Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. littlemila12

    littlemila12 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Здраво на сите.
    Нова сум тука, веќе некое време во Германија.
    Искрено ми се допаѓа ама уште не сум снајдена убаво. Се откажав од мојата професија затоа што не ми одговара начинот на живот, дајте идеи за нова работа :D.
    Сакам да се пробам во нешто ново а не знам во што, цела држава е во аусбилдунг а јас не сум баш загреана за тоа.

    Друго, едно општо прашање :D, се исплати ли навистина тука? :rofl:

    Имајте убава вечер.
     
    Последна измена: 3 јуни 2026
    На Кафеџија, JasBee11 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.904
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Јас турско во 20:00 пиев така да не е касно за кафе. :lol:

    Дали се исплати е многу дискутабилно и за секој различно. Маж и жена во брак, за едниот се исплати, за другиот не.
    Исти човек, од 20 до 25 години може да му се исплати, од 25 до 30 да не му се исплати. :D
    Сакам да кажам, секој за себе, пробај и ќе видиш. За секој има различно значење “исплати”.

    Јас ќе досаѓам малку со новата работа. :lol: Така и пред три години па ме истрпевте. Пред седум години исто. И пред осум. :D
    Многу сум била досадна значи леле.

    Што ми досаѓаат, само проблем ми отворија. :lol:

    А да си отидам јас кај симпатијата? Нема да имам повеќе пари и нема да има време за да му недостигам. Така да, отпаѓа тоа, ама сепак да размислам гласно.

    Да работам само прва смена и иста плата? Или флексибилно или само втора и дупла плата? Поголема плата и стрес или иста плата и без стрес?
    Да ми е блиску и иста плата или подалеку и дупла плата?
    Со или без одговорност?
    Лесен пат до таму или назад или ако е комплицирано?
    Од 15ти јули или од 1ви август?

    Нозете не ми одат на оваа работа. Едвај издржав една недела без симпатијата и после две недели одмор ама како ќе отидам од понеделник односно вторник еве не знам?!
    Цело време се замислував како стигам, некој ме изнервира во првите пет минути и се враќам дома и си пишувам кранк цел месец. :D

    Покрај работа ме мачат уште милион други работи. :|
    Се изморив од мислење и премислување за се.
    Чатот вика да ги прифатам работите што не можам да ги сменам. :|
     
    На SummerGirl, Jas! и JasBee11 им се допаѓа ова.
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.082
    Пол:
    Женски
    Според мене наважно е среќата да си ја најдеш. Ако си среќен на некое место и душата ти е полна тогаш тоа е тоа. Дали се исплати, ако си среќен да, ако немаш мир во душата плата од 3к€ не би го сменила тоа.

    Инакуу дали сте за купување на куќа тука? Што мислите на таа тема ме интересираат мислења.
     
    На Кафеџија, SummerGirl, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  4. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.642
    Незнам џоки размисли. Сепак твоите деца се поголеми можеш да си дозволиш и втора смена. Јас би одела флексибилно , да може и прва и втора сигурно и така заработката е добра. И тоа колку е далеко со што ќе одиш, колку време ќе губиш на пат. Поврзаноста со автобус…
    Но штом веќе си аплицирала значи сакаш нешто друго или ти е преку глава од оваа работа.. пробај зошто да не.
    Јас сум долго време овде но немам работно искуство . Корона фати кога сакав да менам потоа трудна едно друго. Ете сега мали додека да пркне ке седам тука. Но би сакала и јас да се развивам.
     
    На SummerGirl, gjoker4e и JasBee11 им се допаѓа ова.
  5. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    @gjoker4e go for it! Млада си, сега е времето да учиш, да се развиваш, да напреднуваш и да заработиш повеќе. Најлесно е да се остане во комфорт зоната ама тоа не е целта. Штом си дошла во Германија ти сакаш нешто повеќе.

    За другото Џокерче побарај помош од психолог. Он ќе ти помогне да сфатиш што сакаш.

    @littlemila12 Што сакаш и знаеш да работиш ?Флексибилна ли си во поглед на работното време? Како стоиш со јазикот? Мислам дека беше пишала дека си медицинска сестра по професија. Ако имаш мали деца најубаво во некоја амбуланта, само прва смена да си работиш, викендите слободни. Е сега платата не е нешто посебно ама пак ќе си работиш по струка.
     
    На SummerGirl, gjoker4e, littlemila12 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. littlemila12

    littlemila12 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Б1 положив ама не сакам да работам во струка, е сега друго искуство немам за жал.
    Пробав да земам ваучер за учење нешто плус или нешто друго, од државата ништо, само негативни одговори. Се нешто околу медицина ми нудат и ме убедуваат да си работам во струка :@.
    Моментално работам во гастро (30 часа неделно) ама не се гледам тука за во иднина.
     
