@gjoker4e чатот е во право. Ако има црвен круг е знак за борелиоза и треба да одиш на доктор. Најверојатно ќе те тестираат за антитела и ќе ти дадат антибиотик. Ги има во високи треви, шуми, на животни. Само дезинфицирај го местото и набљудувај дали има промени.
И ние на ќерка ми и извадивме крлеж под градите беше многу мал . Среќа таа ме праша што и е тоа . Можеше и да не забележам на такво место. инаку за роденден во оваа градинка не дозволуваат ништо да се носи. А децата што ќе дојдат мора внате да сме , времето незнам дали ќе дозволи за надвор. Многу ми се допаѓа што мајките веднаш се јавија и кажаа дали ќе дојдат децата и прашаа што сака детето за поклон. Им нарачав на тему да бојат, ќе им купам уште нешто за занимација. И треба да смислам и некои други игри, сепак се мали деца, кратко време можат да се сконцентрираат на една игра.
@gjoker4e што бидна со крлежот? Мене ми одобрија Mutter Kind Kur сега треба да барам клиника која ќе одговара. Нигде нема место или ако има тек наредна година . Една клиника ми одговори , термин на 10 февруари до 3 март . Може ќе прифатам ама знам дека нема друго чаре . Градинката е денес затворена поради Betriebsausflug . Прабабата ќе чува дете Вчера пријавив Sperrmüll, на 9 јуни ќе го соберат . Некако многу брзо ми се виде . Треба да расчистиме дома значи
Крлежот е сеуште истото црвенило, сеуште не се прошири. Како каснато од комарец изгледа и чеша понекогаш ама не го пипкам. За недела две три ќе се проширело црвенилото ако има нешто. Најстрашно ми беше што ми се слоши од страв. Мислев дека ми дојде крајот. Крлеж ме нема каснато повеќе од 25 години и сега дека деца пораснаа и нема вируси од градинка и школо, а јас имам одмор, и му текна крлеж на животот. Таман си помислив прв одмор без болести.
Пријавив и јас шпермулл уште ги нема со повртен одговор кога ќе дојдат. Почнавме ние да фрламе да изнесуваме. Ќе се загушиме од непотребно работи. @MacenceEna како е процедурата за муттер кинд кур ? Со едно дете ќе одиш или со сите?
Кај мене за Sperrmüll беше брзо , вчера пишав на страната , денес ми вратија со термин. Па матичниот ми препорача, имав систематски преглед , после направивме екстра термин за да ги пополниме формуларот. Пуштив на здравственото , го одобрија и ете сега барам клиника . Ќе одам само со најмалото. Другите дома со татко им . Приметив дека клиниките примаат повеќе клиенти што се со повеќе од едно дете. Ама една клиника веќе ми пиша и даде слободни термини. Да би одела со трите деца ќе ми биде напорно. Тоа ќе биде повеќе одмор за таткото дома Плус и големи се веќе . 14 и 12 годишни . За мене ќе одам највеќе , малото е само придружник . За Erschöpfung Термини после работа секој ден имам . Носење деца на спорт . Ама ќе прошетам малку до трговскиот и ќе помине време
Здраво девојки,ако може некоја да ми помогне со исраќање пратка преку винтет.Ве чотам дека некои од вас исто продаваат таму па да ми објасни малку на етикетата дали само кодо за праќање треба да го напишам.
Облеката ја пакуваш. Најубаво земи си од ќесите кои се самолепливи од action. Кодот го покажуваш само во киоскот и они ти печатат етикети кои се лепат на кутијата/ќесата.
Здраво женски, јас конечно се преселив и дојдов малце тука да се исповедам Епа вака, дојдовме во овој град за да сме поблиску до фамилијата на мм. Средна накај северна Германија. Делов од градов кај што живееме е многу мирен и пристоен, баш прикладен за фамилии со дечиња, многу ми се допаѓа што е мирно и има убава природа. Ретко да сретнам доселеници. Денес бевме на разговор за во градинка за малата и некако се почувствував чудно… Зборувам течно германски (сигурно правам тук таму некоја граматичка грешка ама нормално е не ми е мајчин јазик) и се приметува акцент нели. Овде се повеќе германци и денеска на разговорот за запознавање беа родителите и се осетив како да ме гледаа чудно додека зборував дека нели имам акцент. Не знам зошто ми влијае ова така на расположението. Мм ми е поддршка, германец е ама ме тера мене секогаш да зборувам кога сме во вакви ситуации на пример, за да се опуштам. Претходно не сум се осетила вака зошто кај што живеевме претходно (во НРВ) има повеќе доселеници и некако во тој град повеќе ќе слушнев балкански јазик или руски во текот на денот отколку германски и посамоуверена бев во говорот но сега се почувствував некако како да не сум добредојдена во местово. Не знам може се трипам, ама така се осетив како да ептен треба да пазам, ко на јајца да газам.
