Сигурно ладат повеќе од вентилатор, вентилаторот само дува не ја лади собата. Баш читав и во друга група и други жени ги препорачуваат, не мора најскапата да е. Види рецензии на страната на медиамаркт. Има и во баухаус јас се мислев онлајн да нарачам ама тоа тешко којзнае како ќе ми го донесат гарант ќе ја оштетат некни од УПС ми го искршиле венецијанерот што го нарачав а мразам кога морам да враќам ствари…
Здраво. Ми треба инфо, верувам дека некој се наоѓа во таа област. Ќе одиме во Леголенд во четврток, па ме интересира какво е времето. Апликацијата ми вели 30 степени. Па кажувајте какви 30? Во фармерки ќе ми биде врело? Или слободно по кратки панталони. Навечер се враќаме па ептен заладува или не? Фала ви на одговорите.
Ние имаме со црево, ролетната е спуштена, и мал дел најдоле има пластично некое за да излегува воздухот и едно долго за да не влага топол воздух. Има и едни као изолација, се става на прозорот и не мора да е спуштена ролетната. Ама објаснив безвезе.. Битно лади климата, инаку не се дишеше.
Јас живеам на 20км од Леголенд, пекол топло е. Четврток покажува 31 степен дека ќе биде, баш како што ти кажа Ена, исто како во Мк 40+ кога е. Башка Леголенд е поголемиот дел отворено и ќе чекате ред на сонце. Фармерки не, многу ќе ти биде топло, што полесна облека и луфтирачка. Навечер зависи кое време се враќате, ама исто е топло, евентуално некој дуксер да си земете ако сте така позимурливи, повеќе не ви треба. Земете и купаќи и пешкири, претпоставувам со деца ќе сте. Не сум сигурна, ама мислам дека веќе е отворен и делот каде што има вода да си играат под вода.
Ние имавме таква на работа. Ич не беше добра. Не се дишеше. Влажен топол тежок воздух ко во дождовна шума.
Па скапо е. Вода, грицки носи си, золвата лани вода купи од таму, мислам 9 евра беше флаша. Ние кога одиме обично имам вода од дома и нешто грицки спакувано за дете, таму се јаде обично еднаш - околу 15-20€ е едно мени. Сладолед мислам околу 4€, пуканки 6€. Вака грубо, што ми текнува дека бара моево дете. Паркинг мислам 10-15€ се плаќа ако сте со кола. Облека, играчки нивни таму да се купат се скапи. Едно капче е околу 20€. Карти имате купено? Ако немате, пиши ми пп, можно е да имам некој код од лани за поевтино да ги платите карите.
Арно шо сега не се распусти па може нема да биде толку гужва. За цени слапо е се. Генерално многу поскапено. Не дека кај вас е ефтино де. Јас сум во Минхен, за недајбоже може да ми пишаш. @MacenceEna @Katie90 овие бонприкс шо се се озбилни нели? Враќаат пари ако не ти се свиѓа и вратиш надзат? Имам свадби за одење, не ми се дава многу пари. Ми се бендисаа 2-3, па да знам дали да нарачам.
Се имам организирано и платено преку агенција. Има од овде понуди, така да ми останува само за внатре шо ќе потрошам. Храна ќе носам за по пат, за внатре ќе земам нешто и плус секако еден оброк ќе иаме таму. Планирам 150 евр да потрошам, ваљда ок ќе е. Кај нас е празник и почнува распуст, затоа овој датум. За крај на школска година му е на синко подарок. И се надеваме дека нема да има многу гужва.
Таман си со 150€. Убаво да си поминете, верувам дека син ти ќе биде воодушевен од Леголенд, посебно ако е голем фан на Лего
Ама таа со црево пак ќе влегува топол воздух плус имам мачки, не можам да отварам прозор. Ми нарача една свекор ми па кога ќе стигне ќе споделам искуство како сум задоволна.
Колку степени е кај вас? Овде беше 33 степени Гледав прогноза за нареднава недела. Ќе биде пекол И во недела ќе биде исто како во сабота Цел ден дува вентилаторот и пак не се издржува. Маж ми сака да купи клима. Од утре децата ќе ги пуштаат порано од школо. Во четвртокот децата ми донесоа лист да се потпишам дали да ги пуштат дома ако има високи температури или да останат во школо.
Сериозна фирма се. Доставата се плаќа, ама ако се регистрираш како нов член е бесплатна. Враќањето е секогаш бесплатно. 15Sun ти е код за попуст сега. Она што јас го имам нарачано, се се има погодено.
Исто и овде северно демек сме до планина џабе пак е изгор. Следнава недела баш кога ќе биде 35 степени имаме peer group во кита кај ќерка ми не планирам да одам иако ми е на 7 мин. пешки. Џабе вентилатор и ние имаме никако не помага.