    На SummerGirl, JasBee11 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    13.226
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Првпат аплицирам за работа во Германија и од една фирма каде што пратив ЦВ ми бараат арбајтсцојгнис од претходни работни места. Е сега, проблемот е што претходно немам работено во германска фирма, тие каде што имам работено се во Мк (наши или странски со канцеларии во Мк) не издавале таква потврда и нема кај нас таква пракса колку што знам.

    Како е најпаметно да постапам во ваква ситуација? Не сакам само да им пишам "немам тоа што барате, чао пријатно" пошто евентуално ќе треба да најдам работа.
    Имам документ за историјат на работни односи од аврм на македонски, размислувам да најдам овластен преведувач тука да го преведи, како доказ дека работните места се совпаѓаат со ЦВ-то, но не знам дали ќе ми се исплати, пошто иако ме контактираа може на крај сепак да ме одбијат.
     
    На SummerGirl и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    @littlemila12 пробај да добиеш Аусбилдунг преку фирма. Треба само да знаеш што би можела да работиш во иднина. Има многу можности.

    @MarigoldA па тоа е само потврда каде си работела, колку време, каков работник си била. Можеш сама да си напишеш , они само печат и потпис да стават и да си ја преведеш на крај на германски јазик. Не мора да е германска фирмата. Преведи ги во Мк, за поефтино да ти излезе.
     
    Последна измена: 4 јуни 2026
    На SummerGirl, gjoker4e, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. bubemconia

    bubemconia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    1.100
    @MarigoldA јас оти немав убав крај со првата фирма кај што работев пратив едно писмо од факултет што ми го дадоа и едно писмо од колега со кој заедно сум работела. Во мејлот им пишав дека арбајтсцојгнис фирмите во Македонија не се задолжени да даваат.

    Тоа од бирото исто може да го пратиш ама тие сакаат малку повеќе детали отколку само доказ дека си работела.
     
    На Katie90, gjoker4e и MarigoldA им се допаѓа ова.
  10. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    905
    Пол:
    Женски
    Станува збор за препорака, референца, го прават тоа наши компании ако побараш, како и Кети што ти кажа можеш и сама да го напишеш тие да го верифицираат со потпис и печат.
     
    На Katie90, MarigoldA и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.904
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Ми изгледа како сите групно да бараме работа. :D
    Кој како најде да части! :l:
     
    На arwen93, Katie90, littlemila12 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.904
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    После толку години нешто не ми е океј со животот.
    Не знам како да се изразам, а да не е погрешно, бидејќи имам две деца и тие треба да ми се смислата ама сепак јас сум посебна единка па од тука и ова без смислата на животот.

    Немам смисла во љубовта и работата. До сега работата ми ја потполнуваше празнината што ја имав ама сега немам волја за работа.
    Ќе отидам во вторник па ќе видиме колку ќе издржам. :)

    Тешко ми е…

    Сакам животот да ми добие смисла.

    Се чувствувам осамено.

    Последна лекција која ја научив: товарот на другите не е и мој товар. Пола товар од грбот симнав.

    Комплицирано е се. Ќе продолжам и да визуелизирам и со психолог искрено ме мрзи дека тоа трае некако.

    Ако му дојде на некој од срце, може совет да ми даде. :)

    Комшија еден донел дома друга жена. Во Мк, да не пишувам во детали.
    Прва помисла ми беше, а јас кога ќе го донесам симпатијата? :worried: :worried: :worried:
    Што ќе прават тогаш комшиите? :lol:
    Ама мислам дека нема да е овој симпатија, туку некој друг. :P
    Зарем не заслужуваат луѓето да се среќни?
     
    На eliesaab, mal.ecka, bubemconia и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    @gjoker4e што е правилно, а што погрешно ? Кој има право да каже дека нешто е правилно или погрешно? Кога има некаква ситуација сите тргнуваме од себе и нашите вредности, нема универзални правила.

    Човек со деца мери три пати, а еднаш сече пред да донесе било каква одлука која ќе има влијание на животот на децата. Но децата еден ден ќе го напуштат домот и ќе си оформат свои фамилии.
    Ти треба да имаш живот со кој си задоволна.

    Што сакаш ти? Што ти треба за да го добиеш она што сакаш? Погледни длабоко во себе и ќе го најдеш одговорот на твоите прашања и она што те мачи.

    П.с. На народот му нема погодувачка.
     
    На orxideya, SummerGirl, fairy88 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    46.204
    Пол:
    Женски
    Женски , каде сте ?

    Главата толку да ме било тоа чудо.
    Времето е многу променливо :doh:

    Во двор дремам , ми се лежи ама немаме веќе софа , ја дадовме на децава горе ..и сега се мислам да порачам две лежалки. Зашто вака на стол не се седи , ќе се префрлам во дневна .