Мислам дека се труделе да те разберат, затоа така те гледале. Јас на пример така Кинезите ги гледам, едвај ги разбирам. Еве и моиве деца не ме разбираат и се смеат. Еден сладолед што ќе купам се газат од смеење колку смешно сум зборела. Во мојот Универзум, ништо не помислиле тие, тоа што ти го мислиш е само за во тебе и тоа е она на коешто треба да работиш, односно на самодовербата. Они сигурно мислеле на терминот на матичен што им е за шест недели.
Па не зборувам толку неразбирливо за да не ме разберат. Во суштина во право си, јас сум самокритична и не толку самоуверена па затоа си правам такви филмови а тие и да мислеле и да не мислеле нешто за мене, мене не треба да ми е гајле.
Можеби не очекувале дека толку добро го владееш јазикот, па затоа ти изгледало дека прават фаци, а било израз на пријатно изненадување. Немој да мислиш негативно, а и скроз небитно е што они мислат. А може има разлика и во самиот дијалект од таму каде што сте живееле и сега кај што сте, па некои зборови/фрази им се чудни. Еве кај мене во Баерн и после толку години тука, јас старите многу малку ги разбирам и гледам како теле во шарена врата, додека сконтам што ми кажуваат. И непријатно ми е и избегнувам комуникација. Ама па стварно зборуваат скроз неразбирливо. Се надевам дека сте добри сите
Тука едни шо се добри, ама време се нема. Градинката има фериен неделава, со маци се чуваме и секој ден некој ми се јавува од мајките и ми пишат. Јас сум адаптираната аусленедрка у групата. Дури и кога се на одмор ми пишуваат и апдејти ми даваат. Ич не ми дреме колку им го грешам јазикот, со тоа рачистив пред неколку години. Сакав да речам, ако си се прифатиме какви сме, другите уште полесно ќе не прифатат. Инаку денска иако ферии стигна порака од градинка оти има магарешка кашлица. Епа аман значи. Како е можно сега, нели се сите вакцинирани. Од каде сега вакви глупости да се претресувам. Друго у недела ноќта аплицирав една позиција, преска ми вратија за интервју. Арно ама нит сум видела кај сум праќала, нит бутур. И оп сега гледам 1ч пат во правец од кои 1.5кж пеш. И сега шо да правам. И да ми понудат и да помине се во ред, за мене не е изводливо толку многу во пат да губам. И башка тој ден шо ме викаат јас не можам. Ќе морам друг ден да им речам. И се мислам дали да им се заблагодарам и речам дека сепак се повлекувам, или да го направам интервјуто, сепак е искуство. Среќа барем тоа е на камера и не морам да се влечкам натака.
Јас не зборувам течно ниту па перфектно но не се замарам со такви. Да го направиш интервјуто може ќе се договориш за хоме офис. нарачав од тему еден куп ситници за роденденот и нема да стаса на време. Ќе одам во кик или актион може ќе најдам нешто за децата .
Како сте луѓенца Денес дури и банана бред успеав да испечам и ручек да нсправами секако една перална уклучена Синко поспа денес па затоаза разлика од вчера,цел ден плачки и грчеви и неспиење,ама среќа па спие навечер,ама преку ден сме на дремки од 10 минутии спиеме исклучиво во раце. Времево ужастаман си реков ке излеземе денес малку на чист воздух. Мислам дека мие време за второ кафедури спие синко дс искористам оти толку после
Па ко демек хибрид е позицијата, ама ко што го гледам огласот и од тоа што нешто слично правев порано, најпрактично е секој ден да си таму. Хибрид жими мејлови од дома да праќам. Пишав за друг ден ако може. Ако ми вратат арно, ако не па арно. Сега гледам две позиции се во две сестри фирми. Јас во двете аплицирав уствари. Евентуално еве другата има подобра локација, ама не е за таа интервјуто. Нема врска. Синоќа цела ноќ не спиев. Маци сега заспа и ќе ја оставам само кратко да се ресетира. Мене ми се врти. Маж ми последните две недели мислам дека не сум го ни видела, а и дете богами. Се надевам ќе се исплати барем и ќе го постигне тоа што го наумил.
Леле и меил ми пишале за работава Не знам дали е тоа знак од Универзумот Е вака и симпатијата да ме бараше и да не се откажуваше од мене
Што му е на времето Залади ептен . Знам дека е касно за кафе ама си направив уште едно , еспресо со ладно млеко и чоколаден прелив Па нека не спијам после Денес конечно позитивен одговор од една клиника со термин во ноември. На Nord See. Убава клиника , супер се. Сега да откажам на една што пратив позитивен одговор.. таа катастрофа беше ама бев толку очајна што и таа ќе ја прифатев . Мм однесе дете на Krankengymnastik и да испазари нешто на јадење . Утре празник , задутре споено. Таман си е