Ние крштевка поминавме нели. Тоа ај не беше многу болно. Сега гледаме сакавме со кумовите да отидеме во Грција на неколку денови. Е тоа е богами болно. Па ја за тие пари во италија имам хотел со три пати јадење, пијачки, плажа, базен се вклучено во цена. Тоа што е поефтино во Грција ко во ходник да си сместен. Па и свадба имаме, мора во шпиц сезона да се лета накај мк. Моето дете уште повраќа на пат подолг од 100км и со кола сега после викендов рековме не не не. Годинава машала на трошење ојде, ама ајде само за арно да е. Ѕверот вчера цел ден мамето ни го расплача. Не дооздравено дете потешко е за чување и од болно дете. Ја па мислев нешто имунитет се стекнува после болеста. А вчера маж ми и сладоледот и го дојаде, се заборави. И му велам ај наздравје сега коксаки и на тебе. И така сметаме сметаме, малата ќе е во градинка уште три недели макс. После до октомври додека почне новата градинка ќе заборави и ред и ѓаволи. Којзнае колку ќе трае новата адаптација.
Хај! Време е да се врати темата одмори. Каде да се оди од Германија? Сакам песочна плажа, сонце, чиста вода, а да не е Грција. Nea Pori пример во Италија, Шпанија ? Инаку ненаспана ден не знам и јас кој. Денес полна месечина, значи уште помалку спиење. Survival mode on!
Бол, Брач - Хрватска За мене една од најубавите дестинации за одмор, малку е тормозење додека стигнеш до таму, ама вреди. Буквално до крај на живот да одам секоја година само таму на одмор, нема да се пожалам Е само плажата што не е песочна, ситни камчиња се. Ние одиме во Bluesun Holiday Village Bonaca и прекрасно е, од храна, до услуга, стварно препорака од срце. Туку, мене па препорака за Грција ми треба. Годинава ќе мора да ја скокнеме Хрватска и да одиме во Грција директно од Македонија, а никогаш не сме биле во Грција. Сакам нешто да биде пак фамилиен френдли, со некоја програма за децата, па и за нас. Конечно сонце надвор, а мене па кичма ме фати Бевме со бебе, направивме едно кругче, сега заспа (фала Богу) Ниту се тера, ниту се води, цело време урла по дома Првово ми е емотивно и мирно, ама второво е Јас мислам намерно во градинка да го пуштам кај дотичната воспитувачка што ми го секира големиот, па малово да и наплати и за брат му Мислам ѕврцките ќе ни ти извади на сите
Ние ја гледаме Шпанија па ќе видиме како ќе бидат околностите. Еве повторно пред одмор кола се расипа, осигорување треба да се плати… за мк бевме се истрошивме имавме свадба, родендени, крштевки … Море не ни се пропушта… А мислам на рати преку агенцииве не даваат да се плати. И кола треба да се купува, мојта се расипа лани исто пред одмор. Ајде да се пожалам и јас од децата. Големата е плачка за се нешто многу плаче. Овој малиот незнам како да го одбијам од цицање!? Млеко имам многу кога цица од едната града - од др тече , нормално постојано цица. Му изглегле малку четворките. Лепенла невидена. Заспивање и спиење како бебе беше далеку подобро од сега. Истата слика се повторува, но со првото дете бев потрпелива ќе станев и ќе думкав за една недела ја одвикнав од цицање , со ова неможам да станам ноќеска преморена сум, немам нерви , немам трпение. Знам дека колку повеќе чекам потешко ќе биде, а сам да се одбие мислам дека нема шанси а и не сум таа среќа….
Истиот хотел, истото место бевме пред две години прв пат, годинава пак. Ако не е сменето ништо може и ќе продолжиме. Синко па не трпи песок само тресеше папучите лани во Шпанија, ова камчињата идеални ни се. Плус стварно ефтин хотелот во споредба со други што гледаме Хрватска. Јас обожавам што плажата е стварно голема и не е како во копнена Хрватска да се лепат до тебе со пешкирите туку си има место. Мирисот од дрвата посебен ...