    Нашиот Sperrmüll e веќе надвор уште од сабајле . Се расчисти гаражата, сега ќе имаме повеќе место .
    Утре ќе треба да го соберат , ама од сабајле мислам дека 4 5 коли дојдоа испособраа работи што им треба . Го намалија ѓубрето . За нас ѓубре за некој вредност . На една женичка и ја дадов машината за шиење
    Може нејзе ќе и се наде . Јас имам друга, оваа не треба веќе .

    Ме фаќа дремка , ама синко кај и да е ќе се врати па ќе треба да го занимавам :sun:
     
    На TutiFuti, Katie90, Marge и 5 други им се допаѓа ова.
  15. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.642
    @gjoker4e конкретно луѓето во мк имаат застарени мислења, се ги интересира и ако некој се разведе за нив тоа е нешто многу лошо. Подобро да останеш во лош брак него ли да бидеш среќен разведен.
    Комшиите што ќе кажат не се замарај , секој нека си ја гледа својата работа.

    Ако некогаш се разведам нема да се мажам повторно, може дечко да си фатам само :D

    @SanelaS како си? Дали е се во ред со резултатите ?
     
    На SanelaS, SummerGirl, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    46.204
    Пол:
    Женски
    Комшиите немаат друга работа па се занимаваат со проблемите на другите. :puke:
    Да не бидеме ние комшиите . Секој да си гледа својата работа .

    Секој да биде среќен , макар и разведен .
    Разводот со деца е потежок. Живеење години заедно , па делење .. не е така едноставно. Ама ако еднаш решиш и си спремен да заминеш... После некое време ќе биде полесно .

    Среда денес , неделата на половина . Секој ден е долг . Вчера кај 21 часот да пушев последната цигара , мислев ќе се онесвестев. Едвај чекав да легнам , да затворам очи .
    Денес пак од поново .
    Треба да пазарам . Малово со мене , ќе го чува прабабата. Она највеќе се радува што може да поминува време со нив .
    Кога и да го оставам на чување , не мислам ни една минута како е , зашто знам дека му е добро . Секогаш најаден, одигран. Среќен .
    Бабата исто.
    Од утре во градинка ќе оди. Да ги пуштам денес. Има големи шанси да го повтори.
    Незнам што ќе правам да не е бабата тука , ќе треба нон стоп да се пишувам болна , или за дете или за сама себе . :doh:

    Голема имаат денес од школо посета на старечки дом . Да разговараат со старите , тема втората светска војна . Како го преживеале тој период .
    Имаше шанса да ја праша бабата вчера како бил за неа тој период. Била 5 години која почнала војната , 11 кога завршила .
    Интересно да се слушне нејзината приказна.
     
    На Jas!, Katie90, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.141
    Допаѓања:
    191.821
    Пол:
    Женски
    И ја ова сум го мислела. :D Хипотетички шанса нема да се мажам пак и нов човек да донесам на деца дома. :tmi:

    Девојчиња, освен на еци кај можам да најдам персонализиран конус за прваче? Гледам дека има материјали и сама да направам, па ме интересира со што се полни внатре?
    И дали првиот ден во школо се носат и ранците или само конусите? Бевме на разговор ама не ми текнува што рекоа за ранците.
     
    На mal.ecka, SummerGirl и JasBee11 им се допаѓа ова.
  18. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.948
    @Yowannty ние во градинка правевме ама можеш на Etsy да нарачаш. Внатре не се полни многу за да може детето да го држи, да се сликате. Се става благо, тетратки, моливче, шнолички можеш, паричник, шише за вода и задолжително некоја играчка. Има книгички мојот прв училишен ден. Можеш такво нешто да ставиш. Друго Ernsting's family прават маички, чорапчиња, рамки за слика со тема Schulkind и Erste Klasse. И тоа ти е опција. Само како што кажав не го полни многу и така дома го отвараат. Првиот ден со ранци и Schultüte се оди. Да имате Mäppchen оти ќе цртаат нешто.
    Со среќа да и е почетокот, ми врати убави спомени.
     
    На Yowannty, Jas!, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.082
    Пол:
    Женски
    Нарачувал некој од home24? Како сте задоволни? Малце скапички се па дали вреди?
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    9.021
    Пол:
    Женски
    Кај нас учителките од градинка им правеа, ние од дома требаше нацртано да однесеме како сакаме да изгледа. Иначе имаше и на ергобег страната да нарачаш иста како ранецот, гледам тука некој продавнички за материјали за шиење правеа персонализирани од платно па од кога ќе се искористи се полни како перница. Го полнев со нешто грицки, му ставив привезок за ранецот, купив играчка што на крај не ја собра. Некој ставаат флаша или бротдозе што ќе си ги користи потоа. На едно дете во школо кај нас му се отвори излегоа балони што му ставиле за да личи полно. Воглавно гледај да е лесно да му тежи. Сигурно недела пред почеток ќе имате родителска све ќе ви кажат.
    Носат ранци како што ти кажаа со мепхен.
     
    На Yowannty, Jas!, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.