку две и некако многу ми е. Кога не треба кори да печам побрзо ми оди, за 2 саати бев готова.
Рецепти за обичен пандишпан може да најдете секаде на интернет. Многу е лесно и ефтино испаднува. Некој крем , нешто овошје и ете колач или торта . Правев десерт со маскарпоне, од доле бисквити рендани помешани со стопено чоколадо и малку путер. Горе крем од маскарпоне и Sahne . Помешано со малку шеќер во прав и едно ќесиче ванилин шеќер. Горе јагоди , пасирани . Се тоа од памет . И вкусно испадна И мене ме интересира што бидна со работата на @gjoker4e . Не се пофалив вчера порачав гарнитура за надвор за терасата . Цел викенд го поминав надвор и како втора дневна е , па сакав да ја сменам оваа оставнина од свеки . Три метални столици и една маса веќе рѓосана. И најдов една убава дрвена гарнитура. За 800 евра . Замижав и ја порачав . Јули негде треба да стаса ако не и порано и ептен се радувам.
На 05.05 му кажале, на 06.05 дознав, на 15.05 му беше последен ден. Долга приказна е и многу е комплицирано. Дипломатски германски потег. За брзо ќе знам дали ќе се врати или не. Самиот сакаше да си отиде ама дури по 5ти негов обид му одобрија да го префрлат на друго место. Сакаат да ја тргнат одвратната шефица од Косово и само ова беше последната надеж. Германциве ќутат и не се караат ама решат се на дипломатски начин, само од каде им е трпението еве не знам. Единствено добро е што мораше да издржам една недела без него и сега имам две недели одмор.