Во петокот децата имаа фестивал во школото. Не отидов. Ми беше многу топло. А и децата ми рекоа Мамо не доаѓај. Си дојдоа испотени. Вчера бевме во Лидл. Откако излегов од таму, ми се слоши. Се потпрев на колата, а маж ми ги полнеше торбите. За денес ми рече да шетаме, ама го откачив. Излезе со еден пријател.
2017 год. прв пат дојдов во Германија на 3 месеци во лето на истово место кај што живеам сега. Госпожата си понесе 2 пара купаќи, 5 шорцеви, 30 маици и еден дуксер за секој случај. Цело лето го поминав во тој дуксер и плус си купив јакна. И тоа беше првото и последно лето во Германија што го искусив да биде така ладно. Од тогаш Германија глуми дека е во Африка.
Тој фустан што ми се допаѓа е дури за 2-3 недели достапен. Други нешта гледам за 2-3 дена. Од отто групата се, така што да сериозни се и прилично долго на пазарот. Па ќе нарачам сигурно. Гледам кодот за попуст е само уште вечер, па ќе гледам пред полноќ да завршам со нарачката. Кај нас малку заврна денес, колку да ја качи влагата и утре да не може да се дише. Тоа преска врне, јас да искористам балкон да исперам со вода . Не ни успеав цел да го исплакам престана. Може и ме забележаа комшиите, ама ќе.се правам неудрена. Не сакам и јас нормално на суво време да им тече вода во двор, да им шлакам. Ама така најбрзо ми се чисти, па и ајс сум човек. Еве балкан изјава од мене .
И јас добив едно такво дувалче што се врти на поклон и изненадена сум колку лади чудово. Само си го местам од соба во соба, иако кај нас не е ептен жешко. Ама сега пред 15 минути штракајќи да видам за шо е едното копче го расипав нешто и сега малку се слуша шушти кога работи. А си работеше перфектно.
И овде е многу топло може цела недела , ќе продолжи вака. Денес заврна. Имам вентилатор но нема врска, денес помислив дека дува топло. Ладно не чини, топло не. Оваа година ја немаше мојата омилена температура 20-22 степени или па ние ја избегнавме , дека не бевме тука. Имаме две свадби во мк, но не одиме… не се толку блиски.
Сега јас треба да ви позавидам Кај мене е 37 степени Најниска ноќна е 23 степени Школото до 12:15 само Hitzeschutz
Јас незнам како ви е исто како мк 40, барем јас од Скопје без ниедно дрвце во градот не ми е споредливо со жештини е тука. Уживам и уште сега тагувам кога ќе пројде овој бран пројде летото. Можеби помага што само рилсови од морето гледам. Завчера на базен, вчера на езерце. Во вторник за митагшуле ни понудија хицефрај за митагшуле( не е обавезно), го ослободив ќе го носам на базен. Малце ми е напорно што сабајле работа, поручек одма во акција ама па тоа е лето. Уживајте, и исперете јоргани и јакни после нема да се сушат .
Моментална температура овде Синоќа врнеше и грмеше Постариот син си дојде порано од школо. Не му било добро. Сега лежи. Утре нема да го пуштам во школо. Вентилаторот дува, а јас седам и се потам Ручекот се крчка во рерна. Се доближувам до шпоретот и како во сауна да сум Сакам да купам машина за перење. Има некоја од вас порачувано од Отто? Или подобро е да купам од Медиа Маркт?
@SummerGirl јас од медиамаркт сум многу задоволна. И можам да ги видам во живо апаратите, вработените се љубезни и услужливи прашувам се што ме интересира се ми покажале и објасниле, се што сум земала се погодило. @JuLleE мачкај фактор обавезно и капа. И разголена, фармерки никако ќе се залепат за тебе. Многу голема влажност има па воздухот е тежок и 30 степени се како 40+. Земи си ѓевречиња за денот не ти треба ништо друго за едно дневна екскурзија. Прескапа е храната и искрено не вреди толку покрај сите скапи активности. Носи вода исто, ние исто ја плативме 10 евра кога бевме. Овде општо вода по такви места е скапа. Во селце богу иза ногу во ресторан шише вода плативме 10 евра. Ко суво злато.
На кој го интерисира за климите, најдов во медиамаркт, на струја се и дуваат исто како тие на ѕид. Знљчи убаво ладно.
И тука е толку, а јас имам температура . јас од отто сум многу задоволна. Ги гледам моделите читам коментари насекаде и нарачувам.
Леле луѓе, маж ми бил во неколку продавници и климите биле испродадени. Премногу е глуп он за да праша дали ќе донесат пак. Шо мислите вие дали ќе донесат? Јас џабе и да одам до таму кога неможам тоа да го дигнам. Леле ќе испоцркаме, аман. Ептен многу се плашам од жешково, паника ме фаќа и анкс.
Лелее колку драми правите со жешково ко да сте родени Шваби. Па купете клими ко секој од нас што купува, со вентилтори се ладат ко пред 30 год.
Нема клими како вашите/нашите. Како што го разбрав маж ми, не е дозволено. А и никаде не сум сретнала некој да има клима
Па ладна, врнежлива дражава, немаат потреба . Ама има клими , золва ми сега зема Мидеа клима ко нашите во Отто околу 1000 еур ,монтажа 300 еур е , скапа им е , па швапците ко што се скржави не им се даваат пари за една недела топло што ќе е. Ама вие бре, одете купите клима, какви црни вентилатори ко во’85 год. И кај нас не се ефтини климите инвертери , нашата Тошиба 2000 еур ја плативме ама монтажата 100 еур
Не се дозволени тука ѕидни клими, газдите не даваат. Лани летото немавме потреба ни од вентилатор оти беше таман времето. Ама сега е пекол. А овие подвижните клими одма ги изнакупија.
Ќе купи маж ми подвижна клима. Овие се други вентилатори. Специјални Во саботата бевме да бараме клима, ама немаше. Не знам кој ми спомна дека заради бучава не ставале клими
Зависи кој газда. Ако не дозволуваат, подвижните клими вршат работа, имавме една на работа со која дополнувавме,Бош мислам беше.