Секогаш кога ќе прашам нешто во врска со покраина Нидерзахсен не добивам одговор веројатно нема многу од вас таму ама ај сега пак ќе си ја пробам среќата хахах можеби имате некои од вас инфо, како летате до Мк? На визз освен од Хамбург, Берлин и Дортмунд во близина (жими близината сите ми се на 2 ипол 3 саати ) нема друг директен лет… Некоја друга авио компанија можеби?
Убава тема одмори. Треба да штедам пари за Македонија оти скапо ќе ме фати.Ама штедењето ми оди слабо. И јас се чувствувам како машина за пари.Се нешто излегува. Зедовме смарт од еден познаник да го користиме кога ќе почнам на работа.Стар е,ама супер зачуван дека цело време стоел во гаража и тој си го чувал како да ми е дете(човекот е геј па си се поврзува со други работи). Да ја носиме малата побрзо до градинка. Она па 3 ден болна со температура до 39.Не сум спиена 3 вечери по ред.Ама битно пак си излегувам.Оти цел ден ако седеам ќе полудам дома. Оваа година план ни е да одиме во Грција. На првиот крак во Пефтохори.Најдов хотел со 2 ѕвезди со доручек за по 80 или 90 еу од вечер. За четричлено семество е ок понуда и хотелот е доста нов на 300 метри од плажа во град. Прв пат ќе одиме таму и ќе видам како ќе биде. Оваа година слабо треба да вратат пари од штоерот.Штета.
Како се стопли наеднаш Мерак . Нашиот базен веќе една недела дремеше, чекаше да најдеме време да го наместиме. Во време корона имавме исто монтажен базен , ама далеку помал од овој сега . Прееска кога се вратив од работа , мм го наместил и некако ептен голем ми се виде . Сега стои така , треба да се стави подлога за да биде рамно . И да го наполниме . 10к вода собира
Ај не се жалете на времето ќе ве молам. Сонце немавме видено цела пролет саглам. Темно сивите облаци не ми фалат ама баш ич. Веќе бев готова у депресии да паѓам. Вака е многу подобро расположението. Сега вака барем и витамин Д ќе танкаме колку толку.
Вчера плативме данок на Финанцамт. Добро е што сумата е мала Денес беше многу топло. Отидов кај една пријателка. Едвај стигнав таму. Среќа што не паднав Го уклучивме вентилаторот За одмор уште не сме одлучиле. Господинот пак почна да изразува желба да одиме за Мк. И децата сакаат. На мене не ми се оди Ве читам за децата. Ми фали тоа време кога беа мали. Големиот е во пубертет и секој ден се расправа со брат му. А помалиот му враќа. Не трпи да го закачаат
Еве ме и мене да пишам. Чекам слободни денови, имам чувство како да сум на работа цело време. Сакам да прошетам малце до некој поголем град во близина. Почнав со б1 на курс, ама тешко некако ми оди, проблеми имам да се изразам некако. Се надевам ќе успеам да го совладам јазикот. Спомнавте Финанцмант, поднесов годинава за поврат (прв пат) испанда да треба да доплатам (среќа не беше голема сума). Во однос на сонце мислам дека има само дур сум на работа, кога сум дома се истура и тмурно е
Морген . Ние Македонија оваа година можеме да ја заборавиме . Со две школски деца , со мојот одмор кој е во летен распуст само 3 недели . Со цените на визер. По 200 и нешто евра од човек , ќе заборавиме на Македонија. Со кола не ми се оди , далеку е . Порано кога беа во градинка одевме почесто , ги вадев кога сакав . Сега тешко. Големата завршува 8мо. Средното 6то. Другата недела распустот почнува , малку да одмориме сите . Како растат почнувам да им давам повеќе обврски. Да ја средат дневната навечер . И одма се осеќа . Денес треба да стаса конечно и масава. Две недели после столовите . Требаше да се јавувам да прашам до кај е пакетот , ама се реши и тоа . Да се комплетира сетов надвор . Да заличи убаво дворот . На другарка од детство, и почина таткото ненадејно . Лани заедно кафе пиевме како порано , муабетевме како порано .. сега нема да е веќе исто . Остана сама . Ме плаши тоа дека ние сме следна генерација Имајте убав ден
Морген Шубаво временцево. Дали сте пријавувале некоја нерегуларност во dhl? Некако немам надеж, оти знам дека таму константно примаат нови оти имаат потреба од работници и влага кој ќе стигне. Од друга страна скоро 5 години никогаш сум немала никаков проблем, се откако доаѓа овој конкретен дечко и секоја нарачка ми е отворена. Буквално секоја нарачка. Многу се изнервирав оти последниов пат со големи букви стоеше fragile на неколку места, а пакетот партал. И секогаш ми го подава од страната каде е топ и трча.. веќе видов кога влегов дома. Сите пакети така. Дури и нарачката од Тему пред 2 недели секое кесиче и пакетче внатре беше отворено. Па и кесата што ми ја подаде за комшиите над мене беше отворена. На почеток мислев дека трипам, ама сега сум сигурна дека е до него. Дал би се постигнало нешто ако се бунам? Ја видов постапката за пријавување, само фактот што примаат што ќе стигнат не ми дава многу надеж.
Јас си поплачав од сабајле, не ми се верува дека девојчето ми порасна. Ќе прават забава за разделба, ќе боиме летвички за спомен и ќе ги прицврстат на оградата од градинката. Ние ќе летаме веројатно до Солун, не до Скопје. Пошто само да ја оставиме колата на паркинг на аеродром ќе треба 200 евра да платиме. Вака со сбан до градскиот аеродром. Не сме купиле карти се уште, ама да мин 1000евра се. Нормално во сред лето не ни одиме за мк, со кола не ни се вози по пеколот и гужва. Сега ради свадби инаку ни на крај памет не ми паѓа во август во Македонија да одам. Одмор годинава расцепкан на 10 пати по три четири дена, на разни дестинации. Ама после пак ко ќе седнеме дома од октомври па до март ќе мувлосаме шо се вели. Ко ќе не фати минусот од ноември што трае до крај март ќе си плачам секој ден. Друго пак ме боли грб, ко лани шо ме болеше. Изгледа пак негде сум се повредила. Маци она 16кг е и по сто пати на ден ја кревам. Ама ај де. Маци е подобра веќе, надвор многу многу топло. Веќе од сабајле е вака и ќе биде топло. Може во недела да видиме на езеро ако се стоплила вода, па да брцка нозе.
Хелоу женски Што мобилна клима да земам а да не се поврзува со прозор? Не се издржува топлово. Инаку нели спомнав се преселивме. На 4ти спрат сме без лифт. Во стан е претопло. Исто така количката ја оставам до еден ролатор долу до влезната врата. Викам ако бабичката го остава ролаторот ваљда смеам и јас количката. Искрено не смета на излез и влез не е на пат има доволно простор а некој еве трет пат како ми ја симнува под скали кај подрумите. Прашав неколку комшии што ги сретнав дали им смета воедно и бабата со ролаторот и ми рекоа “не, па не можеш до горе да ја шлепаш до 4ти” а сепак некој упорно ми ја преместува…
Ај да ми одговорите на ова. Ние сме на приземје и секогаш кога доаѓаат да носат пакети од поштата, не мои туку на комшиите, ги фрлаат на мојот балкон. Иако 100 пати им имам кажено да не го прават тоа. Ај до сега сум ги видувала на време и сум ги земала и тргала на страна ама денеска не го видов едниот пакет, ќерка ми го нашла прва и му ја изела етикетата и пробала да го отвори. Арно и го земав на време за да не скрши нешто внатре. Прашањето ми е, ако се деси таква работа, да фрлат на мој балкон пакет шо не е мој и децата го уништат, кој треба да одговара? Пошо не планирам да им го плаќам на комшиите. Друго, како да се запишам во Каритас? Иам потреба од помош со некои документи.